Требеништа (некропола): Разлика помеѓу преработките
[непроверена преработка] | [непроверена преработка] |
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот Менува: bg:Требенищки некропол |
с Бот: козметички промени |
||
Ред 1:
{{Без извори|датум=ноември 2009}}
'''Некрополата Требеништа'''
== Историјата на ископувања ==
Во текот на Првата светска војна, во 1918 год. бугарската војска случајно открила неколку гробови од некрополата, по што следувале првите археолошки ископувања преземени од археолозите Богдан Филов и
== Поделба на гробовите ==
Требенишката некропола ја сочинуваат гробови кои се распространети на еден поголем простор и не се групирани на едно компактно место. Јосип Корошец овие гробови ги поделил на три групи: гробови од I до VIII од кои седум се оние кои своевремено биле публикувани од Б.Филов и еден, откриен и објавен од Вулиќ, кој исто така ги открил гробовите нумерирани од IX до XIII, т.е оние што ја сочинуваат втората група. Во третата група се три гроба откриени од Вулиќ кои се наоѓаат околу 100 м. северно од претходната група. Слична на оваа поделба извршиле В. Лахтов и Ј. Кастелиц со тоа што гробовите ги поделиле на А, Б и Ц група.
== Гробни дарови ==
Од гробовите на требенишката некропола потекнуваат 825 предмети, од кои 258 се чуваат во Археолошкиот музеј во Софија, 187 во Народниот музеј во Белград и 380 во [[Завод за заштита на спомениците на културата и Народен музеј во Охрид|Заводот за заштита на спомениците на културата и Народен музеј во Охрид]]. Предметите кои посебно се издвојуваат потекнуваат од гробовите на А и В групата, т. н. кнежевски гробови.
=== Златни погребни маски ===
Куриозитет претставуваат златните маски, кои се определуваат како култни предмети, односно се поврзуваат со одредени верувања и ритуали
Заедничка карактеристика на маските е втиснатата [[орнамент]]иката (меандар и спирала), што според некои научници е карактеристично за грчката уметност од VI век пр. н.е., а според други за македонско-илирската уметност. Меѓутоа, во тоа време погребни маски не се познати во грчкиот погребен ритуал. Сличностите на овие погребни маски со микенските маски - портрети се формални, бидејќи [[Микена]] и Требениште ги разделуваат илјада години. Меѓутоа маските од Микена го евоцираат египетскиот
=== Златни сандали, нараквици и надградник ===
Истото потекло и намена веројатно го имаат и
Златни "сандали" се откриени во гробовите II, VI, VII, VIII, X и XII. Тие се изработени од златен или позлатен сребрен лим во форма на стапало. Кај повеќето од овие сандали орнаментот е вегетабилен, односно се состои од палмети и розети, а единствено кај "сандалите" од гробот VIII е претставена Горгона и две свинги хералдично поставени. На двете сандали со некаков печат е втисната иста декорација, по три пати на секој примерок. Веројатно улогата на овие сандали е сепукрална, т.е. тие се наменети на покојникот, кому треба да му помогнат и да го штитат на патот до "оној свет". Како такви
Меѓу предметите со култно значење е и надградникот откриен во гробот II. Тој е изработен од златен лим во форма на потковица, на кој е изведена
=== Накит ===
Како бројна категорија наоди меѓу гробните содржини се издвојува накитот.
=== Метални садови ===
Меѓу движниот археолошки матерјал се издвојуваат и неколку примероци од сребрени садови, односно два сребрени рога, откриени во гробовите I и VIII, како и сребрени пехари од гробовите III, V и VIII. Пехарите и ритоните се декорирани со златна орнаментална апликација изведена во техника на пресување и исчукување.
Двата рога по форма се исти, а единствено се разликуваат во димензиите. Тие на врвот имаат отвор кој служел за пиење и една алка за бесење која укажува
Сребрените пехари меѓусебно се слични, а единствено малку се разликуваат во орнаментиката. Аналогни се со пехарите од Стара Загора во Тракија. Најголем број од научниците
Во гробовите I и VIII се откриени бронзени кратери кои меѓусебно се разликуваат по димензиите и по мотивите со кои се декорирани, меѓутоа стилски се аналогни. Кај кратерот од гробот I отворот е украсен со вегетабилна орнаментика, перли, плетена лента и ред фини перли. Декорацијата на вратот е со мотив на крава, а биле изведени шест фигури (од кои една денес недостасува) свртени на десно, прицврстени на основата со клинци. На рамото од кратерот изведен е орнамент во облик на заби. Ногата е ѕвонеста, посебно излиена, пластично декорирана со палмети, лотосови листови и редови од перли. Особено се впечатливи двете рачки на кратерот од големи листови со пластичен орнамент и редови на перли, потпрени на бисти од Медузи.
Кај кратерот од гробот VIII отворот е профилиран и декориран со палмети, под кои се изведени низа од перли и вертикални црти. На вратот се приковани четири коњаници, (по два од секоја страна) свртени на десно, со глава предадена во анфас. Коњите се претставени во галоп. Како и кај кратерот од гробот И и на овој сад рамото е украсено со низа листови во форма на заби. Двете рачки и во овој случај се особено убаво украсени. Тие лежат на крилести Медузи со змијски нозе, кои се потпираат на рамото од садот и завршуваат со змијски глави. Рацете на Медузите се свиени, а дланките се стиснати. На рамениците на Медузите, покриени со наметка, лежи коренот на волутите кој е украсен со крлуштен орнамент. Во гробот VIII откриен е и троножец на кој бил поставен кратерот. Нозете се изведени во облик на лавовски шепи и богато украсени со зооморфни и антропоморфни мотиви.
Кратерот од гробот I е датиран во прва половина на V век пр. н.е., а кратерот од гробот VIII во средина на VI век пр. н.е. Се смета дека тие се коринтски импорт, но постои и можноста за нивно евбејско, халкидско потекло.
=== Оружје ===
Во машките гробови е откриено офанзивно оружје и тоа: копја, мечеви, ножеви и бодежи. Од копјата се зачувани само врвовите од кои може да се види дека се работи за листовидни копја со пластично ребро. Фрагментите од мечевите овозможиле да се направи приближна реконструкција, при што е утврдено дека некои од нив, поточно оние од гробовите VI и VII, се аналогни на мечевите од Синдос, кои се датирани од 540 година пр. н.е.
Покрај офанзивното оружје во
Во "кнежевските" гробови
== Хронолошки дијапазон ==
Требенишката некропола е третирана главно како архајска, но и железновременска и хеленистичка. Нејзиниот хронолошки дијапазон започнува кон крајот на VII век и завршува кон крајот на IV век пр.н.е.
|