Ѓорче Петров: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Откажано уредување 1061244 од (79.126.149.73 | Разговор)
Ред 28:
Заради своите чисто македонски позиции станал најнапаѓаниот член на ВМРО од страна на врховистите. Конечно, како цел на братоубиствената политика во [[Бугарија]] на 28 јуни [[1921]] година бил убиен од платениците на [[Тодор Александров]] среде градот [[Софија]].
 
== Референци ==
 
Некои од спомените на Ѓорче Петров
 
 
 
Родом сум од село Варош (од Прилеп); сега сум на 42-43 год. Татко ми Петре Николев, е родом од село Тројаци (Прилепско), а мајка ми Злата Тоскова, од Варош. Татко ми се занимаваше со дуќанџилок, со вино, ракија и др. Основно образование добив во селото мое, учев по пластир, еванѓелија. После учев во Прилеп, каде што беа учители Никола Ганчев и Јосиф Ковачев, околу 5 години. Кога свршив во Прилеп, тоа беше во 1880 г., руско-турската војна се беше свршила, дојдов во Софија да постапам во гимназија како стипендист. Имав јака желба да учам, а имаше и јако расположење меѓу учениците во Прилеп да доаѓат овде да учат, се разбира, безплатно. Не успејав и се вратив. Ганчев и Коначев порано беа го напуштиле Прилеп; јас кај Ковачев биле не сум учел, тој ги држеше последните две години. Се вратив после месец и пол стоење во Софија и си станав бакал во Прилеп. На божикот 1881 година иди во Прилеп Димитар Ризов, на пат од Софија за Битола, каде што тој живееше како трговец и почесен драгоманин на руското конзулство и играше веќе видна обштествена улога, не само во Битола, ами и во цела Македонија. Тој беше век`е авторитет по егзархиските работи, по општинските и политичките работи во Битола преку руското конзулство. Ризов беше доаѓал во Софија цреку Цариград со Методи Кусев мимо егзархот да дејствува пред бугарската влада оваа да дава подкрепа за нови училишта во Македонија не преку егзархот, ами по други патишта посочени од него наиме, ми се чини, тој препоручуваше така што бугарската влада да се споразумева со турската влада и т.н. и т.н.. Ризов беше издејствувал средства од бугарската влада да се отвори преку неа класно училиште во Битола. Овој идеше заедно со четворица учители од Бугарија да го отвара ова училиште. Бидејќи во Битола немало ученици за втори клас, Ризов и` предложил на Прилепската обштина и на училишната управа да ги убедат татковците на учениците од последниот клас на прилепското училиште, меѓу ними и мене, да појдиме во Битола. Појдовме 14 души и образувавме втори клас само прилепчанчина: првиот клас се состоеше од битолчанчиња та стана училштето второкласно. Бидејќи на татко ми не му се даваа пари, сакаше да ме задржи за бакал; јас бев на издршка на обштината. Следната учебна година Методи Кусев беше успејал во егзархијата да ја протурка идејата, класново училиште да биди не во Битола, ами во Прилеп, со нови учители, а наиме да има и III клас. Ова беше конкуренција на ризовското училиште. Ние, како прилепчанчиња, се разбира, бевме принудени и од татковците па и од локален патриотизам да ја напуштиме Битола и дојдовме во Прилеп. Училиштето ризово си продолжи, но само први и втори клас, во Прилеп имаше три класа! Следната учебна година во Солун за прв пат се отвори четврти клас. Го продолжив учењето таму со полустипендија и тоа до половината на шести клас, поради тоа, што бев немирен; во дејствителност јас не бев особено подвижен, но ме мислеја оти сум замешан во ученичките 6унтови. Ме исклучија заедно со 12-13 другари од разии класови, меѓу кои беше и Пере ТОШЕВ, Во истиот клас со мене и во Прилеп и Во Битола, и то по следнава причина: во Софија се беше образувал кружок против егзархијата и против гимназијската дирекција во Солун. Во овој кружок влегуваа Ризов, Китанчев, Танев, Божил Рајнов (сега е во Варна, радославист). Директор на гимназијата беше Кандиларов, родом од кнежеството, сега директор во русчушката женска гимназија. Тој има свршено во Русија духовна академија, имаше језуитски приеми. Учениците и во пансионот и во училиштето негодуваа против директорот. Јас пишував дописки уште во V клас: во весник ,,Балкан“ против управата во гимназијата и против обштината. Беа ни повлијаеле Танев, Ризов, Китанчев, што беа божества за нас, а овие беа против гимазијалниов директор. Надушија оти јас пишувам, и следната година ме лишија од стипендијата. Во шести клас осем со допискиве бев зафатил да пишувам брошура против гимназијата по прилика на една брошура од пловдивската гимназија. Збирав материјал. По една случајност еден дел од овај материјал му допадна во рацете на директорот. Положението ми стана многу опасно. Работава се провлече до второто полугодиште, стана нов бунт во гимназијата, не исклучија 8 души, а кон нас се присоединија и други, меѓу кои беше и Љапчев, еден клас подолу од нас.
 
Од ко не` исклучија, заминавме за Пловдив. По сугестија од егзархијата, Величков, тогаш директор на просветата, не не` прими, зошто ако беше не' примил, половината од солунската гимназија ќе избегаа. Ние останавме да се занимаваме со надеж да не` допуштат до испит та се надеваме да постапиме по гимназија идната година.
 
Летото беше станало првото востаничко движење во Македонија, предвесник на соединението. На чело на движењето беше застанал Калмуков. Целата компанија бевме вовлечени во ова движење. Како ученици до тогаш во нас не беше влегла мисла за револуционерна организација за ослободување на Македонија. Во годината 1881 беше станало комитско движење во Прилеп, и ние живо се интересувавме затоа, макар и деца, а Пере Тошев беше бнл во Врска со тие комити, но тоа немаше последици за нас.
 
Во Пловдив тогаш се појави во нас желба за осверта против грците, пловдивските грци, бидејќи се видовме на слобода и во сила на бугарска територија. Спиро Костов (сега пожарник) прв не' вовлече во движењето на Калмуков. Идеалите-авторитетите, звездите ни беа Захариј СТОЈАНОВ И Д. Ризов. Првата работа ни беше да го обориме старото македонско друштво во ПЛОВДИВ и да го замениме со ново. Старите македонски друштва во Источна Румелија беа секое за својот град, напр. за Пловдив, за Стара Загора и т.н. и беа под влијание на владата, главно за избори. Ризов, Паница и Захариј Стојанов беа си поставиле задача да ги организираат сите македонски друштва со центрови Пловдив, Русе, Софија. Ризов беше иницијатор и дејателен. Борбата против старите друштва беше да се постигне оваа цел. Ние учениците „македончина“, бевме поѓурултаџии.
 
Летото, кога да заминат Калмуков и Куртев, имаше веќе во гимназијата ученици, запишани за востаници, во тој број и ние: јас, Пере Тошев, Љапчев и Никола Генадиев, кој беше со нас и биле ни беше водачот. Но Ризов не позволи да се завлекуваат учениците во чети. Место тоа на сите ни возложија улога да одиме по градиштата низ нсточна Румелија да збираме помош во пари и оружје за наоружаните чети, што се готвеа да заминат. Јас бев испратен во Казанлак за пари, препорачан бев до поп Караджов и Стоков, тогаш „казионни“, и во Карлово-да го оберам со тамошни луѓе еден склад со оружје, кој се најдуваше во една џамија.
 
18-годишен бев тогаш. Во Карлово добив телеграма да се вратам, а во Пловдив ми се соопшти, оти работата се изменила, но не ми кажаа како и што станало. После го разбрав следново: во Пловдив душата на тоа движење биле Тончев и, мислам, Странски, како "казионни" биле во врска со Софија. Намерата била да се испратат неколку чети во Македонија за да се поодвлече вниманието од Соединението, готвено од нив тајно. Тоа беше значи, пред Соединението, летото. Ние сме биле просто лагани, - тоа ни го рече Ззхариј Стојанов, што се секираше и пцуеше, оти си играле со едно такво дело. Се гледа, оти Захариј Стојанов верувал оти движењето е сериозно. Тој ги пцуеше. Во истово време се готвел споразум со Пашиќ, кој беше емигрант во Софија, да му се дадат средства и луѓе та да нахлуе со емигрантите срби во Србија-да се размешаат работите во Србија та да стане полесно Соединението. Ризов бил внатре во оваа работа. Македонското движење во Пловдив се обнови.
 
През распустот, по советите на лекарот, прибидејќи бев болен, патев од стомачен катар, си отидов дома во Прмлеп и се излекував главно со грозје. През септемири бев веќе добар и ме назначија обштински учител во Штип, во новоотвореното четворокласно училиште. Тогаш, одеднаш се отвоорија четири класа. Во Штип поминав две години — 1885/6, 1886/7 учебна година. Другари немав од послежните дејци; тие останаа во Пловдив и завршија таму.
 
Нека забележам, оти порано, додека бев уште во Пловдив, пловдивскиот централен комитет на македонските друштва, на кои што беше душата Захариј Стојанов, дејствувал да се подготви востание,— имено Калмуковото дело сакаше да биде негово. През време на движењето на Калмуков заминаа, испратени од пловдивскиот комитет, Димитар Штерев и Голов (книжар) да осниваат револуционерни комитети во Македонија за востание. И тие испоминаа Солун, Велес, Прилеп, Крушево, Битола. Што нанравиле не знам, но сигурно ништо особено не ќе имаат направено.
 
На одењето од Пловдив имав полномошно од централниот комитет во Пловдив да организирам комитети за востание во Македонија, каде што можам. На чело на полномошното ми стоеше портретот, изваден со моментална фотографија, со потписите на Спиро Костов и Зах. Стојанов со печатот.
 
Во Штип, воеднаш, во еден месец и пол, оснував комитет со 46 души членови. Некаква дејателност не пројави комитетов, бидејќи и војната меѓу Србија и Бугарија повлија та застана сосем таа работа.
 
Третата година останав без работа во првото полугодие, а второто полугодие во февруари-март 1888 год. заминав за Солун, каде што станав коректор во печатницата на Самарџиев. Мемаше уште ништо по делото. През учебната 1888/9 година станав егзархиски учител во скопската прогимназија по протекција на архимандритот Методиј Кусев.Ѓ. Петров како учител во Скопје почнува да збира географски и етнографски материјали за целиот округ. Преместен во Битола, Петров продолжува и овде да збира подобни материјали и да дејствува против србската и грчката пропаганда. — Движење во младината против искључителното влијание на егзархијата во црковно-училишните работи. Борба со намесникот на владиката во Битола. — Петров преместен во Солун.
 
Веднаш по свршување на србско-бугарската војна. веќе отпочна србската пропаганда во Македонија, србите веќе имаа конзули во Скопје, Битола и Солун и развија дејност. Ние, учителите доста се занимававме со прашањето да се противудејствува на пропагандите. Но немаше ништо организирано. Стоев во Скопје три години се' учител и исцело се бев вдал да го нзучувам Скопскиот округ во секој поглед-географија, фолклор (песни, гатачки и т.н.), и збирав материјал преку ученици, учители, познаници, а лнчно го изодив целиот округ. Ова е изложено во обнародуваните од мене "Материјали по географијата на Македонија". Пере Тошев ми беше пишал во тоа време во Солун да се оставиме и да фатиме да работиме веќе за организацијата за ослободување. Јас, нафрлен во своите изучувања, му одговорив, оти не верувам да излези нешто од таква работа. Ова после ми го рече Пере Тошев.
 
Скопскиог владика Теодоси и егзархот беа во конфликт и се бореа, а причината беше, што си немаа верба: егзархот по калуѓерски такт сакал да бидат владиците покорни раби, а пак Теодоси, горд и итар се противи да исполнува се'. По подозрение, оти ќе ја држам страната на Теодоси во оваа борба, егзархот ме премести во Битола, во четворокласното училиште учебната 1891/2 година. Директор во Скопје ни беше Наследников, тогаш свестен човек, што се држеше добро. Во Битола беше директор пак Наследников, преместен пред година од Теодоси, бидејќи Наследников ја држеше повеќе страната на егзархот. Во Бигола учителствував пет години — до 1895/6 учебна година. Овде ги преработив материјалите свои од скопско н продолжував во истиот правец да збирам материјали и од битолско. Се под влијанието на истиов директор Наследников сето внимание ми го голтаа обштинските работи, црковно-училишните рлботи во градот и српско-грчката пропаганда во Битола и околијата. Бев многу живо заинтересуван во овие работи и, покрај директорот, бев излегол најмногу на глас, играв веќе видна улога во овие борби. Во последната година на моето учителство бев назначен за училишен инспектор и во оваа своја нова положба требаше веќе да ја водам самостојно борбава, толку повеќе, што го мавнаа и Наследников. Србскиот конзул Боди беше ја пружил многу скраја својата пропагандска мрежа, но го надушивме тоа со Наследников и успеавме да му попречиме. Бев доста ревносен во оваа своја работа и пишав на егзархијата еден долг рапорт од 16 табаци во кој изложив по кој пат би можело најлесно да се спечелат гркоманските села, но велев, оти сам не се ангажирувам да ја извршам оваа работа.
 
Околу 1890 година неосетно се јави во сите по живи бугарски центрови настроение во младината против владиците, обштините, егзархиските учители и службеници, и една струја против посегнуањата на егзархијата безконтролно да господарува во црковните и училишните работи во земјата. Еснафите, што во македонските градови сочинуваат мошен сталеж, готово минаа во оваа борба на страната на младинците. Движењето беше, речиси, стихијно со не многу определени барања: недоволство изобшто од стројот на егзархиските установи. Определеното, до кое што посегаа младинците, беше тоа што обштините да минат во рацете не на старците и духовниците, како што беше до тогаш, ами во рацете на младинците. Од директорите што беа егзархиски чиновници, се бараше да се подчинат на месните училишни управи. Младинците сакаа но обштините да влезат младинци, обштините да бидат вистински обштини, а не претседателите да си вршат се на своја глава, како што беше по егзархискиот устав, спроти кој што обштинските членови беа само советници на претседателите. Владиците, обштинските претседатели и класните егзархиски учители, се противупоставија на оваа струја, и младината и еснафите насекаде поведоа борба против нив. Немаше владика и повиден егзархиски учител, што да не беше подложен на навреди и преследувања од страна на населението. Ова движење се паѓа паралелно со пројавата на така наречениот од некои македонски „сепаратизам“, изразен преку списанието „Лоза“ во Софија, раководено од Аргов, Паласчев, Хаджи Николов и др. Кружокот „Лоза“ претендира и денес, оти ова движење во Македонија се должело на нивна агитација. Во Солун се пројави меѓу учителите во гимназијата исто ова ,,сепаратистично“, движење. Реченово раздвижување што траја неколку годинн, го толкувам просто како реакција против долгогодишниот стремеж на егзархијата да го сосредоточи во свои раце диригирањето на обштествениот живот, а осем тоа го сметам прв чекор кон самодејност во земјата. Така не може ни најмалу да се каже, оти онај кружок околу „Лоза“ го подигнал тоа движење. Тоа неосетно се прероди во револуционерно движење. Отпрвин во револуционерното дело неусетно прво и главно учество зедоа истите луѓе, што ја водеа борбата против егзархијата.
 
30 мај
 
Со намесникот на владиката во Битола, како инспектор, бев во борба, бидејќи бев и јас соучесник во реченото движење против егзархијата, и второ, бидејќи си сметав оти намесникот на владикава не вршеше што треба, не си беше на место, пречеше. Тој беше архимандритот Неофит, сега владика во Цариград. Напр. во околијата битолска има две србомански села Свиништа и Метимир (близу до Смилево) — од долги години овие села станале гркомански, после тоа станале србомански. Никој не можел да ги одврати. Јас успеав да се зближам со нив, им влегов под кожа и тие дури ги изгорија србските книги (две вреќи), се согласија изопшто да прејдат од кај егзархијата. Триумфирав со овој успех. Тие дојдоа во Битола да дадат молба. На Неофита му реков да ги пречека селаните љубезно, да ја земи молбата и да ја даде на владата. Го немаше деда Глигорија таму, беше отишол во Цариград. Неофит откажал да ја земе молбава, не сакал да се меша во села од туѓа епархија. (Охридска епархија) и т.н. и т.н. Стана тоа и без него. Но после на велигден пак протежирав да им се даде свештеник, и пак Неофит беше против тоа. И Глигорија после се разлути, оти сум му се мешал во епархијата и др. дивотии. Јас бев предложил начин, како да се подржаваат сообштинските приходи училиштата во секое село, а архимандритот откажа да се зафати со ова прашање. Реферисав во егзархијата но одавде ми се одговори да сум се не мешал во таа работа. Во дејствителност немаше никакви селски училишта, но егзархијата ја предпочиташе оваа состојба отколку да се погрижи да ги уреди училиштата како треба на посамостојна нога. Тогаш учителите примаа годишно по 6-8 лири во село колку да се речи, оти има училишта: владееше полна несистемност. Јас и' станав непријател на егзархијата, оти ја подканував кон реформи. По овие спорови јас напротив со помошта на еснафите го направив архимандритот невозможен во Битола. Го оволнија, но ме преместија и мене во Солун, учител. Тоа беше во март месец 18995 година. Бидејќи немаше уроци во машката гимназија, преподавав географија во женската гимназија. Директор на обете гимназии беше М. Сарафов.Полагање првите основи на револуционерната организација во Македонија во 1894 година. — Петров издава хектографиран револуционорен весник во Битола. — Купување првото оружје, револвери, а после и пушки. Составот на прниот роволуционерен комитет во Солун. Првите псевдоними на поглавните револуционерни дејци.
 
Во учебната 1894 год., по мое настојување и на директорот Наследников, Пере Тошев бидува од Скопје преместен во Битола. Со познаници од младинците Пере Тошев го образува таму првиот револуционерен кружок. Даме Груев во тоа време беше во Солун. Во овој кружок по еден месец и јас формално влегов како член, а во бргу време друштвото илезе во сношение со Груев. Пере и Даме се сношаваат по тоа прашање, и тогаш во новата струја влегуваат и луѓето во Солуи, кои што ги обвинуваа во сепаратизам — Д-р Татарчев, X. Ннколов и др. През распустот 1894 г. Пере и Даме направија обиколка по селата да основуваат друштва. Бргу мрежата на кружокот се рашири во Ресен, Охрид и Прилеп.
 
Првиот наш план, доколку ми иди на памет, почиваше на многу скромни и неопределени барања: сској член да внесува по половина лира годишно вноска и при „крштавање“ да даде доброволна помош спроти желбата и спроти својата состојба. Немавме уште определени цели. Ми иди на памет една желба на Перета: со свои средства да испратиме еден човек во Европа да го изучи „бомбаџилокот“, та со него да ја обориме Турција. Изопшто имале детински планови. Првото наше желание главно беше да образуваме по возможност колку повеќе можиме кружоци, чисто „конспиративни“, меѓу блиски другари, кои си веруваат еден на друг — по градиштата и по селата та да превземеме нешто со „бомби“ против Турција. Оти во „бомбаџилокот“ ни беше надежог, се гледа од тоа, што после движењето од 1895 г. на чело со Сарафов првата грижа ни беше да си набавиме од Бугарија бомби.
 
Само најблиските, по опулени младинци во Битола, Прилеп, Охрид и Ресен се посветуваа. Ми се чини, оти Даме во тоа време од Солун има пуштено такви гранки во Кукушко и Штипско.
 
Приемот меѓу младинците, блиски на нас познати, беше окуражателен уште од почетокот, — посветените бргу се ентузијазираа. Во кусо време, во миогу кусо време се направи обид на по широка нога да се врбуваат единични членови о од еснафите во градот и по селата. Првите обиди беа успешни. Меѓу еснафите првиот обид да гн привлечат во кружокот го направија месните двајца-тројца младинци: Георги Попето, Георги Пешков, Христо Ченков и ѓакинот Томо Николов, кој е сега во затворот битолски, осуден на 10 години. Бидејќи се ползував со широки познанства во град, понатака главната агитаторска улога меѓу еснафите остана на мене. Јас многу разодував меѓу народог по крчми, кафина, понаѓури. Пере беше поскриен, а јас излегував на лице. Првиот обид по селата го направив јас со уште еден-двајца од трговците младинци Глигор Попето и Пеш-ков (сега Глигор Попев е голем трговец во Солун, а Пешков е сега овде, бегалец). После главната улога за селата остана на мене, бидејќи бев инспсктор. На пазарите во Битола (отпазар, битпазар и т.н.) ја се најдував рано-рано ќе го уловам некого, го водев дома и го крштавав. Првите обиди и пред селаните беа многу насрнителни за нас. Навистина, правевме строг одбор на кандидатираните лица, бевме многу дикатливи во изборот, многу предпазливо ги подканувавме луѓето, та може би на тоа се должи, што не откажа никој, ами со одушевление приемаа. А може би поради тоа што не си ја претставуваа возможната идна слика, од која би се уплашиле.
 
Како да било, почвата се укажа многу благопријатна. Ние се нафрливме со настрвнение во агитација, без разбор, го разширивме кругот, со кое и без да мислиме одпрвин скромните цели требаше да се разшира. Неколку месеци после почетокот, агитацијата беше веќе во полн разгор и стана единствена главна задача на членовите на кружокот: сите како поулавени трчавме да привлекуваме повеќе луѓе, а за друго како и да не мислевме.
 
Така усилено одеше тогаш агитацијата; така на поширока нога — и во Прнлеп. Алекс Панов, студент, беше таму; тој умре, а следната година дојде Пон Арсов. Во Ресен во потесен круг се дејствуваше меѓу младинците од попрвите фамилии — Љапчевцн, Татарчевци, Стрезовци. Во Охрид се работеше во уште потесен круг. Зафативме да си пробиваме пат и во другиге околии на Битолскиот санџак — во Леринско, Костурско, Крушевско, Кичевско — пред единични личности. Уште во првите времина на агитацијата во Битола почнав да издавам хектографиран весник „На оружје“! Излегоа 9 броја. Го распратувавме во 30-40 примерци. Го уредував н заедно го вадевме по цели ноќи со Попето и Пешков. Едновремено и Даме издаваше во Солун таков весник, мислам под име „Востаник“. Во летото 1894 год. после тоа Пере н Даме се сретнаа во Битола и се согласиле Битолскиот кружок со неговите претставителства да паѓа под надлежност на солунскиот. Солунскиот весник на Дамета минаваше како по тежок по содржание и по стил по издржан, а нашиот беше по буен, по жив.
 
Решивме веќе да почниме да купуваме оружје, прво револвери. Првата нужда за револвери се појави, кога се установи да има револвер при давање клетва; имаше нужда за револвери и за куриерите. Ја дадов идејата да се купупа револвери. Се јави неосетно желба кај сите членови, секој да си носи револвер — како признак на револуционерство — револвер и кама. Се купуваа најмногу од Солун и од Битола. Револверите послужија како очигледен доказ, оти има сериозни револуционери на дело, а само на думи. Ова нешто многу и помагаше на агитацијата. Доставувачката на овај материјал кроце-покроце стана една прва задача на месните комити.
 
Купувачката на револвери му налагаше на битолскиот комитет да се погрижи за пари-фонд, да може да се купи оружје. Втора грижа беше после да се продаваат револверите во Битола, Ресе и т.н. Првите нужди се задоволуваа осем од членските вноски уште и од доброволни прилози на видните членови — трговци. Попето даваше до 150 лири годишно од свое ќесе. Тогаш се направи и првиот обид да се сакаат пари, во името на делото, и од нечленови. После двоумења многу страшливо му се напраи предлог на Нича Биолчев преку негови лични пријатели за 5 лири, без да се зема за член, без да му се расправа подробно, а само кажувајќи му, оти има кружок и т.н. Тој ги пречекал добро, дал 3 лири и се нафатил, оти ќе дава и повеќе, кога ќе се увери, оти има сериозно нешто. Овај прв пример беше насредчителен. Немаше систем за збирање пари, а во моменти на нужда, комитетите сега-тогај, се обраќале по истиов начин кон единични лица за помош без нацилие. Парлелно со револвери се почна купувачка и на пушки. Првите пушки, што ги купивме, беа мартинки, местна направа — тетовски и дебарски. Нужда за пушки најнапред почуствувале некои од селаните членови. Имаше напр. ваков сдучај: агитирав пред еден Христо Самарџиев од Битола, го опатувам и се разделивме. Одам другиот ден при него. Тој ми вели, ото во дејствителност тој требало вчера да ме заколни, зошто овие работи тој со свои другари одамна ги вршил. Ми откри, оти тој со уште 18-тмина другари имал по селата другари, та ноќно време излегувале со оружје и кај што има нешто како разбојник, пакосник на народот „ќе го суредат“, а утрината — пак мирни луѓе, си работат на занаеторт. Ова не` зачуди. Оваа самобитна компанија — организација воеднаш влезе во нашата, ги опатувавме 48 души и се послуживме со ними за набавка на оружје од Дебарско. Подобна компанија откривме после и во други села по полето. Првава компанија дејствуваше околу Битола по патот за Крушево, а другава компанија, што ја откривме од Битола кон Мариовско. Ништо разбојничко во нивната дејност немаше, ами само отребување на лошн турци.
 
Широката народна маса сакаше видлив израз на одвлечената идеја — пушки и т.н. Селаните чувствуваа нужда да имаат пушки, за да може нешто да се врши, кога притреба. Првиот стремеж беше, купените пушки да се на расположење на комитетот; се чуваа кај подобрите работници, се даваа по нужда и се прибираа. Заскривувањето и преносувачката на оружјето послужи за ново сретство за насрдчение: луѓето се соживуваа со оваа нова задача. Во Битола немаше формално управително тело. Поблиските пријатели направија еднаш предлог да се копституираме, но јас и Пере Тошев не пристанавме, сакавме се да се крепи на другарска нога. Али јас не го сакам тоа, никогаш јас не сум се ВИкал со официелно име како претставител на организацијата, јас секогаш сум „Ѓорче“: Ѓорче — Делчев, Делчев—Ѓорче, дух на другарство. Специјален касиер немавме. Секој од поблиските другари си остануваше како началник заправо на оние лица, што ги врбувал тој и покрстил. Тој за се со нив соработуваше, тој ги збираше од нив И вноските, А кога требаше да се арчи за нешто, тие ги даваа парите. Десетина-дванаесет души ја образувавме јадката на организацијата во Битола, и во постојаните состаноци другарски ги уредувавме сите прашања, како што ги разбиравме. Таков ни беше редот. Без да сме биле формално избрани, јас и Пере го имавме првиот збор, ја игравме првата улога. Ова беше дошло само од себе и си остана така додека бев во Битола.
 
Паралелно со оваа дејност во Битолско, подобна дејност се имаше развиено во Солун. Се поставураат така темелите во Кукуш, Штип, Воден, Велес и Гевгелија. Сама по себе си се јави нуждата да има взаемни врски и некако формално да се обедини таа одделна работа на комитетите. През распустот на учебната 1893 година, како штоо се веќе спомена, Даме и Пере заедно беа во Прилеп, Смилево, Ресен, Охрид — на гости божем кај Дамета во Смилево, кај Љапчев и Татарчев во Ресен, кај Филипчев во Охрид. Тогаш Солун се прогласува за централен град, а солунскиот комитет, на чело со Татарчев како претседател, за ЦЕНТрален комитет со Дамета Груев како секретар, Антон ДИМИТРОВ, учител по турски јазик (сега е член во апелат. суд во Битола) и Хаџи Николов советници. Тогаш Даме прави краток проект за устав (правилник) и го распратува како проект само на најблиски — во Битола, само на Перета. Го прегледав и јас. Овај проект не се примени. Ц.К. во првото време уште не беше известен, беше почеток. Името му не беше уште разгласено. Немаше никаква наложителност. Трето обидување од Солун се направи да се распредели организацијата административно. Се сообшти оти таква и таква расподелба е направена, основана во главно со обзир кон покрупните личности: кај што имаше повидни дејатели, беше центар. И тоа беше едно од првите обидувања на Ц.К. да се установи како врховно тело. Тогаш се дадоа псевдоними на поглавните дејатели на пр. Марко — Ѓорче, Лефтер — Пере и т.н. Тогаш се почувствува нужда и за шифра. И во Солун и во Битола едновремено се изработија две шифри: се прими спрвин битолската шифра. Во основата му беше латинската азбука, за основа служи извесна реченица, што ја обфаќа по возможност целата азбука. Реченицата зафаќаше со Стамболов, та се викаше „стамболиката“. Примивме ред, штом некое писмо со една азбука се плени и се открие или штом некој од просветените пропадне и може да ја издаде, да се смени шифрата. И затоа до востанието до 9 шифри се сменија. Кога во 1897 г. дојдов во Софија како претставител на Ц.К. донесов и нова шифра за однос само меѓу Софија и Солун. После секој револуционорен округ имаше шифра за односи со околиите; специјална шифра за однос со четите и т.н. После и околиските раководители си составуваа своја шифра за споразумување со селата.
 
Јас ја измислив „стамболиката“. Вев на многу Добро мнение за Стамболов, чие што име тогаш турците со решпект го изговараа; знаеја, оти Стамболов е јак и оти Бугарија со Стамболов е јака.
 
Во Битола се појави уштње тогаш прашање да примаме ли гркомани во организацијата или не. Решивме ла ги примаме, но со голема предпазливост, со голема резерва, за да не не` издаваат на грчкиот владика. Имаше многу наши пријатели — другари, кои беа во пријателски врски со млади гркомани, за кои што допуштаа, оти можат да станат добри работници. Па имаше и сведенија, оти и грците имаат организација, оти имаат складови со грчки пушки, та преку некои членови гркомани сакавме да ја разбереме вистината, та да кладеме рака и на тие складови. Се оддадоа неколку младинци гркомани во градот.Востанието во 1895 год. и внатрешните дејци. — Првите внесени во Битола бомби, фатени од турците. — Кирајџијата Доне вопреки мачењето ништо не искажува. — Прилепските затворници на чело со Гавазов — Борбата на „егзархистите“ против внатрешната организација. — Почетната дејност на Централниот комитет во Солун.
 
31 мај
 
Во 1895 година востанието ме затече во Битола. Ми иди на памет како се однесовме кон ова востание. Никакво предизвестие немавме, оти ќе станува подобно нешто. Следевме со проста љубознателност — ниту го осудувавме, мнту му додававме некакво големо значење. Но повеќе навалвавме кон симпатија. Нашата психологија на чисто месни рожби не ја допушташе мислата, ото може Бугарија Тука да игра нешто за свои цели. Ни најмалку не повлија тој настан на нашата дејност — ни да не запри, ни да ни го измени патот. Беше дошол во Битола офицерот Луков, учесник во движењето през 1895 г. во Одринско, каде што беше влегол 4-5 километра од границата заедно со Гарофалов. Тој превзеде патување во Македонија и дојде во Битола. Ние го дочекавме како господ, а после овде во Софија видов, оти тој сосем не заслужавал големи почести; такви сме биле тогаш неискусни и наивни. Во летото 1895 г. по востанието некој си од Бугарија дошол во Солун (преку Беч) за да покаже, што нешто е динамит и како се прави фитилот. Специјален човек пративме од Битола да го види тоа чудо и да изучи како се употребува динамитот. Ние се` на стариот ум бевме уште — имавме голема наклоност кон експлозивните вештества, макар да им ја не знаевме употребата. Јас ја познавав Софија — секој распуст идев во Софија, каде што ја печатев книгата своја (прв пат во 1892 г., после во 1893, 1994 г.)
 
Во 1895 г. после востанието, беше веќе нареден начин за вноска на материјали дури од Бугарија: преку граница се носеше материјал од селани (нелегални) до Кочани, Виница, Штип (бомби, револвери, пушки — Туфекчиевска работа). Во тоа време Делчев беше во Штип. Во Битола присгигнаа 8 бомби од штипскиот комитет — од Кочани. Втора пратка стигна 4 бомби. Кирајџијата Доне, организационен човек, при влегувањето во Битолл го фатија. Бомбите беа ставени во вреќи со ориз. Колџиите со шишови мешаат за тутун; шишот удри во железото и се заповедува бргу да се растоварат вреќите. Доне коптиса да бега, го фатија. Се обиде со поткупување, не успеа: го однесоа како голем злочинец. Нас не фати страв — прв пат начекување со власта. Валијата Абдул Ќазим паша ги наредил бомбите на маса и ги вика конзулите да им ги покажува, што праат бугарите. Бевме посакале бомби од Делчев, да ни прати неколку да ги видиме, како изгледаат, да се потспотниме, да им се порадуваме. Тие беа празни. Бевме уште во неодреденост. Уште не се надевавме на народната сила, ами баравме спас во бомбите. И турците не знаеле што се бомби и тие со страв ги беа изнесле во кошница надвор од град. Од кирајџијата ни беше страв да не искажи. Зедовме мерки да му се сугерира да не искажува, и ако се Види, оти ќе искажува, да го поништиме внатре во затворот. Додека ние ги земавме овие мерки, во самиот затвор покојни Гавазов (затворен од Прилеп) зел сам од себе мерки. Кирајџнјата беше ставен во долап — влажна темна дупка, да не можи да легне. Гавазов одкорнал даски од таванот над него и за да го подбиди, го потканил да искажи, кои се комитите, што му дале бомби. По одговорите негови Гавазов се убедил, оти нема намерение да искажува. После два разговора три, Гавазов му се открива и влегува ва однос со него, а преку него и со нас, Во долапот Доне почна да јади печени кокошки и пити. Доне бидува многу истезаван; горен по грб со железо, биен, но остана до крај цврст — со одговорите „низнам ништо, друг ги ставил, без да ме праша“. Го осудија на 101 година и лежа во Битола, а после бидува амнестиран. — Тоа беше прва афера, непријатност за нас. Тој настан помина на времето свое, како прв, за могу крупен, му направи јако впечатление на нашето и на турското обштество. Цврстотијата од Донета ни направи јако впечатление и многу не окуражи. Доне е штипјанец, сега е во Ќостендил трговец. Примерот од Донета изигра голема, окуражителна улога. Се разбра оти постои револуционерна организација „толчок“ за прогрес. Турците не се сетија по на широко да ја испитаат работата.
 
Прашате за Гавазов. Не знам по кој случај направија апсења во Прилеп. Околу 40 души затворници, во синџирим на чело со таткото и синот Гавазови, демонстративно бидуваат испратени од Прилеп во битолскиот затвор за судење како комити. Сосем неочекувано за турците, целиот град Прилеп при затворена чаршија демонстративно искажа сочувство кон затворнициве и ги испрати далеку од градот. Самите затворници со бунтовиички песни марширувале низ град Прилеп и песните се превземале од народот со јавни псувачки против власта. Дури ескортата стражари и војници биле принудени да го стеснат кругот, без да се во сила да направат нешто. Ваква непријатна изненадувачка ги чекаше турците и во Битола, се потспремаше демонстративно пречекување. Турците зедоа мерки и ги втераа затворниците во Битола по краишни патчина. Во своето време големо беше впечатлението од куражот на самите затворници и од смелоста на прилепчаните. Јас бев уште во Битола. Таму бев и кога стана Доневата афера, но през распустот бев излегол надвор од Битола. Се тоа ни докажуваше, оти има негодување кај населението. Имаше подобни случаи од фатено оружје тогаш и во Штипско, во Виница. Куриерот и овде не изврши издаја вопреки истезанијата: нагорен јаглен во устата, железен нагорен ражен во задникот. Селанецот виничанец онеми од истезанијата и прозборува после една година. Не издаде ништо. Тоа беше едновремено со Доневата случка и тоа многу не` насрдчи. Доне си создаде име во организацијата како праотец на цврстотијата при најголеми страданија. Така се создаде традиција — еден друг да не искажува, да не се издава ништо. Се надпреваруваа, кој повеќе маки да истрае. Претенцијата на Донета беше само, да му се дава по една вреќа брашно на децата, и тоа го правевме. И тој селанецот во Виница посакал да им се дадат до две лири на децата. Доне, кога излезе од затвор, со смев раскажуваше за маките свои како за нешто обично.
 
2 јули
 
Борбата против егзархијата од несакање се претвори во револуционерна, и за мнозина од солунските дејци може да се каже, оти се нашле во чудо, оти работата излегла посериозна, отколку си ја мислеле. Егзархијата и луѓето нејзини во Солун, Битола и други места во почетокот не веруваа, оти новава дејност ќе даде некакви дејствителни резултати, зошто не допуштаа, оти населението ќе тргне по такви лесни луѓе, за какви тие ги сметаат своите противници, главно солунските. Тие сметаа оти се` произлегува од Солун, и веруваа, оти тие „сепаратисти“ наречени, го прават тоа не со искрено намерение да дигаат револуција, ами просто како една партиска нивна маневра за да ги оборат и да се издигнат тие, да си создадат популарност оборувајќи ги своите противници. Така мислеле егзархистите како Шопов во Цариград, секретар на егзархот. Селджобалиев, Канчев, Тошев, А. Наумов, учители во Солун, Самарџиев, Кондов, граѓани од Солун. За егзархистите револуционерното дело претставуваше толку, доколку гледаа во него како партија, средство да бидат биени од противниците. Односително не малку личности егзархисти не се лагале. Баш некои од дејците не биле туѓи на тоа тесно партијно сваќање на делото. И Даме дури беше без да сака вовлечен, но после тој се свести и се штрекна и се зафати — со тоа бев и јас со него согласен — да ги искоренуваме чисто партијните елементи во делото и да си го гледаме чисто и неуклоно нашето велико дело. Пере Тошев беше чист. Во Солун беа дошле од Кукуш, ми се чини во 1894 г. околу 400 лири во Ц.К. Ова го беа намирисале егзрхистите, а беа дочуле и други работи, од кои разбрале, оти влијанието на „багабонтите“ не е така мало (ние пак ги викавме „умните“) и оти работата им е посериозна отколку што си ја мислеле. Стресени оо тоа, по меѓусебно споразумение од Солун и Цариград го испратија Самарџиев да пропатува низ Македонија за да се понаучи како стои делото и да агитиора колку се можи против него. Самарџиев во Костурско, агитирајќи, јавно зборувал: „Тие убави села ќе бидат упропастени, крепете ги црквите и училиштата. Бугарија има 200.000 штика и ќе се ослободи Македонија. Со оваа мисија ги обиколил Солунско, Битолско и дел од Скопско; бил и проповедувал во Охрид, Лерин, Костур, Битола, Ресен, Крушево, Прилеп, Велес, Скопје, Штип, Струмица, Гевгелија и Воден. Заклучокот му бил — го искажа сам тој во Битола, — оти таа „агитација“ (демек делото) зела многу широки размери и оти пуштила гранки и по селата. Тоа понапред егзархистите не го подозирале. Научил факти, од кои се убедил, оти е работата многу посериозна, отколку си ја представувал. Го добил и впечатлението, оти младината е силно и идеално вовлечена по тоа дело во земјата. Сето тоа тој и неговите сомисленици го дочекале просто со голем страв веќе не како од партија, која паѓа, ами како умни и сериозни луѓе, кои се убедуват, оти се упропастува не само учебното дело, но и системот, оти тоа, што го создала егзархијата и што го считале тие еднствено полезно за Македонија, пропаѓа. Настанала паника, и тоа главно, што револуцијата се превзела од несериозни луге, луѓе, кои што во нивните очи не се ништо друго, осем едни „багабонти“. За Перета Тошев, за Матов и за мене имаа подобро мнение. Спроти Самарджиев, единствено утешително било тоа, што по таа работа биле смешани и „сериозни“ луѓе — Матов (во Скопје), Пере Тошев (во Битола) и јас (и уште јас во Битола). Лично не го видов Самарџиев, зошто тој беше патувал през распустот, кога отсаствував од Битола.
 
Вследствие овие раскритија на Самарџиев настанува пресврт кај егзариските луѓе спрема „организацијата“ — Таа уште не се викаше „организација“ — овај термин после излезе. Место да ја отфрлат решително, тие усвојуваат друга тактика, илгледа, бидејќи се помириле со постоењето на организацијата како со необходна потреба, а смело решиле да ја земат во свои раце кога и ќе се отстранат „несериозните“ луѓе. Како посредници за таа цел сакаа да ги употребат спомнативе погоре „сериозни луѓе“ - Перета, мене и Матов. Воеднаш после враќањето на Самарџиев Пере беше сондиран за да се премести во Солун, но бидејќи јас веќе заминав за таму улогата за посредништво во согласие со Перета остана на мене Тие верувале оти Пере ќе биде со нив, а бидејќи јас одев, ме примија и мене, уверени, оти јас ќе работам со „умните луѓе“, а не со оние „багабонти“. Со Перета се согласивме, оти ќе треба да се обидиме да се мавни она партизанство, како остаток од бивши борби. Ние веќе подозиравме, оти сакаат егзархиските луѓе да го земат делото во свои раце. При се тоа примивме да посредствуваме да се ускладат партизанските противуречија, да се примат сите во организацијата на обшти начала. Самарџиев велеше: „Сакаме и ние да работиме, но не можеме со оние багабонти да работиме“. И ние со Перета допуштавме, оти и нашите пријатели во Солун малку претеруваат во своите партизански настроенија, кога го зеле веќе во свои раце делото. Имаше веќе нешто како бојкот на Самарџиевата книжарница на X. Николов, бидејќи беше од „багабонтите“. Ова се` беше станало без распоредување, ами само по себе. Раздразненоста беше голема. Бевме со Перета на мнение, оти некои работи треба да се изгладат, оти треба вратите на организацијата да се отворат и на Самарджиевата партија и да се изгуби името на старите јажби: „егзархисти“ и „антиегзархисти“.
 
Штом пристигнав во Солун, воеднаш бев зачислен во Ц. К. Тоа беше 1895 год. во март месец. Го затеков во Ц.К. како претседател Татарчев; секретар беше Даме Груев, касиер Андон Димитров и член Хаџи Николов. ТИЕ не беа избрани, немаше формалности, просто највидните другари се збираа и сочинуваа Ц. К. И јас влегов во Ц. К. како виден деец, просто без дискусија. Се сретнуваа најчесто при Татарчев од време на време и во поодделни случаи. Протоколи, запишувања — никакви. Веќе се добиваа писма од раководителите во доста многу градови, повеќе од солунскиот крај и од град Битола. Доаѓаа по пошта, пишувани со шифра и со хемијско мастило на разни адреси; доаѓаа и по кирајџии — куриери. Имаше определени луѓе да ги примаат, да ги донесуваат. Даме, како сецело предан на оваа работа, ги вршеше најмногу практичките работи, особено за град Солун, како најдобро запознаен. Дамета бев го гледал по рано како селски учител во Битола, а во делото сега лично се запознав со него во Солун. Даме беше оволнет од егзархијата, иако и да не бил формално ополномоштуван за деловодител на комитетот, фактички беше ваков, тој најмногу трчаше, зошто беше и слободен. Тој најмногу усно се споразумуваше по работите на делото со луѓе, кои доаѓаа во Солун, и најмногу тој ги пишуваше писмата за Солунско. За Битолско повеќе јас пишував. За Софија до Делчев пишуваме обајцата, сите посериозни писма ги пишувавме обајцата, а обајцата ги дешифрувавме писмата. Ние двајцата останавме како посилно оддадени на работата, а другите повеќе формално ппипаѓаа; Татарчев ги подпишуваше поважните писма. Сите писма шго се добиваа, ги читавме сите заедно, а за по важните се дискутираше и се знаеше веќе, кој ќе одговори — за Солунско обично, како што се рече, пишуваше Даме, за Битолско јас. Повеќе вршевме и по лични познанства, — кој го познаваше војводата, кому требаше да се пишува, тој пишуваше. Писмата, архивата се чуваа, ги дававме на некои членови да ги кријат. После ги испраќаа, од кога прејдов во Софија, овде за да ги чувам (1896 и 1897 г. до крајот, додека Ц.К. пропадна, до затворувањето на Ц.К). Систематска преписка на Ц. К. како сега, се разбира, со околијата уште немаше. Централизирана власт — исто така немаше. Сообштенијата имаа повеќе карактер на осведомување. Сега-тогај идеше случај да се дават директиви со другарски карактер, а безкрај редко се даваа заповеди. Уште немавме правилно да налагаме. Централниот комитет, кога да пишуваше писмо, обично ја осветлуваше внатрешната положба во Бугарија. Немавме уште јасни појмови за тие работи, не бевме во врска.
 
