Франц Бекенбауер: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Создадена страница со: {{Infobox Football biography 2 | playername = Франц Бекенбауер | image = 200px | fullname = Фра...
 
Нема опис на уредувањето
Ред 36:
| managerclubs4 = [[Баерн Минхен]]
}}
Франц Антон Бекенбауер (роден 11 септември 1945) е легендарен германски фудбалер, фудбалски менаџер и тренер,познат глобално под прекарот Der Kaiser ( Императорот) поради елегантиот начин на игра, улогата на лидер во тимот и доминацијата на фудбалскиот терен. Тој е сметан за најдобриот германски фудбалер на сите времиња,и за еден од најдобрите играчи во историјата на фудбалската игра
Бекенбауер беше разноврст играч кој ја започна својата кариера како играч во средниот ред,но стана познат и го постигна својот легендарен статус играјќи како одбранбен играч.Тој е често споменуван и акламиран како играч кој ја измисли улогата на либеро во фудбалот.
Бекенбауер е два пати избран за Европски Играч на Годината, има 103 настапи за Западна Германија и има настапено на три Светски Првенства. Како капитен за Западна Германија,тој го освојува Светското Првенство во 1974, и овој успех го повторува како тренер на репрезентацијата во 1990. Со својот клуб,Баерн Минхен, Бекенбауер освојува три последователни Европски Купа,од 1974 до 1976, и Купот на Куп победниците во 1967. Франц Бекенбауер е единствениот фудбалер кој освоиг три Европски купа како капитен на екипата освојувач,во неговиот случај Баерн Минхен. Подоцна станува тренер и претседател на клубот.
Во 1999 беше изгласан втор позади Јохан Кројф,во изборот за Европски фудбалер на векот, а во изборот за Светски Фудбалер на векот, го зазема третото место,позади Пеле и Кројф.
Денес Бекенбауер е влијателна фигура во германскиот и светскиот фудбал.Тој ја водеше успешната кандидатура на Германија да биде домаќин на Светското Првенство во 2006та година, и беше претседател на организициониот одбор на првенството. Работи и како стучен коментатор за германската телевизија SAT1 и пишува фудбалски колумни во германскиот таблоид Bild.
 
==Почетоци==
Франц Бекенбауер е роден во пост-воен Минхен,како втор син на Франц Бекенбауер Сениор,поштенски работник,и неговата сопрѕга Антониа.Расте во работничкото предградие на Минхен,Giesing, и започнува со играње фудбал на 8-годишна возраст во младинскиот тим на SC Munchen во 1954.
Како млад играч,негов идол му бил освојувачот на Светското Првенство во 1954, Фриц Валтер, и навивал за локалниот клуб Munchen 1860.Но Бекенбауер станува играч на ривалите Баерн Минхен откако на еден младински турнир неговиот тим SC Munchen во финалето влегува во физичка пресметка со играчите од 1860 Munchen.Младиот Франц,заради оваа случка се решава да заигра за Bayern Munchen а не за клубот за кој што навивал,1860 Munchen.
 
==Клубска кариера==
Бекенбауер го има своето деби за Баерн во Регионалната Јужна Лига,играјќи на позиција лево крило,против Stuttgarter Kickers на 6 Јуни 1964.Во својата прва сезона клубот веднаш се изборува за место во највисокиот ранг ма натпреварување во Германија,Бундеслигата.
Баерн Минхен многу брзо станува голема сила во новооформената Бундеслига,освојувајќи го Германскиот Куп во 1966-67, и освојувајќи го Европскиот Куп на Куп победници во 1967. Бекенбауер станува капитен на екипата во сезоната 1968-69 о го води клубот до првата Бундеслига титула.Во тоа време Франц почнува да експериментира со позицијата либеро.
Бекенбауер со Баерн Минхен освојува три последователни Бундеслига титули(1972-74) и три последователни Европски купа(1974-76).
Бекенбауер е нарекуван Der Kaiser од фановите и медиумите. Анегдотава е кажана лично од него за тоа како настанал прекарот.Имено на една пријателска средба на Баерн во Виена,Франц позирал за фотографија покрај биста на Австрискиот император Франц Јосеф Први. Во Германија се водат многу дебати дали тоа е вистинскиот извор на прекарот или некоја друга случка влијаела на тоа.
Во 1977 Бекенбауер го напушти Баерн за да оди цо САД да игра за New York Kosmos во обид да се популаризира фудбалот во Америка. Во Америка останува 3 сезони и го освојува Националното Првенство.
Последен клуб во играчката кариера на Франц Бекенбауер е тимот на Hamburg SV,со кого ја освојува Бундеслигата во сезоната 1981-82. За своите клубови во домашните лиги,Бекенбауер има 587 настапи постугнувајќи 81 гол.
 
