Злата Мегленска: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот: Промена на шаблон: Биог-никулец
Нема опис на уредувањето
Ред 12:
Тогаш Турчинот ја ставил да живее заедно со останатите негови жени, надевајќи се дека тие ќе ја наговорат да се потурчи. Уште какви ли не ветувања ѝ кажувале овие жени, но света Злата не попуштила. По шест месеци Турчинот сфатил дека ни тоа не му помага, па затоа ги повикал нејзините роднини и им се заканил дека ќе ја убие ако не ја натераат да се потурчи. Тогаш нејзините родители и сестри почнале да ја проколнуваат да се потурчи. Притоа ѝ зборувале дека [[Бог]] ќе ѝ го прости тој грев штом е направен под принуда. На сето ова света Злата им рекла: “''Штом вие ме советувате да се откажам од [[Христос]], вистинскиот Бог, не сте веќе мои родители и не сте веќе мои сестри. Јас имам татко, а тоа е Господ Исус Христос. Имам и мајка, а тоа е света [[Богородица]], а браќа и сестри ми се светителите и светителките.''”
 
Кога Турчинот видел дека ни тоа не помага наредил да ја затворат. Три месеци света Злата била затворена при што секојдневно била сурово тепана и мачена. Но сите маки оваа светителка херојски ги издржала охрабрена од својот чувар [[Исус Христос]]. На крајот била обесена, а телото ѝ било исечено на парчиња. Така таа ја предала својата [[бесмртност|бесмртна]] душа на својот младоженец Исус Христос. Подоцна деловите од нејзиното тело [[христијанство|христијаните]] кришум ги погребале. Света Злата маченички настрадала во [[1795]] година.
 
Житието на света Злата Мегленска, според други, било запишано според кажувањата на духовникот Тимотеј, кој бил [[духовен отец]] на нивното семејство и кој бил сведок на нејзините страдања. Во годината кога света Злата Мегленска била грабната, во [[Македонија]] крстосувале арамиски банди кои нанесувале големи штети на населението, па се претпоставува дека и со неа било исто. Во еден ферман од султанот на [[Селим III|Селим Трети]] стои: “Поредокот во земјата е нарушен, а царските закони никој не ги почитува.”