Кога дојдов во Солун, Делчев беше во Штип и ја тераше таму најбудно од сите. През распустот дојде Делчев во Солун за конгресот. Прв пат се запознавме со него тогаш.
 
Работите по околиите си се водеа речиси на самостојна нога. Раководството беше тукуречи во единични раце нли барем ние си работевме со по едно лице во градиштата. Нашите односи имаа секогаш карактер поскоро на другарство, отколку на ерархична потчинетост. Касата ни беше секогаш слаба, се издржаваше повеќе од самиог град Солун; од провинцијата повеќе бараа отколку што даваа.Првото збирање парични помошти за организацијата. — Организацијата се одзива на еден позив од, егзархот и му дава поткрепа. — Борбата меѓу двете враждебни партии во Солун и напразни обиди за споразум. — Основувањето на револуционерно „Братство“.
 
Летото 1895 година прв пат се обидовме да збираме пари од Солун — доброволни пожртвувања (надвор од членските вносови). Ние од Ц.К. си ги распределивме трговците по лични познанства и лично збиравме пари уз расписки. Расписките беа (првите) хектографирани, подпечатени со печатот на Ц.К. подпишани со псевдонимот на Татарчев и на касиерот. Се обративме до ограничен круг луѓе, каде расчитавме на успех. Од луѓето на противната страна ниеден не задревме. Првиот обид беше успешен. Побаравме од дваесетина души. Јас побарав од Поп Стефанов, Петруш Сарафов, кукушанец и др. Се бараа од 20 до 50 лири. Имаше и еснаф луѓе, од кои што се побараа 30 до 10 лири. Од Шавкуловци (братучеди ми се) зедов 90 лири. „Пријателство, пријателство — сирењето со пари!“; Ќе бидиме пријатели или непријатели“? Кога му ја извадив расписката на Поп Стефанов, остана како вчудовиден. „Примате или непримате?“ Го беше страв да ја земи расписката, а ги даде. После кај Петруша Сарафов 35 лири — ги даде. Татарчев појдува кај X. Мишеви, 100 лири им зема на обете фирми. Изобшто добро не дочекаа Но тие веќе имаа и доста докази за нашата дејност, оти е сериозна. Бргу беше станало и движењето од кнежевството, авантурата на Сарафов до Мелник итн. Ова востание му даде силен потик на делото, воздигна надежи кај македонците и на нашето дело фатија да гледаат посериозно. Овај настан ја популаризира нашата идеја меѓу обштеството, даде повод тоа да мисли оти нашата работа е во врска со Бугарија, и нам ни даде поттик. Четниците, 40 души од кумановската чета на Геројски, што беше фатена, ги претераа низ Солун. И тоа ги наелектризираа духовите. Збирањето на пари стана традиција, кругот се ришири. Се измени и системот постепено, -- наместо познати лица почнаа да се јавуваат да сакаат пари и непознати лица. Весниците што ги почнавме во Битола, беа привремени, 7-8 броја. Сега во Солун закачивме заедно со поп Коцев хектографиран весник, од кој што излегоа 4-6 броја, ми се чини со старото название на весникот што го издаваше Даме. Не паметвам, да ли не беше нашето „На оружје“!, а нивното „Весник“, или обратното.
 
Вистината по гимназијалните побуни што станаа во зиматаа, кај божикот, е следнава: Настроението кај учениците беше век'е револуционерно. Во класот 1895 г. I полугодиште, имено во VI клас по урокот на учителот Д-р Лука Димитров станува еден ученик, Нацев (од Леринско) и му изјавува истопорено: „Господине учителу, имам да ви изјавам од страна на целиот клас, оти поарно ќе сторите, ако си ги земете камењето (преподаваше минералогија) и си излезете, та правите со нив што сакате. Сега не е време да се занимаваме со камење, ами со револуција!“ Учениците воопште беа настроени и со симпатија се однесуваа кон сите, што се занимаваа со „делото“. Јас бев затоа имено добро гледан од учениците. Предавав географија и се привлекував и ги привлекував. На пр. кога зборував за „управлението“, јас им зборував четири урока и, се разбира, трите за турското владеење. Учениците просто голтаа. Во урокот по занаети, трговија и земјоделство, јас во осум уроци расправав надвор од тоа големи подробности. Тоа силно ги настројуваше учениците. Имаше меѓу нив и чисто револуционерен кружок, и по решение ние ги примавме за членови од четврти клас нагоре. Ученичкиот кружок беше под вишото раководство на Дамета. Ученици, се разбира, раководеа. Даме беше веќе конечно ослободен од партизанство.
 
Самата побуна во гимназијата нема ништо општо со организацијата, осем дотолку, доколку учениците беа револуционерно настроени и чувствително веќе го покажаа недоволството спрема учителите и началството. Мене не ме интересуваше побуната. СЕ замешав само, кога Наумов го послуша покојниог Ганев кога го прати да ја вика полицијата против учениците „да се изврзат тие чапкуни“. Јас ја затворив вратата и му реков на Наумов да размисли убаво што прави, сакајќи да вика турска полиција. Наумов се свести и не го направи тоа. И во наставничкиот совет, кога сакаа да решат пак да се вика полиција и др., јас се спротивив. Лазаров дојде и добро се држеше полиберален се покажа и умно послуша.
 
Да расправам за една случка со егзархот. Јас му разјаснив на Лазаров да не му дава поголемо значење на настанот, зошто е пројава на настроението кај учениците. По тоа време беше се подигнало некакво прашање, од Русија ми се чини, да се дигне егзархијата. И во егзархијата се осетуваше нужда за една потпора од месното население во вид на манифестации, декларации и т.н. Агентите од егзархијата беа малку очаени, имаа сомнение, да ли ќе ги добијат саканите манифестации од сите општини-со потписи и печати-со кои што се искажува доверба во егзархог ин се бара од владата да го задржи егзархот, да не го остава населението без егзархија. Какво беше прашањето што го исплаши толку егзархот, ние го знаевме, но ние покажавме, оти не сме туѓи и на тоа прашање. Танев, секретар во училишниот оддел, кој се сметаше поблизок до нас заедно со Лазаров, (К`нчев се сметаше повеќе наш противник); се обрна кон нас, Централниот комитет, и не покани да го поткрепиме и ние тоа барање на егзархот. Предлогот го примивме без никаква сопротива; ги потканивме нашите другари од провинцијата, и егзархијата беше претрупана со молби. Некои од овие молби беа многу оригинални и срдечни. Ние од срце го примивме тоа, зошто ние бевме убедени, оти егзархијата, како установа, треба да постои во Цариград, иако се боревме со неа, се боревме по егзархиски работи во врска со нашата идеја.
 
Во прво време при отпочнувањето на делото неделните училишта послужија како агитационо средство за групирање и возбудување на поинтелегентната младина. По нницијатива на младинците и со сочувството на првите работници на делото, неделни училишта беа отворени во повеќето чистобугарски градови во земјата. И тие служеа како општествен фактор за противтежа спрема општините, кои што се` тежнеа кон владиците и не можеа да станат духовен центар на сите слоеви на населението. Предавања од учителите, често блиски до бунтовнички, макар и не отворено (во Штип имаше и отворени бунтовнички предавања од Дамета Груев), библиотеки, книги за читање-тоа се трите улоги на неделните училишта. Главната улога беше, што беше место каде што збираше и ја зајакнуваше младината. И по тоа прашање имавме решителна борба со егзархиските агенти. На К`нчев, Наумов и С-ие им доаѓа итра мисла да образуват во Солун читалиште и да образуват една ортанизација од сите читалишта во Македонија, да го направат солунското неделно училиште централно, уверени, оти тоа ќе биде во нивни раце, затоа што покрупните учителски и граѓански сили беа на нивно расположение. По тој начин мислеа да го подријат авторитетот на ЦК, да го издигнат својот и да ја спечелат на своја страна младината. Однапред уговорениот план во тесен партиен круг, Наумов го поднесе на решение на целото учителско тело во Солун -класно и основно. Свика општо учителско собрание и го предложи прашањето. Се прими од мнозинството. Јас се сетив каде одат, и по мое настојување се реши да се прими идејата за оснивање на неделно училиште во Солун без да се менува за организирање на другите читалишта и без да се споменува, дека солунското к`е биде централно. Мотивот ми беше, дека прво треба да се оснива во Солун неделно училиште, а пак после може да се види, да ли ќе стане и тоа централно. Тие не ме разбраа, и се прими така. Општината свика пособудени 30—40 граѓани за да се основа неделно училиште. Зедоа мерка да се извикаат повеќе нивни партизани. Со една агитација од наша страна собранието стана поголемо и се наложи да бидат сите примени, а не само поканетите. Неделното училиште се основа и за претседател стана Татарчев, а за секретар јас. Иницијаторите веднаш се откажаа од неделното училиште и го напуштија. Гарванов стоеше насреде. Тој беше со нив, но повеќе беше со мене, — бевме поврзани лично. Ополномоштени бевме јас И Гарванов да го составиме уставот на иеделното училиште и се зеде решение, оти тоа, како ново и младо, не може само по себе да се прогласи за централно. Неделното училиште постоеше некое време — сврши со 7-8 предавања, а предметите се предаваа на неписмени и полуписмени. По ред предаваа и повеќето основни учители. Ние држевме предавања. Неделните училишта не постоеја долго, останаа без значење и се изгубија. Капиталите им се зедоа во комитетските каси.
 
Да се повратиме кон прашањето за мојата главна работа — за мојата мисија за посредништво. Штом пристигнав во Солун, бев добро дочекан од противната страна: Сарафов, Самарџиев, Наумов. Во долги разговори си го дадоа мнението, си ја искажаа и желбата на широко. Од сето тоа извадив заклучок, оти сакаат ЦК да се дели меѓу двете партии. Тие ми зборуваа отворено. И Сарафов зборува — дури и во својата канцеларија — се` во правец, така што ЦК да се дели наполу, да се погодуваат како две страни. Но се гледаше, оти нивната интимна желба е да ја земат работата во свои раце и да се отстранат од Солун некои од нивните непријатни лица. Колушев, Гарванов и јас образувавме тесна другарска компанија. Јас умислено дружев со нив со намерение да ги привлечам и да ги запишам во организацијата. Дури за тоа им направив формален предлог, но ми откажаа. Гарванов ми рече дека е веќе доцна за нив, дека редници не можат да стануваат. Гарванов поминуваше за близок и ваму и таму, та му се доверувавме. Колушев беше нов и не беше се уште определил. Меѓу лицата што сакаа да ги отстранат, требаше да биде и Даме Груев.
 
Јас се убедив, дека овие луѓе титу мислат сериозно за делото, ниту се погодни за тоа. Поставив прашање во ЦК и го побарав мнението на другарите од комитетот. Сите го примија посредништвото за да стане и беа согласни да влеземе во разбирање, бидејќи прашањето беше актуелно и имаше и кај нас сериозна желба да му се сгави некаков крај. Преговорите станаа во неколку средби. Се обидов да им издејствувам олеснение Но излезе безуспешно. Зборував повеќе со Сарафов, Самарџиев, Наумов, Ганев. Најпосле, по решение на другарите од Ц. К. им направив јасен и определен последен предлог дека и тие и нивните луѓе 6ез разлика ќе се примат во организацијата без приговор. Даме, јас, Пере Тошев искрено го сакавме тоа за да се ослободиме од ова прашање. Татарчев и Х.Николов уште малку дипломатствуваа - кај нив трагитеб од партизанските јажби уште не беа изгубени. При сето тоа не можевме и ние туку -- така на овие луѓе да им позволиме да влезат направо во Ц.К. Тие не примија, што беше глупо, зошто тие беа влегле на општа основа, без сомнение брзо ќе влезеа и во комитетот. Еден човек како Сарафов само да сакаше, ќе влезеше. Но се гледа, дека тие тоа не го сакале. Тие сакале без клетва, без формалности да се пикнат. Никој не дојде да даде клетва, и односите пак по старо си продолжија. Ноо разлика имаше во тоа што и противниците зедоа да се однесуваат со поголемо уважение кон нас, па и делото беше се издигнало. Тоа, што не можеа да го постигнат преку мене, се надеваа да го постигнат преку Перета. Пере дојде во распустот 1896 година и со наше согласие и тој се зафати со таа улога, но и тој дојде до истиот безрезултатен крај, само уште со таа разлика, што се раздели со нив остро, ги испцува. После тоа изгубија секаков надеж да се доберат до раководството по тој пат. Требаше да бараат друг пат. Да го отфрлат „делото“ наполно, тоа беше веќе невозможно и доцна. И затоа тие беа принудени да фатат друг пат: излегоа да проповедуваат божем исто што и ние, само со претензија на умереност. Определените проповеди им беа овие: „Бугарија ќе не` ослободи и од Бугарија да чекаме се', ние треба само да се готвиме. Пушки да не се купуваат и да не се внесуваат, зошто кога ќе потребат, Бугарија ќе ги даде. Револуционерност да не се пројавува во дејствија, туку само во морална подготовка. Тоа му беше основата на „Братстото“, кое што тие го основаа попосле — во 1898 год.
 
Во истиот распуст во 1896 г., кога Пере во Солун водеше преговори, јас пристигнав во Софија, привремено испратен. И овде го направија истиот обид преку Врховниот комитет во истата посока и преку мене (како понапред со Перета), но без успех.
 
Потоа, тие — во Солун и Цариград — престанаа да прават слични обиди и сосем отворено и непријателски се зафатија со агатација за да ја разрушат организацијата. К`нчев, како инспектор, систематски ги преследуваше учителите, наши сомисленици, и ги заменуваше само со „незамешани“ учители. Наумов, како бивш директор на педагошкото училиште (педагошки курс во Солун) дејствуваше енергично во таа посока и меѓу учителите. Целата егзархиска машина услужуваше на оваа контраагитација. Едновремено почнаа интриги против организацијата пред Врховниот комитет во кнежеството и пред бугарската влада, за да се создаде настроение против организацијата. Конечно оваа струја се оформи со устројството на „Братството“ — „Револуционерното братство“.
 
3 јуни
 
Тоа беше посчледен обид на егзархистите да го земат во свои раце влијанието во земјата што им се измолкнуваше. К`нчев во согласност со егзархот и Селџобалиев ја дадоа идејата за Братството. Тие го најдоа погоден Гарванов за да го противстават на нашите луѓе. Бидејќи Гарванов беше посклон ол сите егзархиски сопартизани да се оддаде на револуционерна дејност, тој сигурно ќе влезеше во нашите редови да беше поканет порано за член во Ц.К. Баш затоа за да го придобијат Гарванов, се согласија да го стават Братството на божем револуционерна база, колку да можат полесно преку блискоста на целите да се превземат позициите на ЦК. Братството немаше друга идеја, а на Братството беше агентството во Солун, каде што Колушев беше секретар.
 
Тогаш беа испраќани пушки од Ц.К. преку Бугарија за организацијата така што околу 250 пушки стигнаа до село Туши во Гевгелиско. Селаните не знаеја да кријат од Колушев. Колушев ги излажува селаните, дека божем Бугарија ги испратила пушките не за Ц.К., ами за нивното село. Цела престрелка меѓу селаните ќе станеше додека се разберат. Така се агитираше со сите простени и непростени средства.Груев и Делчев на состаноци со врховнстите во Софија. — Преллогот од В. К. до Ц.К. за задружна работа. — Напразни преговори. — Мистериозен предлог до организацијата да прими на поклон големо количество пушки. — Разговори на Ѓорчета со видни личности во Софија. — Полно разочарение од луѓето околу В.К. на чело со генерал Николаев.
 
Една година, — пред 1895 — Даме беше доаѓал во Софија. Беше испратен од ЦК во Белгија да ја изучи таму од студентите вештината за борба со динамит. На врак`ање се наврати во Софија. Се сретнува со Врховниот комитет под претседателството на генерал Николаев. Даме отишол при генералот и без церемонии го прашал сосем интимно: „Е, господине генерале, како врви вашиот врховизам?" Тоа, речено небрежно и со танка иронија, му направило лош утисок на генералот и тој од тогаш не можеше хладнокрвно да си спомни за тој „гаменот“ — Груев. Груев тука се сретнува со сите од комитетот, и со Туфекчиев и со брак`а Иванови. Врховниот комитет не останал доволен од Груев ниту Даме од нив — не можеа да се разберат. Ние бевме во ентусијазирана положба, а тие, врховистите, во друга положба, и затоа не се разбрале.
 
Делчев исто така одеше два пати да се сретне со В.К. и се разделил со нив поостро од Дамета. При овие сретнувања се покажа, дека меѓу нас и нив има едно отворено прашање, кое што еднакво не` интересува. Штипскиот крај веќе беше отворил врата во Бугарија, се купуваа материјали, се зафак`аа врски со луѓе под раководството на Делчев. Па и нашата мрежа беше раширена достаточно, задачата ни се усложни и век`е го завртивме погледот и надвор за поткрепа и засилување. Ние веќе почнавме да се чудиме, што да правиме — далеку отидовме. И востанието во 1895 г., ни ги заврти погледите кон Бугарија. Луков, офицерот од востанието 1895 г., кој што дојде во Македонија, ни ја опиша положбата во Бугарија, односно В.К., дека тука имало прашање за да се постави В.К. на друта нога. Но ние уште не бевме во состојба да разбереме, како стои оваа работа, ами само се интересувавме за тоа. Се случи, да дојде во Солун и Борис Сарафов (со руски пашапорт). Беше заинересуван, дека во св. Гора имало некакви закопани пари (го излагал некаков авантурист) та го бараше нашето содејство за да оди во св. Гора. Тоа излезе ветер - отиде и се врати. Од Бориса пак дознавме подробности врз тукашните прашања околу В.К. Тогаш Туфекчиев со брак`а Иванови и офицерите — меѓу овие Бозуков и Б. Сарафов — се отцепија како први од В.К. и образуваа свој комитет, подржуван и од владата, од Рачо Петров, военен министер. По разни патишта офицерите ни дадоа да разбереме, дека тие се ставија на расположење на Ц.К. Нарочно не дразнеа, со оружје за кое што се осек`аше нужда. Делчев во Штипско така бујно ги потерал работите, да си мислеле луѓето оти се наоѓаат пред востание. Затоа повеќе се слушаа прашањата: Каде ви се пушките? Дајте ни пушки! Ние, макар да немавме јасна претстава за работите во Бугарија, сепак посочувствено се однесувавме кон офицерите, — едно што по темптерамент ни беа поблиски, а лруго, што ги сметавме за позгодни да ни бидат корисни да влезат во работа. Така ги симпатизиравме јас, Даме и Делчев, но нарочно Делчев, беше настроен офицерите да се искористат во наша полза. Дошол веќе формален предлог од В.К. до ЦК за задружна работа. Јас бев уште во Солун, го дискутиравме ова прашање. Основата на предлогот, кое што ни го обрна вниманието (писмото беше долго, приложен и уставот на В.К.,) беше, што В.К. се сметаше глава и виши водач на ослободителното дело (согласно со уставот) кој пгго си го запазува правото на општа директива за дејност внатре, а во спротивност па тоа нашата организација беше прогласила како врховен принцип да се запази автономија по сите работи по револуционото дело во границите на внатрешноста. Писмото ни направи впечатление со својата надменост, многу од високо се зборуваше, дури не изостануваа, ми се чини и заканувања. Писмото беше пишано во 1895 г. Тие во Софија очигледно не сметале, оти ние сме некаква јака организација. Ние решивме против предлогот, но не ги прекинавме преговорите бидејќи не сакавме да се исползува едно потполно прекинување на преговорите како агитационо средство против нас во Македонија. Ние веќе сознавме, оти речената база — присвојувајќи си В.К. право на хегемонија — не ќе се споразумиме. Во распустот 1896 г. јас дојдов во Софија со мисија. Од извор од В.К. се побара човек од Ц.К. да дојде овде во важна работа, а имено поо некаков англиски предлог за пушки од Англија. Ц.К. реши да дојдам јас, решивме просто јас да дојдам, Даме не сакаше да дојде, зошто ги беше расипал: односите со В.К., Делчев немаше тогаш значење меѓу нас, а Пере беше во Битола. И така требаше јас да дојдам. Истовремено по истата работа беше повикан Пере Тошев од Цариград. К`нчев го извести Перета, со него ги водеше проговорите.
 
Јас пристигнав во Софија и се сретнав тука со Љапчев и Ризов за општи разговори; со генерал Николаев и Карајовев по специјалната работа за пушките. Ми соопштија, дека од Англија имало предлог на В.К. да му отпуштат голема сума пари и пушки, колку што се потребни за Македонија, дека 3000 од овие пушки биле век`е натоварени на параход, кој што веќе пловел во Средоземното Море како прв обид да се растовари од ова оружје во Македонија. Нивниот услов бил што сакале во Македонија скорешно востание. Соопштението на В.К. кон мене беше полуискрено, мистериозно: не ми покажаа никакво писмо од Англија, ниту пак ми го објаснија полниот тек на оваа работа. Барањето од нас им беше, да примиме 3000 пушки, кои што ќе се растовареле во Солунското пристаниште, за да се уверат Англичаните, оти навистина има сериозна револуционерна организација, која што ќе врши работа. Освен тоа од нас се бараше да уште истово лето дигнеме во една-две околии востание, за да може В.К. да докаже дека располага со сили во внатрешноста. — Првиот предлог, за примање пушките, го дочекав со задоволство; веднаш пишав во Солун, и Даме, за поголема сигурност, сам со една компанија од селани и граѓани уредува место во блатото, каде што ќе ги скријат пушките: да фатат со кирија кајци и луѓе, за да ги примат пушките, да ги пренесат на суво и одовдека таму до скривницата. Радоста во Солун била голема, 3—4 дена Даме киснел во блатото, во шамакот скриен, дури се беа изразболеле чекајќи.
 
Вториот предлог, го паметам добро, го отфрлив најкатегорично. Моите мотиви, дека по соображенија, да се подига авторитетот на В.К. во Софија, никогаш не ќе се согласиме да подигаме акции од посериозен карактер, макар и отворени облаги да гледаме од тоа. На оваа база тогаш застанав и после фанатично стоевме се` на ова база до крај па и сега стоиме. Имавме долг спор — Карајовев, јас, генерлот. Јас си останав со утисок, дека овие луѓе не ги градат своите мисли врз широката наша основа. Остана да ги примиме само пушките. Карајовев оди во Варна, се сретнал таму со човек од Цариград, овој се вратил назад, се` во врска со оваа историја на пушките, која што пред мене не се разоткриваше, така да јас се` останував во недоумение. Се вратив преку Цариград. Овде сосем неочекувано на хотел се сретнав со Пере Тошев. Тој не знаеше аошто сум бил јас во Софија, и јас не знаев, зошто дошол во Цариград. Брзо се пофаливме еден другому — и разбравме веднаш, дека од еден и исти извор сме биле канети. Тука, во Софија, строго ми се забрануваше од Карајовев и генералот да ја кажувам оваа тајна на Груев (генералот не можеше да го трпи а пак на Перета во Цариград К`нчев му забранувал да ја соопшти оваа тајна мене и на нивниот услов бил што сакале во Македонија скорешно воспревзеде мерки. Во Варна Карајовев се сретнал имено со К`нчев. Обајцата останавме под впечатлението, оти сме жртва на некаква мистификација. Пере се раздели со К`нчев, заканувајќи му се, оти ако излезе оваа работа мистификација, ќе го држи одговорен поради оваа подигравка. К`нчев му рекол на Перета, дека божем и егзархот знаел за оваа работа. Параходот не се јави, пушки не видовме, и ние се уверивме после, оти оваа работа е скроена од некаде, можеби за да не пробаат. Прво божем егзархот бил сондиран од странство, преку К`нчев, потоа — и В.К. Тука во Софија тогаш се срегнав со Ризов и Љапчев. Ми дадоа да разберам, дека по неуспехог им да се споразумат со Дамета, сметале на мене како „умен и разбран човек“, како ме нарекоа, оти сум за нивната идеја, дека само ВК може да биде сериозен раководител на ослободителното дело. Јас само ги ислушав и нарочно не им реков ништо определено, и тие не можеа од мене ништо да разберат. Генерал Николаев јасно ми рече, оти тој не верува во македонското население да е способно да се бори, да дига револуција, оти тој не може да прими такви „детински“ наши планови за подигање народот за ослободување, дури и дека не сака такви ра6оти; за ослободителното дело спрема него е потребен В.К. како автортетко нешто, и тој, како генерал, на чело на тој комитет ќе поведе со себе 20-30 илјади резервни војници и ќе дигне востание во Македонија. Со селани ништо не може да се врши, ништо озбилно. Внатрешната работа според него му била потребна на В.К. само да може преку неа да служи за страшилиште пред политичкиот свет во Бугарија и во странство и да се служи со неа во политичките комбинации пред бугарската влада и пред европејската дипломатија. Горе-долу ваква слика ми нацрта тој. Тој ми се фалеше, оти имал писма од некој шпански генерал, од кекој италијански генерал итн. итн. При еден сличен разговор со генералот Делчев се разнервирал, плукнал и избегал. Даме иронично само слушал и се потсмевал та за тоа и генералог па и Јосиф Ковачев не можеа да го трпат Дамета. По темата за нашите односи со В.К. имав разговори и со Ризов и Љапчев. Тие со сета своја убедителност и со сето свое влијание, што го имаа над мене (особено Ризов кого го боготворев јас на младо време) сакаа да ме убедат, оти В.К. треба да биде центар на ослободителното дело и дека ние во Бугарија не треба да имаме работа со никого другого освен со нив, за да го имаат тие потребниот авторитет пред бугарската влада и пред европејската дипломатаја. Имаше полно недоверба во нашата спосовност, во луѓето од Ц.К. за да можеме да раководиме и да подигнеме сериозно движење. Јас бев напротив длабоко убеден, оти овај песимизам спрема нас е неоправдан, бидејќи имав длабока, јака, фанатична верба, оти ние сме го избрале најправиот пат, оти инаку не може да се постапи. Јасно беше за мене, оти секоја пртивуречност со иив беше излишна, — тие не можеа да гледаат инаку, тоа беше надвор од нивните претстави, а само верував оти со вреието тие ќе прогледаат и ќе дојдат до увереност, оти не јас и другарите сме биле наивни хлапина по оваа работа, ами оти тие биле деца, кои што во своето безобзирно тврдоглавство и во својот егоизам не сакаа да ги разберат нашите јасни, убедителни доводи.
 
И така ние се уверивме, дека тука во Софија имаме луѓе против себе, кои што имаа веќе нарав и традиција на, македонствујуши како Ризов, луѓе авторитетни како ген. Николаев, Ковачев, и ќе се бориме со една идеја, веќе восприемена тука од сите, а имено дека само емиграцијата во кнежеството може да го раководи ослободителното дело. Јас и моите другари не можевме да им противпоставиме ништо друго освен својата верба во праведноста на своето дело и верба, оти треба само да работиме и да го чекаме денот, кога ќе се уверат сите, ќе ја разберат вистината сите. Ете зошто и јас се свиткав во себе, ги избегавав сите излишни преговори и пренија на казаната тема, молчев останувајќи си непреклонет на својата база. Ова даде повод да зборуваат луѓето и да веруваат, оти Г`орче Петров само молчи и итрува пречејќи на секој обид за спорлзумение меѓу Ц. и В. комитет.
 
Се обидоа од страна на В.К. и агресивно да се мешаат во нашата организација. Направувајќи ми аванси и комплименти Ризов, Карајовев, Николаев, дска јас и Пере сме биле од сериозните луѓе, на кои што тие сметале и знаејќи, оти Даме игра важна улога во Солун, во кој што — „гамен“ — немале никаква доверба, ме наговоруваа да се мавне Даме од Солун, а јас и Пере Тошев еден во Солун, еден во Битола, да работиме со нив, како тие го разбираат. Но јас пред да дојдам во Софија веќе во разговор си проектиравме (јас, Даме, Пере, Делчев) да се распоредиме по провинцијата. Даме да појди во Серез, јас да останам во Солун, Пере во Битола, Делчев да остане во Штип, а Матов беше навикнал во Скопје, — за да не сме на куп та да се врши поарно работата. Но кога се вратив во Солун од Софија и кога ги расправив горните работи, решивме, токму за да ја покажеме својата солидарност, Даме да остане имено во Солун. Предвидовме, оти ќе се прават обиди да не рстурат.
 
Во Софија имав состанок со офицерите од 1895-та год. — Сарафов, Бозуков, Венедиков, Гарофалов и др. Тие беа против В.К. и сакаа да влеземе ние во дружба со нив, да им ја дадеме својата потпора за да се издигнат тие во комитетот. Имав еден состанок со Бориса и Бозуков, кога слегов. скришум во хотелот Ројал (тоташ Булевард), уште инкогнито, откако се сретнав со Николаев и комп. Ми јавија, оти ротмистерот Морфов, тогаш инспектор на полицијата, сакал да се сретне со мене и од страна на министер Стоилов да ми каже нешто. Се сретнав со него во присуството на Бориса и Бозуков. След куп обвиненија по адрес на В.К., ми ја открија истата голема тајна, дека божем В.К. успеал да добие од Англија од некој богаташ голема сума пари, но дека владата и` влегла во трага на таа работа и ќе направела, да парите nи сe дадат нам, ние со нив да вршиме работа за делото, а да не се дадат на В.К. за да вршат со тие пари тука политика, да симнуваат и да качуваат влади и т.н.Борис и Бозуков веднаш дадоа совет: — „Да ги земеме тие пари!“ И ги предложија сите услуги, ако има нужда од нив. И Морфов и другите останаа просто зачудени, кога им одговорив категорично, дека какви и да се луѓето, но птом тој комитет си овозможил да си најде средства, нема да се согласам за да им ги превземам, зошто сум уверен, оти ќе ги употребат за македонското дело макар и по свој пат и по свој начин. Не се поднови веќе овој обид од страна на Морфов. Се сретнав и со госп. Туфекчиев кој што се оддели со офицерите против В.К. Впечатлението од Туфекчиев не беше добро; поинаку сн го претставував, а не таков мазен, со маниери. Ми се претставија н два-три социјалисти: Стојан Иванов (сега околиски началник во Ловеч), Стојан Попов (мажот на Роза Попова), божем членовн на нарочно друштво и др.
 
Сите овие сретнувања тука ми го разматија паметот и ме разочараа. Сепак се почуствував поблизу до офицерите, кои што скоро се поразмрдаа, и на тргнување јас му предложив на Димитар Венедиков, кој што им се виде поразумен од другите, да се обраќаме кон него за некои услуги, привремено, додека испратиме свој човек.
 
Се гледа, оти под впечатлението на оваа бркотија, што ја видов тука се роди во мене верба, оти ќе треба да си имаме тука свој човек за наши специјални работи. И наскоро Делчев, кој што стана невозможен, како легален во Разлог, кај што беше учител, се префрли во Бугарија, и од Солун му пропишавме да остане таму како наш човек да ги исполнува по границата нашите нужди, да ни испраќа весници и книги и да не држи во течение на тукашните работи по македонското прашање, но да не се меша не само во политичките, туку и во комитетските работи во Бугарија.Организаторската дејност на Делчев по границата. — Прв таен конгрес во Солун. — Прво, расподелба на Македонија на револуционерни окрузи. — Првите шифри, првиот печат на организацијата. — Ѓорче Петров заедно со Делчев го изработува и напечатува првиот поподробен Устав на организацијата. — Ѓорче Петров доаѓа во Софија како задграничен претставител на организацијата. — Друштвото „Странџа“ и Одринско. — Се устројува сопствена леарница за бомби.
 
4 јуни
 
Јас бев во Солун, кога дојде Делчев во Софија; тоа беше есента.
 
Во Софија Делчев беше сврзал прво редовни општествувања со Штип и Виница, каде што испраќаше и материјали. Исто така беше уредил и соопштенија со Џумаја, Разлог и Сер. Уредена беше по пошта и кореспонденција со Солун. Работата му беше определена.
 
Со В.К. речиси не беше во односи, макар официелно да не беа прекинати врските. Дружеше повеќе со офицерите-комитаџии на приватна другарска нога, но си ја водеше работата совршено самостојно. Во нив сретнува доста радосно другарско помагање. Во Ќустендил и Дупница беше нашол луѓе, до кои што се обраќал на приватна нога: во Ќостендил Димитар поп Георгиев, малешевец, малешевски војвода, и во Дупница Малешевски Никола, добар и верен на внатр. организација н сега, идеалист, несебичен (не прима организациони нари). Овие беа доверените луѓе на Делчев, Со нивно содејство си уреди пунктови по границата и канали за Штипско — Кочанско, за Малешевско — Сгрумица, Џумајско — Сер и за Разлог. Нуждата за средства беше ја почуствувал. Делум му се испраќаа пари од Солун, а тука беше уредил преку офицерите тајно, со месечни вноски да му се доставуваат средства од блиски пријајели од Софија и провинцијата во многу ограничен размер. Праќаше мали пратки — револвери, некои бомби од Туфекчиев, ситна работа.
 
По време на распустот 1896 г. направивме еден вид конгрес во Солун, 15-16 души: Бевме од Солун (6-8 д., од Битола Пере Тошев, од Воден Кирил Прличев. Од солунските бевме јас, Татарчев, Даме, Анд. Димитров, Николов. Тогаш прв пат се видовме со Матов, Делчев, Поп Арсов; прв пат се запознавме тогаш помеѓу себе. Работата зеде пошироки размери и сите ја бевме почуствувале нуждата појако да се организира работата. Тоа собрание, така да се речи, беше оснивачко. И од тогаш датира солунската организација, тогаш веќе Ц.К. се призна. До тогаш уште не се знаеја членовите на Ц.К., се до тогаш одеше на другарски начела и секој работеше во својата средина главно по свое сваќање и само другарски се советуваше. Во разговори - како во друштво (ни биро, ни претседател, ни записници) стана размена на мисли, секој се запозна со лоложбата во другите реони.
 
Паметвам само тоа, дека таму го утврдиле распоредот на окрузи. Доколку ми иде на ум окрузите беа прв Солунскиот, втор Битолскиот, но со право така што град Прилеп да може и направо да општи со Ц.К.; Скопскиот друг округ; после имаше округ Штипски, окр. Струмица и Џумаја (а не Сер). Во Џумаја беше Тане Мурџев. Еден округ Велес и Тиквеш со право да општува со Ц.К. направо. Одрин го примивме за округ. Во Одрин беше Поп Коцев, во Цариград беше Димитар Љапов, кој што претендираше на Цариград, ако не да биде центар, тогаш барем самостоен и да врши посредничка улога меѓу Бугарија и Македонија. Се реши Цариград со Одрин да составуваат еден округ. Даме Груев не го поднесуваше Љапов и настоеше да не му се дава значење, оти ќе си имаме главоболија.
 
Тогаш се направи прв пат обид за административно уредување на организацијата и се предвиде ред, соопштенијата со Ц.К. во внатрешноста да стануват само преку окрузите и тоа преку едно лице, примено за главно во округот, без назначување и избор. Секој сам со работата се беше наложил и просто се признаваше.
 
Тогаш се предвиде шифра за Ц.К. со окрузите и шифра за окрузите, исто така и шифра меѓу Ц.К. и Софија. Прашањето за печатите (да има печати) беше покренато. За прво време остана, така што само Ц.К. да има печат и со него да се потпечатуваат расписките за целата организација. Даме беше за тоа, а Пере беше против оваа централизација; тој сакаше да си има печат за Битола одделно. Таму се истакна нуждата за устав и правилник. До тогаш беше во сила еден краток правилник од неколку члена, изработен од Дамега (клетвата и др.). Тоа правилниче беше несистематско, литографирано. Се реши да се изработи еден полн правилник, устав. Кога дојдов во Софија тука во Софија го изработив (со Делчев) го напечатив и го испратив. Го поканив Ризов и Љапчев да ми поможат. Љапчев напиша само еден члек, првиот, кој што горе-долу гласеше: „Се оснива во Македонија револуционерна организација како гранка од општата македонска револуционерна организација“. Тоа нему му беше во главата да ние бидеме клон. Потоа јас сам го изработив уставот. На конгресот Пере Тошев го поднови обидот да стане зближение со егзархиските луѓе — со Самарџиев и др., и на конгресот Пере рефериса, дека не може да се дојде до измирување, и гогаш се реши да се прекинат секакви преговори, но да им се каже, дека им се отворени вратите на организацијата и за нив, да влезе кој што посака, на општа основа. Принципот на автономијата беше веќе истакнат во Софија, и ние зборувавме по ова прашање воопшто. Се отвори прашање да примаме жени членки во организацијата, бидејќи веќе имавме жени членки. Јас бев против, но не се сетвам какво решение се зеде. Ситни прашања се дотакнуваа, но ништо посериозно не решававме.
 
Делчев во неколку писма ја искажуваше нуждата, друг човек да дојде во Бугарија на неговото место. Повеќе сакаше човек тука да ги води официелните работи, а тој беше посклонет да стои повеќе по границата. Нуждата да се рашират нашите врски со Бугарија бевме ја почуствувале и ние. Освен тоа се постави прашањето за пушки, бидејќи гогаш владата ги продала пушките кримки на браќа Иванови. Даме уште понапред, кога беше поминал низ Софија, беше се сретнал (преку Бориса и Бозуков) со Рачо Петров, и Рачо, военен министер, на своја лична одговорност беше ветил 2000 мартинки за внатрешната организација. Браќата Иванови покренале прашање пред Делчев тука оти тие, прибидејќи ги зедоа пушките, се готови да поклонат неколку илјади за Македонија. Делчев знаел, оти ова станува со знаење на владата и оти има надеж да се добие оружје и направо од владата.
 
За сите овие работи најдовме за добро да одам и јас во Софија. Тоа беше уште во зимата 1896 година. Јас отидов дури во март 1897 год.
 
Поминав низ Цариград. Со егзархот не се видов. Се криев од турската полиција; со бугарски параход излегов на Варна. Во Цариград уредив комитети. Ги изгладив неразбирателствата со нас и со одринци. Во Царнгрлд немаше определен комитет. Таму беше Љапов, Симето (тогаш ученик) и други неколку души. Ги беа веќе посветиле некои од Бугарите. Најден беше еден млад початар, словослагач интелегентно собудено момче.
 
Во Варна се зафатив да ги уредам основите со друштвото „Странџа“, Одринско друштво со Петре Драгулев на чело. Кога бев во Цариград, ми ја опишаа дејноста на друштвото „Странџа“, опасноста за Одринско од претензиите на ова друштво и ми ја истакнаа потребата да се уредат овие прашања така што да не им се мешаат во Одринско, ами да им праќаат само помош и материјали. Во Варна се сретнав со Драгулев, говоревме долго, ми го прими предлогот за да не се мешаат внатрењ во работите, а желбите свои за таму исто и помошта да ја испрак'аат преку нас во Софија или преку наши непосредни луѓе на границата - за каков што ми беше јавен тогаш Петре Мишев во Хабибчево (учител). Претензиите на „Странџа“ за Одринско беа истите како што на В.К. за Македонија. Капитан Петко, како стар војвода, бил во Чепеларско за да го протурка наваму влијанисто на „Странџа“ во запад, половина на Одринскиот вилает, а преку Бургас, Ајтос, Јамбол се обидоа да влијаат во источната половина.
 
Павел Генадиев прв ја популаризира идејата на организацијата во Одринско, имено во Мустафа паша, а поп Коцев — во Одрин.
 
Драгулев не достоа на своите ветувања, продолжуваше по старо да крева шум сколу „Странџа“, но не пројави некоја нарочна дејност ни тука, ни внатре.
 
За истата цел отидов во Бургас и се запознав со Георги Минков (родом од Мало Трново), кој што таму стана наш пријател. После во Ајтос отидов при еден Стојан... книжар, социјалист; во Јамбол - при Јордана Џамбазов обајцата претседатели на друштвата „Странџа“, да ги убедам да дејствуваат согласно со нашите принципи, да помагаат без да се мешаат во работите на Одринско. Во Хибибчево на Петрета Митов (тамошен жител и учител), кој што беше во врска со Мустафапашенско, му дадов сведенија и напатствија, и тој остана како наш посредник меѓу Софија и цело Одринско. На границата од Хибибчево се сретнавме со Јанакија... од Мустафа паша, кондураџија и раководител кај Мустафа паша каде што беше најјаката организација. Павел Генадиев веќе беше го напуштил Мустафа паша. И со Јанакија ги уредив идните односи спрема „Странџа“ и спрема Бугарија, имено да се разбираат само преку нас, со мене и Делчев, а внатре - преку Одрин со Лазара Димитров.
 
Во Пловдив Павел Генадиев и Апостол Димитров (службеник по источните железници) остануваа како познати да се служиме со нив поединечно. Тоа ми беше едниот маршрут. Од Варна отидов во Разград да се сретнам со Бозуков и Венедиков за взаемно осветлување. Од нив за прв пат слушнав дека биле разочарени не само од В.К., туку и од дејноста на нивниот комитет со браќа Иванови — разочарувања повеќе од личен карактер.
 
Во Варна најдов неочекувана возможност да ја задоволам најсаканата наша желба, да ја дофатиме вештината на бомбите. Се запознав по време на еден распуст во Цариград со еден од видните ерменски револуционери со псевдоним Леон. Се укажа, оти тој бил хемичарот и построителот на нивните атентати. Во Софија Туфекчиев ме запозна со еден ерменски пратеник и се укажа истиот, со кој што се запознав во Цариград. Му го заборавив името. Во Варна ми кажаа, оти имало некои ерменци револуционери и ми се нафатија за да ме запознаат и зближат со нив. Ја уредуваме по скришен начин сретбата, се укажа пак истиот ерменец. Имаше и двајца други, од кои што еден беше претседател на нивниот комитет во Женева, а дошол во Бугарија да уредува и да дава напатствија по ерменските комитетски работи. Без секакви договарања, на другарски начела, но сигурно со надеж на идни врски со нас, тие ми дадоа на располагање еден свој мајстор, кој што фибрикуваше бомби, некој си Киркор, кого што го зедов со себе во Софија. Се` стануваше мистериозно-излишни претпазувања. Ерменците се плашеа од шпиуни. Нека споменам дека во едно поранешно доаѓање во Софија, офицерите ме запознаа со еден Чех, кој што имаше на булевард Патријарх Ефтимија железарска работилница. Тогаш уредивме да му дам пари (150-300 лири) да се приготви со калапи и леарницата со услов да го изучи некое наше момче да лее бомби. Бевме недоволни од Туфекчиев, кој што со голема мистериозност ни ги продаваше бомбите, не сакаше да ни каже како се леат, а истиот Чех му ги леал. Го изучивме тогаш Димитар Зографов, телеграфист (прилепчанец) и го испративме после во Радовишкото село Дедино за да лее на тоа место бомби (во 1896 год. за време на распустот). Во врска со бомбите имаше еден Кочо, во Броди, каде што има железарски работилници, кого го видов во Варна со ерменецот Киркор. Со овој Кочо уредивме работилница во Софија скришум да прави бомби. Не можевме да направиме многу бомби, ниту можевме да изучиме некое момче, а целта ни беше и него да го испратиме лво Броди да лее бомби како онај во село Дедино. И В.К. имаше исто вакво настроение против Туфекчиев, да се ослободат од неговата опека бидејќи бевме забележале сите дека многу шмек`арува со бомбите што ни ги продава: само за гладење на една бомба земаше 2 лева, додека едно момче со турпија можеше на ден да изглади до 20 бомби!Ѓорче и Делчев. — Доставката на пушки од Бугарија. — Политиката на бугарската влада спрема В.К. и Ц.К. — Бугарските агентури во Македонија. — Полно разочарување кај внатрешните, решени веќе да дејствуваат потполно самостојно, а населението да се наоружа само од свои средства. — Отворено противставање со бугарската влада. — Ризов посредничи. — Примените пушки без фишеци. — Преговори меѓу Бугарија и Србија за поделба на сфери на влијание.
 
