Јован Оливер: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот: козметички промени
Ред 26:
'''Јован Оливер''' бил еден од најмоќните и најбогати феудалци во Српското царство под власта на [[цар]] [[Стефан Душан|Душан]]. Неговите феудални владенија се наоѓале во [[Источна Македонија]] и во негова сопственост се наоѓале рудниците [[Саса]] и [[Злетово]]. Како ктитор се јавува на неколку [[Црква (објект)|цркви]] и манастири во [[Македонија]].
 
== Првите години ==
 
Првиот сигурен податок за Оливер потекнува од времето на царот [[Стефан Душан]] кога на [[28 јуни]] [[1336]] година пред дубровничкиот кнез Никола Фалетра излегол:
Ред 34:
Името на Оливер потоа се сретнува во преговорите кои биле водени во 1336 - 37 година помеѓу византискиот цар [[Андроник III Палеолог]] и [[Стефан Душан]] и тогаш најверојатно Оливер се спријателил со Јован Кантакузин <ref name="BJ"><small>''Б. ферјанић, Душан и српска властела, 189.''</small></ref>. Неговата кариера може да се следи со сигурност во периодот од [[1336]] до [[1355]] година.
 
== Место и улога во српското царство ==
 
=== Статус ===
 
Јован Кантакузин истакнува дека во царството на [[Стефан Душан]] имало 24 највлијателни велможи, а меѓу нив Јован Оливер бил најмоќен. Тој имал релативен суверенитет што им се давал на таканаречените ''краишници'' кои биле заповедници на пограничните области и имале поширока политичка иницијатива за одбраната на границите. Оливер добро напредувал во српското царство и за кратко време ги поминал сите степени во српската дворска хиеррархија, почнувајќи од командант на копнената војска стигнувајќи до титулата ''деспот''. Во текот на српските завладувања во [[Источна Македонија]] Оливер земал видно учество во нив и тоа му помогнало да стане еден од најблиските и највлијателните феудалци на [[Стефан Душан]]. Во [[1341]] година како ''велик слуга'' Јован Оливер самостојно зазел некои области во [[Македонија]], а некои од византиските феудалци околу [[Кочани]] не се предале на српскиот владетел туку лично на Оливер. Богатството кое го имало како и највисоката титула ''деспот'', после српскиот цара, што ја достигнал со текот на времето му овозможувале да поседува поголема самостојност во српското царство во споредба со другите феудалци како и да прави планови во личен интерес <ref name="AA"><small>''Александар С. Атанасовски, Македонија во XIV - докторска дисертација, Универзитет Св. Кирил и Методиј - Скопје, Филозофски факултет - Институт за историја''</small></ref>. Очигледно Јован Оливер бил доволно моќен и воено силен за да се задоволи со улогата на обичен служител на српската држава <ref name="AA" />. Оливер уште пред да ја добие титулата ''деспот'' имал сопствен административен систем, различен од оној на српскиот владетел, сопствени вазали и неговите ''луѓе'' имале двојно вазалство. Овие биле гледани најпрво како луѓе на Оливер , а потоа на српскиот владетел. Односно Јован Оливер имал свои сопствени феудалци кои му биле потчинети, а таков бил Иван Пробиштиповиќ <ref name="AA" />.
 
==== Титули ====
 
[[Податотека:Kochani-St-George-Church.JPG|мини|десно|250п|Црквата Св. Ѓорѓи - Кочани, има претпоставака дека црквата св. Димитриј која ја дарувал Јован Оливер да се наоѓа под темелите на оваа црква]]
Ред 52:
{{Цитатник| ''и подари деспот царства ми'' <ref name="ALH"><small>''Архимандрит Леонид, Хрисовуља цара Стефана 287 - 296.''</small></ref>}}
 
=== Однос со централната власт ===
 
Односите на Јован Оливер со централната власт односно со српскиот [[цар]] [[Стефан Душан]] наликувале на односите сизерен - вазал, а според некои научници постои, иако не сосема видлива, тристепена хиерархиска зависност меѓу владетелот, феудалецот и потчинетите властели, односно Душан неможел дирекно да ја налага својата власт врз феудалците кои се покорувале на Оливер, а тоа го правел преку него. Во прилог на ова тврдење Х. Матанов го наведува начинот накој се преставени српскиот владетел и деспотот Јован Оливер на фреските од [[Лесновскиот манастир]] <ref name="HMM"><small>''Х. Матанов, Югозападните земи, 37.''</small></ref>.
 
=== Имоти ===
 
Постојат различни кажувања за местоположбата на Оливеровите имоти. Околу [[1336]] година имотите на Јован Оливер се простирале во [[Злетово]] и [[Овче Поле]]. Во 1341 година тој ја држел областа околу [[Кочани]], а според Ј. Павловиќ во Малешевско во времето на Душан управувал Јован Оливер. Матанов истакнува дека границите на Оливеровите владенија не се точно утврдени но најверојатнотие се простирале помеѓу реките [[Пчиња]], [[Вардар]], [[Брегалница]] и [[Осоговските планини]], а по смрта на [[Хреља]] дел од неговите земји најверојатно биле земени од Оливер <ref name="AA" />.
 
