Хор (бог): Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 33:
(Хорус секогаш се јавува како син на [[Изида]] и [[Озирис]]. Во одделни периоди иако се поистоветува со Озирис, тој сепак е само син на Озирис. По смртта на Озирис, Изида со помош на магија преку безгрешно зачнување го раѓа Хорус).
 
Богот Хор или Херу-ур бил поистоветен со соколот, а во некои легенди тој и бил Сокол. Кога бил Сокол се велело дека ништо не може да му избега од видот на неговото Око. Првенствено бил бог на небото, бил и бог на светлината и добрината. Култот спрема Окото на Хор произлегол од митот кој вели дека Хор го загубил десното око во битка, па од таму тоа око претставува симбол за храброст, сила, моќ и саможртвување. '''Херу-ур''' ('''Хармерти''') е најстарата верзија на Хор и бил претставен како сокол, бог-создавач. Неговите очи биле Сонцето и Месечината; за време на млада месечина тој бил слеп и според една легенда, додека бил слеп, Хор понекогаш ги напаѓал неговите пријатели по грешка, мислејќи дека се неговите непријатели. Во некои случаи претставувал и бог на: плодноста, законот и редот, бог-заштитник на фараоните, итн.
Фараоните кои владееле во Египет се идентификувале со овој бог. Тој имал повеќе облици кои овде нема да ги споменеме. Но ќе споменеме дека првобитно едни од Хоровите облици биле поврзани со четири бога на главните точки или четирите духа или синови на Хор, кои го носеле небото на четирите негови агли; нивните имиња биле Хапи, Туамутеф, Амсет, Кебхсенуф, и тие како што се набројани претставувале север, исток, југ и запад. Внатрешните органи на покојникот кога бил балсамиран, биле ставани во четири садови кои ги претставувале овие четири бога и така внатрешните органи на покојникот биле под заштита од овие четири бога.
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Хор_(бог)