5 јуни.
 
Кога дојдов во Софија, работев заедно со Делчев на лругарски начела, без секакви формални распореди на работата. До своето загинување Делчев беше заедно со мене. Како претставител на организацијата, Делчев беше повеќе наклонет да ги крепи работите по пограничните пунктови во Ќустендилско, Дупничко, како лично познат, јас пак кон Одринско и Ахарчелебиско. Обајцата знаевме се`. Јачината на Делчев пред момчињата беше поголема, така што тој повеќе се вртеше околу момчињата, а пак во тукашното општество — обајцата во својот круг. И тука ги извршувавме формалностите, клетвата, по примање нови членови, ги крштававме. Доверието помеѓу Гоцета и мене бсше големо, никој не можеше да не раздели и така останавме до крај еден кон друг. Писмата до Солун ги пишував обично јас.
 
Главното прашање, за кое што бев дошол, го наидов во следната положба:
 
Делчев беше уговорил со браќа Иванови бесплатно да зема од нив пушки, кримки, во вид на поклон. После обајцата заедно ја продолживме истата работа и добивме околу 4140 пушки без фишеци. Фишеците чинеа 13 лева касата. Уговоривме со нив да ги земеме без печалба. Ако имавме пари, ќе ги земевме. Б. Иванови не` уверуваа, дека од нив поклонувале 3000 пушки и дека имале разрешение од владата да дадат уште други 3000. Тие ги беа купиле пушките по 2 лв. 70 ст. парчето, но главното е тоа, што тие купија цели складови, на кои што сметката не им се знаеше, што дигнаа може би двојно повеќе пушки, отколку што беше официелно јавено, а меѓу тие пушки имаше не само кримки и шнајдер, туку и пушки, останати од турско време. Не помалу од 6000 мартинки имаше меѓу нив, кои што браќа Иванови ги продаваа преку Србија на Албанците по 50, најмалу по 40 лв. едната. Во овој пазар беше замешана цела тајфа. Браќа Иванови му направија куќа на полк. Иванов воениот министер, и т.н. Стоилов си правеше оглушки.
 
Откако примивме 4043 пушки, се прекина примањето на пушките, зошто се расипавме со владата. Ова стана, зошто владата се обидуваше да се меша во нашите внатрешни работи. Оттука сакаше да ни се меша, да не праќаме од ова оружје во Одривско; ние не се согласивме и испративме. Стоилов најдуваше оти не треба во Одринско да дигаме револуција, за да не пострада таму бугарскиот елемент. Ние стоевме тврдо: „каде има наши робје, треба да дејствуваме еднакво и да подготвуваме револуција“.
 
По ова прашање имав личен спор со Стоилов.
 
Се обидоа да ги откријат нишките, каде го препраќавме оружјето, а ние секретно го вршевме тоа од нив. Од егзархијата беа постапиле оплакувачки против наши другари таму и владата се застапуваше пред нас, но тоа не ни повлија.
 
Во Велес младинци, работници, на своја глава го зграбиле детето на Весов, богаташ, за да добијат пари. Макарм што тоа не беше сторено по наша иницијатива, во Солун ЦК ја зеде оваа работа во свои раце, и ние тука браневме, та владата не успеа. Детето се ослободи, но парите се зедоа. Јас бев против ова дело, но станато елнаш, требаше да се брани. Егзархијата — Шопов, а тука Мих. Сарафов, К`нчев, дигаа голема врева по ова дело, за да не компромитираат. Вакви конфликти не правеа непријатни пред владата. Егзархијата и нашите противници внатре ја опсипуваа владата со куп донесенија протиѕ нас — ја претставуваа целата наша дејност за голема народна опасност. Воздејствуваа кај владата да не не` поткрепува, за да не се засилуваме. Некои од агентите, особено Шопов не помалу енергично од егзархијата дејствуваше пред владата во овој правец. Трговските агенти беа отишле веќе таму, а владата, имајк`и ги нив, сметаше, оти е достаточно јака внатре така што преку нив да не држи во извесни граници и дури не` поништи. Агентите се назначија брзо по моето доаѓање во Софија, та дури ми предложија да станам јас секретар при Шопов. Мотивот на Стоилов да ни се дадат пушки беше имено за да ја парализира силата на Врховниот комитет. Но, бидејк`и Врховниот комитет век`е беше подослабнал, тоа и овај мотив беше отстранет.
 
Стоилов беше по партизански воображенија голем противник на ВК и живо беше се зафатил, како било да се парализира неговото значење. Прилегаше, дека една од подбудите што не пткрепува му беше, ние да можеме да останеме самостојни, така да не се засили В.К ако би се присоединиле кон него.
 
Најсилен поттик, за да се засили работата за отворување на трговски агентури во Македонија, беше тоа, што егзархијата поднаѕираше во нашата организација опасен враг, кој што ќе го разруши сето егзархиско дело. Од друга страна егзархијата и нејзините луѓе постојано се обраќаа кон владата и од неа чекаа спасение.
 
За да може да се спречн опасноста од револуционерната организација, се отворија агентури за да тие не` запираат и да не' парализираат. За оваа цел ставија во агентурите луѓе, блиски до делото — Ризов, Наумов, Карајовев, за да не' парализираат. Ризов играше дволична улога — од една страна како познат на нашите таму се зближи со нив и сакаше да им даде да разберат, дека тие без бугарската влада ништо не можат и дека ако таа се објави против организацијата во Бугарија и таму преку нив, агентите, може да ја поништи. Како пријател на делото и на по видните дејци, тој ги предлагал своите услуги да ја отстранува оваа опасност при услов, оти неговите совети к`е се слушаат внатре и оти дејноста на организацијата к`е се води во тој правец, кој што го најдува тој за добар. За да игра поголема улога Ризов уите тука беше подејствувал јас да не стоам во Бугарија, да не стоам тука во Софија, ами да отидам во Одрин. Тој беше уредил во егзархијата, така што Даме да биде преместен во СЕР, за да не биде во Солун, а Пере Тошев да биде во Солун. На него сметаше бидејк`и беше во лично пријателство. Од друга страна пред владата Ризов се застапуваше за нашата кауза, ја истакнуваше во пошироки размери нашата вредност и сила, ја претставуваше организацијата за сила во земјата и т.н., но даваше да се разбере, оти тој ќе соумее да ја крепи положбата како агент на бугарската влада и како близок со револуционерите. Тој отштеше и со кнезот. Тој имаше дадено одлични рапорти за нашата организација, воглавно да се прстстави неопходно потребен. Инаку Ризов како агент на бугарската влада нарочно пред турските власти најдобро се држеше од сите. Никој не го замени до сега од кон таа страна.
 
Врховниот комитет, кој што беше лишен од средства и сосем игнориран од владата, ослабна и беше го изгубил значењето за владата. Ние тогаш Единствено имавме нужда за материјална подршка, а тој тогаш не можеше да ни даде ваква подршка, и затоа и за нас В.К. не претставуваше веќе никаков интерес.
 
Дојде прашањето меѓу владата и нас до отворено противставање. Стоилов беше подготвен, мене и Делчев да не уапси. Од ЦК му се сугерира, дека слична постапка ќе се смета како посегнување на организацијата и дека него лично ќе го држат одговорен, Ризов беше одреден да посредничува, за да се изглади овој конфликт. Беше натоварен од Стоилов со оваа мисија. Стоилов сакаше отворено да излеземе и против В.К., а пак јас со Делчев ја теравме така, да сосем немавме намерение да ја исполнуваме оваа желба на Стоилов. Воопште, со еден збор станавме непријатели.
 
Ризов, како посредник, натоварен од Стоилов, нарочно оди од Скопје во Солун за да изјави, дека владата нема ништо против организацијата, ами дека биле само лично против мене лошо настроени. За доказ на оваа благосклоност на владата, се ветил, дека к`е дадел направо на Ц.К. помош од владата 20 илјади лева и уште тогаш предложил во готово 6000 лева. Ц.К. долго откажуваше, но Ризов настојуваше поради него лично да ги примат барен овие шест илјади, ако се откажува другата помош. Преку тоа прашање се протуркуваше идеја, врските на владата со организацијата да стануваат направо внматре преку агентите во Македонија. Тоа беше желба на Стоилов. Нашите — таму бсше и Пере Тошев — најпосле примија шест илјади лева, но помошта 20 илјади лева беше отфрлена. Обратно по тоа прашање и ние тука во Софија и во Солун Ц.К. утврдивме одредена положба: организацијата да општува во Бугарија со владата и воопште со сите надворешни фактори само преку нас, претставителите. Овој принцип установен тогаш за прв пат, си остана до крај принцип на организацијата. Јас во многу случаи овој принцип го подвлекував тука, за да го разберат, а и во Солун другарите се придржаваа век`е строго за тој принцип.
 
После Ризовското посредништво ние со Стоилов век`е не се сретнавме.
 
Трошковите за пушките се даваа привремено од нас (јас и Делчев) а после конечни расписки даваше Ц.К., од кога пушките к`е беа век`е примени во внатрешноста. Сите наши постапки за фишеци остануваа напразни. Владата се плашеше да имаме погодно оружје, зошто не ни го даваше со искрена цел за да не` засили, ами сигурно само за подлагување. Ние од своја страна се задоволувавме и само со пушките, Зошто во внатрешноста усмената агитација како да си ја беше изиграла улогата, а натискот од населението да му се даде оружје беше голем. Раководителите насекаде осеќаа нужда за стварни докази за силата на организацијата и за ефикасноста на средствата и нивната применливост во случај на оружена борба. Овие пушки создадоа епоха во организацијата, зошто го поткренаа нејзиниот авторитет сред населението — тие беа материјален доказ, кој што ја закрепи верата кај населението, оти оружената борба е Нешто што може да се постигне.
 
Не можеше да се мисли уште тогаш, населението да се наоружува само нарочно во местата оттука Вардар, каде што очите на населението беа навратени кон Бугарија. Организацијата уште тогаш не беше се сетила да развива на широко агитација за самонаоружување, а многу од агитаторите имаа слабост да ветуваат пушки и фишеци од страна на организацијата, а некои дури и од страна на Бугарија. При таква положба пушките ја изиграа погоре спомената улога макар и без фишеци. Министерот Иванов изрично ми рече: „Не сме будали да ви дадеме и фишеци; тлка силата ја држиме во свои раце, инаку вие ќе се одвратите од нас“. Ние пак ги примивме пушките и така, со надеж, дека фишеците, бидејќи се ефтини, ќе можеме да си ги набавиме и со свои пари.
 
Повеќето од овие пушки останаа во Скопскиот и Струмичкнот округ. Само неколку стотини се претераа преку Вардар во Битолско и неколку стотини во Солунско. Предвидените неколку стотина за Одринско останаа на границата (во Чепеларско 200 пушки). Во Серско се испратија неколку стотини. Поголем дел од овие пушки подоцна при разните афери попаднаа во рацете на турската влада, други се расипаа по скрвниците. Малку од нив послужија во врем на востанието, и сега сосема малку од ннв служат.
 
Во врска со овие односи со владата проникна во нас идејата, систематски да одбегнуваме од тесни врски со официелната власт во Бугарија. Од тактички воображенија оваа, идеја, без да ја прогласуваме нашироко, молчеливо сме ја протуркувале во својата дејност, И во овај правец тука врвеше воспитанието на сите нови сили, што одеа во внатрешноста, а во името на оваа идеја се врбуваа и сили. Ние дури след време ги разбравме владинте махинации, посегнувањата на владата да ја земе организацијата во свои раце, за да ја парализира, и се уверивме, оти нашето почетно мнение сеопшта искреност по ослободителното дело спрема бугарската влада била проста наивност. Во оваа своја наивност отпрвин ние не можевме дури да помислиме, дека некој Бугарин, а уште помалку бугарски министри можат да не се воодушевуваат од нашата цел и нашата дејност. Во писмото на Ц.К. по повод претењето на Стоилов да не` уапси уште се поднаѕира оваа наивност. Таму се велеше: „Ако направите такво нешто, тоа веќе нема да биде постапка на бугарски министер, ами постапка на Стоилов. После се уверивме, оти и многу бугарски министри вака гледаат и оти меѓу нас во многу случаи и владата на Бугарија има противуположни интереси.
 
Во прво време владата, - ова си го изјаснивме после - потсетувања од офицерите од 1895 год. преку Рачо Петров (Сарафов уште тогаш се митулкал околу Рача, а преку Морфов, може би и околу кнезот) е намислила, давајќи ни пушки, со тоа да има кого да противпостави на В.К. тука, а во истото вриме, да ги отфрли обвиненијата, оти е непатриотично, а може би да си ги прости своите греови од 1895 година. Веднаш во 1895 год. владата толку беше се замешала во ослободителното дело, да ако престанеше после сосем да се интересува за него со тоа јасно ќе се раскриеше, дека целта со движењето ио 1895 год, и` била сосем друга, а не ослободување, во кое што и ја обвинувавме, а пак да продолжува со В.К. исто така не сакаше. Затоа таа почна да работи со нас.
 
В.К. се обиде да го купи оружјето за „делото“ преку Георги Георгиев. Стоилов се спротиви и му попречи на овој обид, а за да ја оправда оваа своја постапка, владата на Стоилов имаше, може би нужда за извинение, да ни даде оружје за македонското дело имено нам, но, како што се рече, без фишеци. В.К. макар да криевме од него, беше разбрал пак од владини сојузници, оти ние добиваме пушки. Недовербата меѓу нас и В.К. со тоа се засилуваше. Владата не и` даваше сериозно значење на организацијата, не допуштајќи, дека таа, ќе ги постигне своите идеи, кои што во нејзините очи беа идеали на фанатисани момчиња. Но во секој случај проличуваше желбата за располагање со овој фактор, организацијата, за секаков случај. Јас ја сфатив оваа желба на владата. Ја почуствував, како нејзината неискреност спрема нас, така исто и нејзината заблуда. Во цели долги рапорти јас го изјаснував сето ова на моите другари во Солун. Сите опити што ги имавме, не поучуваа, да ние превземеме што повеќе и повеќе мерки за самочување, преправајќи се, оти не ги разбираме многу тенденциите на владата. Така ние пак се закрепувавме.
 
Од моите први општувања со владата во мене стана голем пресврт во моите поими за улогата на официелна Бугарија во ослободувањето на Македонија. Тогаш се зародија оо мене, а после и понашироко во другарите, положбите, на кои што попосле организацијата легна, а имено положбата за самостојност во дејствијата и надеж само во себе. Двестотините илјади штика на Бугарија, во кои што ние во почетокот им придававме сите надежи, веќе не не` саблазнуваа. Разбиравме, дека само со наши сили, што ќе постигнеме к`е биде сигурно постигнато.
 
Тогаш можев да надушам, оти дејствително станувало прашање меѓу Србија и Бугарија за разделување сфери на влијание. Стоилов доста јасно ми рече, дека за такви работи е станувало „прикаска“, а Рачо се отпушти да ми каже, дека се воделе и преговори за поделба на сфери на влијанија. Не` сметаа, се гледа деца, осмелувајќи се, да ни зазборуваат и за тоа нешто. Јас молчев — тоа беше систем — но овој и слични признаци ни вдахнаа увереност дека има опасност да се прават политички комбинации на наш грб и без наше знаење. Тоа не` натера да бидеме уште по претпазливи и посамостојни во своите дејствија и да не даваме можност да се прават слични комбинации за сметка на Македонија.
 
Подоцна си ја објаснивме целата игра околу прашањето со пушките, н во негодувањето, што го почуствувавме со Делчев од целата таа зделка се крие коренот на силната наша одвратителност од сскаква помош од чисто официелен извор. И тоа, може би ја поради идејата, да неопходно потребната надворешна помош ја бараме сред општеството во Бугарија. А за наоружување на населението никна идејата за самонаоружување. Со писма и по разни начини дејствувавме во тој правец внатре да се прекратат надеждити, дека оружје ќе даде Бугарија, и да се агитира пред населението да се снабдува со оружје со свои пари, со купувања. Отпрвин не се ни помислуваше за тоа: Колку за оружје, ќе го имаме од Бугарија, колку што не сакаш, ние само луѓа да приготвиме, — тоа беше општа увереност. Бугарија ја мислевме готова, колку за оружје, најиздавливо да ни олесни. Откако се разочаравме и во тоа, никна идејата за самовооружавање.
 
Во Битолско и Солунско остануваше само да се засили овој правец на дејност, зошто таму поради оддалеченоста од Бугарија и без тоа слични надежди не беа нарочно многу возложувани на Бугарија. Оттука Вардар, каде што вербата кај населението во пожртвуваноста на Бугарија беше поголема но беше и фактично закрепена со кримките, требаше да се работи посилно, за да си пробие пат таа идеја — самото население да си купува оружје. И до крај до востанието, не можеше тука оваа идеја да фати корен така, како што оттаде Вардар, благодарение и на многуте искушенија што идеа од тукашните комитети, — врховистите. Првиот обид во Џумајско и Петричко за да се збираат пари од населението за оружје — тоа беше после Винишката афера — по наша препорака, излезе успешен. Идејата беше примена, пари се собраа и се купи тука оружје за нивна сметка. Се купија, ми се чини, мартинки. Попосле животот ни докажа, дека при разните афери населението лесно го продаваше подареното оружје, а купеното Турците мнугу мачно го откриваа. И така уште во првото време, од кога почнавме да општуваме со буг. влада, нашата верба во добрата желба на Бугарија се уби, и наопаку ние почнавме на егоистично, дека егоистично се држи и тоа не` тласна да увидуваме појасно, дека Бугарија спрема нас се однесува уште рано во самостоен пат. Тоа е, може би, и една од главните причини, што ние одбивме многу на лево кон чисто револуционерна дејност. Во Бугарија веќе се потпревме речиси исклучително на млади сили, идеалисти, и на чисто борбени сили. Нашиот полет се ограничи во чисто револуционерна дејност, затворувајќи се во однос на надворешниот свет само во „својата корупка“. Животот, условите на борбата и нашата безрезервна оданост кон таа борба ја создаваа малу-помалу нашата идеологија во казаниот правец.
 
Долго време од тактички вообразувања, во споразум со Солун, се уздржавме од предизвикување конфликти со бугарската влада. Но никогаш не сум лажел, никогаш не сум го одобрувал тоа, што било против нашите принципи; сум претположувал во такви случаи да молчам. Јас никогош не се препорачував како претставител на организацијата, никогаш не зборував од нејзино име, зошто јас видов, дека тука имам работа со луѓе без скрупули, кои што, ако им стане непријатен ЦК готови се да почнат да ја напаѓаат. Затоа гледав да не се истакнува многу името на организацијата и на Ц.К.; за да не се осквернува тоа, сакав да го зачувам престижот на организацијата. Требаше да се прикривува нејзиниот растеж нејзината сила поради Турција, што никогаш не веруваше, дека мрежата е голема, дека опасноста е голема. Турците само во поодделни случки се поштрекнуваа, но пак главно само во месноста, каде што се откриваа аферите. Штом се свршеше аферата, турската влада ја забораваше важноста на случката.
 
Ако во Бугарија јавно се зборуваше за овие работи организационите тајни без време ќе беа изложени главно пред Турција. Ние претполагавме и имавме за идеал преку долга агитација, преку самостоен развиток организацијата да се раширува, да се закрепува и да се засилува до степен, така што да може да излезе таа еден ден со едно добро подготвено сенародно востание. Ние не предвидувавме, дека ќе станат форсирани востанија. Имаше тука нешто што не` тераше да се држиме секогаш на штрек. Нашите отворени маниери не се разбраа и ни се бендисаа.Градење сопствена тајна фабрика за леење бомби. — Мајсторите и материјалите за бомби. — Разни видови бомби. — Обиди со загушлив гас. — Фабриката, откриена од бугарската влада, престанува да работи. — Оскудните средства кај внатрешните дејци — Обид да се набават средства преку обири.
 
6 јуни
 
Реков, оти доведовме мајстор за бомби. Решивме да ги фабрикуваме во голема количина тука во Бугарија. Уредивме фабрика во Ќустендилско, близу до границата, во село Сабљар (3 колиби) совршено тајно. Сакавме да криеме од владата, а не сме знаеле, дека што материјали и да криеме тука полицијата знаела. Кога се откри работата, полицијата кога разбра, се помачивме да ја заблудиме, дека материјалите се купуваат, но дека се фабрикуваат внатре. Тоа траеше една и пол година и полицијата долго време не знаеше. Фабриката малу-помалу се сврти во шумски клуб, таму се прибираа бегалци и илегални работници од Македонија. Од таму почна препраќањето во внатрешноста во ситни пратки со оружје и др. Мајсторот, ерменец, правеше бомби, раководеше а вештината ја изучивме јас, Делчев, Такиџиев, Мурџев и др. (ги леевме). Таа беше полна фабрика — околу 1000 парчиња се излеаја. Праќавме долови внатре. Средстватаа ни беа крајно ограничени, напати се губеше многу време поради некакви двесте лева. Пеќката се беше расипала, а за да е направиме, со 200 лева., загубивме два месеци! Ерменецот ни беше предаден на начела како работник на наше располагање без плата. Тој ги поднесуваше сите незгоди, се хранеше како и момчињата, што се вртеа таму, со грав, па и само со леб кој што си го месеа сами. Ретко некој работник одвнатре ќе донесе некоја коза...
 
Изработивме неколку вида бомби — некои и многу големи, до 35 кила, — со боцки, со капсоли, јаести (елипсовидни), ваљачести, се` со стакла внатре, кои што треба да се скршат при фрлањето, што беше опасно. Правевме и четвртасти, со фитили. Сите врсти форми ги правевме — од мали рачни до 35 килограма тешки.
 
После година и неколку месеци и турските шпиуни и бугарскаа влада ја надушија фабриката. Владата испрати еден куп стражари, кои што ги претресоа момчињата и ги конфискуваа калапите. Стоилов беше малку плашлив. Средствата, што ги праќаа од Солун, како што реков, не стигаа. Од Колчаков зедовме на вересија бертолетова сол (после му плативме); 84% берт. сол и 16% шеќер — иситнети добро и размешани, штом фати капсата. Со тоа ги полневме бомбите.
 
Бомбите ги правевме од чист чугун, остер, од 1 лев и 60 до 2 лева килото, и фурда од чугунот, клинци и др., така да една бомба од 2 кила излегуваше до 2 лева.
 
Дојде да ја ппегледа и фабриката и прочуениот ерменец Леон, за да даде и нови упатства, што ги беше изучил. Го разведовме низ фабриката. Леевме бомби составени и од цинк, олово и друго нешто. Леевме за да обидиме бидејќи овој материјал се најдува на секаде во Македонија. Правевме и калапи, за да ги праќаме внатре та да можат да ги леат насекаде, дури во едно мангалче во стаја. Имавме и манијаштва. Бевме ја изучиле фабрикацијата на бомба со загушлив гас, со примеси, од кои што се образува загушлив гас. Така што ако се фрли во некое здание, тој гас, чад, беше во сила да ги задави сите луѓе во една стаја. Со страшно восхитение бевме се повлекле по оваа работа, — многу илузии се раѓаа во нас за анархистични дејствија со овој род на бомби. Ерменците ги измислија овие бомби.
 
Откако се затвори фабриката, веќе не се обидовме повторно да отвораме нова фабрика. После веќе во Сарафово време, кога се збогативме, бомбите станаа евтини и можевме и готови да си ги купуваме. Уште во Солун, не паметвам од кого, бевме научиле едсн смес од фосфор и др. нешта, кој што кога ќе вивни и се фрли на зграда, сигурно ја запалуваше. Ние купувавме тука фосфор и др. марифети и ги праќавме во Македонија, за да се служат со него за потпалување на згради, но не влезе ми се чини во употреба, па и во востанието не се служевме со него. Додека ја имавме фабриката, ни паѓаше на ум за ова средство и го усовршенствувавме. Во фабриката правевме и боксови, ками, ножови.
 
Од големо мистериозничење ние не можевме да најдеме железари, кои што би го научиле леењето на бомби. После дознавме, оти имало многу железари, што можеле да ни бидат полезни, но ние претерувавме со криењето така да учевме сосем неискусни момчиња, со кое што се губеше многу време. Работевме со кокс, поарчивме 2-3 тона англиски кокс. Фабриката имаше коџамити оџачиште. Местото е горе в шума, близу до граница, оџакот над куќа стрчи малу така да не се познава. Исхранувањето се провлекуваше та чудне е, како толку долго време не бевме откриени.
 
Средствата ни беа оскудни. Предвидено беше, кога не водеа од Солун тука да ни плаќаат по 150 лева месечно на човек, но тогашните наши поими за морал беа такви, така што да не примаме од општи пари, ами живеевме од приватни, оскудни средства, галвно од пријатели.
 
7. јуни
 
Пред да пристигнам јас, Делчев преку офицерчињата, дејци од 1895 година, и преку лични пријатели во Софија, Дупница и др. од офицери пријатели збирал скромни пожртвувања. Тоа средство не се разви и брзо овој извор се пресуши. Кога дојдов, уште го затеков, но навалуваше кон упадок: на другарски начела построено од пријатели, сами несостојателни. Бидејќи В.К. не ни помогна со никакви сретства, остануваше да бараме прватни пожртвувања од единечни лица во Софија. Бев ја завртил на просење од пријатели и познати, кои што ми даваа, како што сакаа. Кога — тогаш ме се праќаа слаби сретства од Ц.К. Во првата половина на нашата дејност со општа заблуда се се` чекаше од Ц.К. — од началството. Жртвите и таму внатре беа слаби. После се разви тоа — членски внесувања и др. Недостатокот на пари секогаш не тиштил и ни смеќавал во работата. Под натисок на тие нужди кога-тогаш се јавуваа идеи кај наши другари да се набават потребните сретства преку оберувачка. Пред да пристигнам, во Ќустендил поштенскиот чиновник Златарев, охриѓанец заедно со две-три други момчиња — социјалисти, наши работници, украдија 20 илјади лева. Златарев се насели во Воден, легален како учител, со псевдоним, а после отиде четник и беше убиен. Парите не паднаа во нашата каса; допуштавме, оти се паднати во социјалистичката каса.
 
Златарев беше чесно момче; тој ги дигна парите, ги предаде за делото и пребегна. Под влијанието на истата нужда Делчев во 1898 год. тргна од Софија со една чета од 10-12 души и низ Струмица го фати синот на еден бег, кого го држале врзан, но по заповед на Делчев, кој рекол: „Ако сме јунаци, ќе треба да пазиме, ќе стоиме будни в колиба“, го одврзале. Но будниот задремал и беговиот син избегува. Делчев се врати отепан, столчен од овај неуспех. Го окураживме да не се очајва. Отворено искуство за пари немавме, но бевме многу склони со афери по потаен плачкачки начин да набавиме сретства. Друг излез немаше. Нуждата стануваше се поголема, зошто одвнатре од нас бараа се повеќе и повеќс да им испраќаме единечни луѓе и на групи за работници внатре, да купуваме материјали и се` со тукашни сретства, Борис дружеше со мене, тој правеше разни обиди за пари. Делчев и Борис доста не се слагаа. Делчев, како бивши јункер доста не ги сакаше воените лица; макар да дружеше со многу офицери, водушевен не беше. Јас го прикривав Бориса пред другите офицери. Беше многу активен многу жив и наполно беше одан да ни служи, а на изглед немаше во него никаки намеренија на материјални облаги. Такви беа и другите офицери од годината 1895; без лични цели трчаа да услужуваат.
Офицерски спомагателни братства. — Генерал Цончев се зближува со внатрешните дејци и тајно појдува во Солун. — Владата против офицерските братства; Цончев преместен во Видин. — Јанков посредник меѓу централистите и врховистите. — Неуспешен обид да се соберат пари во Белград и во Исмаил. -— Се поставуваат врски со Букурешт. Еден бугарин, студент, шпиунин. — Принципиелните разлики поради кои што В.К. и Ц.К. не можеа да се споразумат за здружна работа. — Ѓорче Петров издава в. „Бунтовник“ — Петров како агитатор со живо слово.
 
Нуждата не` стегаше толку, да ни подејствува да се заинтересуваме за тукашната организација на В.К. за да ја исползуваме само за сретства. Сите блиски пријатели тука навалуваа да излеземе ние на лице, тука да ја превземеме тукашната организација на В.К. Овај натисок особено идеше од страна на другарите офицери. Кај нас се` си остануваше склоноста да си останеме одделни, просто агенти на ЦК: купи, продај, прати внатре што е потребно, и да не се смешуваме со овдешните работи. Но нуждата не тласкаше кон зближување. И во Солун беа другарите материјално притеснети; не само што не можеа да ни помагаат со пари, но и тие почнаа оттука да очекуваат помош, од Софија. Затоа и тие силно навалуваа да можеме да ги уредиме работите тука со В.К. така што да можеме да имаме повеќе сртства. Имавме два-три пати формална заповед од Ц.К. да се споразумиме со В.К. така со општи сили да побараме сретства, или да правиме, што да правиме но сретства да најдеме. Мене никако не ми се сакаше тоа, да се споразумеваме со В.К., не ми беше на срце тоа. Тогаш имено се породи идејата за офицерските братства. Бевме се зближиле најмногу со офицерите-преку офицерите од 1895 година. Во таа средина најмногу ни сочувствуваа и најсрдечно ни помагаа. И не можевме во друга средина да бараме средства мимо тукашната организација на В.К. По предлог на офицерите се устроија офицерски дружби да примаат вноски. Офицерот Гарофалов (чесен дури до очаја душичка) сам предложи Цончев да се запознае со нас и после истиот за претседател, раководител на братствата, бидејќи се ползувал Цончев со добро име и со углед меѓу офицерите. Гарофалов служеше во VI полк на Цончев. Долго се двоумевме да го примиме ли Цончев помеѓу нас, зошто некои (Бозуков особено) искажубваа сомнение да не би тој со задна цел да влегува помеѓу нас, допуштајќи да е во врска и со дворецот. После дојдовме до увереност, оти тој по сопствено привлекување влегува во нашата работа и оти Бозуковото сомнение ќе е побрзо последица на неговата желба да стои тој на чело. Од друга страна немаше големо значење ни опасност за нашата организација, дека тој ќе влезеше тука меѓу нас, просто како личност, која ќе услужува. Си сметавме, оти Цончев, со својот углед меѓу офицерството не може да ни биде освен полезен и да го подигни и нашиот углед додека го исползуваме. Тоа беше уште фабриката за бомби кога работеше.
 
Цончев многу ни помогна со пари, дури и од свои средства даде до 500-600 лева; влегуваше во нашата положба и со што можеше, помагаше чочекот. Тој ни отпушти за момчињата во Сабљар разни неупотребени алишта од војничките складови и сурови материјали за бомбите и т.н. Воопште беше добар кон нас.
 
Братствата се изградија на секретни начела во повеќето од гарнизоните на Бугарија. Во почетокот на нивното постоење братствата не можеа да направат многу нешто, но сепак извесна поткрепа во пари и материјал ни даваа. По тоа време јас бев излегол по обиколка низ северна Бугарија: Шумен, Варна, Русе за да ја сондирам подлогата, што може да даде тукашната организација, ако би паднала во наши раце, и да се запознам лично со офицерите. Војниот министер Иванов беше го надушил веќе постоењето на братствата и се беше уплашил, дека сакам да му спречам нешто како грчката хетерија. Ме повика лично и се објаснувавме. Јас откажував, дека знам такво нешто. Тој нареди да ме следат. По повод на еден офицерски извештај од Варна, оти постоат братства, со особена инструкција им запрети на офицерите да се занимаваат со мaкедонското дело и да се мешаат во братствата. И Цончева го премести во Видин, а ова беше за нас доказ, оти Цончев не влегол меѓу нас по туѓа запоед. Брзо по запознавањето со нас, Цончев искажа желба да појде во Македонија, за да се увери на место во вистината на тоа, што му зборувавме тука и да се залпознае со некои од дејците таму. Солунските другари доста радосно го дочекаа нашето известие, оти Цончев влегол во дружба со нас, и со гради му ја дочекаа желбата да појде таму. Со пашапорт на туѓинец, преку Одринско — Дедеагач тој отиде во Солун, се сретна со другарите и после преку Скопје се врати. Ова одење на Цончев му правеше чест. Тогаш уште на нас не гледаа како на сериозни луѓе; на нашата дејност гледаа со голема недоверба, така што сериозен човек тогаш не лесно се решаваше да се зближи со нас. Тогаш никаде не не` примаа и не не` веруваа така сериозно и радосно освен во офицерската средина и во средината на младината од социјалистички калап. Сите овде македонствујушти среди и личности се држеа хладно и не не` веруваа. Постоењето на В.К. имено не` правеше позгорнина и несериозни.
 
Во Солун Цончев се запознал со Дамета, Перета, Татарчева и со сите други од Ц.К. Го пресретнаа многу добро и Цончев дојде од таму очарен од луѓето, од положбата на работите. Видувањето се ограничило само со осветлување по делото и ништо повеќе.
 
Како што реков, Цончев набрзо беше преместен во Видин. Тоа беше постапка од министерот Иванов против мене. Тој беше на мислење, дека сум опасен човек, а особено ме мразеше, дека бев навлегол меѓу неговото офицерство. Кога јас ја правев обиколката со официелно писмо до окружните управители (од кои што го дознав тоа) ме жигосале како човек опасен за државата со своите намеренија. По клеветнички начин секако ме обвинувале за да ми го парализираат влијанието во провинцијата. Веројатно е, дека овие свои плашења владата (Стоилов и Иванов) ги споделувала и со кнезот, и затоа Цончев ја изгуби донекаде наклоноста на кнезот, кој што се беше сложил да го преместат во Видин.
 
И В.К., и тој од своја страна по свои воображења исто така им беше пропишал на своите друштва да се чуваат од мене. Ова беше сосем излишна работа, зошто јас направо не агитирав против В.К.. ами се ограничував во рааговор само да ги критикувам лошите страни на тукашната организација. Тогаш Стоилов посака дури, да не` притворат мене и Делчев, против кое што како што се рече веќе, ЦК се испречи.
 
После обиколката јас бев убеден, дека македонските благотворни друштва во провинцијата спијат длабок сон и оти за активна дејност не може да станува збор. Бездејноста на В.К. се должеше и на тоа, што владата тогаш многу душеше: таам го гонеше и В.К., како што и нас. Организацијата тука беше на замирање. Владата немаше доверба во лицата на В.К. и донекаде со право се плашеше, зоѓто генерал Николаев, Ризов, Јосив Ковачев си присвојуваа улога на владата во македонскиот дел на бугарската политика, тие да решаваат, тие да усмеруваат. Владата не` можеше тоа природно, да го трпи. Поради тоа па и сама по себе таа не ги трпеше сериозните организации по македонското дело.
 
Тогаш повеќе се заинтереслувал кнезот за делото, тогаш како да фатил и да повек`е бери страв.
 
Јанков од самиот почеток се покажа еден од најзаинтересираните офицери по македонското дело и тоа секогаш на страната на В.К. Кога ние почнавме да се дружиме со офицерчињата, луѓето од В.К. и Ц.К., Љапчев н Ризов ни го спротивставија Јанков, за. да покажат, дека и тие имаат офицери. Кога се беа прекинале преговорите на В.К. со Ц.К. по повод на официелниот предлог, В.К. го испрак`а Јанкова со мисија да ги убеди луѓето од Ц.К. — Дамета и Перета Тошев во Битола — да влезе Ц.К. во односи со В,К. Јанков доаѓа во Солун. Јас бев тогаш во Солун, но не се запознав со него, зошто му дадоа напатство да не се ставува со мене, со Дамета да биде внимателен, а Перета да го убеди. Јанков дојде со некакви десетина точки за договор — нов програм за зближување, поотстаплив отколку што во официелниот предлог. Овие предлози ги дискутиравме, но резултатот беше негативен. Подоцна Јанков (тоа беше мислам во 1896 г.) откако се врати тука, се сретна со кнезот, го запознал со ситуацијта и го заинтересувал. Тогаш пред кнезот и В.К. Јанков сакал да игра нешто како главен посредник, како врска. Јас бев во Шумен и во време на обиколката дојде кај мене, отидов кај него на вечера, прикажувавме надолго и широко, но тој се си остануваше приврзеник на В.К., на неговото првенство.
 
Заборавив да кажам, дека кога се створија братствата, на Борис брат му Петко, кој учеше во Русија за инжинер, се верил за ќерка на еден богаташ, Бугарин од Белград. На Борис му дошла идеја да го исползуваме овај случај да прибереме некоја пара од Бугарите од Белград. Со негова препорака стигнав до Русе со еден лев во џепот. Офицери од Русе ми дадоа 250 лева та стигнав во Белград но без полза, зошто ваму без разрешение од началството никој не смее да збира помош за политички цели, никој не се усуди да даде помош дури скришум. Не ми позволија дури да го отворам ова прашање. Јас веќе се` распоредив во Солун, да испратат расписки до сватот на Бориса за сумите, што к`е ги соберам ваму. Идејата излезе неуспешна. Расписките и сега стоат кај сватот на Бориса. Оттука направив обид и во Исмаил пред богатиот Шопов, да се сондира, оти ако искаже готовност, да појдам кај него. Одговорот му беше, дека тој не можел да дава пари за работи, за кои што се предвидува проливање крв.
 
Се вратив без резултат со парите, што ми ги даде свагот на Бориса. На врак`ање Борис ме пречека во Букурешт. Тука се срстнав со некои други нашинци, најмногу прилепчани, ги осветлив во општи линии за револуционерното дело во Македонија и ги потканив, ако можат нешто да понаредат и да не поткрепат материјално од таму. Ова е првиот обид во Румунија да се заинтересуаат луѓето за македонското дело првото семе е фрлено. После, кога Борис влезе во В.К., дојде еден студент од Букурешт, Мартинов ( ?), Борис му беше поверил преку него да станува кореспонденцијата со работниците во Букурешт, бидејќи овој студент му се препорачал како деец. Му ги кажавме имињата на луѓето, што ги запознавме во Букурешт, но овој студент излезе шарлатанин, ги предаде овие и мнозина покрај нив си настрадаа.
 
8 јуни.
 
Особено поради мисијата на Јанков и поради она писмо на комитетот до Ц.К. лично јас не бев добар со Јанков и со Николаев, а по приватни работи и со некои од членовите на комитетот — Љапчев, Сим. Радев, Станишев, Карајовев често се сретнував и разговорот ни се вртеше се по прашањето за односите на Ц.К. со В.К. Со моето идење тука се направи почеток на задгранично претставителство на внатрешната организација, та веќе В.К. требаше преку нас да општи, имено преку мене. Бидејќи јас не се подавав, луѓето од В.К. мислеа, оти сум јас причината: тие не допуштаа, оти овдека има идеја усвоена од внатрешната организација дека јас дејствувам во согласност со организацијата. Освен тоа, луѓето од В.К. не сваќаа, оти во нас само една мисла владееше, имено отворено револуционерната работа и ништо друго и дека нашата задача тука во Софија е само да ја подготвуваме револуцијата со средства и материјали и по возможност да го настроиме и тукашното општество наполно да ја прегрне чисто револуционерната идеја како нас. Против нас меѓутоа излегува В.К., луѓе со друг темперамент и неовладани така наполно од истата револуционерна идеја, и затоа меѓу нас и нив не беше лесно да се заврзи тесна дружба.
 
Тие не беа луѓе, згодни за практична работа, која што ние најмногу ја ценевме тогаш, и затоа не опфати, недоверба дека ќе можеме да ја исползуваме тукашната револуционерна организација за своите цели. Па и од провинцијата луѓето на В.К. беа вакви, тие исто така гледаа на нас со предрасудок како на луѓе со ситни идеи, со илузии, како што ги нарекуваа тие нашите идеи, (меѓу нив беа и генерал Николаев, Јосиф Ковачев и Узунов). Па и да не се илузии, спрема нив слаба работа е, зошто нивната длабока увереност беше, дека силата е тука во Бугарија и дека ние можеме да изиграме улога само како на помошници, на орудие. Ова беше причината, што меѓу нас и луѓето на. В.К. не можеше да има интимни врски. Кога влегоа Симеон Радев и Станишев во комитетот, полесно се разбиравме со нив и често размислувавме, како да се уреди така што да стане возможно едно зближување. Главната пречка беше се` таа, што тука во Бугарија го сметаа В.К. за главна организација, која што ќе го раководи македонското прашање, а пак во ова време ние добивме голема верба во својата сила, заснована на јаки врски со народот, и бевме убедени, дека ние сме и треба да останеме во улогата на иницијатори и раководители на македонското дело и дека В.К. ќе треба спрема нас да влезе во улогата на помошник, за да се оствари нашата главна цел за востанието, разрушувањето на Турција. Тукашните иницијативи на В.К. од политички карактер како на пр. митинзи, политичко воздејство над владата и т.н. нам не ни беа погодни, ние го разбиравме чисто револуционерниот пат за спасителен и сакавме, така што и тукашните Бугари да му служат на дслото просто и отворено по чисто револуционерен правец. Сакавме во овој правец да се воспитуваат и врбуваат работници, а не да се воспитуваат да образуваат само „македонски дружби“, повеќе со цел да служат како сретство за разни политички демонстрации, за достигање ефекти од чисто политички карактер. Ова тука беше лекоумна организација која збираше членски вноски од луѓе, запишани во друштвото, кои не помислуваа дури за ослободителната идеја во смисол тие нешто да вршат и работат, освен да дадат членски внос. Тоа беше несериозна работа.
 
При овие разидувања, при овие спротивности меѓу нас и В.К, ние не допуштавме да стане збор зошто ние, кои што бевме фанатично убедени, дека сме на правиот пат, да му отстапуваме на В.К. А луѓето на В.К. немаа толку разум да поотстапат, да се сообразат колку-толку со нашите императивни бзрања. Да беа тие луѓе малу-отмалу поразумни да беа ја сфатиле вистинската положба, да беа го разбрале нашето настроение и потребите на самото дело, ќе дојдевме боздруго до споразум. Се разбира, штом со нив не можеше ништо да се сврши, сосем природно беше ние да побараме луѓе, што ќе го примат нашето становиште, луѓе, кои што ќе заговоруваат отворено за револуцијата во Македонија со општи сили, оттаму подигнати, и со други, испратени оттука, без да се прави разлика во задачите на тукашната организација од задачите на внатрешната организација. А по самата положба на прашањето излегуваше, дека борбата кога ќе се појави, ќе ја има јатката во Македонија. дека таму к`е биде јатката на бојните сили, а оттука, какви ин да се, да се испратат сили на помош, па дури и да се тие и поголеми од внатрешните, да се сметат за помош на силите, што ги раководи Ц.К., и тој да биде на чело. В.К. требаше да остане во положба на мандатор по сите политички иницијативи, кои што би ги предрешил Ц.К.
 