==== Богатство ====
 
Јован Оливер бил богат феудалец. Според кажувањата на Јован Канатакузин во 1342 година тие двајца имале средба, притоа Јован Оливер го пречекал со 2 000 војници и го одвел во својот дворец каде ги гоштевал три дена. За богатството на овој феудалец сведочи и sидањето на [[Лесновскиот манастир]] на кој му подарил многу имот во кој влегувале лозја, воденици, цркви, а манастиро бил снабден со икони оковани во [[злато]] и [[сребро]]. Извор на ова богатство во голема мера биле рудниците [[Саса]] и [[Злетово]] кои се наоѓале на неговата територија, а таму работеле познатите рудари Саси. Оливер секако собирал приходи од потчинетото население како во пари така и во натура согласно средновековното право.
 
== Потекло ==
 
[[Податотека:Лесновски манастир 02 .jpg|мини|десно|300п|<small>Лесновски манастир</small>]]
Ред 70:
Во историската наука не е докрај разјаснето потеклото на Јован Оливер како и потеклото на многумина средновековни феудални владетели во [[Македонија]]. Постојат повеќе претпоставки во науката за неговото потекло, а некои истакнуваат дека тој имал западно потекло други пак го поврзуваат со византиската фамилија Ливерос и го сметаат за грк. Во постарата литература имало мислење дека Оливер бил брат на познатиот ''севастократ'' и ''деспот'' Дејан, кои бил североисточен сосед на Оливер, меѓутоа во поновата литература таквите мислења се отфрлени. Наспроти ваквите ставови еден дел од македонските историчари сметаат дека потеклото на Оливер е домородно и неговото потекло го поврзуваат со [[Македонија]] <ref name="AA" />. Дополнително на овие ставови, се истакнува дека е можно пред српските навлегувања во [[Источна Македонија]], Јован Оливер да бил византиски феудалец кои се откажал од византиската централна власт и се покорил на [[Стефан Душан]] и на тој начин овој дел од [[Македонија]] побрзо подпаднал под власта на српската држава.
 
== Ктиторство ==
 
[[Податотека:Sv. Sofija, Ohrid 0030.JPG|мини|десно|300п|<small>св. Софија</small>]]
 
Јован Оливер се јавува како ктитор на неколку цркви и манастири во [[Македонија]]. Во [[1337]] година црквата св. Димитриј во [[Кочани]] ја дарувал со околните села и луѓе. Во почетокот на 40 - тите години на XIV век го обновил храмот на светителот [[св. Гаврил Лесновски]] и станал негов ктитор заедно со сопругата Ана - Марија и децата. Портретот на Јован Оливер и на неговото семејство се насликани како ктитори и на нараклисот св. Јован Претеча во катедралниот храм [[Света Софија Охрид|св. Софија ]] во [[Охрид]] што предизвикало извесна збунетост кај историчарите. Имено во средновековието е пракса да се даруваат села и имоти на манастири и цркви кои се наоѓаат на територијата на феудалниот дарител, а не надвор од таа територија. Во овој случај се знае дека феудалните територии на Оливер се наоѓаат во [[Источна Македонија]] и отука произлегло прашањето зошто Јован Оливер со своето семејство се јавува како ктитор на [[Света Софија Охрид|св. Софија ]] толку далеку од своите владенија. Има две гледишта за ова прашање. Дека водел потекло од тој дел на [[Македонија]] или пак дека тоа укажува на неговото големо богатство како можниот обид за засилување на своето влијание преку [[Охридска архиепископија|Охридска архиеоископија]].
 
== Смрт ==
 
Последен директен податок за Јован Оливер има во 1354 година кога во едно писмо до [[папа]]та Инконентие VI се спомнува како еден од блиските луѓе на српскиот цар. По оваа година повеќе Оливер не се спонува во документите и што се случило со него постојат само претпоставки. Имено, или набргу умрел по оваа дата или се повлекол од световниот живот како великосхимник Јован Каливит. Еден дел од историчарите врз основа на една серија на монети претпоставуваат дека Јован Оливер го надживеал [[Стефан Душан]] но тоа не е потврдено. По смрта на српскиот цар [[Стефан Душан]] на територијата на Јован Оливер како феудалци се сретнуваат синовите на севастократот Дејан.
 
== Извори ==
 
За неговата личност се зачувани современи податоци пред се во грамотите што Јован Оливер ги издал на црквата св. Димитриј во [[Кочани]] 1336 - 1337 година <ref name="SN"><small>''С. Новаковић, Законски споменици, 662.''</small></ref> и на манстирот во [[Лесново]] <ref name="KN"><small>''К. Николајевић, Српски комнени, 296''</small></ref>, како и ктиторскиот натпис во истиот манастир. Неговото име е забележано и житието на [[св. Гаврил Лесновски]] <ref name="II"><small>''Й. Иванов. Български старини из Македония, София, 1970.''</small></ref> како и во прилогот од [[1342]] година. Од Современите извори за него пишувале Јован Кантакузин <ref name="Cant"><small>''Cant. II. 257 - 277''</small></ref> и Никита Грегора <ref name="Greg"><small>''Greg. II. 638 - 640''</small></ref>.
 
== Литература ==
 
* ''Александар С. Атанасовски, Македонија во XIV - докторска дисертација, Универзитет Св. Кирил и Методиј - Скопје, Филозофски факултет - Институт за историја.''
* ''Коста Аџиевски, Пелагонија во Средниот век, Институт за историја, Скопје, 1994.''
 
=== Фусноти ===
 
<references/>
 
== Надворешни врски ==
 
* [http://www.geocities.com/miljakovic/dk.htm (''Грчинић'')]