Ономастика на македонскиот јазик: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 14:
Топономастиката е гранка на ономастиката која се занимава со изучување на топонимите, односно имињата на местата или на географските имиња и нивното настанување. Во зависност од видот на топонимот кој се проучува, топономастиката може да се подели на:
 
* ''[[хидрономастика]]'', која ги проучува хидронимите т.е. имињата на водните површини како на пример хидронимите ''„Вардар“, „Треска“, „Црна Река“, „Лагадинско Езеро“'' и слично.
* ''[[орономастика]]'', која ги проучува оронимите т.е. имињата на планините, ридовите, висорамнините, долините, котлините или полјаните како на пример оронимите ''„Шар Планина“, „Полог“, „Малешевски Планини“, „Пирин“'' и слично.
* ''[[ојкономастика]]'', која ги проучува ојкономите т.е. имињата на населбите, населените места како на пример ''„Костур“, „Горна Џумаја“, „Тетово“, „Куманово“'' и слично.
 
Топономастиката во своите проучувања се користи со [[топономастичка стратиграфија]]. Таа ги проучува разните слоеви на имиња на места што настанале поради менување на јазикот и народот во дадена територија, а кои при тоа се отсликуваат во географското име. Самата стратиграфија се потпира на принципот дека јазиците и народите можат да исчезнат од дадената територија, но имињата што ги дале исчезнатите народи на географските објекти можат да се одржат во народот кој го заменил исчезнатиот народ. Во ова голем придонес има и [[археологија]]та.
 
== Наводи ==