Битка кај Наварино: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 3:
Главен фактор кој предизвикал интервенција односно вклучување во војната на трите европски сили биле амбициите на [[Руска империја|Руската империја]] своите територии да ги прошири кон регионот на [[Црно Море]] на сметка на Османлиската империја. Од друга страна пак, овие амбиции на Русија, геостратешки, претставувале закана за другите европски сили. [[Велика Британија]] била насочена главно кон спречување на руската интервенција и проширување на нејзиното влијание во регионот. Во [[1825]] година, на рускиот престол застанал [[Николај I]], кој поради меѓународната положба на европските сили решил да го засили влијанието на Русија на [[балкански полуостров|Балканите]]. [[Франција]] пак во војната се приклучила со цел да ја врати својата доминантна улога во [[Европа]], по поразот во т.н. [[Наполеонски војни]]. И трите влади, во секој случај, биле под голем притисок и од страна на локалното мислење на нивните жители, особено по инвазијата на [[Пелопонез]] во [[1825]] година од страна на османлискиот вазал [[Ибрахим Паша од Египет]] и неговите злосторства употребени кон локалното грчко или христијанско население.
 
Пред да започне војната, трите европски сили се согласиле да потпишат договор. Така истиот бил потпишан во [[Лондон]] ([[Лондонски договор (1827)|Лондонски договор]]) во [[1827]] година, според кој на [[Грција]] требало да и биде дадено автономија, на чие чело повторно би стоел османлискиот султан. Истото не било прифатено од страна на Османлиите, кое пак резултирало со започнувањето на битката кај Наварино. Војната резултирала со пораз на османлискатаОсманлиската империја. Во почетокот биле превземени две воени интервенции од страна на Русија, кои интервенции претставуваат дел од [[Руско-турска војна (1828-1829)|руско-турските војни]]. По поразот на османлиите пак, Французите ги принудиле и придружиле истите да се повлечат од централна и јужна Грција. По ова била објавена грчката независност. Во почетокот, Грција добила независност, но била задолжена да плаќа данок на султанот, но сепак тоа не се случило бидејќи од Грција целосно била протерена Османлиската војска.