Милетска школа: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот Менува: cs:Mílétská škola
Нема опис на уредувањето
Ред 9:
 
Тројцата славни философи од Милет се: [[Талес]], [[Анаксимандар]] и [[Анаксимен]].
 
Првите грчки филозофи и научници се од малоазискиот град Милет. Малоазиското крајбрежје уште во предисторискиот период било населено од грчки јонски племиња (Јонија), каде никнале многу напредни градови во кои населението се занимавало со занаети, морепловство и бродоградба, со трговија преку која ги поврзувале народите од Исток со оние на Запад. Погодните поморски и попатни раскрсници, како и благата клима и плодородната околина овозможила услови за создавање на богати градови-држави со благосостојба на нивните жители. Граѓаните на поголемите градови во тој регион како Милет, Ефес, Калофон итн., биле многустрано надарени и претприемливи. Во овие градови се натрупало големо богатство што овозможило еден слој од нив да се здобие со слободно време во кое да се посвети на политичка дејност и културно творештво. Патувајќи во Вавилон и Египет се запознале со нивните достигања. Знаењата со кои тие таму се здобивале ги пренесувале во родниот крај ги ширеле и усовршувале ослободувајќи ги од мистичките примеси.
Во најнапредниот јонски град Милет се создала првата филозофска школа која го носи неговото име. Талес, Анаксимандар и Анаксимен се сметаат за први научници и филозофи. Тие се прашувале: Што е она што го прави светот космичен, т.е. суреден, строен, единствен во својата бескрајна разновидност од предмети и појави? Зошто е светот космос, а не хаос, тотално безредие од натрупаници на сe' нешто, зафучено таму-ваму и како кое? Милетците сметале дека во основата на многуобразието на предметите и појавите лежи нешто суштинско, што перситира во промените, што е определувачко и од кое настануваат тие и во кое се враќаат. Основниот градежен елемент, кој е бескраен и вечен е во исто време и прапричина на се' нешто. Несоздадени од никого и неуништиви, од прапричините сe' настанува и во нив сe' се враќа. Според начинот на кој тие гледале на светот можеме да кажеме дека тие биле материјалисти.
 
==Референци==
*Учебник по филозофија за четврта година по гимназиско образование.
 
[[Категорија:Философски школи и традиции]]