Физиологија на човекот: Разлика помеѓу преработките
[непроверена преработка] | [непроверена преработка] |
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот Додава: sr:Физиологија човека |
с Бот: козметички промени |
||
Ред 2:
'''Физиологијата на човекот''' претставува обемна [[Наука|научна]] ([[Биологија|биолошка]]) дисциплина која на [[експеримент]]ален начин ги проучува [[живот]]ните процеси кои се одвиваат во [[тело]]то на нормалниот и [[Здравје|здрав]] [[човек]]. Воедно, таа претставува и една од главните [[Медицина|медицински]] науки. Предоминантен интерес во човечката физиологија претставува процесот [[хомеостаза]]. Традиционално, оваа наука го проучува [[Организам|организмот]] на човекот преку одделно проучување на неговите [[Органски систем|органски системи]], со што и ја објаснува нивната функција, а и функционирањето на организмот како една целина:
* [[Нервен систем|Нервниот систем]] ја регулира работата на сите останати органски системи. Исто така,
* [[Ендокрин систем|Ендокриниот систем]], како и нервниот, ја регулира работата на другите органски системи преку секреција на [[хормони]]те. Разликата е таа што одговорите на ендокриниот систем при одредена дразба на организмот се многу поспори од нервниот. Ендокриниот и нервниот систем се [[регулаторни системи]].
* [[Циркулаторен систем|Циркулаторниот систем]] е транспортен и одбранбен систем во организмот. [[Крв]]та учествува во транспортот на материите низ телото ([[кислород]], [[јаглерод диоксид]], хранливи материи) кои се потребни за [[Метаболизам|метаболизмот]]. [[Лимфа]]та врши транспорт назад до крвта на дел од [[липид]]ите (мастите) и игра голема улога во [[имунитет]]от на човекот. Сите три досега спомнати органски системи имаат ''интегративна улога'' во организмот на човекот (бидејќи хормоните од ендокриниот систем се пренесуваат до разните делови од телото преку [[циркулација]]та).
* [[Систем за варење|Системот за варење]] (т.е. дигестија) врши преработка на [[храна]]та, со што ја ситни на микрочестички ([[молекул]]и и [[јон]]и), форма погодна за [[реапсорпција]] во крвта. Исто така, тој ги отстранува несварените состојки од храната надвор од организмот ([[дефекација]]).
* [[Систем за излачување|Системот за излачување]] ([[екскреција]]) ги отстранува штетните и непотребни материи од организмот на човекот преку [[урина]]та.
[[Категорија:Физиологија на човекот]]
|