Чернобил: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
+
с Бот: козметички промени
Ред 4:
'''Чернобил''' (украин. ''Чорнобиль'', рус. ''Чернобыль'') е мал град во северна [[Украина]] во [[Киев]]ската област близу до границата со [[Белорусија]]. Градот првпат се споменува во повелба од 1193 година опишан како ловечка колиба на кнезот Ростиславич. Во 13. век имал статус на кралско село на [[Војводството Литванија]]. Селото му било доделено како посед на Филон Кмита, капетан во кралската коњица во 1566. Целата провинција била преземена од [[Кралството Полска]] во 1569, а потоа анектирана од [[Руската Империја]] во 1793.<ref name="ND">Davies, Norman (1995) "Chernobyl", [http://www.ruf.rice.edu/~sarmatia/195/index.html ''The Sarmatian Review, vol. 15'', No. 1].</ref> До 20. век Чернобил бил населен од украински и полски селани и голема еврејска заедница.
 
Во 1986. година сите тогашни 14.000 жители биле евакуирани поради високите нивоа на [[радијација]] предизвикани од експлозијата во Нуклеарната централа Чернобил, која се наоѓа на 14,5км на север од градот. Иако централата е наречена по Чернобил, тој не бил живеалиште на вработените во централата. Повеќето вработени во централата живееле во блискиот град [[Припјат]] кој бил изграден токму за таа намена.
 
Денес во Чернобил живеат околу 500 лица: научници - главно радијациски физичари, како и администратори на Забранетата зона (видете [[Чернобилска несреќа]]) во која припаѓа и самиот град.