Отвори го главното мени

Промени

с
[[File:Portrait of Katherine of Aragon.jpg|thumb|left|Портрет од последните години на Катерина]]
[[Image:Mary I by Master John.jpg|thumb|Катерина и нејзината ќерка Мери, никогаш Ана не ја прифатиле како кралица]]
Во 1525 година Хенри се заитересирал за [[Ана Болејн]], придружничка на кралицата Кетрин, која била околу 10 и 17 години помлада од Хенри (не се знае нејзината точна дата на раѓање). Во тој период, Кетрин не можела повеќе да раѓа деца. Хенри започнал да верува дека неговиот брак е проколнат и барал утеха во [[Библија|Библијата]].<ref>Scarisbrick, p.154.</ref> Тој протолкувал дека во Библијата е напишано дека доколку некој се ожени со вдовицата на својот брат тогаш никогаш нема да имаат деца. Иако нејзиниот брак со Артур не бил конзумиран (Кетрин тврдела до крајот на својот живот дека се омажила за Хенри како девица), грубото толкување на тој дел од Библијата значело дека нивниот брак бил погрешен во очите на Бога. Прашањето дали папата во времето на свадбата меѓу Хенри и Кетрин имал право да го отфрли тој пасус, ќе стане главната причина за барање поништување на бракот пред новиот папа. Можно е идејата за поништување да му била предложена на Хенри многу порано и веројатно го сакал тоа поништување поради големата желба за син. Пред престолот да биде наследен од таткото на Хенри, Хенри VII, во Англија беснееле војни за превласт на тронот и можеби поради оваа причина, Хенри сакал да избегне слична несигурност со наследувањето на круната.
 
Наскоро, единствената желба на Хенри станала добивање на тоа поништување. Кога ѝ предложиле на Кетрин да се повлече во манастир таа одговрила дека ,, ''Господ никогаш не ме повика во манастир, јас сум вистинската сопруга на кралот''”. Хенри поднел молба до Светиот трон, независно од кардиналот [[Томас Волси]], кој не го ни известил за своите планови. [[Вилијам Најт]], секретарот на кралот, бил испратен кај [[папа Климент VII]] да бара поништување, бидејќи наводно одобрението од [[папа Јулиј II]] било добиено со измама.