Јован Оливер: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 66:
==Потекло==
 
[[Податотека:Лесновски манастир 02 .jpg|мини|десно|250п300п|<small>Лесновски манастир</small>]]
 
Во историската наука не е докрај разјаснето потеклото на Јован Оливер како и потеклото на многумина средновековни феудални владетели во [[Македонија]]. Постојат повеќе претпоставки во науката за неговото потекло, а некои истакнуваат дека тој имал западно потекло други пак го поврзуваат со византиската фамилија Ливерос и го сметаат за грк. Во постарата литература имало мислење дека Оливер бил брат на познатиот ''севастократ'' и ''деспот'' Дејан, кои бил североисточен сосед на Оливер, меѓутоа во поновата литература таквите мислења се отфрлени. Наспроти ваквите ставови еден дел од македонските историчари сметаат дека потеклото на Оливер е домородно и неговото потекло го поврзуваат со [[Македонија]] <ref name="AA" />. Дополнително на овие ставови, се истакнува дека е можно пред српските навлегувања во [[Источна Македонија]], Јован Оливер да бил византиски феудалец кои се откажал од византиската централна власт и се покорил на [[Стефан Душан]] и на тој начин овој дел од [[Македонија]] побрзо подпаднал под власта на српската држава.
Ред 72:
==Ктиторство==
 
[[Податотека:Sv. Sofija, Ohrid 0030.JPG|мини|десно|250п300п|<small>св. Софија</small>]]
 
Јован Оливер се јавува како ктитор на неколку цркви и манастири во [[Македонија]]. Во [[1337]] година црквата св. Димитриј во [[Кочани]] ја дарувал со околните села и луѓе. Во почетокот на 40 - тите години на XIV век го обновил храмот на светителот [[св. Гаврил Лесновски]] и станал негов ктитор заедно со сопругата Ана - Марија и децата. Портретот на Јован Оливер и на неговото семејство се насликани како ктитори и на нараклисот св. Јован Претеча во катедралниот храм [[Света Софија Охрид|св. Софија ]] во [[Охрид]] што предизвикало извесна збунетост кај историчарите. Имено во средновековието е пракса да се даруваат села и имоти на манастири и цркви кои се наоѓаат на територијата на феудалниот дарител, а не надвор од таа територија. Во овој случај се знае дека феудалните територии на Оливер се наоѓаат во [[Источна Македонија]] и отука произлегло прашањето зошто Јован Оливер со своето семејство се јавува како ктитор на [[Света Софија Охрид|св. Софија ]] толку далеку од своите владенија. Има две гледишта за ова прашање. Дека водел потекло од тој дел на [[Македонија]] или пак дека тоа укажува на неговото големо богатство како можниот обид за засилување на своето влијание преку [[Охридска архиепископија|Охридска архиеоископија]].