Српско-бугарска војна: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Nvlado (разговор | придонеси)
Nvlado (разговор | придонеси)
Нема опис на уредувањето
Ред 3:
'''Српско-бугарската војна''' започнува на [[14 ноември]] [[1885]] година, кога кралството [[Србија]], нездоволно од обединувањето на кнежевството Бугарија со автономната област [[Источна Румелија]], и објавува војна на [[Бугарија]]. Војната завршува со пораз на српската армија и нејзино безусловно капитулирање. Победата во војната за Бугарија значи потврдување на суверенитетот над Источна Румелија.
 
== Превратот во Пловдив ==
 
Со септемврискиот револт т.е. превратот во Пловдив на 6. септември 1885 г. и со манифестот на бугарскиот кнез Александар I Батенберг (8. септември 1885 г.), со кој се прогласил за кнез на Бугарија и Источна Румелија, била извршена и формално нивната унификација. Ова обединување на Источна Румелија со кнежеството Бугарија било непријателски дочекано од страна на балканските држави, кои во тоа гледале опасност за балканската политичка рамнотежа, бидејќи со овој чин Бугарија станала скоро двојно поголема држава.
Ред 8 ⟶ 9:
Поради сложеноста на ситуацијата на Балканот, големите сили на 24.октомври 1885 г. свикале конференција во Цариград. Српскиот крал и претседателот на владата Гарашанин се надевале дека на оваа конференција ќе го поништи бугарското обединување и ќе ја врати ситуацијата на status quo ante. Откако конференцијата не донела никакво решение и пропаднал дипломатскиот притисок над Бугарија, Србија решила да премине кон воената опција, а за вооружување и снабдување Србија добила паричен заем од Австро-Унгарија.
 
== Објава на војна ==
 
По низа провокации од српска страна, инцидентот на 1.ноември кај месноста Цветков гроб им послужил на Србите како повод на 2.ноември да ñ објават војна на Бугарија. Претходно, српската влада не обрнувала никакво внимание на протестите на Бугарија против овие погранични провокации, како и против обидот на српски емисари да го бунтуваат пограничното бугарско население.
Србија ја мобилизирала само постојаната војска и дел од вториот повик, со вкупен број од околу 68.000 луѓе и 26 батерии. Според други податоци српската војска по мобилизацијата броела 51.500 луѓе и тоа: 550 официри, 43.750 војници и 7.200 помошен кадар. Ваквата делумна мобилизација била извршена поради внатрешните неприлики во земјата, а и поради тоа што се сметало дека и овој број на воени трупи е доволен да победи бугарската војска. Српските сили биле поделени на два фронта т.е. армии: Нишавска (главна) армија, непосредно под на Врховната команда и Тимочка (помошна) армија по команда на ген. Лешјанин. Вооружувањето на српската војска било солидно: пешадијата имала модерни пушки Кока Миловановиќ, кои биле изработени по системот Mauzer и со кои добро се гаѓало и зрната им добацувале далеку. Но, за овие пушки, во фабриката во Крагуевац, биле произведени 9 милиони куршуми, наместо потребните 15 милиони и овој недостиг се почувствувaл веќе по првите денови на војната. Српската артилеријата, иако многубројна, била застарена , со околу 400 орудија, од кои 264 веднаш влегле во дејство, а од француската фирма Де Банж биле нарачани и 306 топови острагани, кои не биле испорачани во текот на војната.
 
== Подготовка на српската армија ==
 
Врховната команда над целата српска армија ја презел лично кралот Милан, кој за началник на штабот го поставил, воениот министер полк. Јован Петровиќ, што било невообичаено, а за команданти на армиите, од искусните генерали од турските војни, биле поставени само генералите Јовановиќ и Лешјанин. Кралот Милан, стравувајќи да не му ја приграбат славата од сигурната победа над Бугарите, за свои соработник не земал ниеден од останатите искусни команданти од војните со Турција како што биле: Хорватовиќ, Белимарковиќ или Протиќ.
Фронтот на кој биле распоредени српските сили се протегал од од Власина, преку Пирот до Заечар и Неготин, во должина од околу 300 km. Српскиот воен план, всушност, ги истакнувал намерите на кралот Милан и тоа: српската војска, откако ќе ги запоседне териториите на Видинскиот округ до гр. Лом и на Софискиот округ до гр. Ихтиман, да се вкопа и да го чека противнападот на Бугарите. Кралот Милан се надевал дека, во меѓувреме пред да започне бугарскиот противнапад, големите сили ќе се вмешаат и ќе ја прекинат војната.
 
