Традиција: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот Менува: sl:Tradicija
с Бот: козметички промени
Ред 3:
'''Традиција''' е збор кој доаѓа од [[латински]]от ''traditionem'', односно ''traditio'' со значење дека „нешто се пренесува натаму“, а се користи на повеќе начини, но најчесто да означи збир на верувања или обичаи во одредена област, на пример: христијанска традиција, традиција на прослава и слично.
 
== Концептот на традицијата ==
Без оглед дали проучуваме специфичен елемент на [[фолклор]]от, или начинот на кој членовите на групата комуницираат и учат, традицијата секогаш е витална, динамична карактеристика на културата на одредена фолклорна група. Всушност традиција е често првиот збор кој паѓа на памет кога луѓето размислуваат за тоа што е [[фолклор]]. Токму заради тоа што идејата за традиција е толку позната, често пати се поставуваат прашања околу тоа како фолклористите го интерпретираат концептот и како тој се вклопува во генералното сфаќање на терминот фолклор. Овие прашања се поврзани со тоа како традициите се пренесуваат, како тие се учат и одржуваат во рамки на одредена група. Бидејќи овие прашања се однесуваат на познати концепти, ќе ги разгледаме едно по едно, користејќи ги и како рамка за подобро разбирање на современиот пристап кон проучувањето на традицијата.
Традиција е:
# нешто што го споделуваме и процесот низ кој се врши тоа споделување
# нешто што создава и потврдува идентитет
# нешто што групата го идентификува како традиција.
 
Традицијата е нешто што се пренесува, но таа го подразбира и процесот на тоа пренесување
 
== Идејата за традицијата ==
Идејата за традицијата е суштинска за [[фолклор]]от и фолклористичките студии; сепак како што дисциплината се менувала и се развивала така се менувал и начинот на кој фолклористите ја сфаќале традицијата. Сега таа веќе не означува некаков реликт (остаток од минатото) кој се пренесува од генерација на генерација во рамки на некоја заедница. Еволуцијата во сфаќањето на традицијата се случила и заради тоа што самите фолклористи веќе не се гледале себеси како некој кој собира остатоци од неписмените или несофистицираните групи за да ја зачува нивната културна историја. Наместо тоа, како елементи на традицијата почнале да се наведуваат оние врз кои групата се потпира за да го зачува постоечкото чувство на групен идентитет.
 
Ред 19:
Концептот на континуитет ја сугерира важноста на времето и повторувањето во традицијата, но тој исто така се употребува за да се забележи дека традициите не секогаш ни доаѓаат од минатите генерации. Традициите можат да се повторуваат со текот на [[време]]то, но како што тоа го забележува [[Толкин]], времето може да биде мерено во „[[година|години]]“ но и во „моменти“. Повторувањето е значајно за воспоставувањето континуитет: групата повторува нешто бидејќи тоа ѝ е значајно, доколку не би било значајно, тоа не би било повторувано, а ако не е повторувано нема да стане традиција. Континуитетот не значи истост или точност, бидејќи традициите не се секогаш просто дуплицирани, изведени на истиот начин секогаш кога се повторени. Терминот континуитет повеќе се однесува на значењата кои ја поврзуваат традицијата со групата. Споделувањето го опишува процесот на подучување и учење на традициите но исто така ни помага да ја концептуализирме трансмисијата која се случува внатре групата, меѓу нејзините членови, како и меѓу групите. Тоа ни помага да видиме дека традицијата не секогаш се движи по „права“ линија, од [[минато]]то кон [[сегашност]]а, од една генерација на следната. Традицијата вклучува [[простор]] и [[време]], ние ги пренесуваме традициите од група на група, од лице на лице, од место на место - во сегашноста - помеѓу и внатре групите.
 
== Традицијата и чувството на идентитет ==
[[Податотека:Vodici-Bituse.jpg|right|thumb|Традиционална прослава на празникот [[Водици]] во [[Битуше]], [[Македонија]].]]
Некои фолклористи сметаат дека групите ги бираат традициите, одбирајќи настани и [[херој|херои]] од нивното културно минато кое го моделираат [[минато]]то за тоа да се вклопи во нивната сегашна концепција за самите нив. Одбирањето на традициите ги засилува вредностите и верувањата во моменталниот имиџ на групата. Откако еднаш ќе сфатиме дека постои процес на „селективна традиција“, начините на кои традицијата помага во создавањето или потврдување на групното чувство на идентитет стануваат многу појасни.
Ред 41:
Особено значајна е виталноста на традицијата - традициите се однесувања кои ги практикуваме сега, а тие не поврзуваат со другите луѓе во групата, и можат исто така што не поврзат со друга култура, да ни овозможат чувство на етничност, или да ни помогнат да создадеме други врски. Традициите се оние неформално споделени однесувања, обичаи и вербални изрази кои циркулираат внатре и помеѓу групите. Ние ги споделуваме и ги продолжуваме бидејќи тие ни помагаат да им кажеме на другите членови на групата и на оние во другите групи кои сме ние и што е тоа што нам ни значи. Тоа е причината зошто ги пренесуваме традициите низ мрежата на заедницата.
 
