Трет македонски црковно-народен собор: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот: козметички промени
Ред 8:
[[Светиот синод на Македонската православна црква]] донел [[Одлука]], со која ја прогласил [[автокефалноста]], обновувајќи ја истовремено автокефалноста на славната [[Охридска архиепископија]]. Во првиот член на оваа одлука се вели: [[Македонската Православна Црква]] - наследничка на обновената [[Охридска архиепископија]] - се прогласува за [[автокефална]].
 
Донесувајќи ја [[Одлуката за прогласување на Македонската православна црква за автокефална]], како наследничка на обновената [[Охридска архиепископија]], [[Светиот архијерејски синод на Македонската православна црква]] се раководел од тоа, што корените на [[христијанството]] во [[Македонија]] потекнуваат уште од [[апостолско време]]. Македонците први го примиле [[христијанството]] во [[Европа]]. Потоа до особен подем дошло ширењето на [[христијанството]] во времето на учениците на [[Светите Браќа Кирил и Методиј]] - [[свети Климент]] и [[свети Наум]], охридските чудотворци, кои проповедајќи го [[Христовото учење]] на јазикот на Македонците, уште повеќе ја зацврстиле кај нив [[христијанската вера]]. Во [[Македонија]] дејствува [[Охридската архиепископија]], која во времето на [[Самоиловото Царство]] била издигната и на патријаршиски степен. Иако потоа повторно била сведена на [[Архиепископија]], како таква таа дејствувала 800 години, ширејќи го [[христијанството]] и им била покровителка во тешките ропски времиња не само на македонскиот, туку и на соседните [[православни народи]]. Таа била укината неканонски со [[иреде]] на султанот [[Мустафа III]] во [[1767]] година. Но [[македонскиот народ]], сe до денес не престанал да го бара нејзиното обновување и да се бори за постигнување на оваа своја света желба. Во образложението понатаму се вели: „Во периодот по укинувањето на [[Охридската архиепископија]] нејзините [[епархии]] смениле неколку [[јурисдикции]] од соседните [[православни цркви]]. Во [[Кралството на Србите, Хрватите и Словенците]] таа положба се одржала до [[6 април]], до распаѓањето на бившото [[Кралство на Југославија]]...”
 
За консолидација на [[Македонската православна црква]] од вонредно значење е одлуката на [[Светиот архијерејски собор]] на [[Српската православна црква]] од месец јуни [[1959]] година, во која, покрај препораките за измени и дополненија во [[Уставот на Македонската православна црква]], донесен на [[Вториот црковно-народен собор]] од [[1958]] година меѓу другото, е речено и следново: „[[Светиот архијерејски собор]] констатира дека епархиите Скопска, Охридско-битолска и Злетовско-струмичка на Црковно-народниот собор, одржан во [[Охрид]] од 4 до [[6 октомври]] [[1958]] година, се издвоиле во самостојна [[Македонска православна црква]], која се управува според Уставот донесен на тој Собор“. Ова всушност значи санкционирање на одлуката на [[Вториот македонско црковно-народен собор]]. Тоа се потврдува и со одредбата од споменатата одлука, каде што се вели: „Со оваа одлука престануваат да важат прописите на [[Уставот на Српската православна црква]] за епархиите и архијереите во [[Македонија]]“. Оваа е всушност еден вид канонски отпуст. Единството, со кое е условена потврдената самостојност на [[Македонската православна црква]], освен признавањето на [[српскиот патријарх]] за поглавар на нашата црква, е изразено во одлуката на [[Светиот архијерејски синод]] на [[Српската православна црква]], каде што е речено: „Во интерес на зачувувањето на канонското единство во [[Српската православна црква]], сите промени во Уставот и уредбите што ги донесува [[Митрополитскиот црковен собор]] мораат да се темелат врз основа на канонски начела на [[Православната црква]]“. А, [[Светиот архијерејски синод на Македонската православна црква]], доследен на традициите од минатото, секогаш и беспрекорно се стремел својата дејност да ја темели исклучиво врз догмите и каноните на [[Светата Православна црква]].
Ред 20:
Денес Македонската православна црква има десет епархии и заедно со Архиепископот единаесет архиереи. Во последната декада од XX век, односно по падот на комунистичкиот режим и целосното осамостојување на државата, забележан е голем подем и развој на духовно-просветниот живот во Македонската православна црква. Обновата на Црквата во Македонија започна од младите, кои со приклучувањето во активниот живот на Црквата донесоа нов квалитет во христијанското подвижништво. Најголемиот дел од македонските православни монаси се млади луѓе, еден дел од монаштвото се припадници и на други православни народи. Нивната одлука за заминување во манастир придонесе многу македонски манастири не само да заживеат, туку и да се избават од руинираноста, а со нивното сведочење на воскреснатиот Христос и многу македонски души да најдат утеха и смисла во нивните животи. Во Македонија исто така интензивно се работи и на полето на просветата. Сите Епархии на Македонската православна црква имаат сопствени издавачки дејности, а некои од нив имаат и сопствени интернет презентации и епархиски списанија.
 
== Надворешни врски ==
* [http://povardarska-eparhija.org.mk/ Официјално мрежно место на повардарската епархија]
 
[[Категорија:Македонски црковно-народни собори|Трет]]