== Подготовка на бугарската армија ==
 
Од друга страна, бугарската војска не располагала нити со искусен, нити со доволен број на офицерски кадар. На местото на руските офицери, кои до 12.октомври 1885 г. биле повлечени од бугарската армија, биле поставени млади бугарски офицери. По извршената мобилизација, заедно со ополчениците и доброволците, армиите на кнежеството Бугарија и на Источна Румелија заедно броеле 108.000 луѓе. Бугарската војска била вооружена со пет видови пушки: Бердана № 2, Кринка, Мартини, Шаспо и Шнајдер, а муницијата воглавно била внесувана од Русија. Бугарската артилерија се состоела од 200 орудија , од кои 166 веднаш биле ставени во дејство. Бугарската армоја била организирана во три групи и тоа: Источен корпус (околу 53.000 луѓе), Западен корпус (околу 30.000 луѓе) под команда на мај. Гуџев и Северен одред под команда на кап. Узунов. Врховен заповедник на армијата бил лично кнезот Александар I Батенберг.
Бугарија немала план за војна против Србија, но од октомври 1885 г., кога мобилизацијата во Србија била во тек, бугарското Министерство за војна презело мерки за утврдување на пограничните области, а посебно добро биле утврдени градовите Видин и Трн, како и престолнината Софија. Во почетокот на војната на западниот фронт, кој се протегал спрема Србија и на југозапдниот фронт спрема Турција, бугарската воена команда распоредила седум одреди, кои броеле околу 17.000 луѓе и 34 артилериски орудија. Спрема воениот план, операциите на српската војска започнале веднаш по објавувањето на војната т.е. на 2.ноември околу пладне. Главниот штаб на српската воена команда, со кралот Милан како заповедник, се сместил во гр. Пирот, во близина на границата.
 
== На бојното поле ==
 
Првите борби биле водени на 2.ноември кај гр. Цариброд, кој истиот ден бил заземен од страна на Нишавската армија. По овие први воени порази и во услови на сооднос на силите од седум на спрема еден во корист на српската армија, бугарските единици биле принудени да се повлекуваат кон позициите кај гр. Драгоман. На 3.ноември по тешки и упорни борби Нишавската армија го заземала Драгоманскиот теснец, селото Врапча и местото Велики Руј.
Ред 41 ⟶ 49:
 
Во декември 1885 г. во Софија започнале преговори со Турција за спогодба во однос на источно-румелиското прашање. Истовремено, на 23.декември бугарскиот кнез Александар I издал указ, според кој од 1.јануари 1886 г.судските закони на кнежеството се воведувале во Источна Румелија, а воедно била воведена и единствена воена организација на војската. Сепак, кон крајот на декември помеѓу Бугарија и Турција бил постигнат договор, според кој, Источна Румелија требало да биде управувана од бугарскиот кнез и Бугарија да ñ плаќа на Турција годишен трибут од 6 милиони франци. Потоа, помеѓу Бугарија и Турција, бил склучен и сојуз за заедничка одбрана во случај на напад на една од договрните страни од страна на Грција или Србија.
 
== Смирување ==
 
По потпишувањето на примирјето, во Букурешт на 23 јануари 1886 г. започнале преговорите со посредство на големите европски сили за потпишување на конечен мир помеѓу Србија и Бугарија. Бугарија била принудена паралелно со преговорите со Србија да води преговори за спогодба и со Турција за прашањето на Источна Румелија. Според спогодбата со Турција од 20 јануари 1886 г., управувањето над Источна Румелија му се поверувало на бугарскиот кнез во рок од 5 години, по кој рок ако кнезот ги исполнувал своите обрски правилно, ќе биде повторно назначен од страна на султанот, потоа т.н. непокорни села на Родопите и муслиманските села во Крџалиската област се присоединувале кон Турција и била договорена взаемна помош помеѓу Турција и Бугарија во случај на напад од трета страна.
На преговорите во Букурешт, Бугарија била принудена да се откаже од воена оштета и од меѓународно признание на соединувањето на Источна Румелија кон Кнежеството. Бугарија, под притисок на Австро-Унгарија, Германија, Турција и Италија, се согласила на мир со Србија без никакви територијални отстапки или парична оштета од српска страна. Мировниот договор бил потпишан на 19.декември 1886 г. и содржел само еден член според кој од денот на потпишувањето на договорот се воспоставува состојба на мир помеѓу двете завојувани страни и се враќа предвоената состојба. Веднаш по потпишувањето на овој мир, Србија и Бугарија започнале со демобилизација на своите армии.
 
== Последици ==
 
Објавувањето на војната од страна на српската влада наишло на големо незадоволство кај населенито од скоро сите европски земји. Во Чешка се пишувало дека кралот Милан започнал братоубиствена војна, поради што бил наречен и Каин. Малкумина во Европа верувале дека Бугарија ќе победи во војната, туку спротивно, скоро сите сметале дека Србија, која имала искусна, добро подготвена и виооружена армија, ќе извојува лесна победа. Еден од најголемите песимисти за бугарска победа бил и англискиот премиер Солзбери, кој во моментите непосредно пред почетокот на војната го поттикнувал бугарскиот кнез Александар I на непосредни преговори со кралот Милан.