Ќустендилски конгрес - Распадот на МОРО: Разлика помеѓу преработките

Избришана содржина Додадена содржина
Создадена страница со: '''Ќустендилскиот конгрес''' е конгрес на врховистичкото крило во [[Македонска револу...
(нема разлика)

Преработка од 08:56, 2 јуни 2010


Ќустендилскиот конгрес е конгрес на врховистичкото крило во Македонската револуционерна организација.

Причини за одржување на конгресот

На Рилскиот конгрес одржан 1905 година настанала јасна поларизација на двете струи што постоеле во Организацијата. По победата на македонското национално крило [1] на конгресот јасно било дека одлуките донесени на десното врховистичко крило[2] нема да ги почитува и спроведува. Настанале долги и тешки дискусии помеѓу преставниците на оделни окрузи. Најпосле за да се направи обид да се избегне расцепот се постигнал компромис да се одржи втор конгрес исто така во Рилскиот манастир. Тој сепак не се одржал. Десното врховистичкото крило барало револуционерното движење да дејствува во сообразност со политиката на бугарската држава и да се финансира со парите од бугарскиот буџет, нешто што македонското национално крило под никакви услови неможело да го прифати. На тој начин меѓу двете крила на револуционерното движење настанала безмилосна војна. Во интерес да ја заштити независноста и интегритетот на револуционерното движење, кон крајот на ноември 1907 година биле ликвидирани Борис Сарафов и Иван Гарванов, како носители на сите заговори против Организацијата. Дошло и до формално санкционирање на расцепот.

Одржување на конгресот

Под окрила на бугарската државна власт,десното-врховистичкото крило, во првите денови на март 1908 во селото Жабокрт, го одржала својот така наречен Ќустендилски конгрес, на кој е извршена ревизија на одлуките од Рилскиот конгрес. На когресот не се поканети и не присуствувале делегати -преставници на македонското национално крило на организацијата. На конгресот се собрале следните делегати: Христо Матов, Христо Татарчев, Петар Ацев, Ефрем Чучков, Тодор Черваров, Христо Шалдев, Петко Пенчев, Петар Чаулев, Тане Николов, Добри Даскалов, Тодор Александров, Милан Гурлуков, Васил Чакаларов, Климент Шапкарев, Христо Силјанов, Илија Биолчев, Михаил Монев и Ангел Узунов.

Работата на конгресот во главно е посветена за разобличување на ставовите на левото крило во врска со постоењето на принципиелни разлики во организацијата што излегле на површината на Рилскиот конгрес.Имено, левицата, а особено [[Јане Санданскиѓѓ како нејзин истакнат предводник,се обвинувани за застапување на „еволуционизам “ и „републиканизам “ во Организацијата, а кои биле спротивни на ставовите што ги застапувала десницата во истата, со цел таа да се престави каако нереволуционерна и анационална ( небугарска ) за да биде искомпримитирана како „фракција “ која се откажала од бугарштината и од основните револуционерни принципи на организацијата-преку револуција до автономна Македонија. „Еволуционизмот“ на „левицата“ не бил само „етикета“,туку тој бил политика на Организацијата чии основи ги поставил Гоце Делчев како составен дел на национално-револуционерната борба за извојување на политичката слобода и на државноста (едновремено со создавање и на елементи на државна и социјална власт). А токму крајната цел на Внатрешната организација била таа што ги создавала принципиелните разлики меѓу „ левицата“ и „ десницата“. Извор ;[3].

Републиканизмот кај левицата се гледал токму во борбата за постигнување на крајната цел.Станувало збор за иднината на Македонија.Републиканизмот значел една самостојна Македонија,факт што за новата организација што се создавала во Ќустендил, во никој случаај не бил прифатлив за десницата, која во суштина преставувала наследничка на создадената организација меѓу емиграцијата во Бугарија 1895 год.( од која изникнал Врховниот комитет ) , таа што кнезот Фердинанд го прогласила за врховен командант на бугарскиот народ „исполнител на неговите заветни идеали “ , а тие на десницата не се разликувале од оние на Врховниот комитет.[4].

Серскиот револуционерен комитет во првата половина на мај 1908 год. со„Второ отворено писмо “ информирал за клеветите и инсинуациите против левицата. Целта била да докаже дека расцепот на Организацијата е извршен со бугарски пари и за бугарска сметка ; „ мислејќи дека со парите на бугарската држава ќе можат да го завладеат светот....предавниците отидоа многу далеку, импровизирајќи некаков општ конгрес на Организацијата. За нас нее важно дали тој се одржал во бугарско министерество за надворешни работи,или како куриозитет конгресмените отишле до Ќустендилската граница Судбината на Револуционерната организација...се решава цинично од некакви платени бугарски чиновници и случајни патриоти,а другите подлежат на проклетство и на беспоштедни прогони[5].

Кон крајот на мај било свикано советувањето со преставници на;Серскиот,Струмичкиот и Солунскиот округ.

Одлуки на конгресот

На конгресот е разгледата општата состојба во Македонија и Oдринско и состојбата на револуционерната организација. На конгресот е усвоен уставот без измени, но во општиот правилник биле направени значителни промени. Конгресот зазел став за натамошна врска со бугарската власт и примање на финансиската помош од бугарската влада, задржан е ставот за борба против вооружените пропаганди, како и ставови во однос на четничкиот институт. Бил избран централен комитет во состав: Павел Христов, Ефрем Чучков и Петко Пенчев. За членови на задграничното преставништво во Софија биле избрани Михаил Дорев и Апостол Димков. За претседател бил избран Христо Матов.


Литература

  • Спомени- Ѓорче Петров
  • Спомени – д.р Христо Татарчев
  • Историја на македонскиот народ том издание на ИНИМ Скопје,2003 год.
  • Историја на македонскиот народ книга втора ,издание на ИНИМ,1969 год. Скопје.
  • Историја на македонскиот народ издание 1988 година,Скопје/

Наводи

  1. „ Иаторија на македонскиот народ“ 1988 год. Скопје
  2. „Историја на Македонскиот народ“ 1988 год. Скопје,
  3. < small> Историја на македонскиот народ,стр.408 том III издание на ИНИМ 2003 год. Скопје
  4. < small> Историја на македонскиот народ, стр.409 том III Издание на ИНИМ Скопје 2003 год.
  5. <smal >Историја на македонскиот народ,стр.409 том III издание на ИНИМ 2003 год. Скопје


Надворешни врски