== Дали традициите исчезнуваат? ==
Без оглед дали се работи за семејство, религиска или локална група, оние групи во кои постојат традиции зависат од нив за да се одржи чувството на ’групност’. Со оглед на тоа што традициите ни овозможуваат чувство на припадност, ние се приврзуваме кон нив и сме загрижени да не ги загубиме. Традициите можат да не поврзат со минатитие генерации, со етничкиот и религискиот идентитет, и да не сврзат со одредени луѓе и кулутурни однесувања кои ни се важни. Ние го црпиме нашиот идентитет делумно и од нашите традиции, така што колку што повеќе инвестираме во дефинирањето на самите себеси како членови на одредена група, толку повеќе инвестираме во одржувањето на традициите на таа група. Понекогаш едноставно сме носталгични за минатото, и тоа ги моделира нашите ставови и очекувања во врска со традицијата. Нашите индивидуални животи се кратки, така што може да биде утешно доколку се почувствуваме поврзани со минатото. Често гледаме наназад за да видиме кои сме, или да видиме колку се сигурни нашите идентитети, како начин за обезбедување потврда дека нашите животи би продолжиле да бидат релевантни и во иднина.
 
Ред 48:
Поголем дел од времето традициите се менуваат и еволуираат природно, и она што изгледа како крај е всушност адаптација, дел од фолклорниот процес. Ова се поприродни, еволутивни видови промени кои типично се појавуваат во нашето секојдневно искуство. Бидејќи традициите постојат заради тоа што имаат некакво значење за групите, тие ретко завршуваат нагло. Промените се постепени, а изведувањето на традиционалната практика на нов, малку поинаков начин, не значи дека претставува непочитување кон традицијата. Доколку постои „нов“ начин, најверојатно се работи за тоа дека членовите на таа група, свесно или не, ја адаптирале традицијата за таа да има поголемо значење за нив, како моментални членови на групата. Доколку одредена вербална експресија, предмет или обичај продолжи да има значење за одредена група, тој најверојатно во некоја форма ќе продолжи да постои. Нашата збрка околу традицијата и нејзиниот можен крај произлегува и од можното мешање на традицијата и историјата. Историски, одредени практики можат да завршат, но традициите еволуираат и се адаптираат.
 
== Динамички и конзервативни елементи на традицијата ==
За нешто да биде сметано за традиција, групата треба да е согласна дека тоа содржи карактеристики кои самата таа ги идентификува како суштински за дефинирање на традицијата. Истовремено, за да остане релевантна, традицијата мора постојано да се прилагодува, да се менува и развива заедно со развојот и промената на групата. Во неговата книга „Динамика на фолклорот“ Бар Толкин вели дека традицијата претставува рамнотежа на елементи кои се менуваат и елементи кои остануваат исти. Тој сугерира дека [[фолклор]]от поседува и „динамички“ (променливи) и „конзервативни“ (статични) карактеристики кои му овозможуваат да биде адаптибилен, но исто така што создава чувство на континуитет. Она што ја прави традицијата витална и динамична е креативноста. Иако Толкин се фокусира на вербалната уметност и изборите кои ги прават поединците преку нивните креативни потези, овие концепти исто така се релевантни и за невербалната уметност и процесот на промена низ кој поминуваат групите.
 
Ред 56:
ниедна традиција не е неменлива.
 
== Измислување на традиција ==
Еден од најдинамичните процеси во кои учествуваат групите е инвенцијата на традицијата. Терминот „инвенција“ (измислување) на традицијата бил воведен од историчарите [[Ерик Хобсбаум]] и [[Теренс Рејнџер]] во [[1983]] година, и оттогаш [[фолклор]]истите го истражуваат овој концепт. Како што објаснуваат овие двајца автори, тоа можат да бидат традиции кои се целосно „измислени“, создадени и воспоставени заради одредена причина, или пак тие можат суптилно да се појават и брзо и спонтано да се воспостават.
 
Ред 65:
Доколку инвенцијата на традицијата е постојан процес на културна интерпретација и реконструкција, тогаш е јасно дека таа може да биде социјално и политички моќна активност. Тед Тулеџа (Tad Tuleja) вели дека неопходноста на политички немоќните да измислат нивни традиции, „креативно користејќи ги минатите практики - како оние кои се навистина стари така и оние кои намерно се ’остарени’ - се маркери подложни на манипулација, поврзани со заедничкиот идентитет“. Тој истакнува дека преку овој процес групите можат да имаат контрола врз нивниот сопствен идентитет. Еден пример би можел да биде зимскиот празник [[Кванза]] (Kwanzaa) прослава на духовното и културното заедништво кое вклучува традиции, вредности и принципи на земји во [[Африка]]. Овој празник намерно бил креиран во 1960-те години на 20 век за да промовира чувство на споделено наследство и идентитет меѓу Американците со африканско потекло. Тулеџа исто така инсистира дека „измислувањето“ подразбира креативен импулс, а не негативна конотација на лажност или „измисленост“.
 
== Прашањето на автентичноста ==
 
Едно од прашањата кои логично се наметнуваат кога се зборува за способноста на групите да измислат традиции е како да знаеме дали одредена традиција е автентична доколку не постои [[историја]] која неа ја идентификува како таква.
Ред 76:
 
Рано во текот на неговата кариера, Ричард Дорсон го вовел терминот “fakelore“ односно лажен фолклор токму за да ги опише овие видови на намерно насочувани, создадени текстови. Без оглед дали тоа се прави преку намерна дисеминација на вистински фолклор или преку создавање на бајки и песни кои поддржуваат одредени политички вредности, ваквите видови употреба на фолклор се изградени на националистички (и носталгични) аспекти на традицијата, кои луѓето, најчесто од доминантните политички, владини или комерцијални институции, ги создаваат заради политички и популарни цели. Во некои случаи намерно создадените текстови стануваат дел од “автентичната“ традиција. Фасцинантно е да се разгледува врската помеѓу пазарните сили, образовните институции, владите, организациите со посебни интереси и фолклорните групи во однос на тоа како сите тие ги дефинираат и презентираат сопствените концепти на автентична традиција.
 
 
[[Категорија:Општествена философија]]