Бургундски Ниски Земји: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
Во историјата на Ниските Земји, поимот Бургундиска Холандија се однесува на периодот кога Војводство Бургундија владеела со овие области вклучувајќи го и Луксембург и делови од северна Франција, во периодот од 1384 до 1530 година.
 
Добар дел (но не и најголем) од овие територии биле наследени од страна на Бургундиските војводи, кои водат потекло од француската кралска династија Валоа во 1384 година, по смртта на Луј II од Фландрија. Неговата наследничка, Маргарет III од Фландрија била омажена за Филип II Смелиот (1342-1404), најмладиот син на [[Жан II Добриот]] и на тој начин започнало нивното владеење на овие простори. Териториите на Бургундија биле проширени, опфаќајќи го Намур во 1421 година, Брабант и Лимбург во 1430 година, грофовиите Ено, Холандија и Зеланд во 1432, Војводство Луксембург во 1441 и војводството Гелдерс во 1473. Ерата на династија Валоа траела до 1477 година, кога починал Шарл на бојното поле и не оставил никакви наследници. Бургундија била вратена на француската круна, а Ниските земји пак од Бургундија биле дадени на Хабсбуршката монархија.