Овие мисли беа кај нас однапред оформени, восприемени, и ние јасно и свесно водевме борба во наттркување на дете установи, која да биде прва, која да раководи.
 
Затоа имено, кога се решивме да ги поткрепиме офицерите за да ја превземеме тукашната организација, беа уговорени условите со нив односно идните односи на В.К. со Ц.К. Офицерите наполно го беа воспримиле нашето становиште. Јас ја вложував својата лична тактика во нашите постапки за да ја превземеме тукашната организација. Таа тактика беше да не правиме никакви сотресенија. Особено ова ни се налагаше што ние внатре не бевме добро зацврстени, зошто имавме противници во лицето на револуционерното Братство во Македонија, а противниците ни беа и разни чорбаџии првенци по општините. Внатрешната организација уште беше партија во Македонија со чисто конспиративен карактер, не беше ги таа опфатила сите слоеви на општеството, како што стана по после. Тоа ни налагаше да не го предизвикуваме В.К. на борба, да не би тој да се обиди да ни пакости внатре, зошто можеше и многу да ни напакости. Тука во В.К. веќе се беше покренувало прашање да се превземе акција против нас во Македонија со угледот на В. К. Јосиф Ковачев го искажувал ова мнение и го предлагал. Благодарение на разумот на другите членови од В.К. ова идеја не беше усвоена така да до отворена борба меѓу нас и В.К. не дојде. Ние нарочно се држевме тука во кнежеството коректни спрема В.К., зошто имавме возможност да образуваме и ние тука во Софија и во провинцијата свои друштва покрај друштвата на В.К. Но ова не сакавме да го направиме. Јас работев во правец да се подготви постепено превратот тука, — да се направи еден преврат тука наполно во наша полза. Настаните, што стануваа во Македонија (убиството на Ганев и др.) ни служеа за доказ пред тукашното олштество, дека таму има сериозни нешта, дека има сериозна револуционерна организација. Се постигна преврат во умовите и сменувањето на В.К. преку новиот офицерски комитет кој што стана без голем потрес. Јас повеќе се истакнував во оваа работа, отколку Делчев, кој што повеќе се занимаваше со практични организациони работи, и затоа на мене се оддаваше значење а оссбено неуспесите од противниците се растоваруваа врз мене.
 
В.К. се беше обидол да се поткрепи себе со наши сили, така да мене и Делчев не канеа да земеме учество во конгресите, за да се претстави пред делегатите, кои што отпрвин беа недоволни од изолираната положба на В.К. спрема нас, оти В.К. има врски со Внатрешната организација. Ние, јас и Делчев, не сакавме да служиме за орудие на оваа измена и не одевме на конгресите, се откажувавме, изговорувајќи се дека ние како претсавители на В.О. немаме работа на тие конгреси. Не` избираа имено секогаш за делегати на конгресите.
 
Во еден конгрес дури со дел да го отцепат Делчев од мене го избраа Делчев дури за член на В.К. Целта им беше се една — да претстават, дека меѓу В.О. и тукашната нема разлика, дека се едно и исто и дека еден вид јас сум, кој сакам да протурам некакви разлики. Кога го избраа Делчев, јас нарочно појдов до Кустендил, за да реши Делчев сам, што да прави. Делчев ми јави, оти тој решил, дека не може да влезе во В.К. како член на В.О. и јавно откажа, разбирајќи, дека принципиелните разидувања што не делеа од В.К., не позволуваат да влезе тој.
 
Во 1898 година, ми се чини, почнав да издавам весник „Бунтовник“; издадов до 11 броја во ограничена количина и ги раздавав тука на одбрани 20-30 души пријатели по 5 лева бројот, и со тие пари ги подмирував печатните трошкови (за 1000 броја). Ги праќав броевите внатре во Македонија. Не можев да најдам тука никого од македонствујушите згоден како за Македонија да пишува. Во идејното наше оформување играше најкрупно влијание главно мојата усмена агитација. Јас, кога пишувам, не сум јак, но лично, кога говорам, многу сум јак, и можам да повлијаам. Кого ли не сум го свртил на нашите идеи! Секогаш кај мене се ќе има неколку души и се к`е има разговор. Многу пати ми се догодувало, кога к`е дојдат луѓе за врбување, да говорам непрекинато по 4 дури и до 10 часа; многу пати сум паѓал од умор како заклан. Делчев не еднаш ми велеше, оти тука сум многу полезен, кога ќе врбував луѓе, бидејк`и тука можам да се сретнувам со многу луѓе. Со сати сум убедувал. Колцина сум крстил во нашите принципи! Јас имав возможност неколку пати да се учам во Европа, уште внатре кога бев, кога географскиот материјал му го дадов на министерството. Рачо Петров сакаше да ми даде стипендија по картографијата, но јас за делото бев фанатик. Всушност во мене беше искрена убеденост, дека колку наши добри момчиња појдоа во Европа, кога се вратија веќе не беа погодни за рлбота, беа загубени за нашето дело. Затоа системно агитирав пред наши млади Македонци, заитересувани за делото, да не одат да се учат. Бидејќи во средината на нашите попрости работници секогаш се сметав како умник и бидејќи не можев да живеам како нив, им завидував на простотијата и не сакав дури да читам книги некое време.Решение на Ц.К. да се наложи на егзархијата да назначи на служба во Македонија по претставен список посочени лица. — Ѓорче Петров во Цариград води преговори со егзархијата. — После долго противење егзархијата пред натискот на Ц.К. отстапува. — Петров бара подесно лице за претседател на новиот Врховен комитет. — Борис Сарафов излегува на чело на комитетот. — Задружната работа на двата комитета, В.К. и Ц.К. отпрвин оди успешно
 
9 јуни.
 
Ако не се лажам во 1898 година летото (кога Ризов и др. појдоа за трговски агенти во Македонија) организацијата внатре беше си ја раширила многу веќе мрежата и беше привлекла учителски интелегентни сили во безразборно големо мнозинство. Тогаш се беше осетила нужда организацијата да си ја распредели територијата на окрузи и околии со соодветни луѓе и на некои места се беа набрале по неколку одбрани луѓе, арни сили, работници на организацијата, а имаше други места, каде пак немаше сосем раководители, раководни сили. За нас за раководни сили важеа само испитани интелегентни другари, кои што стоат повисоко над другите. Стануваше нужда порамномерно да се распределат овие сили по околиите. Истата нужда се беше осетила и внатре во околиите за по селата и градовите. Требаше назначувањата на учителите за следните учебни години да станат во согласност со речената нужда. Колку беше возможно преку месните авторитети (општини, владици, влијателни лица), се протуркуваше оваа мисла, но постигнатите резултати не беа доволни, зошто општините под диктатот на К`нчев од Цариград и на Братството во Солун напротив дејствуваа спротивно на нуждите на организацијата за да ја поткопуваат и за да припремаат подлога за револуционото Братство. Ц.К. под притисок на многуте сакања од внатрешноста по речената посока беше дошол до увереност дека само преку егзархијата може да се протурка ова сакање, со верба, оти и во егзархијата ќе се прими ова сакање на организацијата само преку морално насилие. Со мотив дека повеќето од поугледните наши другари се чиновници на егзархијата така да некој од нив биде пратен во егзархијата со мисија по ова прашање, не ќе има достаточно углед, ме беа избрале мене со надеж, дека јас ќе поинпонирам и т.н. Јас со бугарски пашапорт на доктор по медицина појдов во Цариград. На улица таму ме сретна Максимовиќ, турски шпиун, ме позна и ме поздрави: „Ош гелдин бе комита!“ Ме праша со кој сум дошол. Јас му реков, оти сум дошол да барам служба од егзархијата. Тој не поверува, а после им рекол на пријатели да се требам побрзо, оти за мене имало купиште преписка и 10-12 слики од солунските комесарства.
 
Ваму се сретнав со Думев. Тој се расплака кога ме виде. И тој и други ми подрекуваа да тргнам уште другиот ден, но јас не бев ја свршил работата и решив да останам. Се криев во Бујукдере две нелели и пуштив едно момче како случајно да му кажи на Максимовиќ, оти сум заминал за Солун. Пред да се скријам во Бујукдере, и` предадов на егзархијата полномошно од Ц.К., со кое што ме ополномоштуваа пред егзархијата да ги претставам сакањата на Ц.К. Претставив список на околу 70 лица, што требаше да се назначат.
 
На началникот на одделењето Лазаров во кабинетот му го прочитав полномошното на Ц.К., го искинав пред него, ги исфрлив парчињата низ пенџере и му дадов срок три дена да ги исполни сите наши сакања, или, ако сакаат да ме предадат на турската полиција. Лазаров се уплаши, ми рече, оти тој е началник, оти тој не одговара, оти егзархот решава и т.н. та да одам да му речам на егзархот. Тој знаеше оти ние не ќе му направиме ништо на егзархот. Сакзше да се направи одговорен целиот училиштен оддел, но јас и ова не го примив, ами него, Лазаров, го правев лично одговорен. По два дни отидов за одговор. Уплашен Ллзаров ми рече: „Од мене веќе не сакајте ништо, зошто јас си ја давам оставката и си тргам за Бугарија“. Јас си го повторив сакањето и го посаветував да го исполни, а да не си ја дава оставката. Ако настојува, посаков да ми каже, кој му е заменик, зошто истото сакање се налага и на заменикот. Сите чиновници во егзархијата, за да го одбранат Лазаров, беа му изјавиле на егзархот, дека или ќе земи мерки и ќе го спаси Лазаров или сите ќе си поднесат оставки. Комсиев, чиновник во егзархијата, делегат од надворешното министерство, контролор во егзархијата, веднаш, штом ме виде, избега во Софија. Егзархот веднаш го испрати Мишев во Софија така да овај заедно со Комсиев, кој што беше ополномоштен од егзархот, да дејствуваат пред бугарската влада да не стегнат, да ја ослободат егзархијата од нашиот натисок, да ја спасат. А нашето сакање тие го претставија како сосипување на егзархијата. Од Софија им соопштија дека не можат ништо да направат и изгледа им сугерирале во Цариград да држат помирливо поведение и да избегнуваат крајности. Најпосле се сретнав со егзархот да го уредиме прашањето. Тој посредно ме покани преку чиновниците, тие ми потказаа, оти Негово Блаженство ќе ме прими, а така исто дека ќе ја земе одговорноста на себе. Но јас избегнував од ова, тој да ја земе одговорноста. Кога се сретнав егзархот зборуваше со мене на долго и широко. Впечатлението ми беше тоа, оти егзархот си ја чува сосем неотстапно каузата на егзархијата во Македонија како единствен раководител на духовно — општествениот живот таму. На оваа подлога тој не се покажуваше склонен да направи каква и да е отстапка. Така на пр. јас барав некој учител да биде каде било, а егзархот приговараше на пр. дека овај учител бил провинет во нешто ваму понапред и оти не можел тој учител да биде таму. Јас му докажував, оти интересите на организацијата сега стоат погоре отколку престижот на егзархиските чиновници и дека пред овие интереси на организацијата тој треба да жртвува уште ситни работи на чиновничката дисциплина. Ова се му се гледаше многу крајно, цел преврат. Тој сам призна, оти неговите луѓе се веќе 45% во наши раце, но што сум дошол јас и тука во Цариград да му ги разбуричкуваме работите? Најсетне јас му реков, дека ќе ја натераме егзархијата да ги исполни сакањата на организацијата, имено исплашувајќи му ги чиновниците во егзархијата, кои што ќе ја напуштат егзархијата, ќе ги заплашиме и истераме учителите, што се прогив нас со егзархијата, ќе им сугерираме на учениците да ги напуштат гимназиите и т.н. и тие ќе ги напуштат. Му докажував, оти младината е веќе во наши раце и оти интересите на егзархијата треба да им отстапат на нашите интереси. По принцип ние сами сакаме да го запазиме црковно-учебното дело, надворешно и дека ќе и помагаме на егзархијата, колку за тоа, но егзархијата треба веќе да оди по нас; назад да го повратиме текот е невозможно. Егзархот се обиде да ја заштити еволуционата дејност на егзархијата пред револуционата, дека црковно-учебното дело ја спасило Бугарија итн дека револуционото дело носи само разрушување. Јас му го докажував обратното. Не можеше да ми оспори, оти револуционото дело кај нас се јавува за стапало погоре над црковно-учебното дело и дека овој факт веќе се налага. Моите наводи беа многу категорични, превратаџиски. Најпосле егзархот удри на друга тема; „Не сум ли и јас патриот, џанам не му служам ли јас толку време на тој народ, зошто да се вршат тие работи без да знам јас?“ итн. Разбрав, оти егзархот сака да ги знае нишките на делото. Тогаш разбрав и оти првата идеја да се роди револуционото „Братство“ се родила во егзархијата, може би во главата на егзархот. Јас му докажував, дека поради неговата положба ние треба нарочно да одбегнуваме да го посветуваме во овие работи. Но тој не се убеди, си остана на мислење, оти тој може да знае и да биде дури полезен, а всушност, дека би требало нишките на делото да бидат во неговите раце. Тој се плачеше, дека бугарската влада со акцијата од 1895 година му го разбуричкала делото во Македонија, дека се` ова му пречи пред турската влада и т.н. Му се плашеше окото од нашите младински вовлеченија, дека може да се симне сето дело на егзархијата. Јас бев екзалтиран, не малу реско зборував, длабоко убеден, дека нашето дело е право, и сакав на прво место од егзархот да биде умен, да не ја преследува нашата кауза. Му повторував, дека ние сме веќе силата во земјата и апелирав на неговата благоразумност, за да се избегнат судрувања. Егзархот го снижи тонот и молкна. Јас се простив со него уверен, дека се ќе успеам со својата мисија.
 
Меѓутоа Лазаров го напушти Цариград уште додека бев таму. Јас стоав таму 40 дена. Ризов пред мене, на пат за Скопје како трговски агент, се одбил при егзархот и се претставил како задолжен од В.К. и од владата да изнесе сакања на В.К. Тој предал список за да се преместат некои учители, а други да се назначат. Беше предал список од В.К., спроти кој што меѓу другото Даме да не биде во Солун, јас,м да не сум во Софија, ами преку бугарската влада да ме натераат така што да ме назначат за учител. За Скопско се произнесол за некои лица и побарал други да појдат. Егзархот ми го претстави овој список, но јас реков, оти не го признавам, бидејќи само Ц.К. има право да прави такви списоци, а не В.К. тогаш разбра егзархот, дека јас не стоам арно со Ризов така да тогаш егзархот почна преку Селџобалиев да ме поднаговорува да сум примел да ме назначат за инспектор во Скопско за да ги парализирам дејствијата на Ризов. Егзархот не го милува Ризов и тој го примил само по должност, но внатрешно тој се плашел да не би Ризов се истакнувал многу и да не ја парализира улогата на егзархијата. Егзархот се плаши од секого што би можел со нешто да го намали неговиот престиж на единствен авторитет. Воопшто Ризов, како агент, во очите на егзархот беше непријатен и тој се плашеше од неговата дејност. Затоа фактот, што јас му го оспорував правото на Ризов и на В.К. да се мешаат во учебното дело во Македонија, всушност беше пријатен на егзархијата така да се осмелија да ми предлагаат отворено да го парализирам Ризова во Скопско: „Кој знае што работа ќе врши тој итрец!“ — рече Селџобалиев. — “Негово блаженство веднаш би те назначил“. Многу го обвунуваа Ризов, дека е способен да ја поткопува егзархијата главно со својот авторитет на агент на бугарската влада. Егзархот многу се стегаше за своите права и во однос на бугарската влада. Во Стоилов се гледаше, дека еден од мотивите за да праќа агенти беше навистина стравот од нас, но и стравот дека егзархијата може да ја заведува бугарската влада. Егзархот затоа секогаш лошо ги третираше сите чиновници, што му беа натрапени од бугарската влада. И Лазаров тој лошо го третираше, бидејќи беше испратен од Стамболов. Долго време не сакал тој да го прима Лазаров и после тој нарочно завел ред така што по учебниот оддел се` се прегледува и потпишува од егзархот. Таков е егзархот. Најпосле по прашањето, за кое што бев дошол, чиновниците разбраа, дека егзархот не ќе смее да се противи и ги примија нашите сакања по списокот.
 
Стоав тогаш во Цариград со ѓаволувања, кое по разни хотели, кое во Бујукдере, кое во куќата на Селџобалиев. Бев останал без пари. Тогаш стана осветувањето на црквата во Цариград. Дојдоа сума гости од Софија. Јас се прикрив од нив. Но Николаев учител — управител на луѓе, ме виде и се уплаши. Отидов на Халки, таму беше Величков ми препорачи еден хотел. Бев со голема брада, лошо облечен. Слугата сомнително ме изгледа. Тогаш се водеше голема потрага против ерменците, се сообразив, го повикав газдата: Ќе те направам резил пред еден твој пријател, ме прати тука Величко ефенди, твој пријател, а ти си ми дал ваква лоша соба“. Штом разбра, дека сум Бугарин и т.н. се заинтересува оној грк-шпекулант, праша, ќе дојдат ли многу Бугари за осветувањето на црквата. Тој зеде да ме моли да му доведам Бугари муштерии и ми даде поарна соба и храна. Куртулив. Величков беше тогаш министер.
 
Со параход кинисав од Цариград за Варна одново со непрегледан пашапорт. Се вратив во почетокот на септември. Оттогаш стана обичај, што Ц.К. за поглавни сили предаваше пред почетокот на учебната година список во егзархијата. И сега овој обичај оди. Но и тогаш егзархијата не исполни се, што сакавме; не сите сили, означени во списокот беа назначени, но воглавно се исполни: тогаш се готвеше сеопшт крах, Дамета го беа веќе ослободиле итн. така да се предодврати.
 
После востанието (егзархот ја зеде пак нишката во свои раце, а минатата година веќе имаше за прв пат генерално ослободување на замениците, и секој обид, за да се спречи тоа, немаше да има успех, зошто организацијата немаше веќе авторитет. Не е работа да стрелаш. Тогаш бевме сила, тогаш Стоилов му рекол на Мишев: „И ние тука не можеме да се расправиме со нив, гледајте да се расправите со мирно“. Јас секогаш сум ја држел тактиката да избегнуваме земање-давање со владата поради кое што им импониравме повеќе. Имаше подрекувања за сретнување со кнезот. Паисиј, калуѓер во Рила, ни напомнуваше за тоа, но ние со Делчев имавме принцип: „подалеку од офиициелни личности“. Со ова многу постигнавме. После, кога дојдоа Матов и Тлтарчев, министер Данев побарал сретба, за да се сретне Татарчев со гроф Ламсдорф. Ризов, Љапчев, Карајовев и др. навалуваа. Јас и Делчев се спротививме, зошто со тоа се изменуваше сета дотогашна наша тактика. Јас бев секогаш да инпонираме со мистериозноста на нашата организација, да избегнуваме насилија. Ни една смртна пресуда не сум потпишал! И сум препорачувал секогаш да се воздејствува со други доводи, без терор. Теророт е терор, кога дејствува како плашило само со своето име, а тој станува опасно оружје за самите нас, штом дојде да се применува.
 
10 јуни.
 
Ние го уредивме Сарафовскиот комитет, тој беше наш продукт. При таа положба решивме да го земеме комитетот преку наши сочувственици, ние да си останеме одделни, а тој ќе си биде В.К. Друштвата сметавме да ги реорганизираме, да имаат предвид чисто револуционерна кауза. Однапред се споразумивме со новите членови на комитетот, дека ние ќе имаме право да учествуваме на заседанијата на комитетот; ние нема да земаме одговорност за тоа што ќе го врши В.К. но се ќе станува со наше знаење и согласност. Од своја страна ние ветивме поткрепа со поенергични и попредани луѓе, дојдени одвнатре, со кои што би се соживела дејноста на комитетот, особено во провинцијата. Така и стана. Со ова се подудри авторитетот на тукашните македонствујушчи.
 
Моја идеја беше да се најде меѓу македонствујушчите некое угледно лице, истовремено и доближено до нашите идеи, за да биде избрано за протседател на комитетот. Уште не се осмелувавме да го дадеме наполно В.К. во рацете на офицерчињата. Цончев уште не се решаваше да си даде оставка и да стане претседател; ние тогаш ќе го примевме. Со цел да најдеме погодно лице и да ја подготвиме почвата за новиот комитет, јас превзедов една долга обиколка по јужна и северна Бугарија, по сите градови. Врбував нови сили; каде имаше Македонец, посакав да се запознаам со него и да го испитам за дз знам, на кого можеме да се ослониме. Не можев да најдам ниту еден, кој што да ги споделува моите возгледи и да се сложи наполно со револуционерното дело. Сите одобруваа, но сами не се ангажираа. Гледиштето им беше, дека организацијата тука е бесилна, и не им се веруваше, дека оваа организација тука ќе може да се соживи до степен, така што да стане тоа, кое што го очекував. Воопшто револуционерното дело им се гледаше утопија. Даме и Ризов не допуштаа, дека може да се засили дејноста на комитетот, дека општеството ќе се заиитересира толку за делото, дека ќе можеме да пласираме заем дури до 50 илјади лева. Ризов велеше, дека тој прв ќе ни ракоплеска на публично место, ако успееме да собереме 50.000 лева. Општа недоверба. Јас ги поканив сите повидни Македонци во провинцијата, што беа директно или индиректно замешани во борбите на македонското дело, и претрпев фијаско. Секој, кој што колку-толку држеше на себе не сакаше да се ангажира, да станува смешен. Во Шумен и Варна имав долги и широки разговори со пополковникот Стеван Николов и со Јанков за да видам да ли можат да ја зафатат претседателската должност. Впечатлението ми беше, оти не одговараат на нашите барања. Николов ми направи впечатление на човек тежок, со слаб ум, а Јанков на човек лесен. Во Разград го поканив Славчета Бабаџанов да стане претседател на комитетот. Беше постар од Бориса и Бозуков, што си ја даваа кандидатурата. Јас отпрвин не ги сакав нив, не сакав да им го поверам претседателството, јас барав човек, со каква годе положба во општеството, со извесна тежина. Го поканив Паунчев, кој што беше учител во Варна; ми откажа отворено уште во почетокот како невреден. Го поканив Панов (Кушев) од Видин, адвокат, Велешанец. Го поканив доста настојчиво Димитар Благоев, социјалистот (водачот на социјалистите). Јас не гледав какви му се разбирањата ами барав чесен човек. Го поканив Иванов (Иван Иванич, „Чамовата даска“) адвокатот, откажа. Сите ми откажаа, од недоверба, зошто им се гледаше рискувано тоа. Неопходна беше работата за овој калап луѓе.
 
Остануваше да се задоволиме со офицерството од 1895 година. Јас мислев од нив да земеме во комитетот помалку, за да ги исползуваме направо во работата. Офицерите силно настојуваа да се смешаме така да јас го земам претседателското место. Не се согласив. Бориса го претполагаме пред Бозуков, како постоанен. Многу пријатели се прснаа низ провинцијата да го подржат нашиот програм и нашата листа за претстоеќиот конгрес. Нашата листа беше подготвена по список. Па и на конгресот се поведе агитација и се прими нашата листа без опозиција, благодарејќи на неблагоразумноста на составот на комитетот, во кој што бевте и Вие. Сарафов излезе на чело. На сите очите им беа во нас, не гледаа толку, кои ќе бидат во комитетот, ами сите се утешуваа со мислата, оти од сега натаму В.К. ќе работи во согласност со нас, Ц.К.
 
Во почетокот на комитетот нашето соучество беше полно. Работите ги почнавме на чисто другарска основа со догвпор, дека тие ќе фигурират во Бугарија, но дека потпорот, крепоста ќе бидеме ние. Офицерството во почетокот не превземаше ништо без наше знаење и согласност. Самиот Борис велеше: „Ние сме фирмата, а Ѓорче е комитетот“.
 
Се започна работа со голема верба, дека ќе ја соживиме Бугарија. Беше настапило полно мртвило по македонските работи. Надворешните луѓе не веруваа, дека тука организацијата може да се соживи, да стане животоспособна и дееспособна. Со силна верба и енергија, дека ќе го постигнеме тоа кое што другите го мислеа за непостижно, се пуштивме во работа директно кон целта: почнавме да ја рашируваме организационата мрежа со запишување повеќе членови во месни друштва и со пласирање на заемот. Отпрвин главно сметавме на друштвата, мислевме дека само од членски внос ќе можеме да примиме неколку стотини илјади лева. Дури од весникот чекавме 50 дури до сто илјади лева, — верувавме, дека ќе го рашириме до последната колиба. Со таква верба и енергија се фрливме на работа. За да дадеме признак на живот, нарочно сакавме со брзи чекори да направиме впечатление. Беше добра дружбата: нивната млада енергија, соединета со моето искуство и со мојот такт. Ако бевме се` така задружно продолжиле, многу добри ќе беа резултатите.
 
Најнапред си ја разделивме Бугарија на участоци, ние самите лично да излеземе по Бугарија воглавно за пласирање на заемот и за реформирање на друштвата. Составите секаде требаше да се изменат да ги пополнат помлади, поенергични луѓе. Резултатите од друштвата не беа големи; поголеми беа од заемот.
 
Брзо се создаде во Бугарија сосем друга атмосфера во полза на македонското дело. Насекаде многу радосно се пречека нашата дружба со В.К., тоа беше основата на новата сила, со која што комитетот тука се осети. Немаше отпрвиин определено решение за применување терористички средства, ами само по себе тоа си излезе како резултат на распалени работници, а после и како средство на нашите агенти. Владата на Радославов уште отпрвин погледна лесно на тоа и малу-помалу после одпадокот на првиот искрен порив кај нашите подобри агенти тоа се заврти во систем, се изроди веќе и почна да му тежи на општеството. Должност беше на В.К. да го премавни или да го стави во рамки. До една година работите одеа во општеството по овај пат со добри резултати, материјални и морални. Во првиот конгрес по една година ние излеговме со еден буџет од 450 илјади лева. А исто така веќе и во редовите на подржниците на комитетот имаше луѓе, кои што по општествен положај можеа смело да се мерат со членовите на бившиот В.К. Отчетот состанен од мене, почна да го чита Борис, но не можеше да го чита и јас продолжив. Прв пат јас и Делчев присуствувавме на конгресот. Сите беа доволни од нас, не` дочекаа со ракоплескање. Приход 450 илјади! Кој можеше да противуречи?! Љапчев беше таму, но повеќе молчеше, макар се` да се стремеше да протурка национален и политички елемент во решенијата, но не успеваше, зошто струјата беше во наша полза, — бурно и решавачко. Тогаш се оформи превратот од старите положби на В.К. кон нашите барања дека и тука емиграцијата треба да го прегрне патот на револуцијата. Револуциониот дипломатски пат на тукашната организација веќе се прогласи изоставен. Јас бев на врвот на среќата: тоа, што го сакав и што го проповедував, го гледав остварено. Тогаш конгресот го прими преработениот од мене устав и правилник на тукашната организација во духот на казаната идеја, дека тука се прегрнува револуционерниот пат и и` се дава предимство на Внатрешната организација. Тоа беше огромен успех на македонското дело: револуционерната идеја беше веќе внесена и во тукашката емиграција. Тоа јас во текот на години со упорна борба го проповедував, — борба со В.К., кој што сакаше само да дипломатствува и да води прва улога. Јас мислев дека штом тоа се прими тука, тоа ќе даде јак поттик внатре, ќе го тласне револуционерното дело напред, спомогнувајќи го со материјални средства. И тоа се постигна, само што од големо засилување дури и се форсира движењето така да и востанието стана пред време. Да не беше се засилил В.К. по време на Сарафовскиот комитет не ќе имаше ново форсирање, но сигурно е дека и внатре нашата организација многу брзо ќе врвеше. Не можеше да се каже, дека ќе можеме да излеземе од фазисот на проповедите кон вистинска револуција без таа помош, што ни доаѓаше оттука, морална и материјална. И ако емиграцијата не беше ја создала тука организацијата со В.К. на чело, ќе ја создадевме ние.План за соответна дејност се растројува, поради кусогледање од двете страни. — Тајно решење на офицерите постепено да ја земат В.О. во свои раце. — Првите дејствија на В.К. за да се приложи тоа решење. — Сарафов лекоумно се доверува на Фитовски, турски шпиун. — Предателството на Фитовски. — Разногласија меѓу Петров и Сарафов. — Нелојален став на В.К. спрема Ц.К.
 
Без Бугарија не можевме да поминеме. Јас сакав да ја канализирам тукашната сила да се слее со нас, но произлегоа конфликти, зошто од една страна наши луѓе се укажаа педантни, сакајќи така што тукашните дејци потполно да се сродат со внатрешните по погледите и приеми, и обратно тукашните почнаа упорно да го спротивставуваат пак своето чисто бугарско државно гледиште. Тоа беше кусогледство од обете страни. Ние сакавме не само да ја имаме широката печалба, материјал и луѓе од тука, туку и сакавме совршено да ги потчиниме на нашата дисциплина. Јас знаев, дека тоа таму лесно да се постигне е невозможно, но гледав колку се може повеќе да ја исползуваме емиграцијата за нашето дело. Кога после една година до 20 души офицери оттука посакаа да одат внатре, се согласив по принцип, но слкав и им советував да појдат не купче, за да не изгледа, оти тие завладуваат, оти тие внесуваат нов дух, ами да одат двајца по двајца во различно време во различни места, полесно се асимилираат со нашите дејци, да не внесуваат одеднаш голема разлика за да може да работат. К`е се постигнеше смешување на овдешни и тамошни сили, взаемно дејство, полно природно сливање. Но не ја усвоија овааа мисла, кое што не ја разбираа, кое што беше мачно да се реализира, зошто не секој можеше да отидне до тоа самоодрекнување така што да влезе во чета, да живее на општи начела со четниците, да заборави фамилија, да се ослободи од своето класово воспитание и предрасудоци. Офицерите сите беа овладеани од тие свои недостатоци, и затоа дојдовме до идејата да обидиме со фелдфебели. Ние и понапред баравме најголем потпор во млади, демократски сили, и такви сили спроведувавме. Но одвнатре се осети потреба од бојни луѓе. Претенциозноста на офицерите беше пречка. Фелдфебелите беа со по мали претензии така да можеа полесно да се слијат со тамошните наши работници без да се породува разлика на надворешни и внатрешни. Поканивме и офицери да појдат вака поединечно, нио тие откажаа, зошто тоа не се согласуваше со нивната интимна тенденција, што јас веднаш ја сфатив. Уште кога комитетот однапред се составуваше, Сарафовскиот, дваесетина души офицери од замешаните, во тој број и другарите од комитетот на чело со Цончев, Јанков и потполковникот Николов, се збирале на приватни советувања без мене и Делчев, тајно, и зедоа општо решение така што организацијата внатре, да се превземе од офицери, а Ц.К. исто така да мине во рацете на офицери внатре, и кога ќе се постигне тоа, генерал Цончев да си даде оставка и да го земе претседателското место во В.К. така да целото ослободително дело да падне во офицерски раце и офицерите да изведат востание во што покус рок. Дури кога се отцепи Борис од Цончев, ми го исповеда ова, што го знаев јас и одоколу. Тие си скроиле и план, како да стане востанието: да ја разделат Македонија на 14 востанички окрузи под шефовите на 14 офицери и други подофицери, а генерал Цончев тука да спреми се` за востанието и со големи сили од тука да навлезе во Македонија, значи како во 1895 година со разлика, што к`е ја имаат подршката и одвнатре. Главно е, дека и тогаш тие имале недоверба во дееспособноста на внатрешното население, така сиот свој надеж го базирале на тукашните резерви, што би ги повеле тие како доброволци.
 
Јас таму се излагав во почетокот, кога ги поткрепив офицерите, што не бев ја разбрал особената класова психика на офицерите, што тие не се во состојба ништо да вршат, без да ги смешаат своите класови наклоности. Беа ги задолжиле Сарафов и другарите со чисто завладувачка мисија, наиме тука тие да ја земат организацијата во свои раце и да можат да ја крепат и наспроти мене и Делчев, да не направат излишни, а внатре да уфрлат офицери и други војни сили, така да комитетот може еден ден од тука да ја превземе В.О. по општ план. Сето тоа требало да се врши тактично, да не го забележиме ние, зошто биле уверени, дека ние нема да го примиме, ако излезат отворено. Затоа — со итрост да ни се наложат еден ден. Систем на изигрување. Тие беа во едно уверени, дека само тие најдобро можат да ја ослободат Македонија, а играше улога и класовата офицерска честољубивост, тие да го извршат.
 
Борис во едно собрание, на кое што присуствуваа Цончев со 18-20 офицери, јас и Делчев, се` се испушти и рече дека секој поручник може да биде министер, такви умни биле тие. Ова јас го разбрав веќе и го прашав Цончев, го споделува ли ова мнение на Бориса. Тој мокна — итрец.
 
11 јуни.
 
Јас разбрав за ова тајно решение од Давидов во разговори, од Гаруфалов, а потполно го разбрав од полковникот Јанков на една сретба меѓу нас — мене и Делчев и офицерите. Јанков беше доста глуп и се издаде. Јас го подразбрав ова решение по мерките, што ги земаа тие и препорачуваа да се земат уште првите месеци, ги видов нивните желби во општи црти. Во своите писма до другарите во Солун соопштував за овие свои откривања. Воопшто пишував долги писма таму, во кои што им ја опишував подобро целата тукашна ситуација така да воопште ги опишував луѓето, фракциите итн., за да можат да си ја претстават тукашната положба, — ги осветлував сестрано. Со три шифри едновремено јас тогаш слободно си пишував како со обично писмо. Така редовно ги осведомував од денот на идењето ми во Софија до денот, кога ги заточија.
 
На конгресот се преизбра истиот комитет; само на место Бозуков се избра Саракинов. Конгресот пак даде директива: го ополномоштува В.К. да биде во врска со внатрешноста; ја прегрнува револуционерната дејност. Се предвиде за оние суми, што се трошат во внатрешноста, да не се разгласува, туку една комисија да ги прегледува сметките и само да му соопштува на конгресот, правилно или неправилно се потрошени.
 
Однапред ни беше уговорено, дека општувањата со внатрешноста ќе стануваат преку мене и Делчев, ние к`е ја водиме кореспонденцијата со пограничните внатрешни околии и со Ц.К. Надвор од друштвата на В.К. во пограничните тукашни околии ќе имаме свои специјални луѓе, што к`е работат со внатрешноста и што к`е зависат од мене и од Делчев. На другарска основа сакавме да го држиме во тек, В.К. за се, што има да се врши и што се врши внатре. Овај ред беше по взаемна согласност примен и записнички одобрен. Целта ми беше, да не станува форсирање, но да остане ваква практика, зошто не ја исклучував возможноста да дојде утре друг состав на В.К., со кој што не би могле ние внатрешните да работиме.
 
Штом се добија првите добри резултати од првата обиколка, а таа беше после 2-3 месеци откако се установивме (конституиравме), уште во почетокот забележив признаци, по кои се гледаше, дека офицерите почнуваат да се служат со тајни споразумевања.
 
1 — во. Момчињата од внатрешноста, што доаѓаа тука, бидејќи требаше да ги издржува В.К., Сарафов и С—ие посакаа овие момчиња да зависат од нив, а не од мене и Делчев; како што беше уговорено. Тие требаше само да збираат пари и да ни помагаат, а ние ќе им помогнеме да ги соберат тука; тие не треба да се мешаат во внатрешните работи, како што сакаше В.К. Почнаа да им даваат на момчината предебела издршка, не во духот на дотогашната наша практика, за да ги предрасположат кон себе. Напр. почнаа да дават плата по 60—100, дури и 150 лева месечно. Првите судирања ни беа по ова прашање. Момчината понапред се натпреваруваа, кој повеќе да гладува, кој повек`е да покаже самоодрекнување, а сега фатија да си завидуваат, кој повеќе плата добива. Последица на ова беше, што момчињата, што доаѓаа од внатрешноста, фатија настојателно да бараат големи помошти и плати — имало — немало. Овој разврат го предвидев. И, навистина внатрешните момчиња тогаш се разделија на две: морално послабите примија плати, а појаките не примија и си отидоа внатре. Така напр. Чернопеев и Михаил Попето во првото сретнување со офицерите, кога им се направија предлозите, оти ќе им се даваат пари за да се облекуваат арно и други средства, тие се потресоа, демонстративно ја напуштија канцеларијата, си ги зедоа пушките и отидоа внатре.
 
И самиот, Делчев, кога ги виде овие работи, се потресе, и како нестрплив отиде внатре, без да им речи дури и збогум, а ме остави мене да се расправам со нив. Борис беше главата на овие тенденции кон раскошност.
 
Во тоа време стана убиството на Михајљано и Фитовски. Делчев беше отишол, а јас во Бургас збирав пари. Бев ги поминал Хасково, Харманли, Јамбол, Казалагач, Бургас. Борис беше за истата цел во Русе. Некој си Фитовски, како што се разбра после, турски шпиун, нарочно, се гледа, се префрлил преку Дунав во Русе, се ставил со Бориса, му се претставил за македонски патриот, го испрашал да ли му требаат пушки, и кога му го потврдил Борис ова, го прашал, какви пушки ни требаат. Покрај тоа дознал од Бориса, и други кекои работи, божем со цел да ни услужи. Му се ветил дека може да се достави од Румунија колку сакаме пушки, зошто божем бил во врска со некои високи големци во Румунија. Борис му поверувал, се согласил, скроиле план и му препорачал свои луѓе — капетан Трлев, пожарни командир во Русе, поручник Софрониј Стојанов, поручник Камбуров — и му даде ми се чини и некаква сума пари како аванс. Слабост кај Бориса. После малу време турското комесарство со нота протестира пред бугарската влада поради посегнувањето на комитетот да набави пушки од Румунија, и ги изложува сите оние работи што му ги кажувал Борис на Фитовски. Излезе, оти Фитовски бил турски шпиун, дојден од Цариград во Софија, после појден по Бориса во Русе и ваму се што дознал, го доложил на турската влада. Се` ова Борис на своја глава и на своја лична одговорност беше го вршел. Ние бевме тогаш растурени. Бозуков беше тогаш во Коприштенско. Во истото време некој си студент Тодоров, Бугарин од Букурешт, му се препорачал на Бориса за македонски патриот, и Борис веднаш поверувал и го ополномоштил да оди во Букурешт и да образува комитет, препорачувајќи му ги и лицата, кои што јас и Борис пред две години ги бевме врбувале ваму за нашата кауза. Штом се вратил Борис тука, без да ме дочека да се вратам од Бургас, ги испраќа две-три момчиња од внатрешните (уште немаше тукашни момчиња врбувани за терористи) на чело со Никола Митев да го убијат Фитовски во Букурешт. Никола Митев беше добра сила, одличен работник од Кукуш. Ги препорачал Борис до истиоит Тодоров и после убиството полицијата го фаќа Тодоров и овај ги кажа момчињата, ја разоткри целата работа и ги разоткри сите планови, за какви што Борис му беше зборувал преувеличувајќи многу работи, за да си издејствува за себе милост од владата. Јас бев во Бургас; и весниците грмнаа, им ги читав имината на момчината. По рвој повод имавме со Бориса расправија за момчињата; особено за Митев ни беше жал, кој го владееше мајсторството на бомбите — да ги прави, а ова беше за нас многу важно. Имавме расправија и по разни прашања, напр. како така испраќа Борис мои внатрешни момчиња по работа надвор од внатрешните работи. Од тогаш Борис зафати се почесто да се служи со наши момчиња во името на платата, што ја даваше. Овој разврат и ова отстапување од договорот многу ме загрижуваше.
 
2 — ро. Рековме, оти со Ц.К. ќе ја водам јас кореспонденцијата, а тука во Бугарија ќе ја води секретарот Ковачев. Преку Бозуков комитетот се обиде целата кореспонденција и со внатрешноста да ја сосредоточи во рацете на секретарот Славчо Ковачев. Тенденцијата на ова сакање беше век`е јавно издавање на скриени намеренија, имено да го направат излишно претставителството на Ц.К., а ова работа да ја врши В.К. Излегуваше исто, што сакаше порано В.К., само сега под друга форма. Јас долго упорствував, зошто јасно го разбрав ова тајно намерение, на кое што му придавав големо значење. Се води преписка со Ц.К. по исто прашање, но најнакрај требаше јас да поотстапам предвид на тоа, што работите иначе одеа арно, така да не излегуваат пред светот сенки на разногласност. Ова стана по споразум со другарите во Солун, кои што решија, што, разбирајќи ги добро нивните намеренија, да се покажеме отстапливи, за да не се расипиме со разногласност пред луѓето. Да беше Делчев тука, по никој начин немаше да отстапам. Но сам, — требаше; другарите внатре беа отстапливи, а пак јас и така бев и понапред од другиот В.К. многу напаѓан заради својата неотстапливост. Отстапката беше таа, што записничките решенија на тукашниот комитет со мене заедно да ги препишува секретарот и да ги испрак`а во Солун, но со спрема потпис и од мене. А за себе јас го запазив личното право да си пишувам во Солун и да ги осветлувам своите другари за се` што нагледувам. Ова господата офицерчиња не го разбраа. Тие мислеа, дека кога решават со мнозинство, јас треба веќе тие решенија дури да ги бранам пред Ц.К. Скоро тие си ја зедоа слободата да си пишуваат направо во Ц.К. и без моја согласност и без да спремапотпишам, што си сакаат. Исто ваков спор постепено се породи за општувањето на пограничните пунктовски началници во Бугарија со нас. Малу-помалу и ваму го побараа истото право — секретарот на В.К. да се разбира со нив направо. И тука требаше да поотстапам, зошто застрашуваа, дека ќе го запрат испрак`ањето на оружје внатре, малу-помалу тие ги превртија тие наши пунктовски началници во агенти на тукашниот комитет вместо на В.К., како што си беа понапред. Имав спорови по ова. И пунктовските началници се разделија брзо на две, и предвид на материјалните облаги им се предадоа наполно, напр. Никола Зографов, саатчија, во Кустендил. А посамостојните само за лице се согласија, внатрешно си останаа приврзани на В.О., напр. Малешевски во Дупница, решени да се чуваат од поголеми посегнувања.
 
Проследува претенција од комитетот та се општува направо со погранични внатрешни околии. Ваму веќе не им отстапив и се запази правото така што само Ц.К. да општува со нив. Наспроти тоа тие пак со крадење си позволуваа да пишуваат напр. ќе дојде писмо за мене одвнатре, тие, кога к`е ме нема мене, ќе го прочитаат писмто и к`е си позволат да одговорат на писмото без да ме прашаат.
 
Така тие од самиот почеток — после првиот успех во 3—4 месеци — се обидоа да не направат нас, како претставители на В.О., излишни. Отпрвин тие само со итрини, а после осетувајќи се зајакнати, почнаа и поагресивно да настапуваат. Правото, тие да ги земат нишките во свои раце го мотивираа, што давал комитетот материјали за внатрешноста. Забораваа, оти тие, офицерскиот комитет, постоеја само во името на нашиот авторитет, на нашата кауза. Мнозина се примирија со овој офицерски комитет, особено со Бориса на чело, само за тоа, што јас и Делчев сме зад нив и што не ќе ги оставиме да вршат глупости. Ризов така се изразуваше.
 
Таму се отпочна политиката на надигрување, изигрување, да се издигнат прво во нашо име, а после издигнати, да почнат да ја применуваат не нашата програма, ами својата тајна, офицерска програма, која што радикално се разликуваше од нашата. Уште тогаш, кога го подразбравме се ова, тие беа во очите наши издајници на нашата кауза, на која што беа се ветиле да и` служат до крај. Колку и да го знаевме ова јас и другарите во Солун, требаше да бидеме отстапливи за да не даваме повод за нови раздори и меѓусебни борби, решавајќи се само да ја чуваме внатрешноста строго независна. Нивното — на офицерите поведение беше неморално, издајничко.
 
