Туше Делииванов: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 28:
Треба да се истакне дека не јасна улогата на Туше при формирањето на Месниот комитет во [[Кукуш]]. Татарчев во своите спомени вели дека по [[Ресенско советување|Ресенското советување]] комитетот во [[Кукуш]] собрал големи финансиски средстава за организацијата и дека во таа работа учествувал и Туше. Од друга страна [[Димитар Влахов]] во своите спомени истакнува дека ''Кукушкиот комитет'' бил формиран од страна на Туше Деливанов и [[Христо Влахов]] <ref name="SDV"><small>''Спомени на Димитар Влахов, ракопис во семинарот на Институтот за историја при Филозофскиот факултет во Скопје''</small></ref>, а во споемните на Туше индирекно се дознава дека тој го познавал [[Дамјан Груев]] уште додека тој бил коректор во печатницата на [[Коне Самарџиев]]. Врз основа на податоци дел од историчарите сметаат дека Туше учествувал во формирањето на комитетот во [[Кукуш]] и веројатно предходно се зачленил во ораганизацијата <ref name="VG"><small>''Ванчо Ѓорѓиев, Слобода или Смрт, Македонското националноослободително дело во Солунскиот вилает 1893 - 1903 година, Скопје, Институт за историја - Филозофски Факултет''</small></ref>. Меѓутоа, Туше во своите спомени конкретни податоци за овие настани не кажува дури и има извенсни контардикторности во неговите изјави <ref name="VG" />. Тој кажува дека поради недоразбирања со учителската управа и поради здодевност во [[лето]]то [[1894]] година поднел оставка на учителската фукција и без некоја посебна причина заминал во [[Софија]] каде имал случајна средба со [[Гоце Делчев]]. Тие двајца пота од [[Бугарија]] се вратиле во [[Македонија]] и во [[Штип]] сеуше не симанати од [[коњ]]ите биле пречекани од [[Дамјан Груев]]. Делииванов истакнува дека тој тогаш заедно со Делчев не дал заклетва на организацијата поради некои императиви во [[Прв устав на Македонската револуционерна организација|Уставот]]. Во ваквите спомени на Делииванов дел од историчаррите се сомневаат и мислења, иако не потврдени, дека средбата на Делииванов и [[Гоце Делчев]] во [[Софија]] не била случајна и дека таа била организирано до страна на [[Иван Хаџи Николов]] со цел да се внесе Делчев во организацијата овојпат преку кукушката линија <ref name="VG" />.
 
===Претседател на комитетот во Кукуш===
===Раководител на организацијата===
 
По завршувањето на учебанта 1894/95 година околу 15 јули Туше Делииванов се нашол во [[Кукуш]] и се вработил повторно како учител и станал престедател на месниот комитет <ref name="t">''Т. Влахов, Кукуш и неговото историческо минало''</ref>.
Во учебаната 1894 година [[Гоце Делчев]] го примил за член на [[ТМОРО]]. Заедно учителствувале во [[Штип]]. До [[1901]] г., кога е заробен од Турците е претседател на револуционерниот комитет на [[ТМОРО]] во [[Кукуш]]. Успеал да избега и емигрирал во [[Бугарија]]. Виден деец на [[ВМОРО]], [[Задгранично преставништво|задграничен претставник]] во [[Софија]] (1901-1902). По Младотурската револуција се вратил во [[Кукуш]] и станал член на [[Народна федеративна партија|Народната федеративна партија]]. Во 1909 година се вратил во [[Бугарија]].
 
==Извори==