Герман Дамовски: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 1:
{{внимание}}
 
'''Герман Петров Христов - Дамовски''' е роден на 1 септември [[1899]] година во село [[Герман (Лерин)]], [[Егејска Македонија]].Син на војводата [[Петар Христов-Германчето]]. Во [[1916]] година емигрира во [[Бугарија]] поради тортура од страна на грчките власти. [[1918]] година се придружува на работничкото движење во [[Софија]], а во [[1924]] година станал мајстор шивач.Соработува со лево ориентирани македонски емигранти и бугарски комунисти. Во [[1934]] година зедел учество во убиството на пунктов начелник на [[ВМРО]] во градот [[Варна]]. Осуден на смрт од [[ВМРО]], исто така осуден на смрт од бугарски суд, но подоцна оправдан. [[1937]] година е интерниран во градот [[Котел]] заради подржка на комунистичкото движење,а во [[1938]] пак е интерниран во градот [[Берковица]], [[Клисурски манастир]], во врска со убиството на генералот [[Пеев]]. За време на [[Втората Светска војна]], [[1941]] им помагал на заробеници од италианскиот фронт. [[1943]] година група од 5 илегалци, коишто доаѓале во [[Македонија]] од [[Србија]], начело со [[Богоја Фотев]] биле уапсени на гара [[Ристовец]] од бугарската полиција. Благодарение на врски на '''Герман Дамовски''' со бугарски комунисти во разни служби, тие се ослободени. [[1943]] се враќа со семејството во [[Македонија]] и се порзува со партизаните кај селото [[Бистрица]], [[Битолско]]. [[1945]] година се враќа во родниот крај за да се приклучи на борбата против грчката власт. Помага за изградба на македонски училишта, подготовка на македонски учители, создавање на ансамбли итн. во селата [[Герман (Лерин)]] и [[Желево]]. Дејсвува како партизанин и организатор во Преспанско, Леринско, Костурско, Кајларско. Се истакнува во 74 дневните борби на [[Грамос]], се до [[1949]] година кога повторно емигрира во [[Полска]]. Наклеветен од грчки комунисти како божемен титовист,на 23 ноември [[1949]] е исклучен од ГКП. Во март [[1950]] е затворен. Вроцлавскиот градски суд одлучува да биде ослободен, но во [[1952]] наново е покренат процес против него од страна на грчките комунисти, заради неговиот цврст став за правата на македонците,и пак оправдан.Во град [[Зглозелец]] трети пат е уапсен и екстрадиран во [[Бугарија]]. Таму во април [[1952]] година наново суден и изпратен во логорот [[Белене]], каде престојува се до 6 јануари [[1954]].