Јосип Броз-Тито: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 208:
Белград во болка се слеа на плоштадот "Братство и единство". Тука на плоштадот и по должината на сите улици кон Собранието на Социјалистичка Федеративна Република Југослваија, каде што е изложен ковчегот со телото на другарот Тито, тажни но горди белграѓани му оддадоа почит и му се заблагодарија на најмилиот другар, пријател, на својот голем сограѓанин. Во сите републики и покраини, во сите градови, села, во единиците на славната Титова армија, во школите и сите општествени и политички организации се одржаа комеморативни собири. И насекаде една и иста слика - изрази на тага, почитување, гордост што живеевме во неговото време и решителност да се продолжи неговото дело. Насекаде исто и единствено: "Ние сме Титови, Тито е Наш - и Другар Тито, ние ти се колнеме дека од твојот пат нема да скршнеме". Во Домот на синдикатите, во свечена сала во која другарот Тито толкупати говореше, се одржа комеморативна седница на највисоките органи за федерацијата и делегациите од републиките и покраините. За другарот и неговото дело говореше Владимир Бекариќ, кој меѓу другото рече:
:"Уште за време на животот легенда, Тито сега преминува во легенда на историјата, меѓу нејзините врвови. Заминувајќи од нас, ни го остава во наследство своето џиновско револуционерно дело со кое сите ние, наши работни луѓе, сите народи и народности на оваа слободна и горда земја, сраснавме во гранитно единство што со ништо веќе неможе да се разниша. Во тоа големо дело лежи и гаранцијата на нашата иднина. А тоа е пак Тито и се она што подразбираме под тоа име: братството и единството, осцијалистичкото самоуправување, нашата слобода и независност, цврстата солидарност со силите на мирот и човечкиот напредок во светот. Нека ми биде дозволено во овој час, тежок за сите нас, да ве потсетам на Титовите зборови кој ни ги упати како завет од трибината на Единаесеттиот конгрес на Сојузот на комунистите на Југославија:
::"Социјалистичка, самоуправна и неврзана Југославија има цврсти и трајни темели, сигурни потпирачи на својата иднина. Силата на Југославија е во херојство и црвстината на нејзините народи и народности, кои се калеа низ историјата и ја издржаа пробата со најголеми искушенија на големата ослободителна војна. Силата е во нивното единство и во светста дека тоа единство во денешниот свет - во кој силата уште не отстапила пред разумот - е услов не само за просперитет, туку иза големиот опстанок. Силата е во идеите кои не вдахновуваат и во целите за кои се бориме. Силата е во работничката класа и нејзината решавачка улога во општеството, во нашите работни луѓе кои, иако уште не се лишени од многу тешкотии и одречувања, секој ден имаат се повеќе и живеат се подобро. Силата е во нашата млада генерација којаги пригрна придобивките на револуцијата како свои и која знае дека има зад себе подолг период на работа и живот во слобода и мир одошто која и да е претходна генерација на оваа почва. Силата е во социјалистичкиот самоуправен систем кој му да ва на нашиот човек слободно и суверено да решава за својата работа и нејзините резултати, кој го заштитува од експлоатација и насилство, од се она што го спречува сестраниот развој на слободната човечка личност. Силата е во широпкиот фронт на организираните социјалистички сили на чело со Сојузот на комунистите, авангарда не само според идејалното определување и богатото револуцинерно искуство, туку и според способноста да ги осветлува патиштата и перспективите на натамошниот развиток. Силата е во општонародната одбрана, чија ударна моќ ја сочинува Југословенската народна армија, во која на единствен начин се проткајуваат идејно-моралната црвстина, борбената оспособеност и современата опременост. Силата е во нашата независност и неврзаната политика, во тоа што и со најголемите разговараме како рамен со рамен што на рамноправна основа соработуваме со скоро сите земји на светот. Силата е во високиот углед на социјалистичка и неврзана Југославија, во многубројните пријатели во целиот свет, во позицијата каква што ретко која земја ја има создадено во меѓународните односи. Затоа ние со ведрина и оптимизам гледаме во иднината". Ти благодариме, другар Тито, на наследството што ни го остави. Ќе го чуваме како зеницата во своето око. Ти благодариме што го оспособи нашето револуционерно движење и натаму смело да ослободува простори за човечкиот напредок."<br />
Покрај ковчегот со телото на другарот Тито, во холот на Собранието на Социјалистичка Федеративна Република Југославија, поминаа и му оддадоа почит на великанот стотици илјади белграѓани и други граѓани од редовите на сите народи и народности на нашата земја. Соборци, херои, младина и преставници од сите општествено-политички организации, делегации од републиките и покраините и од Југословенската народна армија беа на почесна стража. На овој единствен борец за мир, за межународно разбирање за помирно и подостоинствено утре во целиот свет - еден од основачите и градител на движењето на неврзаните му оддадоа почит досега невиден број делегации од целиот свет. На оддавањето почит и на закопот на Претседателот на Социјалистичка Федеративна Република Југославија, Јопис Броз Тито, присуствуваа вкупно 209 делегации од 127 земји: 122 државни делегации, 48 делегации на партии, 4 делегации на ослободителни движења, 9 делегации на меѓународни организации и 6 други. На чело на државните делегации имаше 38 шефови на држави, 5 принцови, 7 потпретседатели на републики, 6 шефови на национални парламенти, 10 претседатели на влади, 3 потпретседатели на влади, 11 министри за надворешни работи, 20 членови на влади и 22 државни функционери. Меѓу сите делегации што поминаа покрај одарот на Претседателот Тито и покрај неговата гробница се најдоа собрани заедно 4 суверни - кралево, 6 принцови, членови на кралски семејства, 31 претседател на република, 10 потпретседатели на републики, 11 претседатели на национални парламенти, 22 премиери, 12 заменици на претседатели на влади, 47 министри за надворешни работи и повеќе членови на влади. На 8 мај, 1980 година во Белград е погребан Јосип Броз Тито. Скромно, но еличествено. Погребан е во свеќарникот на својата градина, меѓу алеите од ружи што самиот ги одгледуваше, во Ужичка број 15. Во средината на стаклената градина, меѓу прекрасни ружи стои бела мермерна плоча на која пишува "Јосип Броз Тито, 1892 - 1980". Ова стана вечен дом на човекот чие дело ќе го продолжат и оваа и идните генерации.
 
== По смртта на Тито ==