Фанула Папазоглу: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
с Бот: козметички промени
Ред 4:
Од мај 1945 г. живее во Белград, работи во Министерството за информации. Во 1946 г. диломира на Филозофскиот факултет. Во 1947 е избрана за асистент, а во 1949 за предавач на Катедрата за историја на стариот век. Докторирала 1955 г.и е избрана за доцент, а во 1960 г. за вонреден професор и шеф на Катедрата. За редовен професор е избрана во 1965 г. а подоцно и за академик. Целиот свој работен век д-р Фанула Папазоглу го поминува во Белград како професор по античка историја на [[Грција]] и [[Рим]], грчка и латинска епиграфија и нумизматика, но таа е тесно поврзана и со Македонија, а особено активно соработува со списанието „Жива Антика“ од неговиот прв број (1951). Предметот на нејзиниот научен интерес е историјата на античка Грција и Рим од најстариот период до византиско време, потесно – историјата на старобалканските племиња, а особено политичката, културната и економската историја на античка Македонија, и тоа строго врз основа на критичко проверени литерарни, археолошки, епиграфски и нумизматички извори. Проф. Фанула Папазоглу има објавено опширни и мошне квалитетни студии за сите, доскоро малку познати палеобалкански племиња, но во центарот на нејзините научно-истражувачки преокупации е Македонија од периодот на римската доминација, во текот на околу 700 години.
 
Инаку, со свои оригинални прилози акад. Папазоглу има учествувано на многубројни научни собири од областа на епиграфијата, археологијата и античката историја, особено на старобалканските племиња. Држела предавања и на повеќе универзитети во светот. За постигнатите научни резултати има добиено и многу високи признанија. Во 1974 г. е избрана за дописен член на [[САНУ]], а во 1982 г. и за нејзин редовен член. Член е и на [[АНУБиХ]]. На 21 април 1994 г. на предлог на Одделението за лингвистика и литературна наука и на Одделението за општествени науки е избрана за член надвор од работниот состав во Одделението за општествени науки на [[МАНУ]]. Била е член на Германскиот археолошки институт, била почесен доктор на науки на [[Сорбона]] и член на Филолошкото друшство "Парнасос" од Атина. На Универзитетот во Белград, Папазоглу се запознава, а подоцна и стапува во брак со византологот од [[Георгије Острогорски]]. Умира во [[Белград]] во 2001 г.
 
== Трудови ==
* Македонски градови у римско доба, Скопје, 1957.
* The Central Balkan Tribes in the pre-Roman times. Triballi, Autariatae, Dardanians, Scordisci and Moesians. Amsterdam Adolf M. Hakkert, 1978
Ред 13:
* [http://www.makemigration.com/strani/?type=dynamic&page=fanula%20papazoglu&submenu=233&mainmenu=55&args=&subsubmenu=101&submenu2=-2 Агенција за иселеништво на Република Македонија - Фанула Папазоглу]
* [http://www.greece.org/themis/Macedonia/fanula.htm Greece.org - Fanula Papazoglu, PhD]
 
 
[[Категорија:Македонски научници]]
[[Категорија:Српски научници]]
[[Категорија:Македонски Власи]]
[[Категорија:Битолчани]]
 
[[bg:Фанула Папазоглу]]
 
[[Категорија:Македонски Власи]]
 
[[Категорија:Битолчани]]