Разлика помеѓу преработките на „Григориј Распутин“

Додадени 54 бајти ,  пред 9 години
нема опис на уредувањето
При секоја криза во здравјето на престолонаследникот, монахот успевал истата да ја уништи. По ова, тој станал многу влијателен во кралското семејство. Кралицата Александра дури верувала дека [[Бог]] зборувал со неа преку Распутин. Аристократијата во [[Санкт Петербург]], сепак, не се согласувало со неговото брзо влијание. Помеѓу населението во престолнината се шириле и гласините дека царицата всушност е шпион кој работи за [[Германија]] токму преку Распутин. Во текот на својот живот во престолнината, тој станал една од најголемите контроверзни личности во поновата историја на Русија. Често пати бил гледан со проститутки, се опивал, бил многу нечист, ретко се бањал и некултурно се однесувал на јавните места. Царската гувернанта Марија Ивановна Вишњакова тврдела дека Распутин ја силувал, пролетта 1910. Вишњакова тврдела дека царицата не ѝ поверувала и дека говорела како Распутин прави само свети дела.<ref>Moss, Vladimir (2005). "[http://www.romanitas.ru/eng/The%20Mystery%20of%20Redemption.htm The Mystery of Redemption]". St. Michael's Press. Посетено на [[21 февруари]] [[2007]]</ref> Големата кнегиња Олга Александровна рекла дека тврдењата на Вишњакова веднаш биле испитувани, но наместо Распутин, Вишњакова е фатена во кревет со еден [[Козаци|Козак]] од царската гарда. Вишњакова повеќе не го видела Распутин, а во 1913 год. била отпуштена.<ref>Radzinsky (2000), стр. 129-130</ref>Сепак, покасно се ширеле трачеви како Распутин не само што ја завел царицата, туку и нејзините четири ќерки.<ref>Mager, Hugo. "Elizabeth: Grand Duchess of Russia," Carroll and Graf Publishers, Inc., 1998</ref> Тој трач добил на тежина кога Распутин дозволил околу да кружи писмото до него од царицата и нејзините ќерки. Анастасија напишала "Мој драг, ценет. единствен пријателу. Колку долго сакам повторно да те видам. Денес ми се појави во сонот. Секогаш ја прашувам мама кога ќе дојдеш... Секогаш мислам на тебе, мој драг, бидејќи ти си толку добар спрема мене."<ref name="Sams"> {{цитирана веб страница | author=Sams, Ed | year=| title= "Victoria's Dark Secrets" | work= alexanderpalace.org|url=http://www.curiouschapbooks.com/Catalog_of_Curious_Chapbooks/Victoria_s_Dark_Secrets/body_victoria_s_dark_secrets.html |accessdate = 31 декември, 2006}}</ref>
 
На почетокот од војната тој рекол дека русија ќе биде успешна само доколку императорот сам ја предводи својата армија кон походите. Кога царот [[Николај II]] заминал на фронтот, влијанието на Распутин над царицата Александра станало уште поголемо. Тој станал нејзин довереник и советник. Печатот започнал сè повеќе да испраќа критики против силното влијание на Распутин. Тој сепак заминал за родното Покровско кога ја добил весѕа дека има покренато обвиненија против него. На [[16 декември]] [[1916]] година Распутин отишол во "''Моника Палас''" каде му било дадено поголемо колилчество на црвено вино со отровкалиум-цијанид. Кога го испил виното и кога тој паднал на земјата, во неговото тело биле испукани пет куршуми за да се увиде дека тој навистина е мртов.
 
== Наслов ==
{{наводи}}