Стивен Џеј Гулд: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Дополнување
Ред 4:
== Научни истражувања ==
 
На самиот почеток од неговата кариера, во [[1972]], Гулд заедно со [[Нилс Елдреџ]] ја развил теоријата за [[точкест еквилибриум]], според која поголемиот дел од еволуциските промени се случуваат наво мали временски интервали во споредба со подолгите периоди на еволуциона стабилност. Според гулдГулд, теоријата на точкестиот еквилибриум фрлила ново светло на централната догма на еволуционата теорија. Мислењата на теоретичарите на еволуцијата по ова прашање се разликувале. Едни сметале дека дека ,,иако оваа теорија е од голем интерес‘‘, таа ,,само ја изменува теоријата на [[Неодарвинизам|неодарвинизмот]] со целосно соодветство на тоа што било познато од порано‘‘. Други ја нагласувале нејзината теоретска новина, која се состоела во тоа што еволуцискиот стазис бил ,,неочекувано откритие за поголемиот дел теоретичари на еволуцијата‘‘ и дека тој ,,силно влијаел на современата палеонтологија и еволуциона биологија‘‘.
 
Други истражувачки активности на Гулд биле насочени кон идентификување на биолошките ограничувања и другите неселективни сили кои ја определуваат насоката на еволуција на живите суштества. Во [[1979]] година, заедно со [[Ричард Левонтин]], ја објавил статијата со наслов ,,Пазувите на сводовите од [[Базилика Свети Марко|базиликата Св. Марко]] и парадигмата на [[Панглос]]от‘‘ во која тие го вовеле новиот еволуциски поим ,,пазува на свод‘‘, земен од архитектурата. Гулд и Левонтин ги определиле ,,пазувите на сводовите‘‘ како оние карактеристики на организмот кои се јавуваат како неизбежен спореден ефект од други карактеристики и кои не биле сами по себе изложени на дејството на селекцијата во текот на еволуцијата.