Разлика помеѓу преработките на „Артур Тјудор“

Додадени 4 бајти ,  пред 10 години
нема опис на уредувањето
По зазимањето на власта од страна на [[Хенри VII]], тој сакал да ја прошири својата унија со шпанското кралство, па така договорил брак помеѓу ќерката на [[Фернандо II Арагонски]] и [[Изабела I Кастилјска]], [[Катерина Арагонска]]. Во [[1499]] година кралот Хенри наредил да се погубат сите претенденти за англискиот престол.
 
Артур и Катерина еден на друг си пишувале на [[латински јазик]], бидејќи и двете страни не го познавале јазикот на другиот. Артур освен латински, го проучувал изнаел грчкиот[[грчки јазик]]. Бракот помеѓу Артур и Катерина не бил склучен сè додека Артур не наполнил 15 години. Катерина во Англија пристигнала на 4 ноември, а венчавката била одржана десет дена подоцна. Принцот и принцезата од Велс живееле во дворецот Лудлов, каде Артур требал да претседава со велшкиот совет. По само неколку месеци, Артур и Катерина се разболиле. Принцезата преживеела, но не и престолонаследникот. Така, на [[2 април]] [[1502]] година Катерина останала вдовица. Се смета дека Артур починал од [[туберколоза]] или [[дијабетис]].