3-то. Уште при првите успеси со пари луѓето почнаа да ги изменуваат своите први мислења за одот на идната револуционерна борба. Штом се видоа со пари и со положај, штом им се мерна возможноста во брзо време да префрлат оружје во Македонија, веднаш им се јави мислата да го форсираат припремањето за востание, и почнаа да брзат со тоа востание, без да сакаат да знаат за нашите претходни услови по тие прашања, за принципите на В.О. Јас пак се најдов во истата положба, во која што се најдував понапред во борба со В.К. кога сакаа оттука да го форсираат востанието. Јас бев во уште полоша положба сега, зошто им бевме веќе дале возможност на многу луѓе и наши сочувственици да влезат во прави општувања со В.К., а пак пред светот и ние минававме за содружници со нив.
 
Уште тогаш им се беа зародиле во главите, макар и неоформени, оние поими за револуционерна борба внатре, за времето и карактерот на востанието, за улогата на емиграцијата и на Бугарија од една страна и на В.О. од друга страна, за соодносите на чисто бојните елементи на организацијата итн., кои што се оформија после конечно во Цончевиот В.К.
 
Бозуков се искажа, тој рече: „Вие ќе го готвите востанието малу-помалу, додека тоа узрее за да биде „народно востание“, а пак напр. јас ќе подигнам сам, к`е навлезам во околија со една чета, к`е направам скандали, ќе прогласам востание изгорувајќи некое село или нападнувајк`и некој град, и после тоа сакат нејк`ат к`е дигнат востание и другите околии; Турците к`е ве натераат најпосле и ете ти Бозуков го подига востанието. Ова беше само израз, невнимателен, на тоа што било говорено меѓу офицерите и што се вршело во главите на офицерите. Почетокот на врховизмот беше веќе тогаш оформен.
 
Отпрвин со церемонија барем со Ц.К., најпосле почнаа отворено да агитираат пред надојдените луѓе одвнатре (војводи, дојдени да примат оружје и др.) во полза на хегемонијата на В.К., кон кои што требало да се обраќаат и од кои што требало се` да очекуваат. Особено луѓето, што ги врбувавме тука да ги испраќаме за внатре, секогаш на овие луѓе скришум од мене им сугерираа да се сметаат за луѓе на В.К., а не на В. организација. Ми се чини кон крајот на првата година и по првиот конгрес наскоро си беа позволиле да испратат во Солун секретно од мене и од Ц.К. божем како негови луѓе, да ги изучуваат неговите намеренија и работи и да му реферисуваат тука на В.К., — обидување за да има В.К. претставителство таму вместо да општува со ЦК тука преку нас. Тогаш јас бев му пишал на Ц.К. едно писмо во Солун, кое комитетот тука го беше фатил. Тоа беше приватно писмо до Перета Тошев, во кое што меѓу другото му ја опишував на Перета дволичната улога на офицерите и му ги потворав очите да не се доверуваат и да бидат претпазливи. Јас не знаев, оти таму бил Александар Кипров. Другарите Кипрови меѓутоа се биле доближиле со Ц.К., станале поверливи луѓе и имале пристап до архивата така да поминало писмото кај него и допаднало и во Софија. Писмото, спроти мене, не можело да направи особен ефект, зошто тие веќе го знаеја ова мое мнение, бевме спориле многу, но просто го зеле ова писмо за повод да земат решение да се откинат од мене, зошто тие се осетиле веќе јаки.
 
При првите непријатности меѓу нас и В.К. во првите месеци Делчев замина, налутен, со голема чета внатре. Со него беа и старите војводи Кочо Муструка и Крсто. И Бозуков посака да појде со Делчев, и овај го прими. Целта на четата беше просто да појдат кон Солун без определена цел. Уште по пат во Мелнишко и Демирхисарско, Бозуков и Делчев помеѓу себе оладнеле. Делчев си агитирал меѓу селаните, што се јавувале пред нив, во името на Ц.К. Бозуков се почуствувал пред авторитетот на Делчев без значење и не се решавал да агитира за В.К., да го поткрепува неговото значење. Зафатил да агитира меѓу момчињата за да ги расцепи и најпосле му изјавил на Делчев, дека не може со него да оди. Се разделиле, со него останале неколку тукашни момчиња, а другите — со Делчев. Делчев му пишал на Ц.К. да му дадат пат да помине од кај сака, но истовремено ја опишал својата расправа со Бозуков и самиот него. Но Бозуков, макар да имал отворен пат и да поминал по канал низ Поројско во Кукушко, се уверил, оти без Делчев сосем ништо свое не може да протурка, дека агитацијата никој не му ја слуша. Разочаран од ова, по покажувањата на некои тамошни луѓе, се обидол да фати едно богато турче од Дојран (идеја, која одамна им се беше меркала на нашите ваму, но не можеле да ја применат). Бозуков не успеал и во ова, се врати недоволен од Ц.К., недоволен од приемот внатре, а просто разјарен против Делчева. Ова доста ги разјари и другите офицерчиња против нас воопшто, зошто, се гледа, уште тогаш Бузуков имал мисија да ја сондира почвата за идните односи на В.К. кон ЦК. Јас требаше скротливо да дејствувам пред нив, да ги изгладувам лошите впечачоци одвнатре, за да не очајават од работа. Кога по некое време се врати тука и Делчев, тој со Бозуков не сакаше и да зборува, не сакаше и да се јавува во комитетот. Делчев внатре од своите разговори со Бозуков, од неговите претензии и неговото поведение беше дошол до истата увереност односно тајните намеренија на офицерите, што ги јас по други патишта открив тука. Кога си разменивме мисли по ова прашање, се уверивме, дека еднакво сме се увериле, еднакви впечатоци сме извлекле. Сарафов и С-ие беа многу недоволни, што Делчев., кога се беше вратил од внатре, не отиде да им рефериса за својата работа внатре. Тие ја кажаа отворено оваа своја претензија, а Делчев, особено кога го чу ова, насекиран, сткажа дури и да оди во комитетот. Пак јас можев одвај да го убедам да оди барем во комитетот, зошто инаку требаше и јас да престанам да го посетувам комитетот. Делчев се согласи дека не е време за отворен раздор, и почна пак да оди во комитетот.Недовербата кон офицерите од новиот В.К. се засилува. — Планот да се испратат во внатрешноста се осуетува. — После апсењето на Ц.К. во Солун се прави нов обид од В.К. да се наложи ма В.О. — Капетан Софрониј Стојанов во Солун. — Настроение против Г`орчета Петров и обид да го убијат. — Б. Сарафов откажува да му го отстапи своето место во В.К. на генерал Цончев. — Отворена борба меѓу нив. И двете партии усилено агитираат една против друга. — Победата наклонува во полза на Цончев.
 
12 јуни.
 
Неколку месеци по установувањето на комитетот (4-5 месеци), од кога офицерите се беа осетиле господари на ситуацијата, ги свикаа тука од провинцијата и Софија своите сочуственици офицери, до дваесетина души на чело со Цончев и Јанков, да им реферисаат, се гледа, што извршиле и да си ја определат својата понатамошна тактика. Тие се беа сретнувале на советување без нас, и изгледа, им се беа поплакале од нашата отпорност.
 
Обидот со Бозуков, моето упорно држање тука со полното разочарување на Делчев од нивната лојалност, изгледа, ги беа затресле, така да тие сакаа, изгледа, да земат нови решенија та некако да можат да подејствуваат за да отстапиме. Вака си го толкував јас, зошто пред да се соберат офицерите, комитетските офицери си беа позволиле да ја лансираат пред нас идејата, дека во Ц.К. требало да влезат двајца офицери и во сите окрузи така исто да влезат офицери.
 
На едно од нивните собранија бевме повикани да присуствуваме, јас и Делчев. Ова беше истото собрание, во кое што Сарафов ги рече овие зборови, дека секој поручник може да исполнува со достоинство министерска служба. На собранието беа си ја дале улогата божем на арбитар но нашите недоразуми и тоа со цел ние да поотстапиме. Доколку ми доаѓа на памет, со ова собрание, откако се пооплакавме ние од своите другари офицери, тие излегоа со нови сакања — да влезат двајца офицери во Ц.К. и да влезат 14 до 16 души офицери in corpore во внатрешноста и да се распределат по окрузите, да го завземат раководството на организацијата, Спорови долги. Не можевме да примиме, зошто ги гледавме нивните намеренија. Јанков и Гарофалов во разговор си ги открија неосетно картите — раководството на организацијата да прејди наполно во рацете па воените, а на нашите цивилни луѓе да им се остави интендантскиот дел. Подофицерите ќе илезеа како потчинети на офицерите и мрежата ќе беше полна. Ние отворено им кажавме, оти сме ја разбрале тенденцијата и не го примаме ова и ќе се бориме. Тие откажуваа, дека има таква тенденција, но бидејќи Јанков се распламна и ја искажа, тие беа збунети и се нафрлија и на Јанков. Но разговорите со нив јавно се искажа нивното поведение, дека внатрешните наши дејци учители се невредни луѓе па треба да бидат заменети со воени луѓе. Офицерите ја најдуваа веќе излишна понатамошната совесна подготовка на народот; сметаа, дека во овој поглед доста е направено, а нивниот главен надеж бил на оружаните сили, што ќе навлрезат оттука. Истото ова го сакаше и В.К. пред нив. Идејата за заедничко востание, што им ја истакнував јас во општи црти, тие ја примаа, но идејата за сенародно востание нме им беше пријатна, го сметаа населението внатре невредно, неспособно да се бори, како што мислеше и стариот В.К. по ова прашање. Веќе кај нив беше узреало прашањето, дека востанието треба оттука да се подигне, а моето настојување, дека востанието треба да биде краен резултат на долгогодишната револуционерна работа и деломична борба, тие си го толкуваа со нашата желба вечно да работиме, а никогаш да не свршиме. Кај нив патот беше јасен и краток — чисто по генерал Николаевски: собери пари, купи пушки, собери луѓе, навлези внатре и биди доволен, каква и да е помош да ти се даде. Кратко и јасно!
 
Во идеите по ова прашање не се разбравме; секој си остана на своето. Тие, иако недоволни, се преправаа дека нема да прибегнат до агресивност за применување на своите планови. Ние си останавме пак со увереноста, дека се тие готови на секакви лудости, а тие — дека ние сме непоправиви песимисти, ако тоа им беше во увереност. Нивниот предлог да влезат офицери внатре, ние по принцип не го отфрлавме, не можевме да го сториме тоа. Но им ја истакнавме сета извештаченост и несообразност на нивниот систем. Делчев не го оспоруваше никому правото да оди внатре, но истовремено си го задржуваше правото да се однесува со секого, како што знае тој. „Одете, — велеше тој — кој ве запира?“ Но ова офицерите не сакаа, ами сакаа согласие. И ја не им го отфрлав правото да одат во внатрешноста, Но не се согласував да одат наеднаш во групи, бидејќи тоа може да стане причина на раздор и ќе предизвика отпор кај внатрешните дејци. Се согласував да одат незабележено еден по еден, да бидат таму на расположение на Ц.К., за да можат да се слеат помеѓу местните работници, да се вдушат и по ерархиски ред да го завземат оноа положение во организацијата, што го заслужуваат со својата дејност. Остана statuquo-ante и да продолжиме, а офицерите секретно да зборуваат за иднината. Тие однапред определиле лица, кои отказаа штом им казав под кои условија ќе ги примам.
 
Славчо Ковачев сакаше да оди, ги готвеа Камбуров, Саракинов и др. Дури и оние што заминаа со моите условија, јас го запазив правото да се произнесам за личностите, бидејќи не сите ми се гледаа годни. Бидејќи работите внатре беа доста напреднале, сериозно се плашев неуравновесени луѓе да не влезат внатре, за да не би при една афера во некоја околија востание. Еден од мотивите за да упорствувам против одењето на офицерите in corpora беше, што со ова веќе се предрешаваше оттука прашањето за востанието без сметка за припременоста внатре. Односно офицерите, што сакаа да влезат во Ц.К., го префрливме прашањето на другарите во Солун, тие да се произнесат. Тие се произнесоа по прашањето. Испратија од нив, ми се чини, специјален пратеник, офицер да агитира пред Ц.К., зошто моето упорство ми го оддаваа на моето доктринерство, а на Делчев — на славољубивост, велејќи јавно оти Делчев сака да станува главнокомандувашт во востанието. Повек`е негодуваа на Делчев, имено зошто вака го подозираа. Тука недоволството против него доведе и до обидување да го смират Делчев со бој во комитетот, што стана попосле.
 
Прашањето за навлегувањето на офицерите умре само по себе, зошто нивните каидидати не ги примија нашите услови. А да навлезат без наша согласност уште не се решаваа. За офицерите во Ц.К. после долги споразуми, за да не доаѓа работата до раздор, другарите во Солун и покрај нашето искуство оттука се согласија да примат еден офицер со советодавен глас, запазувајќи ни го правото нам со Делчева тука да го избереме офицерот. По взаемна согласност тука со офицерите од комитетот се сопревме на капетан Димитар Венедиков, како поумерен меѓу нив и посвесен. Инструкциите, што му ги дадоа тие, изгледа, не беа го задоволиле, та посака и јас да го осветлам за положбата внатре и за улогата, што му се паѓа да ја игра таму. Најпосле и тој откажа да појде, зошто најде, дска се најдува кеѓу два камена, се убеди, дека улогата е нњблагодарна, бесполезна. Неговите другари го обвинуваа за нерешителност. Потоа ова прашање замолкна, зошто неразбирањата меѓу офицерите и нас се беа зголемиле.
 
Додека Ц.К. во Солун беше уапсен во целиот свој состав, тукашниот комитет реши да го исползува моментот, катастрофата, што ја постигна организацијата, така да одново го покрена прашањето и за офицери во Ц.К. и за мандат на тукашниот В.К. да работи по своја присмотра и покрај мене тука. Делчев тогаш беше во внатрешноста. Ваму беше настапило разочарување; Ц.К. го немаше. Ослободениот член Хаџи Николов ги пуштил уздите, беше решил за да се направи востание по секоја цена. Пишал окружно до околиите да прават востание, „беше таа веќе“, а тука пратил на В.К. полномошно за да подигне востание и покрај мене. Пратил и бели бланки со печатот на Ц.К. до тукашниот В.К., со тие бланки, исполнети со полномошно, да се пратат офицери по околиите, како што ќе најдат за арно.
 
Јас бев сам тука; немаше наши верни луѓе тука, а јас се најдував во отворена борба со офицерите од комитетот. Поради катастрофата во Солун, тие зедоа сила, но во истото време моето упорство ги беше затресло, за да не би им се тука разнишала положбата како комитет во Бугарија. Разбрканата положба во внатрешноста не им даваше кураж за да се фрлат во авантура. Јас им бев секако потребен.
 
После катастрофата во Солун оттука го испратиле капетан Софрониј Стојанов да влезе како член во Ц.К. Овој од Солун им известил, дека таму е мачно да се стои и дека во внатрешноста положбата е разбркана. А нивното решение, да изведат востание, се крепеше на готовата почва — да се качат на коњ и да тргнат. Полномошната им дојдоа, но никој од офицерите не се решаваше да појде во Солун во Ц.К. да навлезат со чети, да дигнат востание, изгледа, исто така не можеа да се решат. Пред ова неизвесност на положбата тука и внатре ги собраа сите свои блиски пријатели оттука и провинцијата, офицери околу 30-40 души, за да определат, што да прават. Како најлесно брзо зеле решение, дека мене треба да ме мавнат од Бугарија или да ме убијат. Четворица со ред си ги предложиле услугите да појдат за да ме убијат, додека неуспеат. Славчо Ковачев бил прв. За да можат да си ја осигураат положбата тука јас пречев, бидејќи ја претставував моралната сила на Ц.К. Нивното решение ми дојде до уши. Добив непосредни претњи за убиство, ако не си појдам во внатрешноста. Имаше следење а еден ден Славчо Ковачев дојде свечено дома да ме убива затоа што тие полномошна, што ги беше издејствувал од X. Николов Софрониј Стојанов, беа задоцниле, а тие помислиле, дека јас сум ги запрел. Јас отворено му реков, дека знам, зошто дошол; му кажав дека не сум добил такви полномошна. Се заврти на разговор и после појдовме на гостилница и пиевме бира. Борис го беше боцкал за да ме заплаши, но не` сакал до крајност да појдат да ме убијат. Положбата им беше — ни со мене, ни без мене. Не беа самоуверени во својот ум. Ова се вршеше во есента и зимата втората година. Овај кураж го зедоа после првиот конгрес. На конгресот јас ги подржував и Делчев исто; се` си мислевме, дека ќе се поправат работите, сметавме на себе, а не сакавме да излезе во јавност раздорот, за да не клапне делото.
 
Во оние собранија од 30-40 души (без Цончев и без потполковникот Николов, но во споразум со овие) беа решавале тогшните офицери од комитстот да се откажат од комитетот и сите со чети да навлезат во внатрешноста да ја превземат организацијата, а Цончевите другари да го земат комитетот во свои раце.
 
Јас, силно притиснат и заплашуван тука, останав без пари (тие беа забраниле да ми се даваат), останав сам тука, отидов во Трноно при Тодора Крбларов на одмор. Ова Борис пред Вас го нарекол интернирање. Навистина беше ми се досадило тука секоја вечер да ме чуваат мои верни момчиња — мојата куќа и да слушам обвинувања и од општеството, дека јас сум бил причина за раздорите итн. итн.
 
И при сето тоа што го решиле тука офицерите, цели месеци поминаа и ништо не превзедоа, се плашеа од внатрешните дејци и од Делчев, кој што беше во внатрешноста. Малку време требаше да останат сами на себе, за да ги изгубат конците на своите умишта. Започнаа раздорите меѓу нив.
 
Своето решение за Цончев офицерите му го соопштиле со официелно писмо, — го поканиле Цончев да си даде оставка и да влезе во комитетот. Положбата им беше безизлезна: нашата поткрепа беше ја изгубиле, а многу се ангажирале со делото, така им требаше Цончев со својот авторитет тука да ја закрепи положбата, а тие да влезат внатре. Уште истиот ден, кога му го испратиле писмото на Цончев, Симеон Радев и други пријатели на Бориса нагрнуваат на Бориса и го убедуваат местото во комитетот да не си го отстапува на Цончев. Или во името на лично пријателство, или во името на взаемни итереси, кој к`е ги знае, добро го надзборувале, ветувајќи му, изгледа, подршка тука, за да може да помине и без нас Борис, кој ШТо се колебал, изгледа, се разкајал. Тогаш од В.К. му пишуваат второ писмо на Цинчев и го молат сега за сега да ја одложи својата оставка. Си личеше по тоа време, дека има веќе разлика во офицерите. Едни на Борис пријатели, и други на Цончев. Посериозните не беа доволни од лудориите на Бориса, особено на Славчета Ковачев. Овие, имено посериозните, во името на тајниот мандат, со кој што Борис и С-ие влегоа во комитетот, недоволни сега, имале морално право да го поканат Бориса да му отстапи на Цончев. Борис, задолжен за се` на овие луѓе, се сметал задолжен да отстапи, сигурно после долга борба. Во решителниот момент на колебливост Симеон Радев и др. му даваат кураж, ја поткрепуваат неговата самољубивост („Ти ни го соживе комитетот, ти си направил се`, ти си популарен сега во цел свет; зошто сега ти да му отстапиш на еден Цончев?“ итн.). И така вопреки навалувањето на Николов, Јанков, Протугеров, Стоенчев и др. Борис се попишмани и остана.
 
Штом Сарафовци му го пратија првото писмо на Цончев, потполковникот Николов истрча во Видин да го наговорува Цончев да дојде и да го превземи делото. Цончев побрзува и си ја дава оставката и доаѓа во Софија. Борис, како што се рече, беше расколебан, но офицерите не очајавале, верувајќи, дека Борис нема да оди до крајност и дека к`е отстапи, штом век`е Цончев се јавува во Софија. Треба да се спомене, дека заедно со првото писмо, Борис распратил окружно до друштвата, во кое што соопштил, дека к`е си даде оставка и дека Цончев ќе го превземе делото, поради кое што сакал да се свика извонреден конгрес. Во време на овие борби меѓу цончевисти и сарафисти, Делчев уште не беше се вратил од Македонија, а јас бев тука, бидејќи во Трново останав само околу пет недели.
 
Еден ден Борис ги свикува сите свои и цончеви пријатели, до 40 души, меѓу кои што и Цончев, и им изјавува, дека тој со своите другари останува и занапред во комитетот. Им изјавува, дека кој сака да го подржува, а кој нема, тој ќе знае да се расправи со такви, и ги поканува уште во моментот да ја напуштат стајата, ако има такви. Се зафаќа остра борба; речиси сите, засегнати, стануваат и го напуштаат собранието и се објавуваат непријатели на Сарафов. Борис останува сам со Ковачев и Давидов. Офицерите беа возмутени дека генералот е изигран од Сарафов, дека е засегната неговата чест итн. Од овој час се определуваат веќе јасно двете партии, на Сарафов и на Цончев. Последнава се зафати преку агитација, односно преку дружествата да го обори Сарафова. Цончев си поставува задача преку свои делегати да свика конгрес и да го обори Бориса. Овој пак истото го превзема против Цончев, — да си донеси делегати на конгресот.
 
Веднаш после нивното скарување на собранието, обете страни пред мене се критикуваа безобзирно. Борис јавно го обвинуваше Цончева, дека овој сака да ја превземе организацијата, дека има врски со дворецот и дека дури после ова собрание направо отишол во дворецот да рефериса за резултатот. Јас погледнав на ова расцепување со вистинско недоволство, зошто сите дивотии на борисовци јас ги сметав за детињарија, не се засегав лично, бев сигурен, дека Внатрешната организација е доста јака за да му се одупре на нивното навлегување. Ги сметав нашите взаемни односи просто застрашени од внатрешната бура, дека оваа бура ќе помине и дека Борис пак ќе го посака нашето содејствие во името на делото. Во ова верував длабоко. На разделување со Бориса јавно му реков, оти се надевам дека лудориите ќе поминат и пак ќе се ставиме заедно.
 
При ова настроение со вистинско недоволство го дочекав раздорот, бидејќи, воглавно мојата желба, — да се спроведе револуционерната идеја во бугарското општество тука, беше веќе почнала да триумфира а се плашев, дека ако овие луѓе, што ја спроведуваа оваа идеја, а тие беа се` истите офицери, што се караа, се компромитираат со меѓусебни караници, оти к`е настрада и идејата, затоа бев готов на сите жртви од своја страна само и само да одат работите во нивни раце. Јас бев овде гостин дојден да ги исползувам за делото тукашните услови и за себе не се грижев. Знаев, дека штом јас овде ќе станам излишен, штом се осетам таков јас к`е најдам отворени гради во Македонија, каде што секогаш сум бил со духот во својот дом. Тука јас никогаш не се осеќав така домашен така што потполно да се слеам со тукашниот живот.
 
Кога се обидуваа едните и другите да се зближат со нас со цел да ја надвијат спротивната страна, јас им советував да се зближат меѓусебно, Цончев и Борис да останат во комитетот, ветувајќи дека к`е ги подржувам, стига тие да се откажат од манијата да ја завојуват Внатрешната организација и да го форсираат востанието. Но изгледаше, дека тие со сетиот жар на засегната офицерска честољубивост беа веќе непомирливи врагови и дека не може да стане зближење меѓу нив.
 
Општото настроение на комитетските кругови и донекаде во провинцијата, кое што ќе се пројавеше во претстоеќиот конгрес, изгледаше дека клони во полза на Цончев, во него поблагоразумните елементи гледаа поголема гаранција против лудориите на Бориса и Славчета.Сарафов се двоуми. — Сретба меѓу Цончев и Ѓорче Петров; коисчен раздор меѓу нив. — Вонреден конгрес, свикан од Сарафов. Цончев надделува. — Сарафов уапсен. — Втор В.К. на чело со Хр. Станишев. — Ѓорче Петров уапсен. — Гарванов станува претседател на Ц.К. — Дели Иванов и Д. Стефанов нови задгранични претставители на В.О.
 
Обете партии беа почнале на самостојна нога да работат и да минаваат како „комитет“. Борис индиректно и отворено против нас, имено против нашиот човек Малешевски, беше го спроводил пограничниот офицер Саев божем дополнително при Малешевски, како нивни човек, но со тајна мисија да му ги превземе куриерите на Малешевски, да буричка внатре во пограничните околии за да припреми почва за навлегување внатре. Меѓу главните противници на Сарафов од нашите луѓе беа Сава Михаилов, Чучков, Чернопеев, Сандански. Јас се` надушив и зедов мерки. Саев се одметна од Бориса и помина на страната на Цончев и почна да работи во негово име. Исто и членот на Борисовиот комитет Саракинов се одметна. При се што шансевите беа на страната на Цончев, ние двајцата — Делчев беше се вратил — решивме да не му ја даваме својата подршка. Исто така го отфрливме предлогот на Бориса за да го подржуваме против Цончев. Останавме неутрални и гледавме да пренесеме колку се може ПОБРЗО и повеќе материјал, кој што беше по границата и кој што ние без писмо од комитетот не можевме да го земеме. Штом се одметна Саев, Борис се согласи така да материјалот, кој што беше во реонот на Дупнишко, да прејде во рацете на Малешевски.
 
Вопреки нашето држање, изгледа, цончевци се почувствувале во сила и се осигуриле, дека ќе бидат избрани во идниот конгрес, та почнаа да се однесуваат веќе како комитет, претставувајќи, дека Борис како човек аџамија, се одметнал сам со 2-3 другари и дека ќе биде просто заменет од Цончев.
 
Јас имав еднаш-два пати сретба со Цончев по ова прашање. Тој уште повеќе се покажа приврзеник да се убрза востанието. Тој ми предложи да го поткрепиме за да се избере во комитетот, а по условите на нашите односи отиде подалеку од Бориса, а имено дека со неговата подршка ќе сме можеле ние во скоро време да го префрлиме во внатрешноста потребното количество оружје, да го испратиме нужното количество водители за востанието и летото, најдоцна есента истата година да го дигнеме востанието. Тој ми поднесуваше и политички мотиви, дека времето било згодно, дека Русија била склона. Ми прирече уште доста наивно, оти тој, „како генерал, излегол на чело на ослободителното дело“, не можел да влегува во нашите улоги, да оди по патот, по кој што сме оделе ние, по патот на Ризовци и т.н. така да се изложува на нападци од општеството, весниците и т.н.; неговото достоинство не му позволувало и т.н. Уште тогаш тој начелничките места веќе ги предвидел и по благоволие ги раздаваше: мене ме предвидел за да ги раководам пограничните пунктови со Јанков заедно и да ги препраќам луѓето и материјалите внатре, а во време на востанието јас ќе сум бил интендант во неговиот штаб, а па Ц.К. ќе бил интендат во целата земја. 3а Бориса тој ме поткануваше да го убедам да влезе внатре и за сега да биде таму началник на бојните сили во Македонија, а во време на востанието ќе му се дала командата во некоја област. Генерален началник на востанието — главнокомандујушт, се разбира, ќе беше Цончев.
 
Со детинска превземеност Цончев се силеше да ме склони, и чудно му се гледаше, кога јас не примав ништо од ова што зборува, и уште дури го советував, штом има такви мисли, побрзо да се откаже од ова дело сосем, предвидувајќи му полно фијаско. Јас му го развив, како што бев му зборувал и другпат, нашиот план на дејствие и нашето мнение по прашањето за востанието, а имено дека востанието сакаме да станува на внатрешна почва, што го тој примаше, дека ќе го сметаме како краен резултат на една долгогодишна револуционерна деломична борба, дека ние ќе чекаме да ни се наложува од ходот на настаните внатре, дека ќе го прокламираме само тогаш, кога ќе ни се види по неопходност наложено и дека ќе го прокламира само Ц.К. и никој друг, дека ние не можеме да примиме востание прогласено од Софија. Му изјавив, дека со своите сили решително ќе му се опреме на секој обид од тука да ни се наложи нам востание. Политичките сообразби, што ми ги тој наведуваше, дека Русија божем била готова да не поткрепи јас ги отфрлував, бидејќи во Програмот наш за востание не се предвидуваа никакви политички сообразби. Ние си го претставувавме востанието за избувнување на чисто народно движење, избувнување кое може да стане без обзир кон политичката констелација во Европа (тоа беше нашиот идеал). Реков, оти за сега нашата организација ќе го смета за свој вистински приврзеник само оној комитет во Бугарија, кој што ќе ја поткрепува материјално и морално, кој што ќе и` дава искусни луѓе на помош, но без претензии, за да ја соживуваме внатре организацијата и да ја засилуваме и само во тој дух да го убрзаме востанието, а не да наложиме едно вештачко востание. Личниот положај на Цончева не само што не го уважував, но и го укорив дури за тоа. Го советував да ја отфрли титулата генерал и да влезе во работа по делото просто како Иван Цончев, уверувајќи го, оти после, ако влези внатре, оти тој пак ќе си го зафати положајот што му се паѓа. Овие прикаски тој беше ги слушал и друг пат од мене и секогаш со огорченост се разделуваше од мене.
 
Последното мое сретнување со него по овие прашања беше во участок (II полициски участок во Софија), каде бев уапсен, кога го уапсија Сарафовскиот комитет. Беше дошол да ми прави последен предлог се` во овај дух. Јас бев зборувал со Делчева и бевме тврдо решени да му објавиме тука борба и уште тука да го парализираме, за да не се префрли борбата внатре, зошто дури се приплашувавме, да не би да успее да ја запали некоја внатрешна околија и да го убрза востанието. Видовме, оти тој е решен брзо да дига востание. Јас му одговорив решително и поостро, и тој поостро одговори. Последните зборови му беа: „Ти си тука зло за сите и треба да се мавнеш од Бугарија!“ Јас му одговорив, дека и да сум мислел да си појдам внатре, сега нарочно ќе останам тука за да им пречам на неговите за Македонија многу пакосни планови. Така се разделивме и оттогаш не се поздравувавме. Јас ова негово обраќање го сметав за навреда и престанав да се поздравувам со него.
 
За време на овие разбирања со Цончев имавме сретнување и со Бориса. Овој беше веќе цел на наше расположење, а сакаше пред месеци да ме убива. Тој веќе од срце и душа ги одобруваше нашите планови, само да го примиме во своите редови; да заборавиме, што било, што не било, и „да се прибереме како квачка пилците“ (негов израз, го паметам). Јас бев за тоа да се помири со Цончев, но Борис го мотивираше својот отказ да се задружи со Цончев воглавно со тоа, што Цончев беше човек на дворецот и што по заповед на дворецот тој излегол на чело.
 
Главниот мотив беше амбиција кај Бориса. Симеон беше го навил во згоден момент против Цончев, а Бориса да го инекцираш беше лесно. Имаше во Бориса и офицерски инает. Делчев велеше: „или тие ќе те газат, или к`е ги газиш“. Делчев беше на мнение да се држиме гордо спрема нив.
 
Бидејќи бевме решиле да ги парализираме плановите на Цончева, со Делчев решивме да земеме учество во агитацијата по изборите за делегати за конгресот. Борис си ги предлагаше услугите да агитира против Цончева, и не тој да влезе во комитетот (ние сакавме неутрален комитет), ами други луѓе, за кои што би се согласиле и ние.
 
Стана извонреден конгрес, свикан од Бориса. На овој конгрес присуствуваше и Делчев, — го подлагаа. За овој конгрес Сарафов ни ветуваше, дека ќе излезе со една листа за неутрален комитет без да влегува внатре тој. И навистина излезе со ваква листа на конгресот, но цончевите луѓе добија со два-три гласа. Во листата на Сарафов беа Петар Васков, Апостол Димитров и други, не многу познати лица. Во противната листа беа Цончев и др. Конгресот се сврши, останувајќи два комитета. Борис на конгресот се беше изразил (обвинуван, дека растурал, дека злоупотребувал), дека „оваа рака печалила, оваа рака ги трошела, ете ви ја сметката по облигациите, а за друго не давам сметка“. Цончев беше избран, но фактички Сарафов ја задржа силата, уште беше силен. Печатот на комитетот, материјалите (освен тие во Дупничко, што беше ни ги предал нам) беа во негови раце. Цончев само номинално фигурираше, но не беше признат и утврден.
 
След малу комитетот на Сарафов беше растурен, а сарафовци затворени во затвор. По тоа време со Делчев сметавме, дека треба бездруго да го завладееме тука комитетот со луѓе, кои би му се спротивставиле на Цончев и да не му позволат со силата на тукашната организација да ги приложи своите планови за востанието внатре. Тогаш се прибегна до луѓе непознати, толку незамешани во делото, луѓе од поидеалистичен калап, така тогаш за прв пат решивме да излезе тука листа чисто од наше име, од името на В.О. Бидејќи јас бев веќе многу замешан во тукашните работи и имаше молња против мене во општеството, со Делчев решивме јас да појдам внатре, а тој да се поврзе да ја протурка новата листа. Имaвме и други соображенија да појдам: требаше да се подготви во североисточните реони во Македонија база за евентуален отпор против Цончев. Еден од нас требаше да ги осветли со повреме внатрешните дејци во пограничните реони за се`, што се спрема и што може да последува.
 
Додека го кроевме ние со Делчев овој план, сарафовци беа затворени во затвор. Тогаш Делчев беше отишол по границата. Јас се прикрив додека се врати Делчев овде во Софија и во Горна Бања. Делчев се врати од Ќустендил и се сретнавме во Горна Бања, каде обмисливме за листата против Цончев и за борбата со него.
 
Скриен останав, додека однадвор се водеше агитацијата во провинцијата, додека се собра и се сврши конгресот. Јас бев сериозно преследуван од полицијата — еден пат дојдоа 70 стражари, но не смееја да ме фатат, избегаа.
 
Додека заседаваше конгресот, се си доаѓаа при мене во Горна Бања многу делегати, Делчев, Станишев и др. Нашата листа не помина; се избраа Михајловски, Цончев, Кепев, Владимиров, Димитров и др.
 
По свршувањето на конгресот, јас сам се предадов на полицијата и бев затворен во VII полициски участок. Тогаш во участокот доаѓа при мене Цончев.
 
Делчев се беше подлизнал тогаш малку, беа го завлекле. Бил во комитетот и беа направиле некаква согласност. Меѓу другото Делчев се беше согласил да ги предаде материјалите, што ни ги беше по границата предал Сарафов, на новиот комитет. Ние се бевме разлутиле многу. Малешевски и Сандански беа разјарени. Јас бев против оваа согласност. Доаѓа во участокот Делчев, доаѓаа Кепев и Влад. Димитров да се советуваат и ме разубедуваат, но јас се бев против и подржував, дека ќе бидат изиграни од Цончев. По овој повод имено доаѓа при мене Цончев. Најмногу се јадосував и се противев поради материјалите; уверавав, оти сите итрини на Цончев и видливи отстапки се за да ги стават в раце пушките, кои што беа близу до 700-800 манлихери. Делчев се подлизна, цончевци ги зедоа пушките (со овие пушки после не тепаа). Штом стана ова, го смени Цончев брзо поведението, не ја подржува согласноста, и затоа Кепов, Вл. Димитров и др. се скараа со Цончев, не можеа да работат веќе со него така да брзо си ги дадоа оставките. А Цончев си ја продолжи работата и почна да си готви база за да навлегуваат негови чети внатре. Тој воглавно прибра стари војводи од харманлиски тип, што ги бевме исфрлиле ние, на чело со Дончо војвода. Прибра множество наши бивши работници, недоволинци од нас, зошто беа отфрлувани или преследувани од организацијата поради нивни греови (злоупотреби со организационите пари и др.). Исто така ги прибра сите недоволни елементи од Борисова страна, без да се земе во внимание како им бил моралот.
 
За противдејство на Цончева, Делчев го истакна Станишева и другарите, та после од нив излезе комитетот на Станишев.
 
Јас и од кога излегов од участокот, каде што стоев 4 и пол месеци, во тек на еден месец не земав век`е направо учество, зошто во ова време беше влегол во Ц.К. Гарванов и тој ги беше назначил Дели Иванова и Стефанова Димитар за задгранични претставители, а и станишевци се однесуваа со недоверба кон мене (по стари неразбирања од претсарафовскиот комитет). Затоа по споразум со Делчева остана тука тој да ја раководи борбата. Се плашевме од Гарванов за да не се префрли кај Цончев. Со Гарванов не бев добар.
 
Нека да споменам тука, дека на времето пред Цончев да влезе во комитетот, цончевци, решавајќи по планот за навлегување, многу сметале на Гарванов поради бивши врски со „Братството“. Гарванов бил нивни човек и овие сигурно биле со него во согласност, тој одвнатре да им предаде се` во случај на востание. Таков споразум имало. (Сега, кога го отепаа Сарафов и Гарванов, Цончевите луѓе со злорадоство зборуваа за Гарванов: „Така му треба, издајник!“. Цончевистите повеќе се лутеа на Гарванов како на издајник, отколку на Сарафов).
 
Гарванов се повлече од Братството, како што знаете. После беше недоволен и од Бориса. Борис го спремал за Ц.К., тоа му било ветувано на Гарванов, оти ќе го втера во Ц.К. со свои луѓе, кога ќе се засили, просто ќе со завземат Ц.К. Затоа Борис настојуваше да се погодува ЦК со Братството на Гарванов, на кое што јас се спротивав. После Борис не го додржал ветувањето. Камбуровата мисија не успеа; тој сакал просто да го поткрепи Братството. Борис после ја напушти оваа мисла и Гарванов беше јадосан на Бориса. Другарите во Солун ни дадоа возможност Борис да го примени своето сакање преку Гарванов, а насила не можеше да го наложи. Затоа Гарванов после сметаше, оти го издал Борис.
 
Кога се раздели Цончев од Бориса на Гарванов одеднаш му се разоткри пррспективата и да му се освети на Ц.К. зошто го разби со Братството, и на Бориса, дека не додржа на ветувањето и отворено излегува на страната на Цончев со изглед, дека со подршка на Цончевиот комитет од тука да се истакне како водител во Македонија. Гарванов по тоа време доаѓа и тука и со цончевци се согласил (овие веќе агитираа тука да го земат во свои раце Ц.К.) тој внатре во името на В.К. да образува во Македонија комитет. Тогаш Гарванов се предаде на внатрешната организација, но недоволен; беа му предложиле да биде претседател на окружниот солунски комитет, но не примил и беше се тргнал.
 
Многу е важно што Гарванов од кога се врати оттука со поновна надеж наново се истакна како одделен организатор на нова организација, Врховистичка (во тукашните советувања со Цончев земале учество и Наумов, Колушев, Шопов и др.). Сите елементи од бившото Братство се претворија во врховисти. Во Кукушко Гарванов образува врховистичка партија — „комитет“, во Струмица се обиде, но не успеа. Во Прилеп Јордан Тренков, стар подржател на Братството, си образува јак врховистички комитет; овој комитет влезе во конфликт со комитетот на Ц.К., имаше човешки жртви. Почнаа овие нови врховисти систематски да агитираат и по градовите и по селата. — Оттука заминале со чета сегашниот српски војвода Глигур како четник под војводството на Мирчета Ацев. Оваа чета замина оттука како наша, прилепска чета. Во Прилеп Тренков успеал да го отцепи Глигура и така образувал своја чета, врховистичка. Значи беа готови и со чети да се бијат против нас. Во Битола исто така беше успеал Гарванов да образува еден врховистички кружок, и почеток на врховистички комитет меѓу учителите (ми се чини еден меѓу нив беше Греков, сега го убија во Гевѓелиско). Иванчо Карасулијата и Лазо од Гевѓелиско, бивши месни војводи, исклучени од таму од организацијата како непогодни луѓе, арамии (Лаза скоро го убија), со подршка од Цончев, наредени и испратени со чети, по арамиски проникнале дури во Гевѓелиско и по селата таму го распространуваа врховизмот во јавни врски со Гарванов.
 
Споразумот всушност бил, Гарванов да врбува луѓе и да образува комитети по градиштата, а оттука да му се испраќаат чети за да го поткрепува и засилува врховизмот. И во други градишта имаше врховистички јатки, беше успеал воопште да образува мрежа по многу градишта, но се уште во форма на кружоци и без длабоки корени во земјата. Само во Прилеп им беше доста јак комитетот, а и чета имаа. И во Гевѓелиско беа јаки со чета. Во Охрид имаа некои следбеници. И мисијата на Јанков во Битолско беше во врска со тоа. Гарванов водеше агитација да им подготви основа на полковникот Николов во Прилепско, па Протугеров во Охридско, на Саракинов во Воденско, на Дарвингов во Кукушко. Агитираше Гарванов во името на офицерите против месните дејци, коишто ние, божем, од честољубивост не сме сакале да ги пуштиме. Меѓутоа, спроти планот, Цончев ќе праќа арамиски чети така да кога ќе дојдат офицерите и ја земат основата заедно со армиските чети ќе ја првземат организацијата. Јанков кога беше тргнал, мислел, оти базата за тоа е веќе доста подготвена. Организацијата имаше друга тактика, ги примаше офицерите со намерение да ги претопи меѓу другите работници и да ги исползува за делото. Колку што отидоа тие, непогодни за да се претопат и слаби да се наложат, се враќаа разочарани; пример — полковник Јанков.
 
Кога Ц.К. беше затворен, за жалост, другарите не можеа спокојно и великодушно да го понесат ударот, ами се беа исплашиле за судбината на организацијата и како да беа склони веднаш по затворувањето да отстапат од старата организациона отпорност, склони беа во момент на малодушност да отстапат учество и на врховистите — да прават што ќе прават.
 
Во тоа настроение земаат решение да му го предадат Ц.К. на Гарванов. До моментот на затворувањето другарите од Ц.К. беа во борба со Гарванов, борба која што не беше друго освен продолжување на борбата со Братството. Хаџи Николов веднаш не беше затворен и додека да го заворат уште се разбиравме со другарите во Солун. Го наговориле и Дамета да му се предаде Ц.К. на Гарванов и го задолжиле да им пише, да ме убеди да го признам Гарванов. Јас имено се противев, велејќи им, оти го втеруваат волкот во трлото. Добив такво писмо од Дамета, во кое ми препорачуваше да бидам малку поотстаплив тука спрема цончевистите, зошто после овие затворувања, после оваа афера не ќе можеме да се бориме со нив, дека овие можат да ја разрушат организацијата, ако ја нападнат сега, така да кога ќе го признаеме Гарванов к`е ги омекнеме, к`е го обезоружиме Гарванов да престане да се бори со нас. Затоа да сум го признал Гарванов. Се` застранливо и заметкано. Јас го рззбрав само тоа, оти Груев клапнал со духот дека изгубил верба во организацијата, дека се плаши од В.К. тука и од Гарванов внатре, и уште, оти тој свикнал веќе со мислата, дека брзо ќе се дига востание. Имаше век`е умствен и морален упадок во Дамета. Причината на оваа појава се закоренетиот во него и во неговите другари поим дека во Ц.К. и во организационата администрација лежи сета сила на организацијата, а не во нејзините единици, — околиски комитети и разните војводи и дејци по местата. А вака беа заразени и неговите другари Матов и др.Си ја претставуваа организацијата како мрежа, која штом се раскине посреде, ќе се растури, — државнички поим. Тие во овој поглед не се разликуваа од тукашните офицери, кои што во еден водач гледаа се`. Јас гледав инаку, не и` го давав тоа значење на централизацијата. Затоа тие штом го затворија Ц.К. и многу други сили покрај него, клекнаа и склонија да му го предадат на Гарванов ЦК. На мене тоа собитие силно, многу силно ми подејствува, јас се осетивн удрен, но не престанував да ги разубедувам. Мирче беше во Братството, после заедно со Гарванов врховист. Им докажував (и тука имавме собрание од наши луѓе) оти можеме да избереме нов Ц.К., дека оттука може да испратиме луѓе и тоа со седалиште другаде, а не бездруго во Солун. Сметав, дека може во Ц.К. да влезат и некои нелегални сили, а сите да бидат испробани работници на организацијата. Оттука на нашите собранија решивме да ја препорачаме оваа мерка, но немаше веќе таму луѓе да ја применат така си остана Гарванов и покрај него беа во Ц.К. учител Мартилов и Јаќим Игнатов.
 
