Катерина Арагонска: Разлика помеѓу преработките

Избришана содржина Додадена содржина
Создадена страница со: Кетрин од Арагон (шпански: Catalina de Aragón y Castilla, 16 декември 1485год. – 7 јануари 1536год, се нар...
(нема разлика)

Преработка од 16:16, 19 април 2010

Кетрин од Арагон (шпански: Catalina de Aragón y Castilla, 16 декември 1485год. – 7 јануари 1536год, се нарекувала и Катарина или Катерина) беше принцеза на Велс, како сопругата на Артур, принцот од Велс, и кралица на Англија, како првата сопруга на кралот Хенри VIII од Англија. Шест месеци била и регент на Англија, додека Хенри VIII бил во Франција. Во тој период, англичаните победиле во битката кај Флоден, настан во кој Кетрин имала важна улога. Контраверзната книга ,,Образованието на христијанските жени” од Хуан Луис Вивес, во која се тврдеше дека жените имаат право на образование, беше посветена и одобрена од Кетрин. Желбата на Хенри VIII да го поништи својот 24 годишен брак, предизвика низа настани кои довеле до одделување на Англија од Римската црква. Хенри бил незадоволен, бидејќи нивните синови не го преживеале детството, а имале и мртвороденчиња, со што Мери I станала единствената престолонаследничка. Во тој период, жена никогаш не седнала на тронот, иако не постоел никаков закон против тоа. Кога папата Климент VII одбил да го поништи бракот, Хенри му се спротиставил со тоа што станал врховник на црквата во Англија. Со ова успеал да се ожени со Ана Болејн без одобрението од папата, надевајќи се дека така ќе успее да добие машки престолонаследник. Кетрин никогаш не го прифатила Хенри како врховник на црквата и се сметала себеси, како што мислел и остатокот од Англија и Европа, како вистинската сопруга на кралот со до крајот на нејзиниот живот.

Детство

Кетрин се родила на 16 декември 1485год. во Алкала де Хенарес, Мадрид. Таа била најмладото дете на Фердинанд II од Арагон и кралицата Изабела I од Кастилија кое го преживеало детството. Кетрин била ситна во нејзината градба, со златно-костенлива коса, големи сини очи, тркалезно лице и блед тен. Денес постојат многубројни портрети кои ја прикажуваат Кетрин во нејзиното детство и тинејџерските години. Таа е потомок, од страна на мајка си, од Англиското кралство бидејќи нејзината прабаба Кетрин од Ланчестер, од каде потекнува и нејзиното име, и нејзината пра прабаба Филипа од Ланчестер биле ќерки на Џон од Гент и внуки на Едвард III од Англија. Всушност, следејќи ја оваа лоза, Кетрин му била трета братучетка на својот свекор, Хенри VII, и четврта братучетка на нејзината свекрва, Елизабет од Јорк. Неа ја подучуваше тутор, Алесандро Гералдини, кој беше службеник во редовите на црквата. Кетрин учела за религијата, класиците, латинската историја, канонот и граѓанското право. Таа била образована во духот на религијата, и развила голема љубов кон верата која понатаму ќе игра важна улога во нејзиниот живот. Таа научила да зборува, чита и пишува на шпански и латински, а зборувала и француски и грчки. Исто така, учела работи поврзани со домаќинството како што се правење гоблени, шиење, везење, музика и танцување. Подоцна, големиот научник Ерасмус, ќе изјави дека Кетрин ,,сакаше добра литература која ја проучуваше уште од детството”. Уште од мала, Кетрин се сметала за соодветна сопруга на Артур, принцот од Велс, најстариот син на Хенри VII од Англија и наследник на тронот, поради нејзините истакнати англиски предци од страна на мајка си, Изабела I од Кастилија. Од страна на мајка ѝ, Кетрин имала предци на англискиот трон преку првите две сопруги на Џон од Гент, првиот војвода од Ланчестер. Првата била Бланш од Ланчестер, а втората, шпанската инфанта, Констанца од Кастилија, преку кои Џон сакал да го преземе кралството Кастилија. Од друга страна, Хенри VII од Англија, беше потомок од бракот на Џон со третата сопруга, Кетрин Свинфорд, чии деца биле родени надвор од бракот и признаени по смртта на Констанца и бракот меѓу Џон и Кетрин. Децата на Џон и Кетрин, и покрај тоа што биле веќе признаени, не можеле да го наследат англискиот трон. Поради ова, династијата Тјудор не беше прифатена од сите кралства во Европа. Во тоа време, династијата Трастамара беше најценетата поради владетелите кои биле големи католици. Поради ова, бракот меѓу Кетрин и Артур ја озакони династијата Тјудор во очите на останатите европски кралства и ја зајакни фамилијата Тјудор на престолот поради предците на Кетрин од Арагон. Доколку постоеше машки наследник, фамилијата Тјудор ќе имаше неоспорен владетел на Англија. На 19 мај 1499год, Кетрин и Артур беа венчани одделно, и се допишуваа на латински се додека Артур не наполна 15 години. На таа возраст беше одлучено дека тој е доволно возрасен да стапи во брак.

