Европски монетарен систем: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Ред 12:
 
=== Клучните карактеристики на EM ===
 
==== Рамката на парите ====
 
EMS има многу заеднички карактеристики со нејзниот директен претходник европската " змија ", а да не се спомнува нефункционалниот бретонвудски систем кого "змијата " и EMS се обидоа да го заменат во рамкуте на [[Европа]]. Тоа е систем на фиксни, но прилагодиви курсеви . Фиксноста се дефинира како официјален централен паритет меѓу која било двоја валути на земјите членки : таа сугерира постоење на централен курс и на маргини на флуктуриање, во чии рамки не е дозволено на [[девизен курс|девизниот курс]] да се движи околу фиксниот паритет.
 
==== ECU ====
 
Воспоставувањето на EMS беше придружено од создавање нова пресметоковна единица, европска валутна единица или ECU . Технички гледано ECU служи за сите официјални трансакции на [[Европска унија|Европската унија]] и преставува лесен начин за дефинирање на централните паритети преку сите билатерални курсеви можат да се пресметаат. Тоа е кошница со валути на сите земји членки, која вредност е составена од официјалнта содржина на валутните удели на сите земји-членки. Но, маргините за флуктирање околу паритетите на ECU не се исти за секоја земја. Причината е тоа што ECU е [[пондериран просек]] од сите EMS валути: кога вредноста на една [[валута]] ќе се измени, вредноста на ECU во однос на сите други валути исто така се менува. Валутата со голем [[пондер]] ќе го влече назад ECU. Заради тоа една валута со голем пондер може да флуктира повеќе околу нејзиниот ECU паритет, останувајќи притоа во рамките на нејзината официјална билатерална маргина, во спредба со друга валута со мал пондер. ЕCU е официјлан пресметковна единица за трансакциите што ги инволвираат централните банки на земјите членки на EMS и на [[Европска унија|Европската унија]]. Една од целите за креирање на ECU беше да се појде еден чекор поттаму во правец на вистинската европска валута. Сепак, монетарните власти беа внимателни да не и дадат на ECU каков било атрибут на вистинска валута : таа не циркулира во јавноста и не се разменува меѓу централните банки и јавноста. Од друга страна, таа беше прифаетна од фиксните пазари. Обврзниците се издадени дирекнто во ECU , најпрвин од страна на приватни корпорации, а потоа и од некои влади. Овие обврзници тргувани по неколку пазари, му дадоа на ECU сопствен живот. До [[1991 год]]ина кога беше потпишан договорот во [[Мастрихт]], емициите на обврзници во ECU по својот обем ги надминаа емисиите на [[фунти]] или гремански марки. Сепак проблемите околу ратификувањето на договорот и кризите доведоа до значаен сомнеж во ECU.
Појавата на приватни ECU е точно поврзана со евентуално воведување на единствена [[валута]] во [[Европа]]. Проблемите во [[1992 год]]ина го редуцираа пазарот за приватни ECU .За да стане ECU вистинска валута, потребни се бројни практични и законски чекори. Она што е уште поважно е дека приватниот сектор би требало да извршува значаен дел од своите трансакции на банкарски сметки на ECU. Тоа бара законска регулатива со многу земји на [[Европска унија|Европската унија]].
 
==== Зајмување ====
 
EMS има доста уникатни карактеристики по кои се разликува од другите постојани системи. Прво, барем во теоријата, нема [[валута]] со специјален статус, како што беше [[американски долар|американскиот долар]] во бретонвудскиот систем: сите паритети се дефинирани на основа на двојки. Второ, има разни начини на зајмување меѓу [[централна банка|централните банки]] на земјите членки. Овој систем овозможува на краток рок секоја банка на земја членка да зајмува речиси неограничен износ од друга банка на земја членка. Се бара брзо враќање на зајменото, обично во рамките на 4-5 дена, но можни се и [[револвинг кредити]] . Трето, сите членки имаат депонирано во Европскиот фонд за монетарна обработка 20 % од златото и доларите што ги поседуваат. За возврат, централните банки имаат ECU депозити во фондот што можат да ги користат за меѓусебно порамнување. Досега оваа можност била само спорадично користена.
 
==== Колективно одлучување за девизните курсеви ====
 
Конечно, EMS го карактеризира колективно одлучување. Една земја не може [[унилатерално]] да го измени својот ECU паритет во рамките на системот, кој го детреминира нејзиниот паритет наспроти сите членки во ERM. Одлуките за промени се донесуваат брз основа на [[конзесус]]. Тоа обично се случува во текот на викендите, кога девизните пазари се затворени, што овозможува време за преговори. Одлуката ги инкорпорира адекватноста на барањето за промена на пратитетот и големината на промената. И покрај навидум рестрикитвното правило, измените на курсевите воопшто не се ретка појава.
 
=== Механизмот на девизниот курс ===