Делчев макар и да го споделуваше моето мнение, со својот оптимизам и со својата отстапливост ја трпеше оваа, положба со Гарванов и влезе во улогата да го поткрепува Гарванов, но со цел да го оддели од врховистите. И навистина малку попосле, штом Гарванов се почуствува на положба самостојно и штом ја доби довербата на Делчев, се отцепи од врховистите предложувајќи, така што нивните комитети во Кукуш и Прилеп да се слеат со нашите, а четите во Прилепско и Гевѓелиско — да се слеат со градските организациони чети. Попосле кога Гарванов дојде тука, влезе во лична дружба со Делчев. Јас стојав на страна, до крај не го признавав и не го признав.
 
Бидејќи цончевци недоволни беа од овие постапки на Гарванов и бидејќи четите во Прилепско и Гевѓелиско (и други чети веќе имало врховистички) не беа го послушале, Гарванов се скара веќе со цончевци, и врховистите тогаш го нарекле Гарванов издајник и до крај не можеа да го трпат и да му простат. Гарванов потоа почна да ги преследува врховистичките чети, кои што понапред ги крепеше.
 
Мене брзо по затворувањето и после ослободувањето ме интернираа во Трново (владата на Данев — Каравелов). Се пушти збор, дека поради ова интервенирање јас сум сакал да ги убијам Каравелов и Сарафов. Незнам од кого го дознал Гарванов ова (Сарафов му се поплакал?), и веднаш почна да прави капитал од тоа против мене. Им пишал писма на Делчев, на Дамета и на разни други, дека ќе било многу лошо за организацијата така да ме караат да не го правам тоа. Оваа усрдност На Гарванов по повод на еден лажлив слух докажуваше само лишен пат, дека Гарванов е во врска со владата и дека секогаш се осеќал како човек на Бугарија.Улогата на Ѓ Петров во аферата на Мис Стон. — Петров интерниран во Трново. — Борбата со врховистите продолжува и се засилува. — Капетан Давидов оди во Битолско. — Напад на Делчев на заседанието на В.К. — Напразни усилби да се предоврати востанието, подбуцнувано од Цончев. — Една слабост кај Гоцета Делчев.
 
14 јунн 1908 год.
 
Уште не бев отишол од Софија, кога решивме Делчев лично да ја води борбата тука со цончевистите. Тоа беше уште пред да лежам в участок да ме интернираат во Трново. Аферата Мис Стон веќе беше станала. Нејзиното фаќање стана без наше знаење. Ние знаевме, оти се крои да се фати друго лице на Долноџумајскиот панаѓур, — Серско. Кога не успеавме, разлошката чета на чело со Сандански, на враќање во Разлог, скроила набрзо нов план та ја фатиле Мис Стон заедао со Цилка. Кога ја свршиле работата, подгонети од таму, првите дни се префрлиле во Бугарија, во Дупничко. Ја свршиле работата, а понатака ги заплеткале конците, не знаат што да прават. Малешевски настојуваше да појдам во Дупница, посака напатствија, како да постапат понатаму. Кроевме да се сретнам со нив, со Сандански, за да им дам лични напатствија. Тука софиската полиција беше многу се раздвижила за да ги фати или луѓето или барем нишките на работата. Јас не можев поради тоа да ги видам нив, специјален полициски човек оттука специјално ме следел, без да знам јас (Велјо Маринов, сегашниот полициски пристав). Јас случајно го срстнав и на шега му реков, дека наверно тој отишол да фаќа комити и дека наверно и мене сака да ме фати. Тој се смути дознав оти е така. Отидовме да се почестиме се понапивме, и тој ми призна, и јас утредента бегај назад во Софија. Владата беше сериозно загрижена да го фати Сандански; срамно им беше оти се губи честа на бугарското име во Европа и Америка. Убедувањето кај владата беше, дека интелектуалниот виновник сум јас така да мислеле да ме уапсат. Каравелов имал намерение мене и Малешевски просто да не обесат преку воен суд за да му дадат на европското општество мнение. Но полициските луѓе уверувале, дека мачно ќе можат да истргнат нешто од мене по судски ред. „Од тој ѓавол ништо нема да дознаете“ — рекле. Да беа по претпазливи на граница ќе ме фатеја во клопка. Најпосле решиле да ме интернираат во Куртбунар. Јас протестирав пред градоначалникот К`нчев, ги потсмевав министрите. Јас сакав бидејќи немав средства, да ме остават да живеам во Трново, каде што имав пријатели. Се согласија, но под многу строг (тајни) надзор, кореспонденцијата да ми се прегледува и секој да се следи, кој би дошол при мене и т.н. Ова го научив после. Јас условно бев засегнат од оваа мерка. На кинисување му реков на градоначалникот, дека тие посегнуваат не на мене, ами на организацијата. И не требаше овој прв случај на посегнување на организацијата да го остави така, но на жалост кај нас условната честољубивост не е развиена, а и Гарванов беше во Ц.К., кој што се радуваше за тоа. После од полицискиот пристав во Трново, со кого се спријателивме, дознав колку строги шпиунски мерки зеле протип мене. Наспроти оваа строгост пак целата Мисстоновска рабога пак јас ја свршив. Оттука, пред да ме интернираат, јас го испратив првото писмо на мисионерите во Самоков, во кое што се изложуваше судбината на Мис Стон, намерението за заграбувањето и предлог за откуп со 25.000 лири. Имаше и нејзино саморачно писмо. Во одговор дојде секретарот на цариградската американска легација. Доаѓа понапред во Трново кај мене Малешевски, скришум, се разбира, за совет по борбата со врховистите и по оваа работа. Доаѓа два пати. Условивме, да дојдат во Софија двајца пратеници од Сандански за да уговараат со пратениците на легацијата. Дојдоа Чернопеев и Крсто Асенов. И овие доаѓаа два пати кај мене во Трново за инструкции. Имав посредни предлози од владата да и` ја раскријам работата и да ја преостават нејзе да ја уреди. Ризов сакаше да си даде значење и сакаше тој да дојде при мене да преговараме. Ни предлагаа да се откажеме од откупот, за да направиме добро впечатление. Нашите нужди беа големи. Јас се чудев на ова мешање на владата. При првото сретнување американскиот секретар се однесол многу наголемо, рекол, оти тој немал работа со разбојници, а сакал да третира со владата. По мои напатствија нашите му одговориле, оти тие не ја признаваат владата, оти таа е нивни непријател, оти ако тој не сака и ако посмее да ги издаде, и тој нема да остане жив и тие живи нема да се предадат. Зборувал тој, изгледа со владата, и потоа беше поомекнал и влегол во пазарлак. Пазарлакот му бил отфрлен, почнал од 5000 лири. На неколку сретнувања уредените преговори во општи црти, останале да се довршат во Цариград. Се сомњававме и со право, дека се` станува во споразум со владата, најдовме за поумесно центарот на преговорите да се пренесе во Пловдив, а од таму пратеник, бугарски мисионер, одел во Цариград и оттаму преговорите станувале направо со четата во Разлог. Бидејќи четата се уморила, многу се продолжи — и бидејќи врховистите, поткрепени и од нашата влада, со јаки чети одеа потрага, решивме да отстапиме на 14.000 лири.
 
Парите ги донесоа Сандански, Крсто Асенов и Сава Михаилов, — во злато, се лири. Во стајата кај мене ги донесоа. Јас скришум се вратив од Трново за неколку дена. Ги распределивме на мали делови на разни пријатели за да ги чуваат времено. Еден дел оставија во Костенец Бања еден во Враца по роднини и познати. Ги чуваа луѓето како светиња, а имаше и страв одзади. Луѓето лзлегоа верни. На Страшимиров, поетот, бев му дал на чување 3000 лири, во Биолчев — 1000, кај еден доктор, кој што живее со роднини, — 2000 лири. Страшимировата жена Стефка ги чуваше како светиња — ги предадоа. Како за спомен не се сетивме да дадеме нешто, награда, — така чесно се зачуваа. Парите не се зедоа наеднаш од луѓето, што ги чуваа, но постепено, како што се трошеа. Делчев беше повикан од внатрешноста и се образува комисија: Делчев, Н. Малешевски, Туше Дели Иванов и Стефанов, мислам. Тие беа натоварени да решаваат и контролираат по прашањето на парите, имено на оној дел, кој што беше определен да се троши во Бугарија. Еден дел беше определен за внатре и се распредели по окрузите. Повеќето пари се потрошија тука. Никој од директните учесници никаква награда за себе не зеле и никакви промени на нивниот живот полн со лишувања, не последија ниту се забележаа. Овие пари тука, во општи линии, многу помогнаа за подигање на организацијата. Во најголем дел парите отидоа тука за борба против врховизмот.
 
Уште во участокот кога бев тука, БОРИС беше испратил писмен предлог со настојлива молба да го примиме во нашите редови без секакви услови. Делчев отишол во затвор при Сарафов и после при мене и му се соопшти, оти кога к`е излези од затвор е примен да работи со нас на општа основа, но под услов да не мрда веќе. Ветер! Може ли жива да не мрда?! Откако го ослободија, Борис замина за Европа, — имаше пари ѓаолот. Неколку месеци, откако веќе бев интерниран во Трново добив писмо од Бориса, од Пешта мислам да сум отишол и јас таму за да се сретнеме за некаква многу важна работа по делото. Добив уште две писма во кои што настојува да појдам, зошто само со мене можела да се сврши таа „крупна работа“, ако се откажам, ќе сум извршел голем грев спремав организацијата. Макар да гледав со особена недоверба и макар да претполагав, оти Борис ме вика за некоја нечиста зделка, јас решив да одам дури и пашапортот си бев извадил. Но во тоа време се научив, оти Давидов оди по покана на Бориса во Белград за да се споразумуваат нешто со српската влада и дека истовремено од страна на Цончев отишол во Белград и Јанков. Се сетив, дека за истата работа ме вика Борис. Се посаветував со Малешевски и заедно со него решивме да не одам за да не се замешуваме во такви афери. После разбрав од Бориса, дека тој бил уредил божем со австриската и со српската влада да отпуштат големи суми и дека божем овие владиу изјавиле, дека овие суми ќе ги дадат само на внатрешната организација. Знаејќи Борис, оти нему В.О. не ќе му даде такво полномошно, ме викал мене со надеж, дека јас вакво полномошно можам да си набавам. За одбележување е, дека и националистите цончевци — и тие изгледа, истовремено и независно од Бориса тропале на истите туѓи врати. Штом нема морал и принципи, национализмот е було за да се прикриваат нечисти цели. За мене е многу јасно, дека луѓе, што ја прегрнале системата на исползување склад од мисли за исползување — дека се луѓе со дуќанџиски и шпекулативен ум, кој што нема принципи; опортунизмот е лизгав пат, се разбира, во крупните прашања. Такви поклоници на опортунизмот беа Борис, Цончев,; такви се И Матов, Татарчев. Делчев не беше таков, а само од добродушност и неразбирање се подлизнувал; тој имаше развиено силно морално чувство кое што го упатуваше кон правиот пат. И Даме беше принципиелен, не опортунист само што беше помек. Ние секогаш сме биле во притеснета материјална положба, напати не сме знаеле излез веќе, но ни мисла не ни идеше на ум да најдеме пари со опортунистички дејствија; побрзо бевме готови да грабнеме насила.
 
Со недели сме спореле со Матов и Татарчев после по ова тема, да стоиме цврсто на принципиелна база, да не се смешуваме со тукашните луѓе, зошто такво смешување претполага жртви. Најпосле Матов и Татарчев тргнаа по патот на опортунизмот. Делчев, кога киниса, им рече: само заедно што ќе извршите со Ѓорчета, ќе го Одобрам. Но тие сосем се предадоа на тукашното општество и почнаа да се лизгаат. Го немаше тоа сознание за цената на принципите — Ѓорче беше за нив тој, кој што е упорит итн.
 
Од Трново, кај што бев 6-7 месеци интерниран, најпосле се ослободив. За ова време ги водеа работите во споразум со Делчев Стефанов и Туше Дели Иванов. По идеја, дадена од Крбларов, кој што времено беше дашол од Трново, тука тогаш се основа весник „Дело“, издаван во почетокот од П. Јаворов и од Страшимиров и др. како орган на Станишевскиот комитет за борба против Цончев. Истиот правец го држеше и в. „Изгрев“, издаван во Ќустендил од Кепов. Малу по моето враќање од Трново, поради еден атентат со бомба (за пари едно наше хлапе, повеќе Борисов човек, беше фрлило на еден евреин, — и кој виновен, пак Ѓорче) ме растеруваа во Шумен за истрага и оттука се вратив по своја волја во Трноно на одмор 2-3 месеца при Крбларов. Беше ме претплатил на гостилница кај штоо се хранеше, а живеев во неговиот стан. Делчев беше во Софија така да имаше кој да раководи. Додека бев таму, дојде Цончев во Трново за да оснива друштво. Имаше еден-двајца, останати со него, па со нив се обиде да го превземе друштвото што постоеше за да го признае нивниот авторитет. Собранието се одржа во читалната. Јас бев на галеријата. Имаше многу луѓе, осветлени веќе од мене. Цончев не можеше да го превземе друштвото, го поставија на тесно, разбраа дека тој зборува против нашите па го натераа да се извинува, дека божем ме уважавал мене и т.н. Цончев беше принуден да оснива ново друштво со 14 члена. Тука пријателите разбрале, дека цончевистите кроат да ме убијат така да беа дотрчале наши момчиња да ме чуваат. Не знам, што вистина имало во овој слух. И од наша страна се подигаше често прашањето да се посегне на Цончева, но јас и Делчев секогаш бевме против. На два пати и без наше знаење зедоа решение, но штом го научев тоа, претпазував. Јаневци пред Рилскиот конгрес веќе скроиле, дури и куќата му ја разучиле, но предодвратив. Често и против Бориса имаше слични решенија.
 
После се вратив во Софија. Целиот живот тука беше поголтнат од борбата со врховистите. Станишевскиот комитет ја водеше заедно со Делчев. Врховистите испратиле внатре чети, а организацијата оттука купуваше оружје, експлозивни и други материјали, и се испраќаа и по другите реони внатре. Воглавно се водеше борбата со Цончев. Сарафов 6еше повеќе во странство и беше без значење; стоеше меѓу два огина, никој немаше верба во него. Тогаш го испративме Давидов во Битолско, просто на расположење на организацијата. Давидов беше чуствителен момок; гледајќи неопределената положба, — тој беше фанатичен партизанин, — човек на Сарафов против Цончев — си ги предложи услугите сам да оди внатре. Чесна натура. Беше се занесол по Бориса; тој беше соучесник во сите парични шмеќарлуци, луксузно растураше и тој од оние пари. Тој и Славчо Ковачев за охолен живот трошеа џебови пари. Давидов беше слабоумен и беше каприциозен; целиот негов живот — каприци.
 
Нека да споменам за една случка со Делчев. Карактеристична е што цончевистите се обидуваа да го бијат Делчев. После првиот годишен конгрес Цончевите офицери беа многу одважни (во време на сарафовскиот комитет). Саракинов влезе во комитетот. Овој див човек внесе елемент на грубост во односите. Настроението беше против Делчев, зошто Делчев во своите обратувања беше порезок и беше јавно недоволен од комитетот, особено после Бозуковата работа. Во едно заседание, во присуството на сите нас во комитетот, стана пререкнување меѓу Делчев и Сарикинов поради постапката на еден тукашен младинец. Во ова пререкнување, како што се рашетуваше Делчев во стајата, Саракинов се пушти како мачка од страна за да го собори, без да се надева Делчев. Делчев беше физички јак, успеа да се закрепи и му се фрли на него, се ааборија. Делчев посегна по камата на Саракинов да ја земе за да го прободи. Делчев не носеше оружје. Јас го видов ова намерение, се фрлив на Саракинов, ја зедов камата и попречив да не стане убиство. Делчев го напушти комитетот со потсмевување. Го последував и јас. После доаѓаа Борис и Давидов да не убедуваат да не се оддава значење на случката. Делчев се убеди така да ја заташкавме работата, не ја соопштивме во Солун. Оваа случка не остана без значење за подоцнежните односи на Делчев кон комитетот и воопште кон офицерите. Тој веќе не можеше да ги трпи. Но нека се вратам кон борбата со врховистите.
 
Јанков беше отишол во ова време внатре. Станишев се споразумеваше со Стефанов и Туше Дели Иванов и Делчева. Цело време до Цончевото востание јас се држев на страна. Со Делчев се сретнував, а станишевци ги одбегнував. Кај нас беше оформено мнението, дека цончевци се крепат тука од владата, тука од дворецот. Така си помина времето до летото 1902 год, кога борбата со Цончевите луѓе се продолжуваше. Ние веќе знаевме, дека Цончев ќе дига востание. Јас редактирав едно окружно, кое што го испративме од мое име и од Делчева во пограничните околии во Џумајско, Петричко и др. со кое што им ја објаснивме целта на востанието и го потканивме населението да не се подава. Ми се чини, оти Ц.К. — Гарванов и С-ие, знаејќи, дека се нови луѓе и со малу авторитет не замолија ние да го пратиме ова окружно. Гарванов беше решително против Цончевото востание, макар да не беше далеку од идејата за востание. Како комитет, Цончевиот беше популарен, располагаше со средства.
 
После Шипченските свечености Цончев подигна востание, откако Цончевиот комитет успеа да си образува месни чети на армиски начела во пограничните реони.
 
После востанието останаа во пограничните реони и во Гевѓелиско врховистичките чети, кои што постоеја на арамиска начела. Тука во Софија се свика од Цончев нешто како конгрес. Присуствуваа и војводи, а решението им било да ги крепат за прво време своите чети внатре, што беа останале после востанието. Беа решиле да се конституират по образец на внатрешната организација. Мислиле, дека ќе можат да ни се наложат нам. Николов се истакна веќе како „Централен комитет“ на „внатрешните врховисти“. Кон крајот на зимата владата на Данев го растури Станишевскиот комитет, го интернира и Станишева во Севлиево или Шумен, не паметам добро, а Каравелова, мислам, во Трново, Цончева во Дреново. Сакале да го интернираат и Михаиловски, кого го донесоа во участок, но овај го замоли министрот да му позволи да отиде во странство. И без секаква основа просто „на општо основание“ и мене ме интернираа во Казанлак, мислејќи, дека сум и јас опасен. Мих. Сарафов ме преследуваше.
 
Матов и Татарчев, штом пристигнаа, веќе се јавија како претставители на Ц.К. Тие веднаш покажаа дека сакаат да ја играат старата своја првенствувачка улога, пто ја имале во Солун, како да се преспале. Гарванов во нивните очи не можеше да им биде началство; тие си ја продолжуваа улогата и затоа нивниот однос кон Гарванов им беше друг.
 
Делчев во тукашните борби како да беше се подал на слабоста на нашата организација тогаш, на една привремена малодушност, дека организацијата со своите слаби сили не ќе може да ја продолжи борбата без помош оттука. И затоа се приближил кон тукашните интелегентни кругови за да работи со нивна помош. Резултатот на оваа мисла кај него беше Станишевскиот комитет. Јас не можев од срце да ги подржувам овие дејствија. И во Ц.К. во лицето на Гарванов не го наоѓав тоа што требаше. Овде беше заслабната работата, — борбата против Цончев преку Станишевци и Карајовевци не ми се гледаше сериозна. Знаев, дека пред општеството симпатиите за В. Орг. се поткреваа, морална печалба, но фактичката борба против Цончев не беше добро поставена. Оваа наша слабост го засили врховизмот, кој што цврсто чекореше кон својата цел — востанието. Јас бев душевно веќе опаднат, зошто гледав се`, а немаше како да се противставам, немаше цврсто држење. Уште тогаш се покажавме нетактични, кога ги оставивме на Цончев туку така да ги завземе пограничните пунктови. И на Делчев грешката беше што им гин предаде пушките. Воопште ние се опиравме, каде што можевме и тоа ме очајаваше зошто можевме да се опрема. Кога заминаа првите нивни чети, требаше да се разбијат овие чети, но господствуваа елементи кои што гледаа инаку: Гарванов внатре, а тука луѓе умерени, меки, а имено Станишевци и Карајовев. Исто вакви беа и Стефанов и Дели Иванов. Тие луѓе ли беа за таква љута борба со цончевците? А кога последните ги зедоа позициите, беше веќе доцна. Скоро отстапија да се пренесе борбата внатре. Требаше енергично содејство и одвнатре и оттука. Ц.К. се држеше колебливо, како што беа колебливи и Станишевци, а напротив офицерите беа многу агресивни. И така востанието стана, не можеше да се спречи. Кога беа амнестирани од султанот другари од Ц.К. веднаш ми светна на очи, мислејќи ги, дека се истите какви што беа, и дека ќе можеме да ја продолжиме борбата на старите начела — со здрава мисла и по сигурен пат. Но брзо се разочарав.Дејноста на Хр. Матав и Д-р Хр. Татарчев по нивното враќање од заточение. — Петров интерниран во Казанлак. — Гроф Ламсдорф во Софија и поведението на претставителите на В.О. — Главните причини да се убрза општото востание. — Една расподелба на Гарванов од решавачко значење.
 
15 јуни
 
Во тоа време јас веќе осек`ав признаци од упадот меѓу нашите дејци. Другарите излогоа од Подрум убиени во духот и луѓе без енергија. Тие во Подрум меѓу себе се беа зајале. Пере со докторот оттогаш век`е не можеа да се трпат, Даме и со Матов и со докторот беше оладен до голема степен поради ситни работи (пари дошле, еден сака општност на средствата, други поголема околност, еден се покажал себичник и др.). Тие и во Солун беа разноредни елементи — потемпераментни, поубедливи, по етика, по се`. Доброто врвење на делото во Солун ги крепеше. Во затворот нема веќе општо дело и таму се раздробуваат. Кога се вратија од затвор, тие веќе не се покажаа енергични, а склони беа да го земат пак делото во свои раце. Даме во Солун не направи дури обид да го превземе раководењето на работите. Перета власта го испрати во Битола и Прилеп. И тој зеде став на чекање. Имаше век`е упадок.
 
Матов и Татарчев ќе тргнеа во истиот дух, а може и уште поназад и од Дамета и Перета ако беа во внатрешноста. Но кога дојдоа тука, посакаа како божем да ја продолжат својата дејност од порано, но тука, во слободна Бугарија. Сум забележил, дека колку пати некои од раководните сили внатре со западнат дух, штом дојдат тука, пак се соживуваат, но не сакаат веќе да со вратат. Тука има сигурност и појавна дејност. Јас направив постапки во Солун да дојдат сите тука, така да ја потераме работата. Но се случи така, што Матов и Татарчев уште по пат решиле направо да дојдат тука во Софија, и, изгледа, штом Даме и Пере го разбраа тоа, поради нив не сакале да дојдат тука.
 
Кога дојдоа Матов и Татарчев во Софија, се сретнав со нив пријателски, сон голем надеж, сметајќи ги дека се уште оние старите. Со нив и со Делчев станавме четворица и ќе составевме појака група. Сметав, дека после тоа ќе станат излишни другарите на Делчев — Станишевци и Карајовев, кои што беа наши искрени пријатели, но беа разлабувачки елемент. Делчев беше понедоверчив кон Матов и Татарчев. Ние веќе имавме сведение за нивниот став кон Перета и кон Дамета, кои што секогаш ни беа поблиски. Во почетокот Матов и Татарчев го немаа куражот лично сами обајцата да излезат и покрај нас и сакаа заедно да работиме. Но брзо се покажаа големи разлики во нашите погледи, односно тактиката спрема тукашното општество, власта и т.н. Тие брзо се израмнаа во тој однос со Станишев, Карајовев, Ризов и др. Одеднаш пројавија желба да се влезе во поблизок контакт и со општеството и со владата тука. Сакаа да ја изменат дотогашната наша изолираност. Јас го подржував становиштето на сксклузивизам — секогаш да стоиме овде како чиста јатка и да не сливаме. Тие го прифатија патот на исползување, на опортунизмот по сите линии, на кое што јас решително се противев. Понапред со Делчев ние никогаш не бевме се занесувале по политички прашања од чисто дипломатски карактер, и таква традиција бевме создале во организацијата. Тие — обратно, по душа беа политиканти и таму се покажаа опортунисти до крајност. Во однос кон врховистите, кога борбата внатре беше уште во својот разгор, тие тука се опробаа да внесат раслабување без да се зафаќаат корено да го уредат прашањето, ами просто сами да покажат, дека тие не се крајни како нас и пак да ја продолжат својата борба. Тие прифатија друг прием — ето како се истакнува карактерот во борбата! — да ги привлечеме поумерените сили од врховистите, така да со тоа го ослабиме врховизмот а исто така и сами да се засилиме. Оваа тактика на итрина јас ја нареков подла, откако се беше толку крв пролеала и толку другари беа истрошиле толку енергија. Зошто беше Мис-Стоновата афера?! Господа Матов и Татарчев доаѓаат и покрај нас се препорачуваат за благоразумни, а нас не прогласуваат за крајни, и со тоа одважно не отстрануваат божем како меродавни фактори во тие борби и си се поставуваат себе за такви фактори. Држењето на Матов и Татарчев беше себично во најдолна сгепен. Јас и Делчев, кога го видовме се` тоа, решивме да ги извикаме Перета и Дамета, за да го балансираме малку ова влијание на Матов и Татарчев, да образуваме сериозна група и да ги направиме тука комитетите излишни. Даме одговори, дека не сака да дојде. Ние меѓутоа, го знаевме мотивот. После, кога се сретнавме, Даме ми објасни, дека тој знаел, оти со Матов и Татарчев не може да се работи. Пере дојде од Прилеп и образувавме тело петината со Матов и Татарчев заедно. Пред нас овие не минаваа за никакви претставители на Ц.К. никакво полномошно не вадеа. Бевме другари на еднакви начела. Бидејќи тие беа понови тука и незамешани од таму тука, ние ги туркавме тие да излегуваат повеќе на лице.
 
Тогаш зимата 1902 год. се истакна обидот за помирување со Цончев, во кој што и Вие учествувавте. Јас сум бил секогаш за споразумувања, и во овај случај јас ќе излезев да се примам, стига да се убедев дека може да стане, и немаше нужда за странични фактори да не помируваат. Јас немав лични дертови. Спогодбени комисии имаат смисол само при лични дертови или пак, ако ние сами не можеме да се објасниме, како да стане тоа помирување, тогаш да појдеме при Вас, при Георгов и др. и да порашаме за совет. После толку обиди за помирување можеа господа Матов и Татарчев — да се оставиме сега ние — направо да се однесат до Цончев за помирување. Тие не го направија, ами се стремеа да не отстранат нас, без да ве осветлат Вас за вистинската положба на работите. По овој пат тие одеа.
 
После малку, Делчев се разочара од ова групирање и си отиде внатре. Брзо се разочара и Пере и пролетта со еден кирајџија ојде во Прилеп. Мене ме интернира Данев во Казанлак (во јануари или почетокот на февруари). Матов и Татарчев останаа господари на ситуацијата. Стефанов и Дели Иванов, скромни, беа оставени на страна.
 
Ламсдорф дојде. Јас бев категорично против секакви сретнувања со кнезот, кај Данев. Данев беше направил постапки преку Станишев и Карајовев пред нас, да се сретнеме со сите македонствујушчи тука, да се разбереме, кои се минималните сакања од реалниот живот во Македонија, за да можат да бидат примени од Ламсдорф и од султанот, така да можат да бидат реализирани. Ние како луѓе на внатрешноста, кога ги дознавме тие сакања и ги формулиравме, да му ги предадеме на Ламсдорф. Данев беше го изрекол ова како решение на владата, имено да излеземе пред Ламсдорф со минимална програма. Данев изразил желба и од страна на кнезот да бидат осветлени од нас.
 
Во тоа време Матов и Татарчев веќе беа партизани на востание кое што претстоеше, за кое што се веќе молчеше, а од друга страна примаа да дискутираат со владата, чиишто резултат можеше да биде само да се предодврати вистанието. Примија Татарчев да се сретне со кнезот кај Данев јас бев против ова сретнување како и против сретнувањето со Ламсдорф, зошто минималните реформи, „полјачките“ после ние не можевме да ги изнесиме како наше сакање. Ламсдорф доаѓаше известен од рапортите на руските конзули, дека ќе стане востание, за да го предодврати тоа востание. Бугарската влада и бугарскиот клез сакаа во овој правец да му служат на Ламсдорф, сакаа да го предодвратат востанието, а нас да не подлизнат да и` станеме агенти на владата за таа цел. Јас, знаејќи го ова, бев против. Но Матов и Татарчев настојуваа да се оди, макар и да не се согласиме на ништо. Се изработи една „Pro memoria“, во која што јас ги протуркав главните поостри пасуси. Подоцна после востанието, на конгресот во Серско, како и на Струмичкиот и Прнлепскиот конгрес сите овие постапки од дипломатски карактер на Матов и Татарчев се осудија записнички; не се одобрија нивните општувања со бугарската влада, со Ламсдорф, кнезот, правени на своја глава, без да ја земат согласноста на организацијата. Оттука се јави веќе и односот на организацијата спрема Матов и Татарчев. Војводите после востанието тука (Чернопеев, Сандански особено остро) го сосипаа Матов и Татарчев. Расцепувањето на организацијата после востанието тука се корени. Матов, Татарчев, Павел Христов од Битола, Петре Ацев во Прилеп, Чаулев во Охрид, Аце Дорев од Бигола, Чучков (Штип), Тодор Александров (Штипско) — тоа се луѓето, со кои што се крепи сега партијата на Матов, понапрад и на Гарванов. Тие се остатоци и од Сарафовите луѓе. Војводите како Тане Николов и др. се од друг тип. Сите тие луѓе се без идеал, истиснати лимони, безживотни. Сите бујни, живи елементи сега не можат да го трпат Матов. И јас не ги сметам погодни за работа, освен Чучков. Погодни се сега само да партизанствуваат, да водат партијна борба. Се сојузија со Сарафовци, направија конгрес сега (1908 год.). Имаа на конгресог тројца божем одрински делегати (Катерински, студент Шапкарев — син на Кузмана Т. Шапкарев, и уште еден.) Такви им беа и делегатите од Солун. Таму има едно охриѓанче, што го држи печатот на Ц.К. Матов му пратил бланки, да го запиши кого сака од тукашните. Од Скопско дојдоа нелегални. Од Битола — порадовни, се` одбрани. Воопште крпена работа. Зад грб им стоеше Љапчев, ми се чини, за да се обидат да го привлечат Чернопеев и др., но не успеа. Конгресот формално не беше конгрес, морално се провали. Партизанството во организацијата се озакони, исто и шмеќарството — по вештачки партизански начин да се создава мнозинство.
 
Цончевското востание и` даде силен гласок на идејата за востание, нашироко земено како идеја. После Цончевото востание настапија репресалии од Турска страна во Штипско и Струмичко, а тие ја поизострија положбата и не малку, подејствуваа да им се набие во главите на Славчо Ковачев и дури и на Чернопеев да се подигне востание по воображенија: „ако не стане, се е загубено“. И во Битолско беа се позаостриле работите; аферите беа позачестиле. Опасноста, дека турските власти ќе го приберат оружјето, се засили и се осети повеќе во Македонија. Нетрпението беше поусилено, особено во Битолско. Тоа беше пошироката подлога и тоа беа мотивите, со кои што се оправдуваше востанието.
 
Вистинската причина беше во тоа, што војводските сили, а особено раководните се беа веќе умориле и многу од нив беа станале нетрпеливи. Личниот елемент изигра голема улога, и тој можеби е главниот виновник за востанието. Имено во два правца: едни од старите дејци како што се рече, од умор и нетрпение, а други просто од славољубивост ги тераа работите кон востание. Даме беше од првите, Гарванов од вторите. Имаше сенка од партијни убедувања од тесноград карактер: Гарванов од Солун со писмо, а Славчо Ковачев тука во едно собрание усмено ја лансираа лесната мисла, дека бидејќи Цончевци подигнаа востание, требало и ние веднаш пролетта да подигнеме востание, за да не останеме поназад од нив и да не рекле луѓето, дека ние не сме способни да дигнеме востание. Трет мотив: нашите луѓе се уплашија од размерите, што ги зема нивната сопствена рожба, немаа верба во населението дека тоа ќе се уплаши од разните афери и дека нема да пропадне се`. Помала паника ги беше опфатила сите раководители, ако се продолжи подолго работата, така барем нешто да се извршин пред тоа. Несостојбени умови беа.
 
Напразно ја обвинуваа владата на Рачо Петров и др., оти тие го убрзале востанието. И врховистите беа во својата душа стресени, и тие не форсираа.
 
Востанието на Цончев се предизвика со подршката на кнезот со две цели: да се пушти еден фишек, да се исползува дипломатски, готвено од организацијата востание, кое што кнезот и бугарските власти не го сакале никогаш; во тоа сум длабоко убеден. И владата на Радославов гледаше лесно, таа сакаше да го привлече патриотскиот елемент на своја страна и партиски да го исползува делото, без да е мислела дека едно сериозно востание е возможно.
 
Фактичкото начело на востанието, што го наложи најмногу, беше едно распоредување на Гарванов, земено по негова лична сообразба со умисол да стане востанието, додека е тој на чело на Ц.К., зошто тој ЗНАЕше, оти е доста компромитиран така да брзо ќе го уапсат. Рано-рано, веднаш после врховистичкото востание, Гарванов праќа окружно така што сите печалбари да се приберат по своите домови, зошто ќе станува востание. И агенти е распраќал, дојдоа и тука. После во согласност со Дамета и Лозанчев дава една специјална наредба во Битолско: сите печалбари што дошле, да стојат, и тие што мислат да одат, да останат, зошто оваа година не се позволува да одат на печалба. Лозанчев го водеше комитетот во Битола, а Даме бил затоа согласен. Еден пат така скроено, Матов и Татарчев дават согласност. Од мене и од Делчев ова се криеше.Влијанието на Гарванов и на Лозанчев за да се убрза востанието. — Непокорна опозиција на Ѓ. Петров. Резолуција на собранието на внатрешните дејци во Софија против припремањето на општо востание. — Б. Сарафов со содејство на српските власти ја препраќа во Македонија четата на Глигора. — Внатрешни дејци негодуваат против таа постапка на Сарафов. Сарафов се оправдава. — Сретби на Јор. Тренков во Прилеп со војводата Глигор.
 
17 јуни.
 
Есента Гарванов внимателно зема решение за востание внимателно советувајќи се со луѓе, за кои што би бил сигурен, дека ќе склонат така да после го изнесе како решение на округот. Ги сондирал Лозанчева во Битола и Дамета, изгледа. А потоа и друго, што имало, не знам. Го рашируват овај круг на сондаж и во Битолско, особено во Костурско и најпосле прогласуваат, дека солунскиот округ се искажал за востание, а битолскиот дека навалува за него. Зимата 1902 г. Лозанчев бил повикан во Солун, како претставител од Битолско, формално да се советуваат по ова прашање. Без претходен конгрес во Битолско, Лозанчев просто си го дава мнението, дека како полномошник на битолскиот округ изјавува, оти востанието треба да стане и оти, ако не стане, ќе го направат сами. Тоа се` е во согласност и по сугестии на Гарванов. Слично и Гарванов искажува свое лично мнение и тоа пак, како божем округот го има тоа мнение. Славчо Ковачев сериозно се беше уплашил од Штипската афера поради оружјето во Штипската околија, кое што турската влада навалуваше да го прибере од населението. Во истата положба бил и Чернопеев во Струмичко, се` поради оружјето. Во таа паника и Славчо и Чернопеев ни пишаа тука за својата положба и реско прашуваа, ако бидат принудени се да загубат, не би ли било поарно во таков случај да го кренат знамето во своите околии. Тоа му го пишале и на Ц.К. Гарванов и овие писма ги покажал на советувањето со Лозанчев и др., за доказ дека и Скопскиот и Струмичкиот округ го сакаат тоа. Заклучокот на советувањето беше, дека се зело решение чуло ли не од името на целата земја да се објави востание, и тогаш решаваат да ни јават во Софија. Матов и Татарчев приватно се споразумиле и биле во тек на овие работи, но тука криеја од нас. Со официелно писмо од Солун Ц.К. ни го соопштува своето решение, земено во Солун, и ја сакаат нашата согласност, а не мнение. Имаше и приватни писма и од Лозанчев до некој од нас, во кои што се велеше, кој не е согласен со востанието, тој е предател, цел народ е на нога; кој е страшливец нека не го последува итн. Тоа се доби на празницитње зимата, треба да е било во почетокот на јануари. Мотивите на нивното решение (беше долго писмо) беа, дека војводите и населението во Битолско не можеше да ја трпат положбата и биле готови да избувнат секоја минута. А за да не испадне деломично движењето, кое што би се смачкало веднаш, за претполагање било организацијата да дигне општо востание и да го претекне ова избувнување. Пресилено се обидуваа во писмото да ја претстават така запалено положбата во целата земја, служејќи се со писмата на Славчо и на Чернопеев. Друг мотив: ако не стане избувнување, организацијата рескира да се фати од турската влада целото оружје и востанието би станало невозможно. Така си ја толкуваа тие пријатели положбата. За поткрепување на идејата за востание оптимистички ја претставуваа положбата во земјата со фалшиви податоци, како што разбравме после, за материјалната припрема на востанието во окрузите. После кога бев во Битолско и се сретнав со повеќето од соучесниците на Смилевскиот конгрес, таму ме уверуваа, Лазар поп Трајков - дека Ц.К. пишувал писма во Битолско, пред уште да се земе решение за востание, така што сите окрузи оттука Вардар да се готоват, дека ќе востануваат та „гледајте да не останете назад“. Така ги подлагувал Гарванов со слични писма сите окрузи.
 
За да дискутираме по предлогот на Ц.К. ние се собравме тука во Софија на заседание на број околу 20 души, видни организациони сили. Учествуваа: Матов, Татарчев, Пере, Борис Сарафов, Славчо Ковачев, Давидов, Делчев, Сиљанов, Гирџиков, Влчо Андонов од Охридско, Сава Михаилов, Пушкаров, Хаџи Николов и др. Се збиравме на неколку пати од 16 до 24 души.
 
Матов и Татарчев го прочитуваат писмото и брзо се искажуваат во духот на согласност. Големо мнозинство од собранието ја поткрепува идејата за востание - Сиљанов, Борис, Гирџиков, Давидов, Славчо, се искажуваат согласни 6ез сериозни мотиви, и се` врз основа на мотивите во писмото, со парафраза на овие мотиви, поткрепувајќи ги со извесни одделни факти. Нови мотиви се дадоа како Славчевиот мотив: „Бидејќи врховистите направија востание, да не останиме поназад, та да речат луѓето, да не сме способни да Правиме востание, да не сме револуционери“. Друг мотив беше едно смоткано изложение на политичката положба во поволен смисол. Против востанието категорично станувавме само јас и Делчев. Пере не се произнесе, со извинение оти е нов дојден од затвор, дека не е добро осветлен за вистинската положба тука и внатре, а интимната мисла му била против востанието. Тој веќе намислил тогаш да избега внатре и таму да се расправа по ова прашање. На Смилевскиот конгрес се беше произнесол против и беше избегал од конгресот. Делчев се обиде да ги собори мненијата, тој немаше дар за реч, се искажа категоричен противник на такво востание, какво го проектираат, а е за востанине, кукво што си го бевме скроиле јас со него. Делчев се запали, се испоти, се расфучи.
 
Јас станав и одржав тогаш реч, која траа шест часа. Како што ми признаа тие, ја разбив убеденоста на тие, што се произнесоа за востание, и мнозина од нив станаа (Сиљанов, Гирџиков, и др.) и ми признаа: „Ти си необорив во твоето мнение“. Јас ги разоткрив вештачките Приеми за подигање востание. Матов, Татарчев протестираа. Знаеш, како се распалува докторот. Фактите, што ги приведуваа тие оти ќе имало избувнување на населението, еден по оден ги изоборив по признанието на самите, што биле во оние места. Фактот на пр., оти селаните излегле со оружјето во шума не е уште признак за востание, ами само да избегнат да не им го земат турците оружјето и лично да не настрадаат. Кога се сретнав после со костурци, — со Попов и со Лазара поп Трајков — овие ми признаа, дека не е вистина оти не можело да се одржи положбата, признаа дека вештачки Ц.К. ги заблудувал, дека божем се готови сите, та да брзаат.
 
Точките односно опасноста,оти ќепропаднеоружјето ги оборував така исто: опасноста не е така голема; го уверував собранието, оти не треба да се плашиме никогаш, дека една околија, што е припремена за востание, ќе го предаде своето оружје, а напротив, ако едно население е готово да го предаде своето оружје, дека тоа не е припремено за востание.
 
По фактичката припрема со позитивни податоци, познати повеќе мене отколку на самиот Ц.К., им докажав, дека можеме да ги сметаме за колкугоде припремени само 7 околии: костурска, леринска, битолска, демирхисарска, кичевската — во Битолско; во Солунско Кукушката само и тоа доста слабо; во Струмичко само Струмичката околија и тоа со неподесни пушки, кримки, и во Скопско само Штипската околија — со кримки и мартинки.
 
После, во време на востанието, излегоа припремени Охридската и Преспанската околија, но овие се припремија дури пред востанието. Прилепската околија останаа и за време на востанието ненаоружена, одвај успеа да наоружат 150 души. Во Велешката околија не можеа да наоружат за востанието ниту една чета од 50-60 души. Штипско ни најмалку не мрдна во востанието. Во Струмичко беше силата само во четите, што навлегоа од Бугарија под водството на Чернопеев. Во Кукушко се образува една голема чета, се криеја во Ѓола, не можеа да го нападнат градот и најпосле, заобиколени, избегаа во Гевѓелиските Пазарски планини, без бој, без формално востание. Значи тоа што го претскажав тогаш на заседанието, се докажа после. Го уверавав собранието, дека ако го прогласиме тоа востание, ќе ја побиеме идејата за сенародно востание за долго време, зошто ќе востанат само во неколку околии. Уверавав, дека сега е невозможно сенародно востание, зошто уште нема припреми, ниту потребните материјали. За оттука Вардарскиот дел им претскажав, дека ќе работиме ние против сами себе, зошто ќе ја повториме 1905 година — со востание само со чети од Бугарија, кое што ќе биде против основните задачи на организацијата, како што сме ги разбирале тогаш.
 
