Јосип Броз-Тито: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 86:
:"Добро се сеќавам на тие денови. Возбудувањето во Виена беше големо... Весниците донесуваа опширни извештаи за фронтовите на Балканот. Се разбира, повеќето виенски весници ја фалеа турската војска и сакаа нејзина победа. За жал, и меѓу работниците во оваа фабрика во Виена, иако мнозинството од нив беа социјалдемократи, владееше, под влијанието на тој печат, слично расположение. Но огрманата работилница, во која работевм, мене дури и ме задеваа поради тоа што сум Хрват и што сакам да победат Србија и другите балкански држави. Одвреме-навреме за време на работата ќе дофрлеш: "Кробот, Кробот!". Мене еден ден ми здодеаја тие навредливи шеги, па му пријдов на работникот кој извикуваше така и му реков да престане веќе еднаш со тоа. Тој замолча и повеќе немаше такви шеги. Наскоро потоа дојде до големи победи на балканските народи над Турците. Во есента на 1913 бев повикан како регрут во австро-унгарската војска, зашто Хрватска се наоѓаше во рамките на хабсбрушкото царство. Служењето во австриската војска не ми се допадна од повеќе причини. Тоа беше, пред се, угнетувачка војска, која го држеше во ропство не само мојот народ, туку служеше како средство за поробување на другите народи. Второ, тоа беше слаба војска како војска. Во неа царуваше дрилот, стари формули, правилници, фоопшто на војникот не му се дозволуваше да покаже каква и да е иницијатива... Никогаш не ќе го заборавам мојот прв ден во австроунгарската војска. кога стапив во војската имав, како и сите млади луѓе, фризура. Јасно ми беше дека војниците мораат да бидат острижени, но начинот на кој беше сторено тоа длабоко ме навреди. Уште на вратата ме пречека капларот: "О, господин социјалист, и Вие сте тука. Молам, дојдете јас да Ви ја уредам Вашата коса". Ја грабна машината за стрижење и ми направи крст низ косата. Имаше многу работи со кои не мачеа. Моравме веднаш да го научиме напамет целото родословје на куќата Хабсбург. Се сеќавам на еден мој земјак кој остана во Кумровец и работеше како земјоделец. Беше обично селско момче и неможеше брзо да ги научи долгите имиња на надвојводите и другите членови на кралската куќа. Капларот тогаш го казни. Несреќниот младич мораше да се качи на големата, незагреана печка во собата во која спиевме, да клекне, па постојано да удира со прст по глава и гласно да повторува: "Јас сум глупав, јас сум глупав." Што се однесува до мене, служејќи во австроунгарската војска си поставив задача добро да ја изучам воената вештина."<br/>
Uчејќи ги воените вештини како исклучителен мечувалец, Јосип Броз е упатен, како најдобар претставник на неговиот полк, на натпревар во Будимпешта во 1914 година. Постигнува посебно добри резултати во флорет и бодеж, освојувајќи при тоа сребрен медал. Маршеви и паради, забрзано вооружување и други воени подготовки се одвиваа тогаш во цела Европа. Дојде и до прочуениот сараевски атентат - Гаврило Принцип, член на револуционерната организација "Млада Босна", со револверски истрели го уби австрискиот престолнаследник и неговата сопруга.
 
== Прва светска војна ==
Атентатот, како што е познато, и послужи како повод на Австрија за напад на Србија, која одби да го прифати понижувачкиот ултиматум. На страната на Србија војуваат: Русија, Франција и Англија, а на страната на Австро-Унгарија: Германија, Бугарија и Турција. Меѓу 350.000 припадници на југословенските народи, мобилизирани во австроунгарската војска, се наоѓаше и 22-годишниот Јосип Броз. Јосип Броз, како социјалист, ја мразеше војната. За тоа Броз вели:
:"Бев антимилитарист. Но јас истовремено, како мнозинството од нас војниците Југословени, гледав на таа војна како на можност на крајот да се ослободиме од јаремот на Будимпешта и Виена. На тоа требаше да му послужи и нашето антивоено расоложение кое беше дотолку поголемо што уште на првиот чекор кај повеќето офицери во четата и полкот се чуствуваше омраза спрема Србите".<br/>
Поради Агинтација меѓу војниците против војната, Јосип Броз е уапсен и затворен во Петроварадинската тврдина. Зборовите на Броз војниците ги примија со симпатии, но дојдоа некако и до ушите на еден австроунгарски наредник, кој веднаш го уапси. Петровардинската зандана му остана на броз во живо сеќавање:
:"Тоа беа вистински катакомби, без никаков прозорец. Кога влегов во теминината почнав да алкам околу себе. "Komm hier, Komm hier", ми довикува некој Швабо, кој веќе лежеше тука. Јас му кажав како се викам и дека сум работник по занимање, а и тој мене ми рече дека е работник. Ми раскажа дека две недели седи во затворот и дека никој не го повикува на сослушување".
 
== Втора светска војна ==