Холандска Република: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 11:
Од економска гледна точка, републиката забележила голем успех. Периодот од 1584 до 1702 година, во историјата на Холандија е познат како Златен век на Холандија. Нејзината трговија била доминантна на светско ниво во текот на 17 век. Таа основила голем број на колонии. Холандија била најбогатата земја во Европа во тоа време. Во Ротердам, а потоа и во Амстердам била основана берза.
 
Официјално републиката била признаена со Вестфалскиот мир кој бил потпишан на 1 јануари 1648 и како таква функционирала до 1795 година, односно по француската инвазија на Ниските земји кога била формирана нова република, наречена Батавијска република која директно била управувана од страна на Франција. Холандија ја повратила независноста од Франција во 1813 година. Во англо-холандскиот договор од 1814 имињата "Обединети Провинции на Холандија" и "Обединета Холандија" повторно биле користени. Во 1815 година земјата била дел од т.н. Австриска Холандија, Луксембург и Лиеж. Земјата била наречена Обединето Кралство на Холандија. Намерата на европските сили била да се создаде голема сила која би се наоѓала северно од Франција. Оваа земја под ова име се задржила до прогласувањето на независноста на Белгија како резултат на Белгиска револуција|Белгиската револуција од 1830 година. Од тогаш, земјата се нарекува Кралство Холандија, како што е и денес.