Синтакса на македонскиот јазик: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 2:
 
'''Синтаксата на [[македонскиот јазик]]''' е дел од [[Македонска граматика|граматиката]] која ги проучува способностите на зборовите да се поврзуваат меѓу себе. Синтаксата пред сè се осврнува кон зборовните целости кои се добиваат преку спојување на зборовите. Така и самиот поим синтакса потекнува од [[Старогрчки јазик|старогрчки]] збор што значи ''„составување“, „средување“'' или ''„редење“'' на зборовите.<ref name="општа граматика">{{цитирана книга|last=Бојковска|first=Стојка|coauthors=Лилјана Минова - Ѓуркова, Димитар Пандев, Живко Цветковски|title=Општа граматика на македонскиот јазик|editor=Саветка Димитрова|publisher=АД Просветно Дело|location=Скопје|date=декември 2008|pages=253- 257|isbn=978-9989-0-0662-7|language=македонски}}</ref> Синтаксата тргнува од самите зборови преку кои се создаваат повисоките синтаксички единици. Основна единица во синтаксата е реченицата.
 
== Основни елементи ==
 
Основна единица на синтаксата, како што веќе напоменавме, е реченицата. Врз реченицата е осврнато вниманието на синтаксата. Понатака реченицата може да е подели на две големи групи, односно проста и сложена реченица. Простите и сложените реченици во македонскиот јазик се составени од именски групи или наречени синтагми, но и од останати елементи како глаголи или прилози. Сите овие наведени елементи функционираат во најсложената јазична форма наречена врзан текст.
 
Сликовите да се презентира составувањето на врзаниот текст, а почнувајќи од најмалите единици е следниот пример:
 
:''бран → голем бран → На крајбрежјето на Охридското Езеро се забележуваат големи бранови. → Гледајќи и фотографирајќи од Самоиловата тврдина, забележав дека големи бранови одеа кон охридското крајбрежје. → Едно утро решив да се оскачам на Самоиловата тврдина и да сликам фотографии по не знам кој пат. Иако одењето по старите и делумно стрми улици е тешко јас успеав и се искачив. Гледајќи и фотографирајќи од Самоиловата тврдина забележав дека големи бранови одеа кон охридското крајбрежје''.
 
Така, од примерот може површно да се види со што и како се занимава синтаксата. Значи самата синтакса почнува со зборовите, иако со нив повеќе се занимава морфологијата (''бран''), потоа со комбинирање на повеќе зборови се добиваат зборовните групи (''голем бран''). Со комбинирање на повеќе зборовни групи се добиваат прости реченици (''На крајбрежјето на Охридското ...'') кои пак доведуваат до создавање на сложени реченици (''Гледајќи и фотографирајќи од ...''). Како крајна цел е создавање на врзан текст со кој се искажуваат поголеми и посложени дејства или настани (''Едно утро ...'').
 
== Наводи ==