Сопруга и вдовица на Артур

Двојката за прв пат се сретнала на 4 ноември во Догмерсфилд, Хамшир. Не се знае многу за нивните први впечатоци, но Артур му напишал на родителите на Кетрин дека ќе биде ,,вистински и добар сопруг” и му кажал на своите родители дека е неизмерно среќен што го ,,допре лицето на својата прекрасна сопруга”. Тие бргу сфатиле дека не можат да зборуваат меѓусебе бидејќи научиле различен изговор на латинскиот јазик. По десет дена, на 14 ноември 1501год, тие се венчаа во катедралата Св. Павле. Откако се венчаа, Артур го испратиле во замокот Лидлоу, кај границата на Велс, за да го надгледува советот на Велс, бидејќи тоа беше негова должност како принц на Велс. Бил придружуван од неговата невеста. По неколку месеци, двајцата се разболеле. Тој умре на 2 април 1502год. а таа едвај преживеа. Во тој момент, Хенри VII требало да го врати нејзиниот мираз кај татко ѝ. За да се избегнат компликации, се договриле Кетрин да се омажи за вториот син на Хенри VII, Хенри, војводата од Јорк, кој беше пет години помлад од неа. Меѓутоа, со смртта на мајката на Кетрин, нејзината ,,вредност” во бракот опадна. Кастилија беше многу поголемо кралство од Арагон кое го наследи нејзината ментално заостаната сестра, Јоана. Наводно, бракот бил одложен додека Хенри не порасне, но Хенри VII толку многу го оддолжувал поради неплатениот мираз, што не било сигурно дали воопшто ќе се случи бракот. Таа живеела како затвореник во Куќата Дурхам во Лондон. Некои од нејзините писма напишани за татко ѝ во кои се жали за условите во кои живее, постојат и денес. Таа имала малку пари и се трудела да соработува бидејќи требало да мисли и за добросостојбата на своите придружнички. Бракот со братот на Артур зависел од добивањето ослободување од папата поради блиската врска. Кетрин сведочела дека нејзиниот брак со Артур никогаш не бил конзумиран. Во тоа време, таа работа не била толку важна, бидејќи папата ја имал моќта да ги одбие сите приговори, без разлика дали имаат или немаат религиска основа.

Кралица на Англија (1509год. – 1536год.)

Втората венчавка на Кетрин се случила на 11 јуни 1509год. седум години по смртта на Артур. Таа тогаш се омажи со веќе крунисаниот Хенри VIII на приватна церемонија одржана во црквата Гринвич. Таа имаше 23 години, а кралот скоро 18.

Крунисување

На 23 јуни, сабота, вечерта пред крунисувањето во Вестминистер, имало голема и весела толпа. Како што бил обичајот, ноќта ја поминале во Кулата во Лондон. На 24 јуни 1509год, во недела, Хенри VIII и Кетрин од Арагон биле крунисани заедно од архиепископот на Кантербури за време на раскошната церемонија во Вестминистерската катедрала. По крунисувањето имало банкет во салата на Вестминистер.

