Банкарска гаранција: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Создадена страница со: '''Банкарската гаранција''' е еден од инструментите на осигурување на обврските на стр...
 
шаблон:внимание; не е на арно
Ред 1:
{{внимание}}
 
'''Банкарската гаранција''' е еден од инструментите на осигурување на обврските на странките во договорниот однос, односно заштита од ризикот на неизвршување или неуредно извршување. Како правен институт, банкарската гаранција се појавува во 1960-тите години и тоа најчесто во врска со изведувањето на големи градежнички работи често поврзани со испораката на опрема на земјите во развој. Поголема меѓународна примена на банкарската гаранција започнува во 1970- тите години со рецесијата во развиените западни држави и со нафтената криза. Во поголемиот број на држави банкарската гаранција е иномативен договор, односно договор кој не е регулиран со законски одредби, а само во помал број на држави тој е пропишан со закон. Во Република Македонија банкарската гаранција е пропишана со '''Законот за облигациони односи''' (Сл. весник на РМ бр.18/2001 ) и тоа во членовите од 1122 до 1126.
Банкарската гаранција претставува обврска на банката која ја превзема врз себе како гарант, а која не е врзана врз темелни односи помеѓу доверителот и должникот. Според тоа, кај банкарската гаранција, банката како правно лице презема на себе обврска која е независна од обврската од должничко- доверителскиот однос по чиј повод е издадена. Таа обврска на банката може да биде само обврска за плаќање на одреден паричен износ. Банката со гаранцијата се обврзува дека, на корисникот на гаранцијата во границата на висината на износот наведен во гаранцијата ќе му ја надомести штетата која ја трпи поради изостанок на дејствие на должникот од основниот договор- налогодавецот за издавање на банкарската гаранција.