Во резултат на апсолутно мнозинство се реши да се соопшти во Солун од името на сите присутни, дека сме против земеното решение за востание. Борис и Славчо навидум се согласија (гласуваа против). Остана само Матов, Татарчев, Xаџи Николов и уште еден двајца, што гласуваа за востанието. Бевме натоварени јас и Матов да го пишуваме писмото. Јас посакав тој и јас да го оставиме поодделно проектот за одговор. Во собранието мојата редакција поотворена и порешителна, се прими и се спроведе во Солун како мнение на тукашните претставители на организацијата. Забележително е, да беа најмногу за востанието тие што не мислеа да земат и не зедоа учество во востанието. И на Смилевскиот конгрес беа за востание најмногу тие околии што не зедоа после учество, Солунската на пример, макар во Солун да се изигра најважната улога за прогласување на востанието.
 
18 јуни.
 
Тука ќе направам едно застранување. После Битолското востание Матов и Татарчев беа испратиле свои луѓе во Белград, свое претставителство (конзулство) — Сава Михаилов и Константинов Михаил. Борис им конкурираше на Матовци и го праќа Матеја Геров. Беше пошол по ова време и Јанков од страна на Цончев (втор пат). Не може да се разбере уште што вршеле. По она време Борис беше образувал тука одделен комитет со Славчо Ковачев, Чакаларов и Апостол Димитров (тој, што е сега со Матов во претставителството). Ова праќање на луѓе беше веднаш по востанието. Во истото време Цончев, Борис и Матовци тука во Софија се натпреваруваа пред бугарското министерство на надворешните работи. Беа се разочарале од бугарската влада и секоја фракција гледаше да најде пари, откаде и да е.
 
Глигор војвода со пушки од Србија и со чета тргна во Македонија. Уговорено било со Сарафов да се помогне за да се претера Глигор низ Скопско. Учителот Караманов, раководител во Куманово, по заповед на Тодор Павлов, раководител од Борисовата партија во Скопје, и тоа по наредба од Софија, отишол до српската граница за да се споразуми, за да му го покаже на Глигора каналот за да прејде во Скопско. При село Пчиња (Шиваров војвода, бил таму и сега расправа, тој видел се` ), во Кумановско, таму Бобев војвода, човек на Сарафов го пречекува Глигора со четата (20 души) ги претерува преку Скопско во село Рудник на границата меѓу Велешко и Скопско. Четата ја пречекуваат Андон Димов и Крум Зографов (тогаш раководители во Велес на Сарафовата партија, сега Андон Димов е тука) и по распоред пак оттука и во споразум со Скопје ја пречекуваат, за да ја преведат преку Вардар. Бидејќи преминувањето било мачно, Глигор се споразумува со миљазимот на мостот при Зелениково и миљазимот една вечер за 150 лири ги повлечува војниците. Ја претставил како српска чета, но пред селаните минавала за бугарска чета, толку повеќе, што Бобев бил со нив така да четата поминала на мостот, оттука преку Сталп над Нежилово пристигнала во месноста Азот во Велешко, а оттаму се префрлила во Порече во село Крапа, србоманско село. Боби тука го оставил Глигора и се вратил назад во Скопско. Д-р Кушев, кој што е сега заточен, тука во Софија прашувал наши луѓе, поп Арсов, каков бил распоредот на Бориса, за да се прими и препрати Глигор. На Рилскиот конгрес Сандански го обвинуваше Бориса по неколку точки, земени од Серскиот конгрес и мег`у овие точки беше, дека Борис примил и парични средства од српската влада. Борис на ова прашање одговори: „Ме обвинувате, но јас го направив тоа без каков да е ангажимент; мислев, дека к`е влезат и Србите во правиот пат и дека к`е допуштат наши чети да одат, но штом тие сега прак`аат српски чети, јас сум против нив и им отворив војна“.
 
После востанието нашите извршија големи глупости. Како што реков, тие испратија во Србија луг`е, од кои што српските власти Симиќ особено, многу добро ги научил нашите раздори, нашата слабост. Јанков и Сава и Константинов не биле, спроти мене, толку недобросовесни како Геров. Симик` разбрал се` и го избрал Бориса како најсмел, без многу скрупули човек, и добива од него содејство за да ја испратат првата чета во Македонија. Борис си мислел; „Да ги земам јас парите, да ги надвијам тука своите противници, а пак после к`е видиме“.
 
Во Прилеп Јордан Тренков беше одамна човек на врховистите. Во време на востанието се споразумел со Петрета Ацев за да влезе во управно горско тело. Но во душата си остануваше противник на Ацев и врховист. После востанието раздорот меѓу него и Ацев во градот и во селото пак проличуваше. Кога бев јас таму после востанието во Прилеп, самиот Јордан Тренков призна пред мене, дека бил во преписка со Глигора, уште кога бил Глигор во Србија. Тренков прочита и две писма од Глигора од Србија, во кои што Глигор му соопштува, дека намерава да помине со чета во Прилепско и тоа не како Србин, ами како Бугарин; пушки нашол во Србија и ги зеде. Тренков ги прочита овие писма за да докаже дека е тој во преписка со Глигора, но дека Глигор не е србоман. Ацев го обвинуваше Тренков поради овие негови општувања со Глигора. Изгледа, дека Глигор си готвел почва и за Прилепско. И навистина Глигор од Крапа слегува во Прилепските села и го пречекуваат луг`ето од Тренков како војвода во Прилепско. Самиот Тренков се сретнуна со него и го подржува против својот непријател, Петрета Ацев. Значи му се даде содејствие на Глигора и од таа страна така да не е чудно што првиот опит на Србија е успеал — нашите недоразуменија се криви. Изгледа, дека Симиќ му дал напатствие на Глигора првото време да не излегува како српски војвода. Изгледа, дека ниту Глигор, ниту Симиќ не се надевале отпрвин, дека к`е имаат успех во Прилепско. Тренков е сега студент тука во нашиот универзитет. Глигор беше стар врховист, така да не е чудно што Тренков во својата борба мислел да го исползува Глигора за да ги завладее селата во Прилепско и Прилеп.Гарванов агитира во полза на земеното решение за востание. Ѓорче Петров и Делчев се противат; Пере Тошев нерешителен. — Сарафов тргнува со чета за внатрешноста. — Делчев се објаснува во Солун со Груев по прашањето за востанието. — Расположење кај Делчев за атентаторство.
 
19 јуни
 
Сега да продолжиме по прашањето за востанието. Нашиот одговор беше произвикал во Солун узбуна, така исто и во Битола, зошто таму им се сакало, не се согласувале лесно да примат востание без наша полна согласност. Пак обвиненија против мене! Почнуваат да се обидуваат да ги склонат Перета и Делчева и да ги одделат од мене. Неколку време потоа, во јануари 1903 година, ми се чини, Думев и Гарванов дојдоа со специјална мисија тука да го расипат нашето решение. Јас ниту се сретнав со нив и понатаму ниту зборував нешто по тоа прашање со нивната компанија, зошто криеја од мене што вршат. Пере ги остави сите без одговор. Делчев остана на своето мнение против востанието, но не зеде позиција да противдејствува — тој е мек веднаш. Впечатлението и на тројцата беше дека макар и да се решавале по тоа прашање, не верувавме, дека ќе се решат, дека к`е дојде до востание, широко и категорично, како што го кроеја тие. И тројцата сметавме да си влеземе внатре, бидејќи век`е тука неохотно ни се работеше со Татарчевци. Исто така и Борис се готвеше да си појде. Претполагавме, дека кога к`е се прснеме таму по разни краишта, дека ќе повлијаеме. Јас и Делчев особено останувавме на старата програма. Пере остануваше нерешителен. Положбата беше сериозна и изострена. Ние препорачавме да се измени тактиката на дејствието на четите и на терористичките елементи во градовите; од пасивно, чисто припремно држање, да се прејде кон една поголема активност, да се почне активно да се дејствува, кое што би се доближувало веќе до востание, за да се припремат и калат повеќе работници за вистинското востание. Дотогаш организацијата на четите запретила да се вршат работи кои што можат да ги изложуваат месните организации на катастрофи. При таков дух на дејност, кога ќе се придадат и нерешителноста и непревземливоста на легалните сили во градовите, кои што диктуваа, управуваа, организацијата се беше ограничила само со внатрешна организациона дејност. Скоро никакви мерки, никаква иницијатива против Турците не се забележуваше. Една затвореност. На четите им беше наредено не само да избегаваат сретнувања со турските власти, но дури да го прикриваат своето постоење во околијата, И до овај саат, за кој што зборуваме се така си беше по традиција. Ако се сретнуваа тука-таму чети со војската и станеше бој, секогаш тоа било предизвикано од турска страна, или по предавство, или по случајно откритие. И во такви случаи дури четите беа ја усвоиле тактиката да отстапуваат. Само во безизлезност, нападнати, четите стапуваа во бој. Ако во тоа време се слушаше тука често за судрувања меѓу чети и аскер, тоа беше, што работата веќе вриеше внатре и случајните конфликти меѓу четите и аскерот зачестија вопреки споменатата тактика. Градските активни елементи, на кои што божем најмногу се сметаше за време на востанието, не беа испробани и калени во никаква борба против Турците. Зошто во градовите уште построго дејствуваа тајно; ни сенка од иницијатива, ами само крајна претпазливост. Воопшто духот беше чисто конспиративен — ропска тактика. Сретбите на градски работници со чети, за да видат пушка, ги немаше миогу. Малцина од нив беа успеале да земат пушка в рака и да се вежбаат со неа. Тоа беше положбата — чисто пасивна политика на организацијата, кога вниманието на нејзините луѓе уште беше свртено исклучиво кон уредбата на организацијата и кон нејзиното материјално подигање. Широката маса сосем не беше припремена да излегува гради со гради со Турците, не беше припремена преку настани од тој род, за да може отворено да ги пречекува.
 
Излегувајќи од тие соображенија, јас ностојував, дека ако положбата веќе се изострила во земјата и ако фазисот на пасивната дејност на организацијата веќе поминал, да ги разврземе повеќе рацете на четите и на градските раководители, да се почнат одделни акции, за да ги воспитуваме четниците и др. кон пушката, кон бестрашливост, да добијат искуство за напад. Слична тактика на деломична активност, ако добиеш развој по целата земја, по моето разбирање ќе претставуваше земјата во перманентно востание, без да е објавено формално востание. Ние така можевме неколку години да ја измауваме земјата, без да може Турција да каже, дека има отворено востание. Ако им беше дозволено на четите отворено да преследуваат турски разбојнички чети, да накажуваат лоши полицајци итн., селаните да се расправаат со кехаите и разните други арнаутишта, што ги сосипуваат по чифлиците, ние ќе имавме толку афери наеднаш, што ќе пробудевме општо внимание и Турција да ја измориме. А ние се плашевме: „сакн да не стане некоја афера!“ За мене слична една борба е не од помала важност, отколку едно прокламирано востание, зошто таква борба може долго време да трае. Со овие наводи јас ги убедив своите другари, имено дека по тој начин ќе се забрза востанието по природен пат, ќе се дојде до крупната борба, која што ќе биде крајот. Ова становиште јас го подржував секогаш, дека востанието е моќно средство на организацијата, но само додека е тоа идеал, кон кој што се стремиме. Бев убеден, дека стане ли тоа „реал“, веднеш после востанието ќе се јави разочарение. И навистина така излезе.
 
Оваа програма сакавме со Делчев да ја разгласиме внатре и не верувавме, дека Гарвановци ќе успеат. Но Гарванов, доаѓање тука, со Матов, Татарчев и дружина скришно се советувале без нас и праќаат контра-писмо, потпишано од Матов и Татарчев, како мнение од сите тука со исклучок само на некои така што во Солун го премолчуваат нашето писмо и си ја продолжуваат агитацијата. Беа го скроиле востанието пролетта рано, после на Гурѓов-ден, потоа на св. Кирил и Методи, а најпосле на Смилевскиот конгрес се определува за 20 јули-Илинден. Тие ја беа распределиле земјата на бојни окрузи за востанието. Груев веќе се одобравал, Гарванов и Думев дојдоа со негово знаење. Беа распределиле веќе во проектот и главнокомандујушчи по бојните окрузи.
 
Во почетокот на пролетта Борис појде без да беше поканет. Тој изрази желба и не му се откажа. Тој сам си ја припреми четата. Приказната беше да остане оттука Вардар. И тој божем беше посогласен со нашето гледиште, но излезе дека и тука тој бил неискрен спрема нас, зошто веќе оттука тој си скроил да оди во Битолско, за кое што знаеше, дека таму ќе има поголема слава. Тој и тука си беше со желбата да се убрза востанието. Тој и Давидов и Славчота ги наостри да проповедуваат востание. Секаде, до кај што поминал тој внатре, проповедувал востание. Нас тој не сметаше баби, кои што вечно ќе го забавуваме денот на неговата омилена мечта-востанието. Малку да беше посериозен човек, тој можеше да види од припремите на населението низ Малеш — Струмица — Радовиш — Тиквеш, оти востанието не е созреало. Вопреки тоа на Смилевскиот конгрес тој излегол отровен партизанин на востанието. Малку по него отиде и Делчев. Беше настанал кај него еден преврат. Тој тука конечно беше се разочарал од Матов и Татарчев и на тргнување настојчиво ме молеше да го задржам Перета, така да заедно ги воздржаваме да не одат многу далеку. Нив им изјави, дека ќе ги смета за решенија оние, кои што ќе бидат земени заеднички со мене и со Перета. Беше се разочарувал и од солунските дејци во своите сретнувања со Гарванов. Делчев тргна со силна желба да го види Груев, да размени мисли со него; во него имаше уште надеж, но отиде загрижен за организацијата. Тој стигнал во Солун. Тие вешто го оставиле само со Дамета, кој што 2-3 дена го држал во една стаја при себе и се мачел да му го разбие убеѓењето против востанието. Даме успеал со тоа само да му го нанесе последниот удар на разочарение, како што беше се исповедал пред Пере Јаворов и други, со кои што се беше сретнал после во Серско. Овај дух на очајаност проличува и во едно писмо до мене, во кое то тој ми велеше, дека ништо не може да се направи и дека оди во Серско, „да си ја даде главата“. Во Солун му ја возложиле мисијата да ги убеди другарите во Серско за востание и да го организира таму. Јане Сандански пратил чета да го пречека во Серското поле и да го одведе в планина.
 
Важно е, дека Делчев бил намирисан од Солун, бил следен до Сер. Бивши бугарски офицер, помак, Тефиков, негов другар од военото училиште во Софија тогаш началник на жандармеријата во Драмско, бил натоварен со мисија од Солун, тој прибидејќи лично го познавал Делчев, да го пречека и да го убие. Штом Делчев излегол од град Сер, веднаш го надушил. Селото Баница е саат и пол од Сер се гледа дека во Солун не успеаја да го фатат. Треба да знаеја, дека тој ќе оди во Серско. Во Солун имало некој шпиун, близок до нашите луѓе. Тоа се заклучува од следното. Земаат во Солун решение за востание. Гарванов и Думев к`е дојдат тука, а еден министер тука (не паметам кој) ми соопшти, дека од турски извор, од турското комесарство знаеле, дека Гарванов и Думев ќе дојдат, и тие навистина дојдоа. Допуштам затоа дека шпиунството за Делчев било од Солун.
 
Јас бев тука, кога се слушна за смртта на Делчев. Страшно бев поразен. Ја криевме неговата смрт извесно време.
 
Кај Делчев пред да загине, беше се јавило едно расположење за атентаторство. Јас го толкувам како резултат на неговото очајание за иднината на организацијата. Тој со своето влијание, со своето лично настојување, веднаш создаде јако расположеше во тој правец. Толку јако, што Матов, Татарчев и Сие, макар и да беа против, не можеа да се противат, а требаше да содејствуваат. И јас не му го одобрував ова, предостанувајќи ги атентатите за после, кога ќе стане востание. Делчев беше незадржлив занесен по овај пат, сметајќи ги атентатите за едно од средствата на нашата програма. Главно се беше одушевил за атентат против железници и мостови. Под тоа влијание тогаш тргнаа неколку чети со експлозивни материјали. Освен Делчевата чета, друга тргна за Одринско, друга Савовата, друга со Пушкаров во Скопско. И станаа неколку обиди, колку да докажеме, дека не е по нашите способности оваа работа. Огромна беше количината на внесениот материјал од бомби и динамит, а резултатите ништо. Се покажавме просто некадарни.
 
По смртта на Делчев и во мене се зароди мислата да заминам внатре, едно што се бев разочарал тука, а второ и бевме зборувале со Делчев. Матов и Татарчев ми ја откажаа подршката, а исто така и поткрепа да појдам со поголема чета. Ми препорачуваа да појдам сам, со друга некоја чета, туѓа. Додека се разбиравме вака со нив, јас бев интерниран од кабинетот Данев—Сарафов. Тогаш тука ги поништуваа комитетите, го интернираа Цончева во Дреново, Станишев и Карајовев, а мене пак во Казанлак. Многу се насекирав. Одвај со триста молби после еден-два месеци Матов и Татарчев ми преведоа до стотини лева. Стојав во Казанлак два месеца и нешто. Не бев веќе во текот на работите, но беше јасно, дека решение за востание е безповратно земено.
 
Кога се вратив од интернирањето, бидејќи прашањето за востанието беше веќее свршено, се откажав тука од се` и со лични усилби се мачев да си наоружам чета и да заминам внатре. Тогаш беа тука Јане и Чернопеев, се наоружаа. Се подзборуваше дека ќе се подигнува. Ние не знаевме како да се држиме, сите бевме ни рак, ни риба. Припремата на четата продолжи многу. Најпосле наредив една чета до 138 души.
 
Интерниран бев во февруари, а се вратив во април месец. На 1 мај го испратив Перета, тој си отиде со кирајџии.
== Референци ==Ѓорче Петров трга со четата за Битолско. — Мачнотии при преминувањето на границата. — После големи усилби четата го преминува Вардар. — Расположењето и припремата за востание кај населснието оттука Вардар.
 
Бидејќи се продолжи припремата и бидејќи се разгласи, дека востанието ќе се прогласи на Илинден, нарочно го одложив одењето до денот на востанието, за да ја симнам и секаква одговорност од себе.
 
Вечерта на Илинден тргнав оттука со пајтон до Ќустендил заедно со резервниот поручник Лука Иванов, кој што загина после во Воденско, по востанието. И четата бев ја испратил понапред во Ќустендилско. Помошник ми беше Лука Иванов, и за случај на бој на него најмногу сметав. Во четата имаше и еден резервни потпоручник, Георгиев; со нас беше и црногорецот Јево Иванович, поредочен човек, чистосрдечен, будала-клепало, лесен и прост човек, кој што мисли, дека многу знае. На АндонаЌосето, стар наш војвода, му ја препуштив чисто војводската работа за патувањето. Имаше двајца војводи дебрани — Тале (тука е) и друг еден (му го заборавив името, го убија после). Повеќето беа тамошни момчиња — од Дебар (до 25 души); од Демирхисарско, Охридско, Кнчевско (до 45 души), неколку битолчанчиња, и повеќе прилепчанчиња.
 
Целта ми беше да ги повлечам со себе старите наши војводски сили и воени сили. Од претседателството добив малу средства; стотина наполеона добив од Прилепско; многу од четниците сами се наоружаа и внесоа.
 
Тука се разиграа комедии со четата, што беше испратена во Ќустендил. Божем јас и Лука ќе појдиме последни во К`устендил, така да уште истата вечер прејдиме преку граница, за да не не` осетат во К`устендил. Таму најдовме некои работи недотокмени, а не беа го уредиле убаво каналот, така да 3—4 дена останавме за да се дотокмиме. Бевме близу до едно село, при подножието на планината. Марко Секулички (кратовец, живее во К`устендил) се нафати да не преведе преку граница и да го уреди каналот. Проектираше да поминеме од кај Паланечко, но во тоа време властите во К`устендил и во Софија надушија оти сме таму. Пријател од Софија дојде нарочно во Ќустендил за да ми кажи да брзам да прејдам преку граница, зошто турскиот консул дал специјална нота за моето заминување со точни указанија, кај сме во К`устендил и составот на четата. Бугарската влада го откажала ова, но конзулот турски, поткрепен од францускиот конзул, посакал брза консулска анкета на место за да ја докажел вистината. Го убрзавме заминувањето. Марко испраќа соопштение во блиско место зад границата да пратат курир и да готват место. Курир не дојде. Во истото време доаѓа пограничниот офицер капитан Кузманов (од Крушево, влав по потекло), и ми прочита две телеграми од својот пограничен генерал Христов („Каналијата“ — така го викаат), во кои што подробно му се укажуваше местото, каде што сум, и бројот на луѓето, и строго му се заповедуваше под заплашување на лична одговорност да ми ја обезоружи четата, препорачувајк`и му да посака воена помош од К`устендил, ако се смета слаб да ја сврши таа работа со своите војници. Во К`устендил беа дошле некои офицери врховисти нарочно да ми одат по трага така да им спомогнат на воените власти да ме обезоружаат, за да ме вратат и да ме посрамотат. Во истото време Славчо Ковачев со својот потпоручик Сотир Атанасов сакаше да останам во Штипско, бидејќи знаеја, дека имам со себе доста материјал. И тие беа во Софија и сакаа да ги чекам, а бидејќи не се согласив, беа дошле во К`устендил да се мешаат во моето заминување. Кога дојде Кузманов, додека зборевме со него, пративме друг курир во селото зад граница да види што стана тоа. Научивме, дека од Паланка дошол аскер во село, ги собрал сите селани и ги задржал при себе; го прибрал сиот добиток и се настанил во лагер токму на местото при Дурачка река, од каде што сметал Марко да не преведе. Останав меѓу два огина. Кузманов не сакаше да ми напакости, но требаше да стори нешто. Јас пак не бев никако наклонен да отстапам, но ме заплашуваше, да не дојде војска од К`устендил. Ги свикав сите момчиња и поединечно им го побарав мнението, што да правиме во случај да не нападне бугарска војска и посака да не обезоружи. Од сите само дваесетина момчиња изјавија да се биеме, а другите изјавија. оти ќе го предадат оружјето.
 
Кузманов ми предложи да му отстапам околу 30 момчиња да ги обезоружи, да ги испрати во К`устендил (јас да ги изберам по невредните, со по лошо оружје). Не се согласив, ами го замолив да ја уредиме некако и тој да не настрада и ние да заминеме, заплашувајќи го, дека ќе се биеме. Ја скроивме најпосле, — тој да рефериса, дека четата заминала пред да ја добие телеграмата, а додека заминеме, да се криеме строго, да не не` разберат во Ќустендил. Уште истиот ден, кога разбравме за аскерот, се преместивме по линијата за да влеземе по друг пункт, по друг канал со курири од К`устендил. Додека да стигнеме до другиот пункт за Кратовско, момчината се изморија. Секој носеше до 25—30 кила товар. Немаше коњи уште. Носевме динамит 130 кила, секое момче по 1 кило, околу 200 бомби, електрични машини 8 (две европејски и 6 тукашна каправа), пеколни машини (часовници) до 6 или 8 беа; фишеци носевме во изобиле. Многу од четниците носеа фишеци за своите таму (за брат итн.) Од пушките само 22 беа манлихери, а другите берданки, мартинки. Носевме брашно, два пати препечено со бубрежен лој, на момче по кило и пол и др.
 
Кузманов идеше со нас. Тој беше наредил војниците по граница да го следат движењето на турската војска. Се запревме на граница во еден дол (границата беше по билото). Добро што се запревме, од умор. Утринта Кузманов ни соопшти, дека оттаму имало заседа и ние ќе сме попаднале право на заседата. Излезе, дека имало наредба во Паланка 150 души војска да излезе по границата, да го засили кордонот, да ги фати пунктовите, да ме пречека и да ме разбие. Решивме со Кузманов и Марко Секулички да земеме уште по налево, да се искачиме до највисокиот пункт при врвот Рујан (Рујан, највисокиот пупкт на Осоговска планина). Ваму на овој пункт само ноќе одевме и се принудивме да стоиме три цели дни, под граница во Бугарско. Војниците ни јавија, дека и ваму придошла турска војска и дека секоја вечер ставале заседи. На третата вечер се решивме по секој начин да прејдиме, земајќи божем претпазливи мерки да прејдуваме одделение по одделение. Прејдовме успешно без да не забележат (?). Турска работа.
 
Јас бев цврсто решен оттука да го прејдам Вардар и да си ја дадам главата ако стане нужда, во Битолско, кај што сум го посеал првото семе. Сите момчиња го сакаа истото, зошто беа од таму. До Вардар гледав како било да го избегнам 6ојот. Спомената желба ги тераше четниците да ги трпат моите строги наредби. Голема претпазливост и сообразителност ме спасија. Патот беше опасен, тежок, и само јас можев успешно да ги избегнам мачнотиите.
 
Првото настанување, кој што Марко Секулички (едно време арамија во Кратовско) беше го означил на курирот, беше Маркова скала. Тој му дал маршрут на курирот до Штипско. Јас строго се држев за овој маршрут, кој што го одобраваа и селаните; се држев за нивниот практички ум. Кога доближавме до пребивалиштето на 40 чекори (корија), гледаме чадори, војска (ноќе). Ние го продолживме својот пат до страната на Паланечката река, Дурачка. Една длабока провалија — реката долу — стрмнотија до сат и пол слегување низ честак; многу стрмно — се сосипавме. Таму беше првиот одмор. Три височини наоколу, и на трите имаше турски стражи, кои ги гледавме. За да не не` забележат, бевме принудени секој да седи цел ден зад еден пат без да се помрдни. Многу строги мерки земав. Мака за вода. Курирот прашваше да ли да запреме или да одиме до првото место уште три часа. Решив да останеме тука. К`осето беше против, зошто во оваа корија можеле да не` истепаат. Тука го изедовме брашното препечено. Еден саат пред смрачување слеговме до реката и по мрак почнавме да се искачуваме по склонот на Султан-тепе (висока планина, трева, се слизга, а ние не бевме учени). Ни велеа, дека по билото на Султан-тепе имало многу стражи, заседи. Таму е како втора граница, опасна. Прејдовме успешно, и уште со ноќ пристигнавме во месноста Емирица, до село Емирица, без да му се кажеме на некој селанец. И тука се храневме со тоа, што носеше уште секој со себе.
 
Привечерината на тој ден курирот нашол овчар од селцето и посака сведенија за кратовската чета. Научив од него дека е таа во планината над селото Јамишта. Вечерта се упативме таму и ја сретнавме Кратовската чета со војводата Атанас Бабата, долгогодишен работник, четник, брзо беше станал војвода, врбуван и испратен од мене оттука. Идеше да ме земе, да ме спроведува. Тие беа доста живи луѓе, што ги срегнавме, и јас прв пат видов наша чета со оружје на турска територија. Првото впечатление не ми беше убаво. Јас си замислував поинаку; села на близу, а тоа скриено, соединето место, убаво, така да јас извикав: „А, тоа ли е комитлокот, што го правите тука? Па јас тука 25 години можам да стојам со чета!“ За одмор останавме два дена. Не нахранија првиот пат со месо, но накрајот непријатно бев изненаден, кога месниот војвода ми подрече, дека треба да ги платиме козите; тие беа земени од власите — таму има влашки колиби. Тие за себе земале од власите, а за четите, што поминуват, им сакале пари. Таму прв пат се сретнав со селани од Јамишта, два-тројца луѓе кои што станале нелегални, одат со четата без оружје, но истовремено си ја работат и земјата, дома си живеат, а кога ќе видат аскер, бегаат во четата. Ми направи впечатление, што се без пушки тие, зошто од Бугарија за Скопскиот крај се пратени многу пушки. Кога отидовме понатаму, видов, дека оружјето се изгубило кој знае како, немаше оружје (аферите, страв). Тука прв пат зедовме и коњи за да го олесниме товарот на четниците. Патот ни беше за с. Луково (Кратовско). Практиката ни беше — на пол пат со јамишки коњи, ќе не пречекаат луковски коњи така да можат оние да се вратат во Јамишта уште ноќта. На следната вечер Атанас Бабата само со 5—6 момчиња од својата чета тргна со нас. Ќустендилските курири не ги вративме, зошто Марко им беше порачал до крајот дури на Кратовско да не изведат. Патот води по страните на Злетовската река, големи камењари. Слеговме в река, а после се искачуваме по каменести места за до с. Луково. Дечев, велешкиот војвода, на ова место беше загинал. Местото е голо и отворено, а наспроти по височините од 3—4 места позиции на аскер, од каде што со двоглед може јасно да се види човек дури и да се познае. Бидејќи задоцнивме многу по пат и се плашев до Луково да не не` дочека зора, и бидејќи местото, голо, канаристо, отсекаде се гледа, се решив да се одбиеме малку в десно, во с. Којков, по зачувано место, така го изменивме маршрутот. Ваму прв пат сретнав повеќе селани. Впечатлението ми беше, дека се тие многу далеку од положбата за востание. Агитацијата, припремите по овие села биле совршено слаби. Прашани за пушки, одговорија, дека немаат, — чекале од Бугарија. И ваму си ја платив храната (леб даваа без пари, леб од просо, јачмен, пченка, р`ж, размесен, пази боже). Оттука следната вечер низ Луково се упативме понатаму. Пребивањето ни беше предвидено во Плавица планина, над самиот град Кратово — под нозете — во една дупка. Пред 2-3 недели во Луково потпоручник Атанасов (со Ковачев Славчо) бил откриен од аскерот и бил ангажиран во рискуван бој, од кој што четата се спасила по едно чудо. Во Софија Атанасов беше ми кажал, дека Луковчани го предале, беше ми сугерирал да се чувам од селото, а самиот претеше да ги накаже, кога ќе влезе внатре. Но требаше да се помине тука — единствен пат. Меѓутоа, излезе поинаку, јас ваму го најдов првиот радостен прием. Многу селани со жени, деца, моми излегоа под село да ја пречекаат четата и секој донесол, кој што можел, по обичај леб, сирење, матеница итн. Ваму ми објаснија селаните, дека Атанасов без внимателност дење се движел околу нивното село така да го виделе турските полјаци, им запретиле на селаните дека ќе го предадат и дејствително тргнале кон град. Селаните се сообразиле и по друг пат ги претекле и отишле во град и му кажаа на Атанасов оти е откриен за да се тргне од местото. Но овој не сакал да знае. „Нека дојдат, ќе се тепаме“ — рекол тој со една пцувачка против турците. Но турците дошле. Ја разбрал работата. После веќе немаше случај за предавство. При истото место после покојникот Дечев, велешки војвода, од несообразителност со движел по голо место и го виделе турците.
 
Во Којково и во Луково јас добив сведенија за движењето на војсковите патролни одделенија, кои што секојдневно од Кратово излегуваат и крстосуваат. Јас го нагодував патувањето така, што тие, кога ќе заминеа, јас го продолжував патот. Од Луково до Кратово патот беше сериозно рискуван. Требаше да се премине Штипско низ кратовскиот друм, кој што е многу работен, а каде се возможни случајни сретнувања со патници. Преку друм поминавме „назадгазум“, за да се заблудуваат трагите од чевлите (ова четите често го прават). Од друм патот води по голиот склон на Плавица. Се движиме меѓу три турски стражи — двете беа на 150 чекори, а ние поминавме меѓу двете стражи токму на патчето, што го пазеа имено тие, зошто немаше друг пат. Напред оди предна катрола од тројца-четворица, после момчиња во „ред“ еден по еден, и сетне иди задната патрола. Се смолкнавме незабележено. Земав строги мерки да се пази голема тишина, ова не сите чети го пазеле. Денот го поминавме на врвот Плавица, во една слаба лесковина, така да требаше повеќе време да лежиме, секој скриен зад некоја леска, зошто оздола е отворено и се гледаше, а поодскраја имаше и пат. Дента никој не смееше со по висок глас да зборува, да се искашлува. Мака имавме за вода, голема жештина. Имавме неколку мевови со нас, наполнети ноќта, со нив ја крепевме душата.
 
26 јуни
 
Во овој реон до Кратово (тој е планинскиот дел на кратовска околија) се предвидувало, ќе биде планскиот базен на востаничките чети, бидејќи се предвидуваше, дека во полето кога ќе се дигнат, за 2-3 недели ќе ги изринат. Јас го видов само тоа, дека се дотолку тука револуционери, што знаат да примат и да препраќаат чети без риск дури за себе. Тоа им беше револуционерството. Во тие места станувале доста борби меѓу чети и аскер, проаѓале многу чети за Скопскиот реон, но трагови не оставиле, проаѓале само преодно. Разбрав добро, дека тукашната организација, припремање нема, сите чекаат пушки од Бугарија. Од Ќустендил ги лажеле, дека пушки ќе добијат, кога ќе дојде време за востание, но пушки не добија никако. Мемаше тука вистинско револуционерство и моето мнение беше дека не е припремено востанието, особено тука се потврди.
 
Нашиот пат оттука до Вардар повеќе вртеше по бреговите места, бидејќи на југ од таму се простира св. Николско поле, а низ него да одиш беше опасно, затоа зедовме северозападен правец по склоновите и ги поминавме Г`уѓанци и Сакулица (Кратовска каза). Бидејќи беше време на вршидба, речиси во сите села едновремено имаше и турци. Ние в село не влегувавме, ами запиравме се надвор од селата, во ниски кориички (се` голи места), тешко поминувавме. Требаше да се криеме зад карпи и ситни орманчиња при јака горештина. Патувавме се во цик-цак за да се задскривуваме од спаите турци. Правевме од 3—5 часа пат вечерно време, но денувањето ни беше мачно. При Г`уришкиот манастир при Г`уриште (брег) во кратовска каза (на пределот на Кратовско-Кумановско и на Скопската каза) престојавме два дена. Влеговме во манастирот три дена после борбата на Пушкаров со аскер. Се слушаше, дека аскер ќе дојде, а требаше да влеземе внатре. Четата на Пушкаров после борбата преку Кумановско и Паланечко пребегнува во Бугарија. Пушкаров беше ми ветил да ми даде канал, а тој даде борба. Ние бевме од три страни опколени од аскер и очекувавме борба секоја минута. Под нас од северозападна страна на чуката гледавме како се укрепуваат турски војници. Не ни дотераа коњи вечерта поради вршидбата така да останевме два дена. Држев 7—8 души селани залог за секој случај. Вардар беше близу - по права линија 8 часа. Ако бевме дале борба, повеќето од четата ќе се вратеше во Бугарија. До Плавица некои од четата јас ги држев под стража, за кои што имав сомнение дека ќе се вратат за Бугарија. Од Г`уриште најпосле зедовме пат крај србоманското село Рудник номинавме скришно покрај него дојдовме во скопското село Брезово. По целиот пат низ кратовска и кумановска каза останав со впечатлението, дека тука нема никаква организација и просто требаше да си пробиваме пат низ селата. Тие само што не издаваа и сета задача им беше да не пречекуваат и испраќаат. Сите очекуваа од Бугарија. Амбицијата ми беше уште тука да го поминам Вардар во Битолско, а кога видовме, што е тука, оттука Вардар, уште повеќе ќе го сметав за несрек`а да ми се погодеше тука да бидам откриен. При с. Брезово се скривме во една леска и одвај можевме да го извикаме раководителот. По пат сретнавме тројца четници од скопската чета, Раштанов со двајца учители, излезени низ Скопско и други. После турците го беа фатиле Раштанов и го беа довеле во Скопје. Скопјаните не` најдоа та ни донесоа леб од селото. Мислевме да го преминеме Вардар при с. Козле (Скопско), — таму е Вардар поплиток. Бидејќи Пушкаров пред неколку дена беше дал борба, аскерот таму беше образувал синџир. Не остануваше пат освен да го преминеме Вардар покрај Велес, бидејќи сите пунктови беа фатени после обидот на Пушкаров да дигне со динамит еден мост. Бев пишал во Велес да приготват за преминувањето преку Вардар. Во Брезово се решивме на личен риск да го преминеме Вардар при Велес без коњи; четниците наново се натоварија и со засилен марш го префрливме Вардар. Од Брезово до Велес обичен пат е 5 часа а ние го зедовме за 7 часа и уште 3 часа одевме до село Ореовец — во коријата над селото, — веќе в зори. Во селото имаше спахии и беа не виделе. По пат од Брезово до Вардар не пречекаа пратеници од едната партија во Велес — Антон Димов, учител, — од помладите. Тој не окуражи да го поминеме истиот пат, кој што го мислевме и ние, — покрај самата станица. И по пат до Вардар преминавме на две места меѓу војски.
 
Го прегазивме Вардар успешно. Мене ме пренесе Темелко и го продолживме патот низ велешките лозја по џадето меѓу Оризари (турски села) ја преминавме Бабуна на мостот. Преку Бабуна имаше месна четичка од 8 души, та со неа во Ореовачката корија се настанивме. Целата чета беше многу весела, дека сме веќе во нашиот реон. Јас бев многу доволен, дека го преминав Вардар. Се отпуштивме, јадовме, пивме. Донесоа казани, готвевме. Прв пат ваму не ни земаа пари, тука осетив, дека сме во организација. Излегоа од градот 7-8 души наоружани да се сретнат со нас и не испратија. Почуствувавме, дека сме во организациона територија. Но затоа пак бев разочаран, дека во Велес најдов спокојна работа, а јас си замислував, дека крв се лее. Ми објаснија, дека ваму не може да станува збор за востание. Додека очекувале ваму пушки од сите страни, останале најпосле без оружје. Прогласеното востание во Битолско беше само знак да се организираат во борбен однос, но тие не беа го направиле тоа.
 
Тогаш за прв пат ја почуствував гнасотијата на партизански расправии во организацијата. Бев поканет од страните да им ги уредувам партиите. Бидејк`и ние бевме тргнале за кај што се лее крв, решив да ја земам нивната чета додека преминеме во Прилепско та после да ги вратиме. И ваму беше таква положбата, дека не може да станува и збор за организирано востание. Планот ни беше, штом го преминеме Вардар, да се јавиме со некој атентат за да ни се чуе името и во Битолско и во Бугарија. Организацијата ги беше изгубила нишките: и во Велес не можевме да разбереме, што станува оттаде во Прилепско.
 
Забележавме голема разлика меѓу населението оттука и оттаде Вардар, во неговото општо настроение, при се` што за востаничко ворожение ниту збор не можеше да станува.
 
Од таму го преминавме селото Краинци. После 19 дена пат, прв пат влеговме дење во село. И ваму бевме едновремено со спахиите — ние во едната тие во другата маала. Четата беше уште цела. Поминавме и низ Хвојница за Краинци. Беше се пронесол слух, дека јас ќе поминам со голема чета. Од таму — в село Владиловци, велешко село, неподавливо за организацијата — неподавливи селани. Зад селото во еден храстилник стоевме цел ден како глувци. Ни донесоа јадење вечерта. Нарочно ни препорачаа да се одбиеме во ова село, за да го организираме за прв пат.
 
Од Владиловци стигнавме во с. Степанци, во пределот на велешки и прилепски синор. Ваму запревме над селото на една чука, со корија, месност добра и за борба. Го извикавме од селото месниот селанец Темелко, местен раководител, исцело предан на организацијата, еден од ретките типови, кој што продолжува и сега да е предан.
 
Таму за прв пат направивме одмор, бевме сигурни. Се нахранивме убаво. Имаше стада одскраја. После дваесетдневно патување за прв пат убаво си се отпочинавме, два дена. Таму се сретнавме со прилепската чета на Петрета Ацев, која беше тргнала да не пречека. Имав со себе многу четници од Западна Македонија (Дебар, Кичевско, Демирхисарско). Тука се разделија сите од мене и преку Азот заминаа за своите родни места. Јас останав со околу 45-46 души и се движев заедно со прилепската чета.
 
Во Степанци ги добив првите сведенија за положбата во востанатиот крај и разбрав, дека работата не е така за восхитување, како што ми се меркаше во моето воображение. Си замислував дека линијата меѓу Прилеп и Велес е границата, дека на запад е магла, крв, војна. Кога тргнав од Стапанци, ми се виде прилепското поле јасно и тивко. Мило ми беше оти го гледам своето родно место, но од друга страна ми беше тешко поради разочарението.
 
Од Степанци отидовме во село Ореовец (Прилепско), над самиот Прилеп, — таму ни беше патот. Се расположивме в село по куќи на групи. Не дочекаа арно. Почуствувавме, оти сме на гости. Востанато население не најдовме во Прилепско, но борбениот дух беше доста разбуден, имаше напредната свест, бестрашност речиси. Прв пат се почуствував во своја средина. Ваму прв пат си видов и роднини. Дотрчаа при мене, нозе ми бацуваат. Силно беше впечатлението. Тука се запревме за повеќе време, тука добивме сведенија за положбата на востанието. Луѓето уште не беа изгубиле надеж, оти ќе може нешто да се направи. Јас се хранев со надеж, дека ќе може да се направи еден обид за да се зберат младежи, поактивните сили во град Прилеп. Носев многу материјали и мислев, дека ќе можеме да направиме нешто во Прилепско.Слабости во организацијата во Прилепско. — Големи жртви на четата на П. Ацев, во борбата со турците при „Студенец“. — Останки од четата на Ѓ. Петров се збираат со разбиена костурска чета на Л. Поп Трајков и Иван Попов и на тиквешката чета на Геле. — Осуетен план на Ѓ. Петров да се разруши железницата од Лерин до Воден. При село Чаништа четите, нападнати, очајно се бијат и успеваат да си пробијат пат. — Ненадејна сретба со Б. Сарафов.
 
28 јуни
 
Луѓето како да се надеваа на надворешен потпор. Ваму се сретнавме и со Перета, во селата; тој беше ваму со чета — во прилепската чета. Самиот Пере ми ја опиша положбата дека е несериозна целата работа, и останавме тука, заедно одевме, сноевме по селата. Просто безизлезна положба и не знаевме што да правиме. Си ги толкуваме причините за ова и ги најдовме во Дамета, во Лозанчев итн. Момчињата се очајаа. Се обидов преку војводата Петрета Ацев да собереме една горска сила, која би ја дигнале така да изгледа барем како на востание. А тоа излезе, дека околиската организација е просто распадната, не се знаеше, каде и колку оружје имаат, не можеа да наоружат 70 души. В град испратив луѓе од мојата чета, да сондираат, може ли да се спроведе некоја акција в град, го натерав со таа цел и војводата Петрета Ацев да влезе во Прилеп за да уреди некоја акција в град. По моја покана доаѓаа од градот тамошни раководители. Впечатлението ми беше, и да би се могло нешто да се направи во градот, тие за свое лично самосохранение ќе го парализираат. Раководството во Прилеп беше паднало во раце на повеќе себични, беа граѓани младинци. Ги викав сите. Впечатлението ми беше, дека по градот не се работело на чисто револуционерна почва. Имало елемент во градот, запален и готов за работа, но водачите, граѓани и некои учители, излегоа просто синови од ситната буржоазија, шмеќари, кои почнале, штом дошло до востание, да се извлекуваат со разни измислени причини. Немало кој да ги поведе вистинските работници. Неколку по предани раководители како Тале Христов со неколку чесни работници 20-30 души го напуштиле градот и излегле со чета и се присоединуваат кон прилепската чета на чело со Петрета Ацев. Брзо по излегувањето аскерот ги напаѓа близу до градот, станува борба при Студенец. Четата била од 87 души; аскерот само патрола од 35-36 души ги напаѓа и ги истепуваат. Четата била на еден врв, „Студенец“. Место да бијат од врвот, Петре Ацев предлага да отстапат, војската ја зема нивната позиција, тие остануваат на пониско, ги изубиваат, новите триесетина души загинуваат, се растурваат, изумруваат мнозина од жега и глад. Тоа ги потресе граѓаните и никој не се осуди да востанува. Ние останавме со четата бесцелно да стоиме по селата. Истото време му се јавив на Дамета, дека сум пристигнал и да му го чујам мнението за тамошните работи. Одговор од него добив доцна. До неговиот одговор сведенијата од Битола ми одат кон пропаѓање, кон својот крај. И Даме ја опишуваше положбата безнадежно.
 