Бремености и деца

На 31 јануари 1510год. Кетрин роди мртвороденче. Синот Хенри, војводата на Корнвал, се роди на Нова година, 1511год. Тој живееше само 52 дена. Во 1513год. Кетрин беше повторно бремена. Хенри ја назначи за регент кога замина за Франција за некоја воена кампања. Кога Шкотланѓаните нападнаа, беа поразени во битката кај Флоден. Тогаш, таа му се обратила на војската и јавала кон север иако веќе била бремена. Кетрин му испратила писмо на Хенри, заедно со крвавото палто на кралот на Шкотланѓаните, Џејмс IV, кој умрел за време на битката. Кетрин изгубила уште еден син кога Хенри се врати од Франција. Или беше мртвороденче или умре кратко време откако се роди. Во ноември 1514год. таа роди уште едно мртвороденче. На 18 февруари 1516год. Кетрин роди здраво женско дете. Ја нарекоа Мери и ја крстија три дена подоцна на голема церемонија во црквата на Капуцинерите. Во 1518год. Кетрин остана бремена за последен пат. На 10 ноември роди ќерка, но бебето беше слабо и поживеа само неколку часа. Вкупно, Кетрин беше бремена шест пати. Со текот на годините, интересот на Кетрин за религијата и науката се зголеми. Таа продолжи да го зголемува своето знаење, а обезбеди и обука за својата ќерка. Образованието на жените станало модерно, особено поради влијанието на Кетрин. Исто така, таа донирала огромни суми на пари во некои колеџи. Сепак, Хенри продолжил да мисли дека најважно е да добие машки наследник. Династијата Тјудор била нова, и нејзината легитимност сеуште не била докажана. Последниот пат кога жена седела на тронот (ќерката на Хенри I, кралицата Матилда) избувнала граѓанска војна која траела многу долго. Ужасите од Војната на Розите сеуште се чувствувале. Во 1520год. внукот на Кетрин, Чарлс V, Светиот римски император, пристигнал во посета на Англија. Таа го терала Хенри да стапи во сојуз со Чарлс а не со Франција. Веднаш по неговото заминување, Кетрин и Хенри заминале на прослава во Франција кај Франсис I. Во рок од две години, Англија му објавила војна на Франција и иператорот повторно бил добродојден во Англија. Имало и планови за венчавка меѓу него и ќерката на Кетрин, Мери.

Пресврт во кралството

Во 1525год. Хенри се заитересира за Ана Болејн, придружничка на кралицата Кетрин, која беше околу 10 и 17 години помлада од Хенри (не се знае нејзината точна дата на раѓање). Во тој период, Кетрин не можеше веќе да раѓа деца. Хенри почна да верува дека неговиот брак е проколнат и бараше утеха во Библијата. Тој протолкува дека во Библијата е напишано дека доколку некој се ожени со вдовицата на својот брат тогаш никогаш нема да имаат деца. Иако нејзиниот брак со Артур не бил конзумиран (Кетрин тврдела до крајот на својот живот дека се омажила за Хенри како девица), грубото толкување на тој дел од Библијата значело дека нивниот брак бил погрешен во очите на Бога. Прашањето дали папата во времето на свадбата меѓу Хенри и Кетрин имал право да го отфрли тој пасус, ќе стане главната причина за барање поништување на бракот пред новиот папа. Можно е идејата за поништување да му била предложена на Хенри многу порано и веројатно го сакал тоа поништување поради големата желба за син. Пред престолот да биде наследен од таткото на Хенри, Хенри VII, во Англија беснееле војни за превласт на тронот и можеби поради оваа причина, Хенри сакал да избегне слична несигурност со наследувањето на круната. Наскоро, единствената желба на Хенри станала добивање на тоа поништување. Кога ѝ предложиле на Кетрин да се повлече во манастир таа одговрила дека ,, Господ никогаш не ме повика во манастир, јас сум вистинската сопруга на кралот”. Хенри поднел молба до Светиот трон, независно од кардиналот Волси, кој не го ни известил за своите планови. Вилијам Најт, секретарот на кралот, бил испратен кај папата Климент VII да бара поништување, бидејќи наводно одобрението од папата Јулиј II било добиено со измама. Најт не можел лесно да стигне до папата бидејќи по ограбувањето на Рим во мај 1527год. тој станал затвореник на внукот на Кетрин, императорот Чарлс V. На крајот морал да се врати назад без некој позначаен напредок. Хенри немал многу избор. Морал да ја остави оваа работа во рацете на Волси, кој направил се што може за да ја реши ситуацијата во полза на Хенри. Волси дури и повикал црковен суд во Англија, со специјален делегат пратен од папата. Во претставата на Шекспир, Хенри Осми, опишано е како Кетрин се поклонува пред Хенри, го објаснува својот случај со непоборлива елоквенција и потоа си заминува од судницата, како еден пример за инзвонредна жена. Папата немаше намера да дозволи случајот да се разреши во Англија, па така го повика назад својот делагат. (Колку папата беше по влијание на имераторот, внукот на Кетрин, не се знае, но било јасно дека тој нема да дозволи поништување на бракот). Папата му забранил на Хенри повторно да се ожени се додека не се донесе одлука во Рим. Во 1529год. Волси не успеал во својата работа па поради тоа бил отстранет од должност. Тогаш, Волси почнал да кова заговор за да ја протера Ана Болејн од земјата, па дури и почнал да се договара со самиот папа. Кога Хенри дознал за измамата, го уапсил и доколку не умрел од болест во 1530год. тој би бил погубен поради предавство. Една година подоцна, кралицата Кетрин била протерана од дворецот, а нејзините соби им биле доделени на Ана. Кога архиепископот од Кантербури, Вилијам Вархам, умре, капланот на фамилијата Болејн, Томас Кранмер го зазеде неговото место. Кога Хенри одлучи да го поништи бракот со Кетрин, Џон Фишер стана нејзин доверител и еден од нејзините најголеми подржувачи. Тој се појави во судот во нејзино име, каде ги шокира присутните со својата директност и со изјавата дека исто како свети Јован Крстител и тој е подготвен да умре во име на веродостојноста на бракот. Хенри беше толку лут што напиша едно долго писмо до пратениците како одговор на изјавата на Фишер. Копијата на Фишер сеуште постои, со некои негови прибелешки од страна, со што се покажува дека не се плашел од Хенри. Иако на крајот Фишер бил тргнат од случајот, Хенри никогаш не му простил. Други луѓе кои ја подржувале Кетрин биле: Томас Мор, Мери Тјудор (сестрата на Хенри), кралицата на Франција, Мариа де Салинас, Чарлс V од Германија, папата Павле III, и протестанските реформатори: Мартин Лутер и Вилијам Тиндал.

