Разлика помеѓу преработките на „Филолошки факултет „Блаже Конески“ - Скопје“

с
Бот: козметички промени
(други јазици)
с (Бот: козметички промени)
{{Универзитет
|name = Филолошки факултет „Блаже Конески“ - Скопје
|image = [[СликаПодатотека:filozofski.jpg|right|250px|Фоајето на Филолошкиот факултет]]
|established = [[1974]]
|staff=
|affiliations=
|website= [http://www.flf.ukim.edu.mk/ www.flf.ukim.edu.mk]
<br />
[[Податотека:флфлого.png|лево|80п|Официјалното лого на филозофскиот факултет]]
}}
Филолошкиот факултет бил основан со закон што го донела Владата на [[НР Македонија]] за организирање универзитет во [[Скопје]] во [[1945]] година и со посебно решение во [[1946]] година. Првиот декан бил [[Михаил Петрушевски]], а првите предавања започнале на [[16 декември]] [[1946]] како дел од тогашниот прв македонски факултет - [[Филозофски факултет - Скопје|филозофскиот факултет]], кој е темелник на тогаш идниот македонски универзитет, денешниот [[УКИМ|„Св. Кирил и Методиј”]]. Денес факултетот постои веќе 63 години, а како самостојна институција од [[1974]]. Во [[1995]] година Филолошкиот факултет бил преименуван во Филолошки факултет „Блаже Конески“.
 
=== Први професори ===
Првите петмина професори на Филолошкиот факултет на универзитетот во [[Скопје]] биле:
 
* [[Блаже Конески]]
* [[Михаил Петрушевски]]
* [[Харалампие Поленаковиќ]]
* [[Ѓорѓи Шоптрајанов]]
* [[Љубен Лапе]].
 
== Катедри ==
Додипломските студии на факултетот траат четири години, а од [[2005]] година наставата се изведува според критериумите на [[ЕКТС|европскиот кредит трансфер систем]] и [[Болоњска декларација|Болоњската декларација]]. Наставно-научната работа на факултет е организирана и се изведува преку десет катедри. Се организираат последипломски студии од научните области јазик и книжевност, и тоа<ref>[http://www.flf.ukim.edu.mk/%D0%BA%D0%B0%D1%82%D0%B5%D0%B4%D1%80%D0%B8/tabid/66/Default.aspx www.flf.edu.mk] Катедри при факултетот {{mk}}</ref>:
 
* Катедра за [[македонски јазик]] и [[јужнословенски јазици]]
* Катедра за [[македонска книжевност]] и јужнословенски книжевности
* Катедра за [[албански јазик]] и [[албанска книжевност|книжевност]].
* Катедра за [[турски јазик]] и [[турска книжевност|книжевност]]
* Катедра за [[славистика]]
* Катедра за [[романски јазици]] и книжевности
* Катедра за [[германски јазик]] и [[германска книжевност|книжевност]]
* Катедра за [[англиски јазик]] и [[англиска книжевност|книжевност]]
* Катедра за [[книжевност|општа]] и [[компаративна книжевност]]
* Kатедра за преведување и толкување
 
Постојат исто така уште два оддела:
* Оддел за настава по странски јазик на нематичните факултети
* Центар за тестирање и сертифицирање на македонскиот јазик
 
=== Други изучувани јазици ===
Покрај јазиците на катедрите, на факултетот се изучуваат и следниве јазици<ref>[http://www.flf.ukim.edu.mk/студии/Уписи20092010/tabid/76/Default.aspx Активни студиски програми], Филолошки факултет „Блаже Конески“</ref>:
 
* [[шпански јазик|шпански]]
* [[португалски јазик|португалски]]
* [[кинески јазик|кинески]]
* [[корејски јазик|корејски]]
* [[унгарски јазик|унгарски]]
* [[чешки јазик|чешки]]
* [[полски јазик|полски]]
* [[хрватски јазик|хрватски]]
* [[словенечки јазик|словенечки]]
* [[романски јазик|романски]]
 
=== Библиотека ===
Факултетот има и издавачка дејност. Покрај издавањето учебници за потребите на наставата, разни информативни и прирачни книги за студентите, се издаваат и низа монографски трудови од разни области на филолошките науки, [[речник|речници]] и други [[лексикографија|лексикографски]] трудови.
 
== Извори ==
<references />
 
941.847

уредувања