Унгарци: Разлика помеѓу преработките

Избришана содржина Додадена содржина
Создадена страница со: thumb|250px|right|Национално знаме на [[Унгарија и на Унгарците.]]...
(нема разлика)

Преработка од 00:48, 28 мај 2010

Унгарци (или уште нарекувани и Маѓари, на унгарски: magyarok) се етничка група, поврзани со нивната матична држава Унгарија, централно европска држава и нејзините земји претходнички (Кралството Унгарија и Народна Република Унгарија). Денеска во светот има околу 14 милиони Унгарци, од кои 10 милиони живееат во денешна Унгарија (од цензусот од 2001)[1]. Околу 2.5 милиони Унгарци живеат во областите што му припаѓале на Кралството Унгарија пред Договорот од Тријанон од 1920, сега веќе дел од седумте соседи на Унгарија, како што се Романија, Словачка, Србија и Украина. Значителна група на луѓе со унгарско потекло живее во различни делови од светот (најголем дел од нив е во Соединетите Американски Држави), меѓутоа само мал дел од нив го зборуваат унгарскиот јазик и ги негуваат унгарските обичаи. Унгарците се поделени во неколку подгрупи според локалните лингвистички и традиционални обележја. Најголем дел од Унгарците се Римски католици.

Национално знаме на Унгарија и на Унгарците.

Референци