Александар Василевич Александров: Разлика помеѓу преработките

Избришана содржина Додадена содржина
Создадена страница со: мини|десно|220п|Александров во воена униформа [[Податотека:Loktionov ...
(нема разлика)

Преработка од 06:53, 12 мај 2010

Александар Василевич Александров (рус. Александр Васильевич Александров), (13 април 18838 јули 1946) е руски и советски композитор, основач на ансамблот „Александров“ и автор на химната на СССР, а од 2001 г. и химна на Русија (со друг текст). Бил доктор на науки по уметност и предавал како редовен професор на Московскиот конзерваториум. Прогласен е за Народен уметник на СССР и лауреат на Сталиновата награда.[1]

Податотека:AAlexandrov.jpg
Александров во воена униформа
Податотека:Loktionov Aleksandrov Dunajevskij Pokrass Moskvin.jpg
Генералот Локтионов со композиторите А.В. Александров, И.О. Дунаевски, Д.И. Покрас и актерот И.М. Москвин

Историја

Александров е роден на 13 април во с. Плахино, југоисточно од Москва. Како дете пеел толку добро што отишол во Санкт Петербург и станал хорист во Казанската катедрала. Учел компонирање кај Николај Метнер во Санкт Петербург и во Москва, каде во 1918 станал професор по музика.

Александров го основал ансамблот „Александров“ и долги години бил негов раководител, и во тоа својство на Јосиф Сталин. Хорот доживеал успех на Светскиот саем во 1937 во Париз, а во 1942 Сталин побарал од Александров и текстописецот Сергеј Михалков да создадат нова химна на СССР, која потоа била официјално усвоена на 1 јануари 1944 г. Оваа химна била во употреба сè до распадот на СССР во 1991 г. Во декември 2000 г. било одлучено истата да стане и химна на Русија, но со поинаков текст.

Александров ја искомпонирал музиката за славниот марш „Света војна“.

Починал на 8 јули 1946 на турнеја во Берлин, или (според други извори) на враќање кон Русија.[2]

Видете исто така

Надворешни врски

Наводи

  1. Ансамбл „Александров“: Биографија на А.В. Александров (руски)
  2. Точното место кадешто починал Александров до денес е спорно и контроверзно.