Фахверк: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ја бришам целата содржина на страницата
Ред 1:
[[Image:Fachwerkhaus.jpg|thumb|250px|Куќа во „фахверк“ стил во [[Брауншвиг]], Германија]]
'''Фахверк''' ([[Германски јазик|германски]]: ''Fachwerk'') или '''полудрвена градба''' е начин на изградба на куќи и поголеми објекти со изработка на дрвена конструкција која потоа се полни со ѕиден материјал за да се добие стабилност и декоративен изглед. Овој начин на градба се користи веќе долго време во разни краишта во светот како стара [[Јапонија]], [[Европа]] и средновековна [[Англија]]. Денес, во европската традиција најзабележливи примери се наоѓаат во земјите со најдолга традиција: [[Германија]], [[Англија]] и [[Франција]], но интересни примери постојат во разни земји од [[Комонвелт]]-от како [[Канада]], [[Јужна Африка]], [[Австралија]], [[Нов Зеланд]] и други.
 
==Историја и традиции==
 
Примери на ''полудрвена градба'' во северноевропската изработка на куќи можат да се најдат во [[среден век|средновековна]] и [[ран нов век|ранонововековна]] [[Англија]], [[Германија]] и делови од [[Франција]] во локалитети каде што [[дрво (материјал)|дрвото]] изобилувало додека каменот погоден за градба и вештините за негова обработка биле оскудни. Кај ваквата градба дрвата се цепеле на половина и од тоа се правел скелетот на куќата.
 
Римски дрвенарии пронајдени во [[аноксија|аноксидни]] [[глина|глинени пластови]] во римско-британските археолошки наоѓалишта укажуваат на тоа дека софистицираното римско [[дрводелство]] ги имало сите потребни техники за ваква изградба. Најраните постоечки (француски) полудрвени градби датираат од [[12-ти век|12-тиот век]].
 
===Англиска традиција===
[[Image:Littlemoretonhall-cheshire.jpg|thumb|300px|left|„Литл Моретон Хол“ во [[Чешир]], Англија]]
Некои англиски куќи во тудорско време биле додатно збогатени со гипсено калапена орнаментација . Полудрвенаријата е карактеристична за англиската [[домашна архитектура]] во [[Источна Англиа]], [[Ворчестершир]] и [[Чешир]] каде што се наоѓа еден од најдобрите примери на англиската полудрвена изградба - Литл Моретон Хол. Во средишните краишта, најстарата ваква куќа се наоѓа во Шефилд и го носи името „[[Куќата на бискупот]]“, цирка [[1500]] год.
 
Во [[велд]]-от во [[Кент]] и [[Сасекс]], полудрвената [[Велденска куќа|велденската куќа]], имала отворена [[хала]] со отвори на секоја страна и надвиснувачки горни катови.
 
Со колонистите, полудрвената градба влегла и во Северна Америка во раниот 17-ти век, но наскоро била напуштена и користена само во Нова Англија и средноатлантските колонии и била заменета со фасадни штици (уште една традиција во [[Источна Англиа]]).
 
 
 
 
===Француска традиција===
Добри полудрвени предни фасади од 15-тиот век сеуште можат да се најдат во [[Бурже]] и [[Руен]] како и во [[Тиер]].
 
===Германска традиција===
Во северна [[Германија]], градот [[Келе]] е познат по „фахверк“ од [[15 век]]. Кај градбите од подоцнежниот 16 век, дрвенаријата е ракошно изрезбана и просторот е исполнет со помала дрвенарија, не само од декоративни, туку и од структурни причини.
 
 
[[Image:Luther haus eisenach.jpg|thumb|right|300px|Куќата на Мартин Лутер во [[Ајзенах]], Германија, добар пример за „фахверк“]]
[[Image:Fahverk-elementi.jpg|thumb|right|300px|Елементи на полудрвената градба]]
''Deutsche Fachwerkstraße'' или „патот кој ги поврзува германските средновековни полудрвени куќи“ се протега од [[Долна Саксонија]] на север, преку [[Хесен]] и јужна [[Тирингија]] до [[Баварија]]. По тој пат можат да се видат високоживописни полудрвени („фахверк“) куќи.
 
===Канадска традиција===
Називот на ваквата градба во [[Квебек]] и други делови од [[Канада]] е '''colombage pierroté''' и најчесто се однесува на полудрвени градби наполнети со камен или шут која се практикувале сé до [[19-ти век|19-тиот век]], со тоа што на крајот на истот век биле повторно вратени во употреба. Во западна Канада ваквиот стил на градба се употребувал и во [[Населба Црвена река|населеното место „Црвена Река“]]; Куќата на мажите во [[Нижа тврдина Гари|Нижата тврдина „Гари“]] е добар пример за ''colombage pierroté''.
 
===Возобнова во подоцнежните векови ===
 
Кога по [[1860]] година полудрвената градба повторно добила на популарност, во разните возобновувачки стилови како „[[Стил на кралицата Ана|стилот на кралицата Ана]]“ кај куќите на архитектот [[Ричард Норман Шо]] и други, ваквата градба имала за цел да евоцира „[[тудорска архитектура|тудорска]]“ атмосфера (''видете [[Тудорбетански]]''), иако во тудорско време ваквите куќи почнале да изгледаат многу селски и сé почесто се користеле само на село. Во [[1912]] год, Ален В. Џексон ја издал книгата ''Полудрвената куќа: Генеза, дизајн, современ план и изградба,'' и како резултат на тоа се појавиле многу полудрвени куќи во [[Род Ајленд]] или по улиците со палми во [[Беверли Хилс]]. Во 1920-тите години заради слабо рекламирање, популарноста на овој стил прилично се намалила.
 
Треба да се знае дека во стиловите на возобновата како ''тудорбетанскиот стил'', полудрвениот изглед се должи на надворешна декорација, а не на внатрешната конструкција како кај вистинските полудрвени градби.
 
{{Одбрана}}
 
[[Категорија:Видови градби]]
 
[[da:Bindingsværk]]
[[de:Fachwerkhaus]]
[[en:Timber framing]]
[[eo:Trabfakaĵo]]
[[fr:Maison à colombage]]
[[li:Vakwerkhoes]]
[[nl:Vakwerk]]
[[pl:Mur pruski]]
[[sv:Fackverk]]
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Фахверк