Петар Успенски: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 8:
Успенски е роден во [[Москва]]. Неговата прва книга ''Четвртата димензија'' е печатена во 1909 година; втората книга ''Тертиум Органум'', во 1912 година; а ''Нов модел на вселената'' во 1931 година. Последнава книга се занимава со идејата за ''[[езотерија]].'' Негово дело е новелата ''Чудниот живот на Иван Осокин'', во која се зборува за концептот на враќање, односно вечното враќање.
 
Во потрага по знаења патувал низ [[Европа]], низ источна [[Индија]], [[Цејлон]] и [[Египет]]. По враќањето во Русија се запознал со [[Гурчиеф]] (George Ivanovich Gurdjieff) и со него ги поминал наредните неколку години во учење.
 
Во книгата ''Тертиум Органум'' ја негира безусловната реалност<ref>P. D. Ouspensky, ''Tertium Organum'', Alfred A. Knopf Publisher, 1968 ISBN 10: B000NVY3RC</ref> како и формулата за идентификација на [[Аристотел]] дека „A е A“. Успенски исто така нуди оригинална дискусија за природата на сексуалноста во неговата книга ''Нов модел на вселената''; а покрај другото, прави разлика меѓу еротика и порнографија.