Осумдесетгодишна војна: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 17:
 
Во [[1596]] година, во градот [[Антверпен]] пред катедралата се случил инцидент помеѓу калвинистите и католиците. Овој инцидент бил повод калвинистите да започнат со напади кон црквите и да ги уништуват статуите на католичките светци. Нередите продолжиле неколку месеци, па затоа Филип од Шпанија испратил дел од својата армија за да го задуши бунтот и да воспостави ред. Можеби најголемата причина за војната била издадената пресуда од страна на [[Света престолнина|Светата престолнина]] на [[16 февруари]] [[1568]] година, според која сите граѓани на Холандија со мал исклучок се осудуваат на смрт. По само неколку денови, тоа било потврдено и од страна на кралот Филип и наредил наредбата на Папата да биде исполнета. Оваа пресуда во исто време претставува и најголемата смрттна пресуда изречена некогаш во историјата. Таа опфаќала околу 3.000.000 жители на Холандија.
 
== Текот на војната ==
 
Вилхелм I Орански, кој имал кралско потекло, застанал на чело на востанието. Во почетокот, шпанските војски напредувале многу брзо. Тие го зазеле Антверпен и други фламандски и нидерлански градови. Но, кога војната започнала да се разгорува, Холандија успеала главно преку опсади да зазеде голем број на територии од денешната нејзина територија, но не и Фландрија, кое подоцна довело до распаѓање на земјата на два дела. Вестфалскиот мир кој бил потпишан на 1 јануари 1648 година ја потврдил независноста на холандските провинции од Шпанската империја.