Тони Парсонс: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Категорија:Родени во 1953 година
с Бот: козметички промени
Ред 1:
'''Тони Парсонс''' ([[англиски]] ''Toni Parsons'', роден во [[ноември]] [[1953]] во [[Рамфорд]] - [[Лондон]]) е [[Британија|британски]] [[писател]] и [[новинар]].
 
== Биографија ==
Тони Парсонс е роден во [[чиновник|чиновничко]] семејство во лондонскиот Рамфорд но пораснал во [[Есекс]]. Кога имал дваесет години се вработил во фабрика за производство на [[џин (алкохолен пијалок)|џин]] и таму работел сѐ до [[1976]] година. Потоа станал [[музика|музички]] [[новинар]] и ја прател експлозијата на [[панк]]от и новиот бран. Парсонс се оженил со своја колешка, а кога се развеле му било доделено старателството над нивниот четиригодишен син Боби.
 
Тони Парсонс е син на бивш [[маринец]] кому му бил доделен Орден за исклучителна служба во текот на [[Втора Светска војна|Втората Светска војна]], што е второ по важност одликување во [[Британија|британската]] [[војска]]. Тие два односи - со синот кого што сам го одгледувал и со покојниот татко кого го обожавал - ја чинат основата и сржта на неговиот роман [[Човек и момче (книга)|Човек и момче]] ('''''Man and Boy''''').
 
Тони Парсонс е еден од најпознатите [[писател]]и во [[Англија]]. Во текот на 70-те години од [[20 век]] бил [[музички критичар]] во [[НМЕ (музичко списание)|НМЕ]] ([[англиски]] ''NME'' - ''New Musical Express''), едно од највлијателните музички списанија во [[Британија]]. Неговите [[интервју]]а со групите како што се [[Клеш (музичка група)|Клеш]] ([[англиски|англ.]] ''The Clash''), [[Секс Пистолс (музичка група)|Секс Пистолс]] ([[англиски|англ.]] ''Sex Pistols''), [[Блонди (музичка група)|Блонди]] ([[англиски|англ.]] ''Blondie''), [[Токинг Хедс (музичка група)|Токинг Хедс]] ([[англиски|англ.]] ''Talking Heads'') и [[Рамонс (музичка група)|Рамонс]] ([[англиски|англ.]] ''Ramones'') го направиле [[култ]]на фигура меѓу младите во [[Англија]]. Парсонс добивал награди за својата новинарска работа во списанијата ''GQ'' и ''Elle'' во текот на 80-те години. Во 90-те години станал еден од најпознатите телевизиски коментатори на емисијата ''Late Review'' на телевизискиот канал [[ББС]].
 
Неговиот прв роман [[Човек и момче (книга)|Човек и момче]] доживеал огромен успех во Англија и само во првите два месеци продаден е во тираж од 750.000 примероци<ref>http://www.laguna.co.yu/index.php?m=pisci&id=3</ref>. По него објавил и други успешни романи.