==Интернационална кариера==
Франц Бекенбауер има 103 настапи за репрезентацијата на Западна Германија,постигнувајќи 14 голови.Беше член на тимот за Светското Првенство што заврши втор во 1966та, трет во 1970та и шампион во 1974та.Бекенбауер своето деби за националиот состав на Западна Германија го имаше на 26 септември 1965.
===Светско Првенство 1966===
Бекенбауер играше во своето прво Светско Првенство во 1966 во Англија. Ги одигра сите мечеви. Во првиот натпревар во победата од 5-0 на Швајцарија,Бекенбауер постугнува два гола. Западна Германија ја освои својата група и во четврт-финалето го победува Уругвај со 4-0.Бекенбауер постигнува еден гол.Во полу-финалето,Германците се сретнаа со СССР. Франц постигнува еден гол во победата од 2-1,и ја носи Западна Германија во финалето против домаќинот Англија.Англичаните го освојуваат Светското Првенство со контроверен гол во надополнувањето. Германците не ја поминаа последната пречка но Бекенбауер имаше забележителен настап со 4 постигнати голови.Играчите беа пречекани како херои во татковината.
===Светско Првенство 1970===
Западна Германија ги доби трите почетни натпревари на првенството,соочувајќи се со Англија во втората рунда.Англичаните водеа со 2-0 во второто полувреме,пред Франц со спектакуларен гол да го намали резултатот.Германците го добиваат натпреварот во екстра периодот.Во полуфиналето Германците се сретнаа со Италија во натпревар кој ќе остане познат како Натпревар на столетието..Бекенбауер после еден груб фаул,го крши рамото,но останува во игра бидејќи неговиот тим ги имаше искористено сите измени. Натпреварот го добиваат Италијанците со резултат 4-3. Западна Германија го победува Уругвај со резултат 1-0 во мечот за третото место.
===Светско Првенство 1974===
Светското Првенство во 1974 се одржуваше во Западна Германија и Бекенбауер го водеше германците кон победа и подигнување на пехарот. Патот кон титулата беше одбележан со победата против фаворизираните Холанѓани предводени од Јохан Кројф. Бекенбауер маестрално го маркираше Кројф,не дозволувајќи им на холанѓаните да ја играат нивната природна игра.
Бененбауер беше првиот капитен на кого му беше врачен новиот трофеј кој се користи и денес на Светските Првенства. Западна Германија беше првата репрезентација која ги обедини титулите од Светското и Европското Првенство. Франција во 2002 го повтори овој успех.
===Европски првенства===
Бекенбауер беше поставен за капитен на репрезентацијата во1971.Во 1972 Западна Германија го освои Европското Првенство,победувајќи го СССр со 3-0 во финалето. Во 1976 германците повторно играа во финалето на Европското Првенство но изгубија од Чехословачка на пенали.
==Менаџерска кариера==
Франц Бекенбауер беше поставен на позицијата Менаџер на репрезентацијата на Западна Германија како наследник на Јуп Дервал. Стигна до финалето на светското Првенство во 1986,каде што изгуби од Аргентина.
Во 1990,пред соединувањето на двете Германии,Бекенбауер го предводеше последниот германски тим без играчо од Источна Германија на Светското Првенство,каде што германците стануваат шампиони,победувајќи ја Аргентина со 1-0,во реванш на претходното финале во 1986. Бекенбауер заедно со Марио Загало се еднствените луѓе кои го освоиле Светското Првенство како играчи и како менаџери.
По работата со националниот тим,Бекенбауер прифаќа позиција на менаџер на Олимпик Марсеј,освојувајќи го Француското Првенство во сезоната 1990-91.
На два наврати,од 28 декември 1993 до 30 Јуни 1994 и од 29 април 1996 до 30 Јуни истата година,Бекенбауер беше менаџер на Баерн Минхен. Во тие два кратки периода водејќи го Баерн,Бекенбауер освојува една Бундеслига титула во 1994 и УЕФА Куп во 1996.
Во 1994 Франц Бекенбауер е поставен на функција претседател на Баерн Минхен,и голем дел од успехот на Баварскиот гигант е поврзан со успешноста на неговото менаџирање. По реструктурирањето на клубот во акционерско друштво,Бекенбауер ја зазема поцицијата на претседател на Управниот одбор. Во 2009 е поставен за почесен претседател на Баерн Минхен.Неговата улога во Управниот одбор ја зазема Ули Хенес.
Во 1998,Бекенбауер станува подпретедател на Германската Фудбалска Федерација. Во 2006 е на чело на организицискиот одбор за Светското Првенство одржано во Германија истата година.
==Приватен живот==
Франц Бекенбауер бил оженет три пати и има пет деца, од кои само Стефан Бекенбауер е професионален фудбалер. Франц е основач на Бекенбауер фондацијата,фондација чија примарна цел е промовирање на фудбалската игра во сиромашнте делови на планетата.