Разлика помеѓу преработките на „Правилник за четите на ТМОРО“

Нема измена во големината ,  пред 10 години
нема опис на уредувањето
с (Бот: козметички промени)
{{внимание}}
'''Правилникот за четите на ТМОРО''' бил изработен од страна на [[Гоце Делчев]] и [[Ѓорче Петров]] во 18981900 година<ref>{{цитирана книга|first=Д|last=Димески|title=Македонското нацинално движење во Битолскиот вилает 1893 - 1903}}</ref>, и тоа врз членот 11 од [[Уставот на ТМОРО]] и окружното на ''ЦК'' од октомври 1898 година. Според [[Борис Сарафов]], правилникот бил изработен од [[Ѓорче Петров]] и капетанот [[Јордан Венедиков]]. Правилникот бил хектографиран и верификуван од страна на Централниот Комитет. За време на Солунската провала од 1901 година ([[Солунска афера]]), правилникот се нашол во рацете на турските власти, и од тука најверојатно потекнуваат бројните негови варијанти, односно слободни толкувања кој се нашле меѓу солунските конзули.
 
Правилникот се состоел од 47 члена, поделени во 5 глави. ''I глава'' не била нумерирана и на свој начин преставувала преамбула. Во ''II глава'' се регулирани а) агитацијата, б) организацијата, в) извршените задачи г) крајните задачи на четата. ''III глава'' се однесува на општите правила за четата. Во ''IV глава'' се утвредени односите помеѓу комитетот и четата. ''V глава'' ги регулира составот и внатрешниот ред на четите.