Жорж Кивје: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нова
 
Дополнување
Ред 15:
 
Починал во 1832. Неговото име е внесено во списокот на најголемите научници на Франција, сместен на првиот кат од [[Ајфелова кула|Ајфеловата кула]].
 
== Научна дејност ==
 
Кивие бил најистакнатиот зоолог од крајот на XVIII и почетокот на XIX век. Особено драгоцени заслуги има во полето на споредбената анатомија: тој не само што ја истражувал градбата на многу животни, туку воспоставил и бројни многу значајни теоретски гледишта; тој го открил законот за сооднос меѓу [[орган]]ите, според кој промената кај еден од органите е придружена со неколку промени кај други органи. Кивие го востановил поимот [[Тип (биологија)|тип]] и во голема мера ја усовршил класификацијата на животните. Првите негови истражувања во областа на [[зоологија]]та се посветени на [[ентомологија]]та, а по нив следувале низа работи на полето на споредбената анатомија на различните животни ([[1792]]-[[1800]]), потоа ,,Lecons d’anatomie comparés‘‘ (најпрво во 5 тома во Париз [[1801]]—[[1805]]; новото издание во 8 тома е издадено од неговите ученици по неговата смрт, во 1836-46), а како дополнување на ова дело послужила ,,Mémoires pour servir à l’histoire et à l’anatomie des mollusques‘‘ (Париз, 1816). Својата класификација тој ја развил во статијата ,,Sur un nouveau rapprochement à établir entre les classes qui composent le règne animal‘‘ ([[1812]], во журналот ,,Annales d’histoire naturelle‘‘, т. XIX); понатаму ја издал ,,Règne animal‘‘ (4 тома, Париз, 1817; 2-то преработено издание било во 5 тома од [[1829]] година и неколку други изданија потоа); заедно со Валансен тој ја започнал книгата ,,Histoire naturelle des poissons‘‘ (22 тома, Париз, 1828-49; по смртта на Кивие изданието продолжил да го пишува, но не го завршил Валансен).
 
Важно значење имале истражувањата кои Кивие ги вршел на [[фосил]]ите на [[‘Рбетници|‘рбетниците]], кај кои мошне успешно ги применувал принципите на споредбената анатомија. Во врска со ова, тој изјавил:
{{Цитатник|''Дајте ми коска, и јас ќе составам животно.''}}
Во [[1812]] година ја објавил ,,Recherches sur les ossements fossiles‘‘ (4 т.; 4-тото издание во 12 тома во 1830-37 г.). Кивие бил поддржувач на постојаноста на [[Биолошки вид|видовите]] и главен противник на следбениците на теоријата за [[еволуција]] ([[Ламарк]], [[Сент-Илер]]). Истражувањата на Кивие вршени на фосилите во парискиот басен го довеле до теоријата на катастрофи, според која секој геолошки период поседувал своја фауна и флора и завршувал со голем преврат, катастрофа, при која загинувал целиот жив свет, а новиот никнувал како резултат на ново творечко дејство. Учењето за катастрофите го изложил во ,,Discours sur les revolutions de la surface du globe et sur les changements qu’elles ont produits dans le règne animal‘‘. Теоријата на катастрофите била предмет на дискусија, одбиена од страна на научната јавност благодарејќи на работата на [[Чарлс Лајел]].
 
Меѓутоа, откажувањето од идеите на [[Катастрофизам|катастрофизмот]] не било конечно: во првата половина на 20 в. тие делумно се преродиле во форма на т.н. [[неокатастрофизам]] — претстава за истовременото создавање на планините на [[Земја]]та, со што се нарушувале долгите епохи на релативен мир и еволуција на [[Земјина кора|земјината кора]].
 
== Литература ==
{{Викиизвор|Georges Cuvier}}
# Lee, «Memoires of Baron Cuvier» (Лондон, 1833);
# Pasquier. «Eloge de Cuvier» (П., 1833);
# Ducrotay de Blainville, «Cuvier et Geoffroy St.-Hilaire» (в «Biographies Scientifiques», Париж, 1890);
# Энгельгард, «Жорж Кювье»(в издании Павленкова: «Жизнь замечательных людей. Биографическая библиотека», 1893).
# [http://www.friendship.com.ru/scientist/23.shtml Профили на научниците — Жорж Кивие].
 
[[Категорија:Француски биолози]]