Туше Делииванов: Разлика помеѓу преработките
[проверена преработка] | [проверена преработка] |
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето |
|||
Ред 50:
На 23.01.[[1901]] година се разврзала една од најголемите провали со кој се соочила организацијта. Во [[Солун]] биле уапсени неколкумина, а истрагата бргу се проширила и во Кукушко. Кон крајот на [[јануари]] во [[Солун]] бил донесен и Туше Делииванов но тој бил пуштен бидејќи според полицијата не се бараал Делииванов туку караиванов. Меѓутоа Туше разбрал дека него го бараат и дека станува грешка во презимето и веднаш станал нелегален и се засолнил во четата на Чернопеев. Покрај Делииванов во оваа [[чета]] се засолниле голем број на легални организациони дејци така што бројот на душите се качил на 30 и затоа Чернопеев и Делииванов заминале во [[Гевгелија|Гевгелиско]] каде се ослободиле од нив и четат се свела на 13 души. [[Христо Чернопеев]] и Туше Делииванов зедно со четата на 4.02.[[1901]] година во селото [[Бајалци]] имале судир со турскиот аскер при првата престрелка загинале 7 комити но четата успеала да се повлече кон селото [[Калиново]] но таму од селаните разбрале дека доаѓа друга потера и дури третиот ден успеала да и избегаат на турската потера и кон крајот на март Чернопеев и Делииванов се нашле во [[Бугарија]].
===Судирот со цончевистите===
{{Главна|Задгранично претставништво}}
Во Бугарија Делииванов му се придружил на Гоце Делчев во борбата против тежнеењето на Иван Цончев за преземање на [[Македонски комитет|Врховниот комитет]] во свои раце. Кон крајот на [[јули]] и почетокот на [[август]] 1901 година во [[Софија ]]се одржал [[IX македонски конгрес]] на кој [[ТМОРО]] учествувал со своја листа во која бил и Делииванов но победила листата на Цончев и тој успеал индирекно преку [[Стојан Михајловски]] за го преземе [[Македонски комитет|Врховниот комитет]] во свои раце. [[Иван Цончев]] веднаш по преземањето на комитетот во свој раце дошол во судир со [[Задгранично претставништво|Задграничното претставништво]] и тој организаирал средба на која како преставници на ТМОРО присуствувале Туше и [[Димитар Стефанов]]. Тие двајца декларативно изјавиле дека ќе побараат од дотогашните преставници да не се мешаат во работите на [[Македонски комитет|Врховниот комитет]] и ќе побараат од нив да се вратат во [[Македонија]].
==Извори==
|