Стигнав во Прилепско околу 10 август на 14-15 август најдоцна на 20 август му се јавив на Дамета, а беше веќе доцна, септември, кога преку Битола ми дојде абер од Дамета. Беа веќе разбиени во Демирхисар, во Охридско имаше веќе реакција итн. Јас продолжував со четата заедно со Перета и Петрета Ацев да одиме по селата. Превземавме ситни работи — напад на некој чифлик, некоја кула-мала, ситна, мизерна работа. Но тука агитиравме, дека таму ќе ги вршиме сите работи, а таму никаква работа не првевме. Четниците останаа без алишта и опинци. Од Прилеп не ни се достави ништо. А тамошната чета не не` пречека добро. Полно разочарение. Некои момчиња буквално боси одеа. Страшно разочарани, повеќето сакаа да ме остават, да се вратат во Бугарија. Со нив беше Ќосето, војводата, со три четврти од мојата чета (околу 25-26 души) и од прилепската (околу 20 души). Останаа со мене 14 момчиња.
 
Јас бев решен да го оставам Битолско, но не сакав да се враќам, бев се` зарекол да не се врак`ам жив во Софија, од каде што тргнав многу огорчен, ражален поради тоа, што ми подвалија најблиските. И таму внатре се разочарав од многу нешта, најдов себичност. Околу еден месец лутавме. По тоа време дојде од Костур една чета на чело со Лазар поп Трајков и Иван Попов на чело со 130 души. Тие беа разбиени во Костурско, бидејќи во источната половина на Костурско, беа подгонети, дојдоа низ Леринско-Битолско-Мориово за да се запазат. Преку Воденско, спотерани од глад, стигнуваат во Прилепско со намерение да појдат во Бугарија. Грозно впечатление ми направија, што сите беа окапани, голи, боси, како цигани, и насекаде гонети од војската, изгладнети беа како волци. Од 300—400 души, што тргнале од Костурско, беа останале до 130 души, а другите се одделувале на групи и си оделе во своите родни места. Но спрема прилепските четници предизвикаа восхитеност во неа. Споредувањето беше, што беа херои спрема нашиве баби. Еланот во нив не беше убиен. Со нив одевме десетина дена, тие со разбиени надежи и со намерение за Бугарија, јас со разбиена верба и совршено очаен од Битолско, но сосем несклон да се враќам назад во Бугарија. Сметав, дека јас подејствував на Лазара поп Трајков, место да одат во Бугарија, да се вратат назад, не со цел да се биеме со аскер, ами со нов план: моите материјали, експлозивни материјали да ги употребиме за работа, така да нивните со моите луѓе ги поведеме и да ја разрушиме линијата од Лерин до Воден. Нашите четници заедно со костурските се збираа околу 130-140 души. Сметавме, дека во Мориовско, Битолско и Леринско ќе собереме уште чети, приберени, та к`е станеме 400-500 души (имаше битолска чета до 150 души и леринска чета итн.). Во исто време јас и поп Трајков му пишавме писма на штабот, на Дамета, скришум дури од Перета и од прилепските чети. Го изложувавме својот проект на Дамета и го каневме тој да уреди во Костурско така што костурските и леринските чети да тргнат едновремено со нас за да се сретнеме кај линијата меѓу Воден и Лерин околу село Сурович и таму да дадеме голема борба, ние на лево од линијата со 400-500 души, тие на десно со 500-600 души, за да го ангажираме аскерот, а во тоа време да одделиме атентаторски одреди, кои би ја разрушиле линијата до самиот Воден. Истото време уредив со писмо во Ѓевѓелиско, Ениџевардарско и Воденско, соопштувајќи им го својот план, го поканував ваму Савата и др. да превземат и тие слични акции. Имаа и тие експлозивни материјали. Тие го добиле писмото и беа се исмејале. Забележително е, што во истото време токму тогаш беше им дошло на ум на Дамета и Бориса — резултат на разочарение од четничката способност да се бијат — да прибегнат кон терористични дејствија, така да и тие ни пишале нам исто. Решиле Борис да појде низ Битолско-Леринско и Костурско та да ја свршиме таа работа таму. Додека тој да тргне, нови услови за нив се јавиле и во името на штабот земаат решение, насекаде да ги расформируваат четите, да го приберат четничкото оружје во складови и да им препорачаат на четниците да се предадат веќе на властите. Од Битола конзулите ветија амнестија. Зима идеше, луѓето очаени пред суровата зима. Четите на групи-групи се одделуваа и намалуваа четниците.
 
Ние со споменатата цел тргнавме од Прилепско, разделувајќи се од прилепската чета, што беше многу непријатно. Се упативме за целта низ Мориово. Во село Годаково (Мориовска околија) се сретнавме со тиквешката чета на селанскиот војвода Ѓеле, од кого што дознавме, дека и во Тиквешко положбата не била за востание. Ѓеле дојде тука за да се прикрие, силно теран од Тиквешко. Во синорот на село Дуње преноќувавме без помошта на месната организација. Преку село Чаништа (се` во Мориовско) мислевме да се упатиме низ мориовската гора и преку неа кон целта — Сурович. Но тука селаните ја беа предале четата и бевме принудени да дадеме борба. Костурската чета на доаѓање во Прилепско поминала низ ова село и по егзекутивен начин беше зела десетина глави добиток без да плати. Тоа по време беше дошло до знаењето на турските власти пред да пристигнеме ние неколку дена така да неколку селани биле тепани, заплашени, станало големо оберување на селото. Турците зграбиле чорапи, антерии, хранителни резерви, се` обрале Турците гоолоштари. Ние ојдовме во селото без однапред да известиме речиси како туѓа чета, макар и да имаше 7-8 момчиња од прилепската чета. Селаните беа заплашени, за да не настрадаат пак. Лазар поп Трајков завзеде една чука, еден саат до селото, а јас со 6 момчиња влегував во селото да уредам за провизија, да земам курири, да и` јавам на мориовската чета итн. Кога влегов в село одвај со сила можев да го извлечам од дома селскиот војвода, кој што дојде кај нас и ни изјави, дека не не` прима. Ги собра селаните да решаваат што да прават. Се договоривме да не стоиме в село по нивна желба, ветувајќи ни да ни пратат угредента неколку овци и леб за храна. Мислевме да тргнеме за Сурович. Утредента рано турски војници, скриени дотогаш, ја нападнаа нашата застава на чука, каде што бевме 20—30 души. Таму беше Јово ИВАНОВИЧ, Началник на заставата. Тој беше зел убави мерки, се` беше таму и таму си го загуби окото. Селаните вечерта, просто за да го спасат селото, од страв пред турците решават да не` предадат на Турците. Веќе имаше од прилепска чета четници предадени. Селаните го земаат ова решение, праќаат до аскерот известие и аскерот полека нок`та се измолкна. Ако не беше заставата, ние бевме сосипани. Уште рано не нападна војската. За борбата ви расправал Попов. Бевме сосем изненадени. Ако не беше заставата, ако не беа силни момчињата во заставата и ако не беа распоредбите на Јово, не ќе можевме да се спасиме. Турците прво се спуштија против заставата од каде што ни се даде знак со крпи, дека сме нападнати. Ние, додека да го прибереме багажот — моите материјали ги натоваривме на 7—8 маски и ги повлековме нагоре, — борбата се беше заврзала. Материјалите се измолкнаа нагоре. Имаше една друга чука на еден сат растојание. Сакав да ја фатиме оваа чука. Имавме 20 малихери 14 маузерки, другите беа грчки пушки. Материјалите отидоа со одделението, што отиде да ја земе оваа чука. Циле Кономладски војвода, брз, со 20 момчиња ја отпретече војската и речиси на јуриш ја завзеде чуката. Трета чука имаше да се завземе и две момчиња успеаја да ја земат, но за кратко време. Борбата траеше цел ден. Атаките на Турците до пладне беа силни и сите ги одбивме. Во тоа време од сите страни се згусти војска, не помалу од 4— 5 илјади души. До пладне нашите момчиња добро се држеа. Попов лудачки се држеше. По пладне Турците како да се очајаа од првиот план на јуриш да не земат. Скроиле нов план, обете чуки да ги опколат и со една продолжителна генерална атака да се нафрлат најпосле на штик против нас. Од 7-сатот по турски до доцна атаката беше непрекината — честа стрелба, куршумите околу уши ни свиреа. До смрачување Турците успеаја да се доближат до чуката без да смеат да ни ги земат позициите, со надеж, дека следниот ден ќе се нафрлат на штик. На следниот ден ќе дојдеа и топови. На смрачување си зедовме збогум со еден нов експлозив, со едно кило динамит и со општо ура — па после тивко и незабележано отстапивме, ја прегазивме река Црна и на брегот што беше наспроти се скривме во едно трло, каде лежавме цел ден. Крлежи ќе не изедеа. Бевме капнати, сосипани, гладни, откако бевме патувале 10 саати ноќта, а 64 саати не бевме јале. И фишеците ни се беа свршиле. Бевме во ужасна положба. Местото ни беше незгодно, позгодно веќе не можевме да пристасаме. Лежевме на солнце. Со нас имавме 7 — 8 ранети меѓу кои што Лазар поп Трајков и Иванович (во окото). Убиени оставивме на чуката четворица и понапред двајца. Среќа имавме, што аскерот не тргна по нас. После разбравме од селаните, дека аскеров правел претрес на чуките, дека два дена збирале убиени и ранети. Тешко ранетите ги испратиле на болница, убиените ги закопале во нивјето, а треба да биле, по сведенијата од селаните, преку 200 души. Позицијата многу ни помогна. Турците во атаките многу се излагаа.
 
Вечерта најдовме пољак од едно соседно село, Грумишта, и стегнати од глад му се доверивме да го испратиме во селото да ни донесе леб. Не се врати. Тој отишол в село, го забрал раководителот и ја сретнал другата чета на Циле и јавил, кај сме ние, така да се сретнавме со оваа чета, ја пристигнавме Мороивската планина и таму се сретнавме со тиквешката чета на Толе — паша. Престоавме еден ден, се нахранивме и тргнавме за една месност, Лаката, и од таму за село Будимирци да се сретнеме со битолските и леринските чети, кои што требаше да ги забереме со нас. Во една кула над селото Будимирци се сретнавме со околните војводи (битолски, лерински, прилепски). Дознавме, дека битолските чети во Мориовско останале само мали остатоци — до 30—40 дунш (од 180 души); другите се растуриле. Четите веќе беа изгубени и нивниот главен војвода Тодор Златков беше избегал во Битола. Истата судбина беше и со леринските чети во Мориовско така да од сите чети оздравените се откажаа да идат со нас. Биле во право тие, зошто околу Сурович имало до 14 илјади војска по линијата. К`е бевме сите просто како кучиња избиени, бидејќи местата се голи. Успеавме да земеме со себе еден од војводите. Истата вечер се доби сведение дека во околните села доаѓа аскер, та ние истата вечер се упативме кон врвотината Ниџе планина за да се прикриеме и за пребегување оттаму. Совршено неочекувано, за голема наша изненада, истата вечер и на истото место со 14—15 души пристига и Сарафов, кој што бегаше од кај Костурско. Сарафов ни јави за решението на штабот да се расформируваат четите, зошто востанието пропаѓа, четите се распаднуваат, така да го спасеме барем оружјето. И за амнестија имало надеж.
Расформирувањето на четите и лошите од тоа морални поледици. — Ѓ.Петров, останат сам, се присоединува кон четата на Толе-паша. — Петров се крие во Битола. — Оттука Петров, горко разочаран, се прибира во Прилеп и потоа се скрива во Велес. — Два партизански лагери кај дејците во Велес; Петров се замешува да ги смири. — Новодојдена чета во Велес. Сретба со Тодор Лазаров. — Петров, од сите страни пренебрегнат и длабоко навреден, решава да се врати во Бугарија.
 
29 јуни
 
Тоа расформирување по наредба, по решение на началството, што ги водело четите во борби, ми се виде неморално. Би стоал до крај, но самиот не би ги советувал да си одат дома, особено кога началствувачките лица беа решиле да одат во Бугарија. Тоа нешто доведе до страшен морален крах, населението се сметаше изиграно. Требаше и Борис и сите да останат внатре, да поднесуваат. Само јас, Даме и Пере останавме во земјата. Пере остана само со двајца по горите во Прилепско, Даме се криеше како волк по пештери во Демирхисарско. Останав сам, откако сите водачи ја напуштија земјата и отидоа во Бугарија. Тие, што го советуваа населението да се предава, сами не се предадоа, ами избегаа во странство. Сите раководни сили требаше да останат и да страдаат со населението. Повеќето од селаните војводи останаа во земјата, а сите поинтелегентни избегаа. Страшна агитација развија селските војводи против интелегенцијата. Толе-паша одеше од село до село: „Еге ти ги даскалите, додека ги раневме тука, додека имаше да се прчат.“ итн. итн. Простите војводи станаа господари на ситуацијата. Во секоја околија имаше по 5—6 четички, четник со 2—З души, прогласен за војвода. Тие се изродија во самозвани банди, му удрија по селата своеволно. Апостол војводата се задржа не стана отцепник, но затоа и тој се сам бендиса: „Биринџик чета е мојата“, велел. Грозно стана. Се тоа ја дискредитира организацијата. Во Охридско, откако си отидоа водачите во Бугарија. ќе се јавеше грозна анархија, ако не беше покојникот Узунов што ја прикрепи положбата. Исто во Костурско, откако Чакаларов и неговите другари избегаа, остана околијата во рацете на прости луѓе, селски војводи. Воопшто во целиот востанат крај од повидните луѓе, останавме само јас, Пере, Даме, Павел Христов, Петре Ацев, Мих. Узунов, Ѓорѓи Сугарев и Ѓакон Евстатиј. Со Дамета како другар остана и Лозанчев. Сите други раководни сили, поинтелегентни војводи градски и др., до 150 души, дојдоа тука.
 
Откако им јави Борис на момчињата, дека е решено да се расформируваат четите, костурците веднаш се повлекоа заедно со Попов и Циле Кономладски (го убија на четвртиот ден, откако се раздели од нас), а јас и Борис останавме уште два дена (со мене беа 13—14 момчињас, а со Бориса 12—13) гладни, изложени на снег и водени, а бевме на врвот на Ниџе планина, до 2000 метра височина. Стоавме таму додека да го видиме движењето на турските војски. После слеговме пак долу во Мориово, во селата Грумишта и Будимирци. Слеговме да се сретнеме со мориовските војводи Анте и Толе-паша. Борис беше на пат за Бугарија. Му го уредивме каналот. Последните, останати со мене момчиња на чело со Лука Иванов, Иванович, Ѓорѓи Иванов ја препуштија судбината на мене, — ме прашуваа, а ме советуваа да се вратам во Бугарија. Јас им изјавив, дека нема да се вратам, а за нив не можам да земам одговорност, — туѓи луѓе. За себе лесно ќе се погрижам, имам познати. И така си отидоа тие со Бориса. Исто така и од месната прилепска чета неколцина се присоединија кон Борисовата чета за Бугарија. Јас останав при Толе-паша со дваесетина негови момчиња. Како сите други така и оваа чета одеше веќе кон своето распаднување: момчињата ја напуштија четата еден по еден и два по два и се предаваа на властите. Само 8 момчиња не можеа да се предадат, зошто имаа крвни престапленија, но готови беа при прва пушка да избегаат. Уште истата вечер, кога тргна Борис, мориовската планина беше обискирана од неколку илјадна турска војска во синџир, на огромно пространство, така да секој даб се разгледуваше. По неколку дена ги обискираа и селата. Голем наплив од војска, беше испратена да оди по трага на Бориса, зошто четниците се предаваа и дури со некои се служеше војската да ги открива четите. Четата веќе мачно се криеше. По селата веќе почнаа да ни подречуваат да не влегуваме во селата, зошто не можеле да гарантираат за нас; некои селани имаа сомнение. Толе-паша, сосем замислен 4—5 дена, зеде да ме советува да си одам, зошто не можел да се крие добро кога сум со него, а не сакал да загинам во неговата чета, та затоа да одам в град. Пишав во Битола да уредат за да можам да појдам в град и да таму уредат стан. Ми одговорија, дека положбата била рискувана, да почекам малку. Без да чекам, еден пазарен ден слегов во село Градишница, доверувајќи се на двајца таму, ги фрлив комитските алишта. Им ги оставив во замена своите алишта, револвер, кама, дулбија и пушка, се`. Толе-паша после ги облекол моите алишта и зел се`. Другото лето Толе-паша го убија во тие алишта, после ги продале на бит-пазар во Битола и, им се чини, некои пријатели ги купиле и ги чуваат. Со своите нови алишта и две магариња, натоварени со штици, познат само на двајца од селаните, заедно со пазарџиите се истресов во Битола. По пат на три места поминавме низ аскер, кој што не гонеше. Селаните, што знаеја, се тресеја; пазев присуство на духот. Во Битола влегов, отидов низ чаршија. Селските навици и јазикот добро ме маскираа. Отидов во Пријателска куќа, кај баба Фанија Аџи Велкова, грчко маало. Таа ми е позната уште како учител кога бев во Битола, бев пријател со нејзиниот син. Таа ме љубеше и не можеше да ми откажи, макар да се многу плашеше. Седов околу еден месец внатре во собите, без да излезам некаде и без да ме види некој. Аце Дорев беше благајник на комитетот во градот та ми праќаше помалу пари. Фанија готвеше. Само нему и на Павел Христов им се јавив. Павел Христов беше илегален, а Аце Дорев си беше книжар. Најмногу се разочарав таму, моите поими за братство, пријателство и солидарност добија најсилен удар. Нашите другари се покажаа обвладани од јак, тесноград егоизам. Додека стоев во Битола, на расположење на комитетот се вика, и им дадов да разберат, дека сакам да се настанам во Битола, тие, Павел Христов, Лозанчев, дури и со знаењето на Дамета, систематски избегуваа, не ме држеа во тек на работите и ми даваа да разберам дека можат и без мене. Ги поканив Павел Христов и Лозанчев, стари пријатели, да дојдат да се видиме, но не пристанаа да дојдат кај мене. Најпосле речиси натрапено отидов во куќата, кај што се криеше Лозанчев (7—8 години не бевме се виделе). Впечатлението од среќавањето беше, дека им е досадно моето стоење таму да не им ја земам положбата на шефови?). Влегов во преписка со Дамета и го канев да дојде да се сретнеме и да размислиме за положбата и мерките. Тој не се согласи да дојде (му било страв), а после ми јави, дека оди во Прилепско да се сретне со Перета (сакаше да кажи: „ако сакаш, ела ти тука“). Аце Дорев тогаш ми јавува, дека не можат да гарантираат за моето стоење во Битола и ми советува да сум отишол во Прилепско, божем за посигурно. Јас бев решен да останам за секогаш во Битола, макар и вопреки тоа. За да ме натераат, ми ја прекинаа храната, прекинаа среќавања. Дорев често го праќаше неговиог брат да ми напоменува да сум си отишол. Се гледаше, дека тоа беше во споразум со Дамета. Мојата идеја беше, ние тројца — јас, Пере и Даме да се растуриме на три места (јас да останам во Битола како нов, Даме — во Солунско — Пере во Скопско). Тоа, изгледа, не го бендисувало Дамета, кој знае како си го истолкувал, така да скроил да ме мавне.
 
Огорчен силно, ја напуштив Битола и си отидов во Прилеп. Не се согласив со Дамета да тргнам заедно со него по селски канал, ами во цивилни алишта со пајтон тргнав за Прилеп, влегов во градот, каде што се криев пак во приватни, пријателски куќи. Тогаш Пере со двајца четници се движеше по селата и не се решаваше да влезе в град, неверувајќи им на граѓаните. Јас не се решавав да одам во село при него и Дамета (тие беа се сретнале), зошто не им верував на селаните. Најпосле се сретнавме во село Селце (пол саат од градот). Прв пат се сретнав со Дамета после 4—5 години. Тој не можеше да ме познае (отидов со прилепска антерија, со ќур, беше зимата). Таму останавме два дни, поминати во разменување на мисли. Само се расправавме. Јас му ја искажав својата огорченост поради односите на Пав. Христов и др. во Битола спрема мене, а Даме молчи. Разбрав, дека и Даме е согласен, оти и тој е против тоа да одам во Битола. Пере и Даме отидоа во Битола, јас останав во Прилеп, бидејќи видов, дека не им е пријатно да одам таму. Пере беше со мене, тој ми велеше дека Даме итрува и ме запираше да му зборувам. Среќавањето излезе бесмислено. Јас се видов одбегнуван како конкурент. Таму во Битола за прв пат, без дури да ме сондираат, Пав. Христов, Лозанчев, Пере и Даме решиле да прогласат, дека постои окружниот битолски комитет и да почнат да функционираат како окружен комитет.
 
30 јуни 1908.
 
Прв пат таму решаваат окружниот комитет во името на организацијата да им стави во долг на битолските војводи да ги превртат гркоманските села во бугарски како отпор на пројавените тенденции на грчките владици и конзули да ја исползуваат катастрофата во полза на грчката пропаганда. Мотивот на окружното беше да се превземе контра-дејствие за да се божем парализира, всушност тоа беше веќе упадок на револуционерната дејност и наклоност, бесознателна може би, кај Дамета да биде пријатен на официелниот бугарски свет Едно од писмата во овај смисол попадна во рацете на властите, стана достојание на конзулите и општо познато, та служеше како силно оружје во рацете на Грците против „лицемерството“ на организацијата. Почнаа Грците уште посистематични противудејства, а тоа го роди засилениот грчки четнички курс, послужи како оправдание на четничката пропаганда.
 
Пере се врати во Прилеп и од него ги научив овие работи. Пере е националист по гледиште. Но егоизмот на Дамета лично да ја држи ситуацијата тој го сваќаше и го осудуваше, не сакаше само да му се спротивстави.
 
Останав во Прилеп месец и пол да чекам некакво разјаснување на ситуацијата за да си определам идна линија на поведението. Прилеп во тоа време и околијата се буричкаа од два противничка лагера на раководните сили во градов, а пак оттука и во селата, кои што ни оддалеку не даваа надеж, кураж, човек да се зафати дури со месна револуционерна работа во градов. Поради тоа што како илегален не можеше да излезеш отворено да работиш мимо нив, туку само ако се замешаш во партиска борба. Се бореа Тренков и Ацев веќе на месна база. Се решив да го напуштам Битолскиот округ и да тргнам за Солунскиот округ. Се обидов да си расправам пат низ Тиквеш, единствен тогаш пат за Солунско. Просто од страв и од несостојба тиквешките раководители ми го откажаа своето содејство да ми уредат пат. Тогаш се решив да ја обидам почвата во Скопско. По приватен начин уредив со патот и тргнав за Велес (воо почетокот на март), преоблечен во велешки селски алишта, со кирајџии, влегов отворено во Велес на коњ, низ касарните, без да ја знам ситуацијата во Велес. Истиот учител, што ме пречека кога доаѓав од Бугарија, Анте Димов, учител (велешанец), со истиот се бев споразумел. Тој ми прати велешки алишта, куси чакшири и плетена фута. Положбата на партизанството во Велес ја најдов во пострашни размери, отколку во Прилеп. Два самозвани комитета на чело со луѓе, кои што претендираа по традиција да бидат началници на комитетот, водеа отворена, чисто партиска агитација во градов и селата за да ја завладеат ситуацијата. Во едната група беа поконзервативни елементи на чело со Дерменџиев (трговец), Бано Кушев (директор на училиштата), Ѓакон Давче Наков (сега архиерејски намесник во Куманово), Илија Ќирков (трговец). Од другата партија повеќето беа млади учителчиња на чело со мојот пријател Анте Димов. Борбата се водеше, кој има право да ја раководи организацијата и беа ја дотерале до таму, што на публични собранија, на митинг во училишниот двор оштро се расправале, а по улиците судрувања и претњи со револвери од младите од двава лагера беа чести. И едните и на другите се надеваа на некоја чета од Бугарија, која што би ги поткрепила за да ги столчат своите противници. Едни против други интригуваа во Софија, Солун и Скопје, кој да ги компромитира своите противници, да добие официелна потврда на својата партија од окружниот комитет во Скопје или од номиналниот централен (самозван, што се состоеше од поп Коцев). Мојата основна идеја беше дека треба ни еден од нас да астане надвор имено поради тоа, што еден да остане со пари и други средства лесно може да образува внатре партија. Скопскиот окружен комитет беше се откажал да го реши ова прашање, зошто го беше признала за неразрешиво. Поп Коцев (кому што беше признал Даме да распоредува) од Солун со сета своја леснотија на темпераментот им го дал правото на поконзервативните елементи и со тоа го разрешил прашањето. Другите станаа Борисови луѓе — партија на Сарафов и му останаа до денденеска, Тие дури не го познаваа Бориса. Сарафов минаваше како претставител на противниците на самозваниот Централен комитет и на Матовци и Татарчевци тука. И двеве страни се обратија кон мене за содејство. Случајно попаднат во едната партија, ме кријат само при свои пријатели, а другите ме следат, каде сум. Стојав околу 20 дена па ми се присака да појдам и при другите и седев таму, по нивни куќи. Не сакав да поминам за партизанин. Едните ме предупредуваа отпрвин, дека другиве ме надушиле и дека можеле да ме предадат. Посакав разрешение од скопскиот комитет и од поп Коцев во Солун да ми го дадат правото, да ми позволат, бидејќи се најдувам како наблудувач во Велес, да поуредам нешто тука. Од Скопје се дегажираа од прашањето, а од Солун ниту ми одговорија. По приватен пат разбрав, дека мешањето во тамошните нивни работи тие го сметаат како нарушување на свои права. Поп Арсов беше во Солун, но беше повлечен од работа, не се мешаше. Не можев да не се смешам, најдувајќи се во таква средина. Ги собрав обете страни, зошто подобрите од старите работници од обете групи влегуваа во обете партии, а покрај нив имаше и шмеќари. Со нивна согласност одредив временен комитет од тројца души од обете партии — Анте Димов, Бано Кушев (касиер — Анте Димов; Кушев — раководството на селската организација, а третиот, не паметам кој беше, — раководство на дружините во градот. На чело го предвидов Андреј Георги Христов сега во Станимака учител), туку што беше дошол во Велес да живее, еден вид интерниран, бивш учител во Крушево (беше изгубил право да живее во Битолско). Него го поставив на чело на комитетот (тој беше свршил вишето училиште во Софија) со право да се брои господар на ситуацијата и да му пречи на се`, што носи партиен карактер. Бев им напишал и правилник за уредбата на месниот комитет во градот и околијата и за распределување на работата меѓу заинтересуваните лица, за да се избегнат поводи за судрувања и неразбирања. Оваа наредба ја примија сите, но, како што излезе после, партизанството не се искорени.
 
Набрзо пристигна Стеван Димитров, интелегентен младинец, со чета од Софија, предназначена за Велешко и испратена од Матов и Татарчев. Го пресретнаа заедно со мене луѓе од обата лагера при село Ореовец. Дојде со 12-14 души, четата беа му ја разбиле пред Радовишко. Му дадовме препис од согласението, му објаснивме се` му возложив да гледа со Андреј Георги Христов да го поништи партизанството, кое што беше почнало да проникнува и по селата. Го повикав од Штип Тодор Лазоров за да се осветлам за работите во нивниот крај. Освен за Штип за другите околии немаше ништо што предизвикуваше во неговите осветлувања. Се обидов да појдам во Скопје со кирајџии, за да си ја видам среќата таму бев уредил дури со кирајџии да поминам. Учителот Стојанов (тамошен основни учител, тетоец), и учителките Канчева и Славка Чакарова, единствените останати посвесни сили во Скопје, предизвестени, дека ќе доаѓам, побрзаа категорично да ми запретат да одам, оти тоа било јавно рескирано за мене, бидејќи полициските мерки биле многу строги. Дојдоа во Велес и трите на советување (ми беа познати оттука). Ништо за утеха. Положбата не само во Скопје, но и на раководството во Скопско потполно беше расклатено така да не ми дадоа надеж, дека ќе можам да се настанам во Скопје. На крај зедов решение да си појдам во Бугарија, и со содејство на пријатели од Велес го редевме веќе патот за да поминам низ Србија како полесно за мене. Беше наредено се. Разочаран бев најмногу од раководството. Таков егоизам, таков педантизам! Особено беше навредливо за мене, што бев отишол за да работам а да не ме примаат за тоа, бидејќи секој се плаши, оти му го земаш местото.Недоволство кај останатите дејци во Битолско од централизаторските планови на Груев. — Петров оди во Прилепско на организационен окружен конгрес. — Конгресот станува подвижен, местејќи се од село на село. — Проект за децентрализација во организационата уредба. — Груев се противи и предлага свој проект. И двата проекта се примаат за проучување од другите окрузи. — Петров во Воденско и во Ениџевардарско. — Реформаторски идеи на Петров против традиционите потхвати во В.О. — Петров по селата во Прилепско. — Не сретнал од никаде сочувство, Петров заминува во Струмишко.
 
Во тоа време во Битолско меѓу таму останатите сили беше се појавило јако недоволство од Дамевата тенденција да го воспостави старото положение и да ги централизира работите во своите раце така, да се тера по старото, се` облечено во мистериозност. И мимо Дамета — втори Узунов, Сугарев и уште некои зедоа иницијатива да ги свикаат останатите на собрание, на кое да се определи, каков став ќе треба да има во иднина организацијата — еден вид против Дамевата желба да централизира. Даме не можеше да разбере, оти веќе не сме свето еванѓелие. Ова иницијатива Пере беше ја одобрил и поткрепил. Даме, сметајќи, дека си ја заздравил положбата на врховен водач во Бигола, отишол за Солунско. Прошол Воденско, Ѓевѓелиско та преку Тиквеш пак се врати во Прилепско, каде се сретнавме. Меѓутоа, додека Даме обиколувал, собранието се нагласувало, а кога се врати, собранието се одржа. Во Велес добив две писма по сугестија од Перета (ми се чини од Пешков), дека желбата на другите сили е да присуствувам и јас на собранието, та ме повикаа да се вратам назад, отфрлувајќи ја секоја одговорност од себе за станатата навреда спрема мене. Јас два пати им откажав. Третата, настојбена покана ја примив и се откажав од планот да си појдам во Бугарија. Ми се чини беше на 18 април, од Велес во цивилни алишта излегов при новодојдената чета во с. Ореовец и после преку село Хвојница (каде ги уредивме партиските работи) прејдов во село Краинци, каде се сретнав со Тиквешкиот војвода Јуруков, кој што беше дошол тука на одмор. Оттука најдов едни чечнички алишта, се наоружав со пушка и со тиквешката чета тргнав за Прилепско. Преку с.Попадија влеговме во Прилепско при с.Топлица, каде што се претполагаше да не чека Прилепската чета (Ацев). но четата ја немаше, а тиквешката чета се врати назад. Јас останав сам, во четнички алишта, така да со еден ненаоружан селанец тргнав да ја барам прилепската чета. Преку Тројаци и Плетвар го пристигнав Ацев во с.Ореовец (Прилепско, родно село на Ацев). Се укажа, дека делегатите од разните околии уште не се дојдени и дека датата на конгресот се одложила за неопределено време.
 
Околу 10—15 дена ги обиколивме со Ацев селата во Прилепско да ја соживуваме и уредуваме организацијата. Ги уредувавме селските работи на старо основание (организација, судски работи). После во Плетвар пристигнаа поголемиот дел делегати само од Битолско и тргнавме за село Беловодица, каде што се почнаа редовните разгледувања. Два дена го чекавме Дамета. Присуствувавме: јас, Пере, Даме, Петре Ацев, Сугарев (од Демирхисарско), Узунов (Охридско), Стеван Димитров (војводата од Велес); од Тиквеш поканивме легални сили како и од Велес, но не дојдоа. Јуруков беше го повел од Тиквеш Пешо војвода, свој другар. Од Прилеп беа Тренков Јордан (противникот на П.Ацев) и Георги Пешков. Од Софија беше пристигнал со чета наново Георги Поп Христов, бивши член во окружната управа во Битола, лерински војвода во време на востанието. Павел Христов и Лозанчев не сакале да дојдат, зошто сметале, дека ова собрание е против нив, а го немале согласието на Дамета. Самиот Даме сосем несакано го пречека собранието. Во првите среќавања дури се откажуваше да земе учество во дискусијата, бидејќи без негова согласност бил свикан конгресот. Ова му беше мотивот, а всушност конгресот му беше непријатен. Со усилби го убедивме да се откаже од оваа навреда на окружниот комитет. Даме најпосле отстапи и се одржа така наречениот Прилепски конгрес. Продолжи дискусијата околу 15 дена. Конгресот го направивме подвижен, се движевме како чета по селата. Почнавме во Беловодица — после во Дрен, Смолани, Царевиќ, Топлица, Тројаци, Плетвар, Ореовец, Крстец и свршивме во планината Борула. На заседанието во Борула ни го пратија од Битола вилаетскиот весник во Солун, во кој што се велеше, дека раководните сили на вилаетот се собрале во с. Беловодица за да размислат за своето поведение во иднина. Решенијата што се земале, брзо ќе можеле да се соопштат. Значи беше се расчуло, властите знаеле, но не земале строги мерки. Беше спроведена мала потера, но ние вешто ја избегававме. На конгресот зборував против централизацијата итн. Претседател немаше, имаше карактер на другарско собрание. Се реши, разменетите мисли да се оформат и да се достават на целата организација за припрема на еден општ конгрес.
 
Пере Тошев беше определил неколку точки по прашањата на денот во организацијата; воглавно врз таа основа се вртеше дискусијата и тоа само за битолскиот округ. Решенијата ќе ни беа за битолскиот округ а на другите к`е ги препратиме само за сведение. Се изработи цел правилник по уредбата на организацијата, кој што го напечати Борис (тој имаше пари, јас му го дадов копието). Радикалната промена беше, што мистериозната централизација се отфрлаше кога ќе се почне од Ц.К. та до селата, а место неа — широка децентрализација. Сложен механизам во вишите раководни установи се предвиде, за да можат сите повидни сили на организацијата да земат учество во делата на организацијата. Тоа одговараше на расположението: никој веќе не сакаше да чуе за старата централизација. Даме се противеше, но скоро никој од повидните не го подржаваше. Го оформивме и Дамевото мнение како втор проект. Заедно со Дамета го изработивме и неговиот проект (печатени се од Бориса обата проекти). И вториот проект на Дамета, не беше во својата основа друго, освен првиот проект само во поумерена форма. Даме многу отстапи, немаше што да прави; старата наредба беше го загубила секој авторитет. Но Даме внатрешно си остана со потајната мисла да парализира се` при првата возможност. Му беше предоставено нему тој да се погрижи после во Битола од името на окружниот комитет да ги испрати во препис решенијата во околиите и по другите окрузи. Даме сакаше да се честува комитетот, та од негово име да излезе. Му остапивме. Силна препирка имаше со Перета по националнното прашање, и бидејќи не се разбравме, го оставивме висејќи. Пере сакаше без колебание да и` се даде национален колорит на организацијата; Даме шиклираше; јас бев против — по тактички соображенија; знаев, оти ако на нашите луѓе им ја отвориш вратата на национализмот, дека таму сите ќе се напикуваат, оти ќе си создадеме една јазва и ќе ја зафрлиме револуционерната идеја, како што и стана. Тоа беше настроението, — ослабнат револуционерен дух, тоа го асли чекаа. Но Пере не се разубеди, а особено зошто српската и грчката пропаганда дејствуваа. Јас сакав да бидам подалековиден и подржував, дека ако се вовлечеме во таа борба, не ќе можеме да издржиме, слаби бевме, истрошени. А ако се прибегне до средства од владини извори, тогаш веќе револуционерната идеја пропаѓа. Така на пр. не го одобравав решението да се превртуваат гркоманскитр села итн. Воопшто подржував, дека организацијата може да се подржува сама за себе и сама преку себе, придржувајќи се, додека не ојакне, само во рамките на чисто револуционерната борба.
 
Оттука јас решив да појдам во Воденско при Лука Иванов мој добар пријател, кој што скоро беше дошол од Бугарија со чета (Матов го беше пратил), за да ја видам ситуацијата во Солунско, да си ја видам среќата и ваму. Матовци — Татарчевци пак по свое наоѓање од тука наспроти нашите решенија таму го беа предрешиле идниот систем на организационата дејност: во секоја околија да има околиски началник, нелегален војвода, кому што да се потчинат градските и селските легални раководители во околиите. Согласно ова решение почнале да испраќаат вакви началници во поодделни околии: Стеван Димитров во Велешко, Лука Иванов во Воденско, Андон Ќосето Во Ѓевѓелиско, Ѓорѓи Христов во Леринско беа испратени во согласност со ова решение за вакви началници. Во Мориовско се разделивме веќе: Даме замина за Битола, Пере за Прилеп, а пак јас останав таму со П. Ацев неколку дена додека го уредиме моето одење за Воденско. По некој ден со П. Ацев низ Мориово преку Ниџе планина со 8 момчиња се најдовме во с.Пожарско, во Мегленијата. П. Ацев со четата се врати назад, а јас, без никој сам останав во село да го чекам Лука со четата. Се укажа, дека Лука заминал дури во Негушко да преследува разбојници та требаше да го чекам во Пожарско и во с.Саракиново цели десет дена. Сам одев по села, по крчми, аскер врви, рескир голем. Најпосле се сретнав со Лука. По размена на мисли со Лука решивме да ги предложиме на дискусија прилепските проекти или во поголемо собрание од округот, или барем во одделни собранија по околии во мое присуство, за да можам да им дадам пошироки осветлувања врз основните новововеденија. Бидејќи не ми беше возможно да останам во Воден поради земените мерки на власта против Лука, ги поканив градските раководители да дојдат да се сретнеме во Саракиново, за да се советуваме, што може да се направи за околиско или општо собрание. Повеќе од страв не им се доаѓаше да се видиме, а пак за конгрес молчејќи откажаа, бидејќи беа отишле двајца од нив во Солун при поп Коцев, а овој ги посоветувал да откажат.
 
Од Воденско со Лука се префрливме во Ениџевардарско при Апостола. Во Воденско дојдоа мнозина граѓани да се видиме, особено младинци. Во среќавањето со Лука Иванов од него разбрав, оти во Воден има многу жива и способна за активнаа работа младина, но раководните сили ги зачувале архаизмите уште од првите години на организацијата — традиции. Од распрашувањата си личеше, дека е доста добро возможна заедничка работа од еснафот меѓу двата лагера-егзархисти и гркомани. Но корифеите не допуштале, по стара омраза, мислам за заедничка работа. Партиските јажби ваму беа јаки и неразрешиви. Пред мене влегувале во градот и Даме еден пат и Лука Иванов два пати, но ништо не успеале да изгладат. Меѓу младите четници на Лука имаше силно настроение да влезат во градот и да ги избијат раководителите така да го започнат наново организирањето на градот. Градските младинци, што се сретнаа со нас, охотно ја пречекаа оваа мисла. Впечатлението од оваа фактичка положба во Воден беше, дека стари раководни сили и дејци, отпаднати со духот, без верба и елан, вовлечени во партизанштина по агитации, кои што со тие свои својства и со својата страшливост пречеа и пред востанието, го пречеа и после него развојот на организацијата и засилувањето на револуционерниот дух во градовите, исползувајќи ја положбата на тајанственото началство и негово право никој ништо да не работи без негова наредба, макар никаква наредба да нема. Одбегнуваа секаква дејност во градовите, а се` се возложуваше на четата (позгодно), а меѓу тоа личеше и тука, како што и друбгаде, широк круг од многу активни сили меѓу еснафите и младината, кои што бараат простор за работа, а не го најдуваат спроти тогашниот поредок. Друго нешо, кое што уште по силно ме удри в очи и кое што го беа забележиле во Битолско, Прилепско и Велешко, тоа беше омразата на селаните против граѓаните, зошто во градиштата ништо не вршат, а од селата се` бараат, зошто не само селаните треба да ја издржат четата, но уште им се бараат пари за градот, а воглавно што во време на востанието граѓаните се изитрија да го избегнат, а го оставија целиот товар на селата. Под овие впечатленија ВО с.Саракиново го напишав правилничето за градските и селските организации и за нивните взаемни односи (печатено заедно со проектите). Матов — Груев беа силно против, но потајно. Даме не испрати од Битола во Воденско никакви проекти — беше ги заборавил.
 
Отидов во Ениџевардарско кај Апостола. Таму останавме 15-20 дена со Лука Иванов, чекавме извештај од Гевѓелиско — од Андона Ќосето. Испратив писмо и до поп Коцев во Солун за да нареди, ако е возможно, да се одржи конгрес во мое присуство и да испрати од проектите, ако ги добил од Дамета. Поп Коцев не одговори. — никој не се јави. Проектирав јас да појдам во Ѓевѓелија при Андон Ќосето, да се запознам со Ѓевѓелиско и од таму да си го определам понатамошниот маршрут. Во тоа време добивме извештај дека Христо Чернопеев од Кукушко се префрлил преку Вардар и се настанал во Ениџевардарското блато со својата чета. Бидејќи тој не можеше да дојде при нас по селата — чекал некаква порачка за алишта — со едно одделение од Апостоловата чета отидов при него во блатото, каде поминавме 4-5 дена ужасен живот (облаци од комарци — се спие ззвиткан со платно). Чернопеев, изгледа, беше поминал преку Кукушко да ја преуредува околијата и од таму со истата цел, изгледа, се беше префрлил во Солунско, во Ениџевардарско со намера да оди и во Ѓевѓелиско. Обајцата дојдовме до убеденост, дека трудот ќе ни биде напразен, барем за брзо време, зошто не најдувавме ваму никаква опорна точка осем Лука Иванов, кој беше во овој крај нов. Овој крај ми направи впечатление, дека во организационен однос останал во првата фаза на организацијата, — запрено било да се развива. Уште едно разочарување од измамата на врховистите за востание во овој крај 1902 (беа измамиле 5-6 села), и од неуспешното држење на раководните војводски сили през востанието 1903 година. Цела класа од околу 100-120 месни стари четници, воспитаници на прости војводи, беа после востанието господари на ситуацијата, а легалните организации во градовите беа умреле.
 
При таа положба безнадежно ми се виде без сугестивна сила да се зафаќаме со брзото реорганизирање на организациите во овие околии. Направивме обид заедно со Чернопеев да слеземе во Солун, в град, на советување со поп Коцев, поп Арсов и други, останати таму сили. Односно Чернопеев беше го скроил тоа за себе и беше веќе уредил да тргне во селски алишта со пазарџиите, а јас се присоединив да одам и јас со него. Но во тоа време по некакви слушања, дека од Бугарија дошле во Солун атентатори, полицијата беше зела исклучителни мерки, и поп Арсов и поп Коцев беа интернирани во своите родни места заедно со други неколцина, така да немаше веќе смисла да одиме во Солун. Откако што обиколивме заедно со Апостола и со Лука Иванов по неколку полски села од Ениџевардарската и од Солунската околија го прејдовме со чамец Вардар за да си појдиме во Струмичко, каде го чекаа Чернопеев на окружен конгрес на Струмичкиот округ. По иницијатива на Струмичките водачи беа се распратиле покани не само во Струмичко, туку и во Солунско да направат општ конгрес во определен рок. Струмичките водачи требаше да ги распратат поканите, а Чернопеев беше тргнал да агитира за делегати, да ги поуреди околиите итн.
 
Кога појдовме во Струмица, рокот на конгресот наближуваше.Тоа беше летото 1904 год. (август ?)
Не го одобрив само расформирувањето на четите.
{{reflist}}