Тјудори: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 3:
Чувствувајќи дека и самиот нема големо право да застане на англискиот престол, тој свесно се оженил за [[Елизабета од Јорк]]. Преку овој настан, тој успеал да ги обедини двете династии ([[Династија Јорк]] и [[Династија Ланкастер]]) кои воделе голема војна во последните триесет години, а нивните симболи ги вклопил во еден, познат како [[Тјудорска роза]], која претставува спој од црвената роза на Ланкастер и белата на Јорк. По доаѓањето на власт, Хенри бил крунисан како Хенри VII. Тој започнал со големи реформи и модернизација на земјата.
 
Владеењето на династијата владеело точно 118 години. Во текот на [[Тјудорски период|Тјудорскиот период]] од историјата на Англија, најзначајно е одделувањето на [[Римокатолицизам во Англија|англискиот католицизам]] од [[Римокатоличка црква|Римокатоличката црква]], во времето на [[Хенри VIII]]. По ова била создадена [[Црква на Англија|Англиканската црква]]. Во времето на [[Едвард VI]], Англија станала протестантска земја. Кога на тронот застанала [[Мери I]], таа направила обиди да ја врати Римокатоличката црква на чело на религиозното убедување на англискиот народ, но во тоа не успела. Нејзината полусестра, [[Елизабета I]] била заколнета протестантка, па така нејзиниот обид бил неуспешен.
 
Владеењето на Тјудорите било прекинато за само девет дена од страна на [[Лејди Џејн Греј]], која не била од династијата на Тјудорите, но сепак била правнука на Хенри VII.
 
 
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Тјудори