Бургундски Ниски Земји: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
Во историјата на [[Ниски Земји|Ниските Земји]], поимот '''Бургундиска Холандија''' се однесува на периодот кога [[Војводство Бургундија]] владеела со овие области вклучувајќи го и [[Луксембург]] и делови од [[северна Франција]], во периодот од [[1384]] до [[1530]] година.
 
Добар дел (но не и најголем) од овие територии биле наследени од страна на Бургундиските војводи, кои водат потекло од француската кралска [[династија Валоа]] во [[1384]] година, по смртта на [[Луј II од Фландрија]]. Неговата наследничка, [[Маргарет III од Фландрија]] била омажена за [Филип II Смелиот] ([[1342]]-[[1404]]), најмладиот син на [[Жан II Добриот]] и на тој начин започнало нивното владеење на овие простори. Териториите на Бургундија биле проширени, опфаќајќи го [[Намур]] во [[1421]] година, [[Брабант]] и [[Лимбург]] во [[1430]] година, грофовиите Ено, [[Холандија]] и [[Зеланд]] во [[1432]], [[Војводство Луксембург]] во [[1441]] и војводството Гелдерс во [[1473]]. Ерата на династија Валоа траела до [[1477]] година, кога починал Шарл на бојното поле и не оставил никакви наследници. Бургундија била вратена на француската круна, а Ниските земји пак од Бургундија биле дадени на [[Хабсбуршка монархија|Хабсбуршката монархија]].