Синтакса на македонскиот јазик: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 9:
Сликовите да се презентира составувањето на врзаниот текст, а почнувајќи од најмалите единици е следниот пример:
 
:''бран → голем бран → На крајбрежјето на Охридското Езеро се забележуваат големи бранови. → Гледајќи и фотографирајќи од Самоиловата тврдина, забележав дека големи бранови се приближуваа кон охридското крајбрежје. → Едно утро решив да се искачам на Самоиловата тврдина и да сликам фотографии по не знам кој пат. Иако одењето по старите и делумно стрми улици е тешко јас успеав и се искачив. Гледајќи и фотографирајќи од Самоиловата тврдина забележав дека големи бранови одеасе приближуваа кон охридското крајбрежје''.
 
Така, од примерот може површно да се види со што и како се занимава синтаксата. Значи самата синтакса почнува со зборовите, иако со нив повеќе се занимава морфологијата (''бран''), потоа со комбинирање на повеќе зборови се добиваат зборовните групи (''голем бран''). Со комбинирање на повеќе зборовни групи се добиваат прости реченици (''На крајбрежјето на Охридското ...'') кои пак доведуваат до создавање на сложени реченици (''Гледајќи и фотографирајќи од ...''). Како крајна цел е создавање на врзан текст со кој се искажуваат поголеми и посложени дејства или настани (''Едно утро ...'').