Подоцнежните години

Кон враќањето во Довер, по средбата со кралот Франсис I од Франција во Кале, Хенри и Ана Болејн тајно се венчаа. Постои можност Ана да била бремена. Некои подржувачи на Кетрин го сметаа новиот брак за лажен. Ако бракот на Кетрин со Артур бил конзумиран, за што постои голема веројатност, Хенри VIII според канонското право можел повторно да се жени. На 23 мај 1533год. Кранмер го поништил бракот меѓу Кетрин и Хенри, а пет дена подоцна, на 28 мај 1533год. бракот меѓу Хенри и Ана го пргласил за валиден. До крајот на нејзиниот живот, Кетрин се сметала себеси за вистинската сопруга на Хенри и едиствената кралица на Англија. Така ѝ се обраќале и нејзините верни поданици. Меѓутоа, единствената титула која Хенри ѝ ја дозволил било ,,принцезата Довагер од Велс”, признание на нејзината положба како вдовица на брат му. Во 1535год. Кетрин ја испратиле во далечниот и веќе распаднат замок Кимболтон. Затворена само во една соба, излегувајќи само за да слуша миса и постејќи поголемиот дел од времето, Кетрин се подготвувала за својот крај. Иако ѝ беше дозволено да прима некои посетители, сепак не смеела да ја види ќерка си Мери. Меѓутоа, имало тајни симпатизери кои пренесувале писма меѓу мајката и ќерката. Хенри им понуди на двете подобро сместување и можност за средби само доколку ја признаат Ана за кралица. Тие не го направија тоа. Кон крајот на декември 1535год. Кетрин ја претчувствувала смртта, па затоа го напишала својот тестамент. Му пишала и на својот внук, Чарлс V, да ја заштити нејзината ќерка, како и на Хенри, каде му се обратила како ,,најдраг господару и сопруг”. На 7 јануари 1536год. во замокот Кимболтон, Кетрин од Арагон почина. Наредниот ден, кралот дозна за нејзината смрт. Според летописецот Едвард Хал, за периодот на жалење Ана носела жолто. Тоа може да се протолкува на неколку начини. Според Полидор Вергил, Ана не жалела, меѓутоа Шапуис тврди дека всушност Хенри бил облечен во жолто и ја славел нејзината смрт. Многумина мислеа дека ова е невкусно и вулгарно. Имало и гласини дека Хенри и Ана ја отруле, бидејќи Ана се заканувала дека ќе ги убие Кетрин и Мери. Тие гласини започнале по балсамирањето на телото на Кетрин кога се открило дека нејзиното срце било оцрнето. Модернните медицински експерти, кажуваат дека тоа не се случило од труење туку од рак на срцето, нешто што во тоа време било непознато. Друга теорија е дека жолтата боја била знак на почит, бидејќи во тоа време во Шпанија се носела жолта боја за време на жалење. Со сигурност е потврдено дека подоцна во текот на денот, и Хенри и Ана плачеле поради нејзината смрт. Таа била закопана кај катедралата Петербороу, со церемонија достојна за принцеза, а не за кралица. Хенри не присуствувал на погребот, а не ѝ дозволил ни на Мери.

