Козјак (Козјачија): Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот: Промена на шаблон: Гео-никулец
с Бот: Промена на шаблон: Никулец за географија
Ред 1:
{{Без извори|датум=ноември 2009}}
'''Козјак''' е средно висока [[планина]] во североисточниот дел на [[Република Македонија]], долж границата со [[Република Србија]]. Се издига помеѓу долината на реката Пчиња на север и запад, Крива Река на југ и нејзините притоки: Мала Река и Бистрица на исток. Планинското било, кое е долго околу 15 км, има лачно протегање така што од првичен правец запад-исток, постепено скршнува кон југ. Во најголем дел, Козјак е составен од стари прекамбриумски и палеозојски кристалести карпи и тоа: гнајсеви, микашисти и шкрилци. Јужниот дел од планината пак е изграден од вулкански карпи, претежно андезити. Во релјефен поглед претставува планина од громаден тип, ограничена со раседи. Повисоките делови претставуваат стари зарамнини со височина од 800-1000 м. Врвовите се ниски и заоблени. Највисок врв е Перен со 1326 м. Под влијание на човечкиот фактор, најголем дел од планината е оголен, поради што се застапени силни ерозивни процеси. Затоа најголем дел од водотеците на планината Козјак имаат пороен карактер и преку лето се без вода. Силните ерозивни процеси, оголеноста и безводноста се причина Козјак да е речиси целосно раселен простор.
{{Никулец заод географијаобласта на географијата}}
 
[[Категорија:Планини во Република Македонија]]