Фразеологија на македонскиот јазик: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 21:
== Класификација на фразеологизмите ==
 
Поделбата на фразеологизмите може да се прави на различни начини како на пример според потеклото, значењето, функцијата, степенот на слеаност и слично.

=== Според степен на слеаност ===
Според степенот на слеаност македонските фразеологизми се делат на три групи: фразеолошки срастувања, фразеолошки единства и фразеолошки спојки.
 
:'''Фразеолошките срастувања''' се целосно недделиви [[збор]]овни групи со наполно ново значење кое нема никаква врска со значењето на одделните зборови во составот на фразата. Овие фразеологизми се нарекуваат и [[идиом]]и и одделни зборови кои се наоѓаат во рамките на истите ја изгубиле својата самостојност и добиваат значење само ако се дел од фразеолошки состав. Фразеолошките срастувања се најнеслободни зборовни врски во реченицата и најчесто се еднакви со други зборови по значење. Така на пример има фразеологизам ''„црно злато“'' кое според значење е ист со зборот ''„[[нафта]]“''. Сраснатоста е толку голема што не ја менуваат ниту граматичката форма.
 
:'''Фразеолошките единства''' се фразеологизми кои настануваат кога зборовите во еден состав своето основно значење го заменуваат со едно општо преносно значење. Пример за овој вид фразеологизам е „''има мува на капата“'' каде општото значење е ''„има грижа на совест“''. Во овие единства врската меѓу преносното значење и значењето на посебните зборови не е прекината целосно, туку тоа е мотивирано од значењето на составните зборови.
 
:'''Фразеолошките спојки''' се фразеологизми во кои само еден од составните елементи има преносно значење, а другите се употребуваат со основното значење. Овие фразеологизми немаат ново значење во сколопот на целиот израз, туку тоа се содржи во еден од зборовите во спојката, како на пример во спојката ''„златни раце“''.
 
За разлика од срастувањата и единствата, спојките можат да имаат и променливи делови, односно еден збор да е заменет со друг.
 
== Наводи ==