Наследство, спомен и историја

За време на владеењето на нејзината ќерка Мери I од Англија, бракот меѓу неа и Хенри бил признаен за законски. Исто така, Мери наредила да се насликат неколку портрети од мајка ѝ. Драмата на Шекспир не вклучува значајни елементи за триаголникот Кетрин – Хенри – Ана. Во неа, Ана и Хенри се прикажани како наивни и невини за несреќата на Кетрин (мора да се има предвид дека драмата е пишувана за Елизабет I, ќерката на Ана и Хенри, па морал да ја напиши на начин кој нема да биде навредувачки), а кардиналот Волси како главниот виновник за разводот, извртувајќи ја историјата за да изгледа како Ана да ја заменила Кетрин по нејзината смрт, а не порано. Приказната запира пред погубувањето на Ана. Претставата воопшто не го прикажува Хенри Тјудор како зол човек, што е една голема лага. Нејзиниот гроб во катедралата Петербороу е до ден денес декориран со цвеќиња или калинки, нејзиниот хералдички симбол. На него пишува: Кетрин, кралица на Англија. Во чест на Кетрин, Петербороу е збратимен со Алкала де Хенарес, нејзиното родно место. Децата од училиштата во двата града, учат за меѓусебната историја, а уметници од Алкала де Хенарес одат до гробот на Кетрин за да го насликаат. Во XX век, сопругата на Џорџ V, кралицата Мери, го реновираше нејзиниот гроб и постави знак на кој пишува дека Кетрин е кралица на Англија. Секоја година, во катедралата Петербороу се одржува миса во нејзина чест. На мисата која обележуваше 470 години од нејзината смрт, присуствуваше и шпанскиот амбасадор. Службата започна со поворка, предводена од градоначалникот. По службата, луѓето можеа да ги разгледаат нејзините портрети кои беа насликани од деца за ликовен натпревар. Подоцна се прогласуваше победникот. Во Алкала де Хенарес има нејзин споменик, прикажувајќи ја како млада девојка со книга и роза во нејзините раце. Во 1942год. американскиот историчар Гарет Матингли, беше авторот на популарната биографија Кетрин од Арагон. Во 1966год. Џон И. Пол напиша книга за Кетрин и нејзините подржувачи: Кетрин од Арагон и нејзините пријатели. Во 1967год. Мери М. Лук ја напиша првата книга од нејзината триологија за фамилијата Тјудор, Кралицата Кетрин, во која го опиша нејзиниот живот и ерата во којашто живеела. Пред некоја година, писателката Алисон Веир го опиша нејзиниот живот во книгата Шестте сопруги на Хенри VIII, објавена за прв пат во 1991год. Антонија Фрејзер го направи истото во нејзината книга објавена во 1992год. која го имаше истиот наслов, како и британскиот историчар Дејвид Старки во книгата Шест сопруги: кралиците на Хенри VIII, објавена во 2003год.

Во уметноста и медиумите

Во текот на годините, многубројни уметници и книжевни работници твореа, пишуваа и ја споменуваа Кетрин во своите дела. Дури и нејзиниот сопруг Хенри VIII пишуваше за неа, а Хуан Луис Вивес ѝ ја посвети ,,Образованието на христијанските жени”. Кетрин од Арагон била играна и на филм, драми, книги, телевизија итн. па поради тоа е запаметена и ден денес. Досега немало филм или телевизиска серија во која таа е главна улога, иако има исклучок во првата епизода од Шестте сопруги на Хенри VIII, приказна раскажана од нејзина гледна точка. Во нејзина улога се појави Анет Крозби. Исто така, има многубројни романи, песни, поеми напишани за неа. Претставата на Шекспир, Хенри VIII, многу добро ја прикажува Кетрин, како и нејзината изјава на суд за валидноста на својот брак. Меѓутоа, остатокот од претставата е обид за ослободување од вина за мнозинството, особено за Хенри VIII (тој е прикажан како невин пион на кардиналот Волси, и претставата запира пред погувањето на Ана Болејн), а исто така, важни настани се или изменети или избегнати. Иако на филм Кетрин е портретирана како типична Шпанка, со темна коса и очи и маслинест тен, сепак, постоечките портрети и современите описи ја опишуваат како жена со сини очи, блед тен и црвенкаста коса, карактеристични црти за луѓето од Арагон, земјата на нејзиниот татко. Често ја играат со шпански акцент. Според доказите, тоа е точно бидејќи никогаш целосно не го совладала англискиот јазик. Покрај тоа, таа имала и англиско потекло, преку нејзините предци, Кетрин од Ланчестер и Филипа од Ланчестер, ќерки на Џон од Гент, првиот војвода од Ланчестер.