Туше Делииванов: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 16:
| деца =
}}
'''Петар Делииванов - Туше''' бил [[македонски]] револуционер, член и раководител на [[Македонска револуционерна организација|Македонската револуционерна организација]], [[Задгранично преставништво |задграничен преставник]], учител, [[публицист]].
 
==Биографија==
Ред 22:
===Учителствувањето и првите контакти со организацијата===
 
Туше е роден е [[Кукуш]], на [[13 октомври]] [[1869]] година. Се школувал во [[Солунска машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“|Солунската машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“]], а потоа учителствувал во [[Кукуш]]. Поради недостаток на изворна документација не се знае точно кога Делииванов станал член на [[ТМОРО]]. Имено [[Христо Татарчев]] истакнува дека меѓу првите членови на организацијата бил Туше Делииванов кој бил препорачан од [[Иван Хаџи Николов]] <ref name="HTS"><small>''Д-р, Христо Татарчев, Вътрешна македоно-одринска революционна организация като мит или реалност, Цочо Биљарски и Валентин Китанов, София, 1995''</small></ref>. Треба да се истакне дека не јасна улогата на Туше при формирањето на Месниот комитет во [[Кукуш]]. Татарчев во своите спомени вели дека по [[Ресенско советување|Ресенското советување]] комитетот во [[Кукуш]] собрал големи финансиски средстава за организацијата и дека во таа работа учествувал и Туше. Од друга страна [[Димитар Влахов]] во своите спомени истакнува дека ''Кукушкиот комитет'' бил формиран од страна на Туше Деливанов и [[Христо Влахов]], а во споемните на Туше индирекно се дознава дека тој го познавал [[Дамјан Груев]] уште додека тој бил коректор во печатницата на [[Коне Самарџиев]]. Врз основа на податоци дел од историчарите сметаат дека Туше учествувал во формирањето на комитетот во [[Кукуш]] и веројатно предходно се зачленил во ораганизацијата. Меѓутоа, Туше во своите спомени конкретни податоци за овие настани не кажува дури и има извенсни контардикторности во неговите изјави. Тој кажува дека поради недоразбирања со учителската управа и поради здодевност во [[лето]]то [[1894]] година поднел оставка на учителската фукција и без некоја посебна причина заминал во [[Софија]] каде имал случајна средба со [[Гоце Делчев]]. Тие двајца пота од [[Бугарија]] се вратиле во [[Македонија]] и во [[Штип]] сеуше не симанати од [[коњ]]ите биле пречекани од [[Дамјан Груев]]. Делииванов истакнува дека тој тогаш заедно со Делчев не дал заклетва на организацијата поради некои императиви во [[Прв устав на Македонската револуционерна организација|Уставот]]. Во ваквите спомени на Делииванов дел од историчаррите се сомневаат и мислења, иако не потврдени, дека средбата на Делииванов и [[Гоце Делчев]] во [[Софија]] не била случајна и дека таа била организирано до страна на [[Иван Хаџи Николов]] со цел да се внесе Делчев во организацијата овојпат преку кукушката линија.
 
===Раководител на организацијата===
 
Во учебаната 1894 година [[Гоце Делчев]] го примил за член на [[ТМОРО]]. Заедно учителствувале во [[Штип]]. До [[1901]] г., кога е заробен од Турците е претседател на револуционерниот комитет на [[ТМОРО]] во [[Кукуш]]. Успеал да избега и емигрирал во [[Бугарија]]. Виден деец на [[ВМОРО]], [[Задгранично преставништво|задграничен претставник]] во [[Софија]] (1901-1902). По Младотурската револуција се вратил во [[Кукуш]] и станал член на [[Народна федеративна партија|Народната федеративна партија]]. Во 1909 година се вратил во [[Бугарија]].
 
==Извори==
<references/>
 
[[Категорија:Македонски револуционери|Делииванов, Туше]]