Изида: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот додава Шаблон: Без извори
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
{{Без извори|датум=ноември 2009}}
[[Податотека:Isis.png|right|thumb|Изида]]
Изида или Изис или Асет е [[божица]] на плодноста и мајчинството од [[Египетска митологија|египетската митологија]]. На египетски Aset или Eset - таа припаѓа на [[Енеада]]та од [[Хелиополис]].
 
Таа е сестра (и жена) на [[Озирис]], [[Нефтида]] и [[Сет]]; ќерка на [[Нут]] (Небото) и [[Геб]] (Земјата) како и мајка на детето [[Хорус]]. Во иконографијата на обожувањето, таа е претстава за [[архетип]] на [[сопруга]] и [[мајка]].
Ред 20:
 
Овие нејзини атрибути ги презеле раните [[христијани]] и ги пренесле на [[Дева Марија]]. Сликите на кои е прикажана Изида како го дои малиот [[Хорус]], се смета дека влијаеле врз приказот на бројните икони со Девицата Марија и малиот [[Христос]]. (Види „Златна Гранка“ од Џорџ Фрејзер)
 
Изида била жена на Озирис и мајка на Хор; како божица на природата имала место во Сончевиот чун (барка) за време на создавањето, кој пловел по првобитната вода, кога веројатно служела како претставничка на зората. Поради нејзината жалост по Озирис кога бил убиен, заедно со својата сестра Нефтида станала божествената оплакувалка на мртвите. Таа, исто така, била позната како Кралица на небото и владателка над сите работи кои се поврзани со животот, мајчинството и волшебството. Таа го излечила Ра кога бил каснат од змија и му го дознала неговото име. Со тоа што му го дознала името добила моќ еднаква на него и í била дадена голема магиска моќ, па станала „божествената волшебничка“. Исто така, и поради успехот во оживувањето на телото на својот маж со изговарање на магичните формули дадени од Тот, наречена е „господарка на волшебниците“. Изида имала различни видови, но најзастапен вид бил видот „божествена мајка“; во овој вид влегуваат илјадници кипови кои ја претставуваат како седи и го дои својот син Хор, држејќи го на нејзините колена.
 
{{Египетски божества}}
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Изида