Хејмаркетски немири: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот додава Шаблон: Без извори
с Бот: козметички промени
Ред 2:
'''Хајмаркетски немири''' од [[4 мај]] [[1886]] година се немири во [[Чикаго]] по повод штрајкот од [[1 мај]] за добивање 8-часовен работен ден. Немирите резултирале со жртви, а самиот тек на настаните и денес останува контроверзен. Хајмаркетските немири имаат голема улога во прогласувањето на 1 мај за [[Меѓународен ден на трудот]].
 
== Позадина ==
 
Конвенцијата на Федерацијата на организираните трговски и работнички сојузи на САД и Канада во [[1884]] година упатува барање до 1 мај 1886 година да биде донесен закон за 8-часовен работен ден. Истовремено, се одвиваат подготовки за [[генерален штрајк]] на тој ден, во случај да не биде донесен таков закон.
Ред 10:
Во Чикаго на [[3 мај]] доаѓа до судир помеѓу работници што штрајкувале и работници што биле донесени како [[штрајкбрехер]]и. Чикашката [[полиција]] интервенира и ги напаѓа штрајкувачите, при што се убиени четворица од нив, а повеќемина се повредени. Тоа предизвикува лутина кај работното население на Чикаго, а чикашките [[анархизам|анархисти]] за следниот ден упатуваат повик за собир на [[Хајмаркетски плоштад|Хајмаркетскиот плоштад]]. Во повикот се тврди дека полицијата ги убила штрајкувачите во име на интересите на капиталистите и се повикуваат работниците да ја бараат правдата.
 
== Собирот на Хајмаркетскиот плоштад ==
 
Собирот започнува мирно, вечерта на 4 мај. Говор држи анархистот [[Август Спис]], кој во својот говор, според сведоштвото на многумина присутни, кажува дека не е таму за да провоцира никого.
Ред 16:
Во меѓувреме многумина полицајци го набљудуваат собирот. Насобраниот народ е мирно настроен. По одредено време полицијата им наредува на присутните да се разотидат и почнува да настапува во формација кон бината. Некој фрла бомба врз полицијата, која експлодира и го убива полицаецот Матијас Деган. Полицијата веднаш возвраќа со оган. Настанува гужва при што 7 полицајци и најмалку 4 работници се убиени. Бројката на повредени работници не е позната, бидејќи кај работниците постоел страв да побараат медицинска помош за да не бидат обвинети во врска со немирите.
 
== Судење и егзекуции ==
 
Во врска со убиството на полицаецот Деган се обвинети осуммнина кои непосредно или посредно биле поврзани со организирањето на собирот. Тоа се: [[Август Спис]], [[Алберт Парсонс]], [[Адолф Фишер]], [[Џорџ Енгел]], [[Луис Линг]], [[Михаел Шваб]], [[Самуел Филден]] и [[Оскар Небе]]. Од нив петмина се германски имигранти, а уште еден со германско потекло.