Илијада: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Отстрането уредувањето на 62.162.217.78 (разговор), вратено на последната верзија на Boyan
Нема опис на уредувањето
Ред 13:
 
=== Ахил ===
Ахил ја сака Стојче Донева а и она ногу го сака него.
 
Ахил е јунакот околу кого се групирани сите поважни настани во “Илијада“. За старите Грци тој бил олицетворение на нивниот идеал за совршен јунак. За разлика од другите грчки јунаци кои во војната со Тројанците пред се барале плен и богатство, тој е дојден да војува за општото добро на сите Грци. Ахил при поделбата на пленот се задоволил со најмал дел, иако знаел дека е најголемиот јунак во грчката војска. Кога Ајакс за Брисеида, што му ја одзел Агамемнон, му нудел седум моми и многу дарови, тој му одговорил дека во Грција секоја навреда може да се ублажи со поткуп. Тој не мислел така, со честа не се тргува и ги одбил понудите на Ајакс. Ахил е бестрашен јунак и Хомер ни го покажува во разни ситуации: кога е гневен и упорен, кога се бори на бојното поле, нанесувајки смртоносни удари; кога се колне над телата на мртвиот Патрокле дека ќе го одмазди; кога се одмаздува, бездушно влечејќи го телато на Хектор под сидиштата на Троја и кога наредува да се убијат дванаесет Тројанци.
Силата и бестрашноста не се единствените одлики на Ахил. Тој знае да биде благороден и великодушен. Молбите на Пријам да му го даде мртвото тело на Хектор го смекнуваат неговото гневно срце. Тој е трогнат до солзи кога стариот крал Пријам клекнува и му ја бакнува раката, раката што ги убила неговите синови. Во тој миг Ахил ја заборавил одмаздата и му го предал мртвиот Хектор:
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Илијада